Иако Светското првенство во Соединетите Американкски Држави, Канада и Мексико ќе заврши на 19 јули со големото финале, веќе е познат конечниот пласман на сите селекции кои не успеаја да стигнат до полуфиналето. ФИФА официјално ќе го потврди рангирањето по завршувањето на турнирот, но според однапред утврдените критериуми веќе е јасно како ќе изгледа конечниот распоред. Најпрво се зема предвид фазата во која е елиминирана репрезентацијата, а ...

Светското првенство одамна не е само најголемиот фудбалски настан на планетата. Настапот на Мундијалот носи огромна промоција за секоја земја, а тоа најдобро го потврдува дебитантот Курасао, кој веќе бележи значителен туристички раст. Овој карипски остров, на кој живеат околу 155.000 жители, минатата година го посетиле 788.000 туристи. Откако репрезентацијата обезбеди историски пласман на Светското првенство, интересот за малата држава ...

Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, постави нов рекорд на Светските првенства, откако неговите фудбалери досега постигнаа вкупно 19 голови на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. До историското достигнување „кралскиот клуб“ стигна благодарение на двата гола на Џуд Белингем во победата на Англија над Норвешка со 2-1 во четвртфиналето. Со тоа, Реал Мадрид го надмина досегашниот рекорд од 18 голови, кој го делеа Хонвед од Светското ...

По елиминацијата на Норвешка од Англија на Светското првенство, норвешката авиокомпанија „Norwegian Air“ мораше да го исполни ветувањето и привремено да го промени своето лого на Инстаграм, откако го загуби пријателскиот облог со британскиот превозник „British Airways“. Необичниот предизвик меѓу двете европски авиокомпании стана една од најкоментираните приказни надвор од терените за време на Мундијалот. По победата на Англија над Норвешка со ...

Шпанската Барселона постигна договор со Борусија Дортмунд за трансферот на германскиот репрезентативец Карим Адејеми. Каталонскиот гигант ќе плати 22 милиони евра, а договорот предвидува и дополнителни седум милиони евра преку бонуси, како и 20 проценти од евентуален евентуален иден трансфер да му припаднат на германскиот клуб. Иако не доби повик за настап на Светското првенство со репрезентацијата на Германија, 24-годишниот крилен напаѓач ...

Француската ѕвезда и лидер на националниот тим, Килијан Мбапе, порача дека пласманот во полуфиналето на Светското првенство не е причина за еуфорија, истакнувајќи дека неговата репрезентација сè уште не ја остварила главната цел. Франција обезбеди место меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот, но главниот адут на „триколорите“ потенцираше дека работата не е завршена. „Сè уште ништо не сме освоиле. Знаеме што сакаме и ќе останеме ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека е во редовен контакт со претседателот на САД, Доналд Трамп, и изјави дека очекува двајцата заедно да го врачат победничкиот пехар по финалето на Светското првенство. Односот меѓу Трамп и Инфантино последните денови привлече големо внимание во светската јавност, особено по телефонскиот разговор што американскиот претседател го иницираше поради ситуацијата со црвениот картон на Фоларин ...

По елиминацијата од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство, Фудбалската федерација на Португалија му врачи отказ на Роберто Мартинез, а за нов селектор го назначи искусниот Жорж Жезус. Искусниот португалски стратег потпиша договор за два големи циклуси - Европското првенство за две години и Светското првенство во 2030 година, на кое Португалија ќе биде еден од домаќините. Едно од првите прашања со кои се соочи Жезус е иднината на ...

Џуд Белингем откри дека советот од неговата мајка му помогнал да избегне жолт картон против Норвешка и да остане во комбинација за полуфиналниот дуел на Англија со Аргентина на Светското првенство. Ѕвездата на Реал Мадрид влезе во четвртфиналето со опасност од суспензија, бидејќи веќе имаше еден жолт картон, но успеа да одигра дисциплинирано и со два гола ја одведе Англија меѓу четирите најдобри селекции. По натпреварот Белингем откри дека ...

Францускиот судија Клеман Турпан се најде во центарот на вниманието по четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Норвешка, откако неговата одлука при првиот гол на Англичаните предизвика бројни реакции. Спорниот момент се случи во судиското продолжение на првото полувреме. По исфрлањето на топката од голманот на Норвешка, таа, според норвешките фудбалери, удрила во кабелот што ја носи камерата над теренот, по што Англија ја освои топката и ...

Јаник Синер ја оправда фаворитската улога и го победи Александар Зверев со 3-1 за одбрана на тронот на 139. издание на Вимблдон. Италијанскиот тенисер стигна до петтиот трофеј на Грен слем турнирите, вторпат против германскиот противник против кој играше лани во финалето во Мелбурн. Иако Зверев поведе во финалето, на крајот Синер славеше по три часа и 48 минути борба во Лондон. Стартот на финалето беше сосема очекувано тврд, со сигурна игра ...

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, со саркастичен коментар ја искритикува ФИФА по новата контроверза со технологијата на Светското првенство 2026. Откако во четвртфиналето меѓу Англија и Норвешка се појавија сомнежи дека топката го допрела кабелот од камерата, а ФИФА соопшти дека немало таков контакт, Каспаров на социјалните мрежи објави духовита порака: „ФИФА треба сите кабли за камерите да ги прави од косата на Хрватите.“ Со ...

Првпат во историјата се игра Светско првенство со 48 репрезентации, а чувствата и коментарите од јавноста на таа тема се поделени. Сепак, едео од оние кои немаат дилеми за успехот на овој Мундијал е првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. Тој дури зборува и за дополнително проширување на планетарните собири на дури 64 репрезентации. „Ова е стопроцентен успех. Секоја репрезентација играше на високо ниво. Селекции од сите континенти постигнуваа ...

Повратникот во второлигашката конкуренција Еуромилк Горно Лисиче се пофали со пет нови имиња за новата сезона. Најискусно засилување за тимот на Јован Трајков е голманот Филип Лазаревски. Тој доаѓа во Горно Лисиче од редовите на Осогово, а во кариерата бранеше за Вардарски, Слога Виница, Кадино, Воска Спорт, Скопје, Работнички, Шкупи, Лабуништа, Кораби, Работнички, Борец и Металург. Лазаревски беше дел и од Еуромилк една полусезона на стартот ...

Аргентинскиот фудбал остана без една од своите најголеми легенди, откако на 89-годишна возраст почина поранешниот капитен на репрезентацијата и легендарен фудбалер на Бока Јуниорс, Антонио Ратин. Ратин настапуваше за Аргентина на светските првенства во 1962 и 1966 година, а токму на Мундијалот во Англија беше дел од еден од најпознатите моменти во историјата на фудбалот. Во четвртфиналето против Англија беше исклучен од германскиот судија ...

Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува да им дава шанса на своите млади таленти, откако 17-годишниот Методи Младеновски го потпиша својот прв професионален договор. Од клубот кој што се врати во елитниот ракомет во Македонија му посакаа многу здравје, успеси и убави моменти во дресот на Младост, нагласувајќи дека продолжуваат да ја градат иднината со сопствени кадри. Левото крило е производ на младинската школа на клубот и ги мина сите ...

Една од најталентираните македонски кошаркарки, Ања Начевска, ќе ја продолжи кариерата во Соединетите Американски Држави. Таа се пресели во женската НЦАА лига и ќе настапува за Универзитетот Хемптон. Начевска е голем потенцијал на македонската кошарка. Во својата кариера таа тргна преку Вардар каде што од младинските категории стигна до сениорскиот тим. Потоа Македонката се пресели во српскиот тим Мега Баскет, каде што настапуваше во ...

Хрватските медиуми жестоко реагираат по контроверзната ситуација од четвртфиналето меѓу Англија и Норвешка, обвинувајќи ја ФИФА за двојни аршини при користењето на технологијата во топката. Пред израмнувачкиот гол на Џуд Белингем по исфрлањето од голманот Орјан Ниланд топката се одби од кабел за подвижните камери и така го смени движењето, паѓајќи му в нозете на Елиот Андерсон. Подоцна во акцијата Белингем донесе израмнување. Поради тоа, ...

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели повторно го привлече вниманието на јавноста со своите изјави. Во интервју за „Спорт Медиасет“ тој зборуваше за најдобрите светски фудбалери, можноста за враќање во Серија А, но и за критиките што го следеа во текот на кариерата. На прашањето кој е најдобар меѓу Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, Балотели немаше дилема. „Ако зборуваме за тоа кој е најдобар, тогаш тоа е Меси. Тој е ...

Првиот голман на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Никола Васиљ, ја менува клупската средина и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. 30-годишниот чувар на мрежата како слободен играч потпиша двегодишен договор со Ал-Диријах, откако му истече соработката со германскиот Сент Паули. Васиљ беше еден од најстандардните фудбалери на германскиот тим во изминатиот период, но сега се реши за нов предизвик и преселба во саудискиот ...

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ и официјално ја заврши својта етапа во Лос Анџелес Клиперс. По преминот во Хјустон Рокетс, искусниот бек преку социјалните мрежи испрати емотивна порака со која им се заблагодари на поранешниот клуб, соиграчите и навивачите. „Две години. Безброј спомени, лекции, пријателства и битки. Благодарам на сите во организацијата што веруваа во мене и ми направија да се чувствувам како дома уште од првиот ден. На ...

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ се вклучи во дебатата околу контроверзниот израмнувачки гол на Џуд Белингем на натпреварот меѓу Англија и Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство. Швеѓанецот смета дека доколку топката навистина ја променила траекторијата по контакт со сајлата на телевизиската камера, судијата Клеман Тирпан морал веднаш да ја прекине играта. „Не ми е важно дали се работи за првата или за 90. минута. Правилата се ...

Фудбалската федерација на Сенегал соопшти дека селекторот на сениорската репрезентација, Пап Тиав, повеќе нема да ја извршува функцијата по елиминацијата на националниот тим во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Како што наведоа од Федерацијата, одлуката е донесена по темелна анализа на спортските резултати и во интерес на понатамошниот развој на сенегалскиот фудбал. Сенегал беше елиминиран во осминафиналето по ...

Амбициозниот ракометен проект од Лос Анџелес продолжува да привлекува големи европски имиња. Нов член на американскиот клуб е 36-годишниот Микел Дамгард, олимписки и светски шампион со репрезентацијата на Данска. Левиот бек пристигнува од данскиот ХОЈ, клуб кој минатата сезона испадна од елитното домашно првенство. Во својата богата кариера Дамгард остави длабока трага и во дресот на Магдебург, со кој ги освои титулите во Бундеслигата и ...

Марк Маркез продолжува со фантастичната сезона во Мото ГП шампионатот. Возачот на Дукати триумфираше на Големата награда на Германија на патеката Заксенринг, откако претходно беше најбрз и на спринт-трката. Деветкратниот светски шамион не им остави никакви шанси на ривалите и уште еднаш ја потврди одличната форма. Второто место му припадна на Аи Огура од Тракхаус Рејсинг, додека неговиот тимски колега Раул Фернандез го комплетираше ...

Додека се чека големото финале и спуштањето на завесата на Светското првенство, европските фудбалски велесили веќе ги кројат плановите за иднината и за новиот циклус што ќе води кон Европското првенство и Мундијалот во 2030 година. Веќе е познато дека Јирген Клоп ќе го наследи Јулијан Нагелсман на селекторската функција во Германија по разочарувачката елиминација од Парагвај, додека Зинедин Зидан ќе седне на клупата на Франција и ќе го замени ...

Израелскиот плејмејкер Јам Мадар и официјално е нов играч на Макаби Тел Авив, објави клубот на официјалниот веб-сајт. 25-годишниот кошаркар потпиша тригодишен договор со израелскиот великан и ќе го засили тимот во наредните сезони. „Среќен сум и возбуден што отворам ново поглавје во кариерата и што му се приклучувам на Макаби Тел Авив. Со нетрпение го очекувам првиот натпревар пред нашите навивачи, како и запознавањето со соиграчите и ...

Ерлинг Халанд не го криеше разочарувањето по елиминацијата на Норвешка од Англија во четвртфиналето на Светското првенство, но порача дека неговата селекција испратила силна порака до фудбалскиот свет. „Ова беше лудо патување. Искрено, мислам дека ова Светско првенство ми го промени животот. Верувам дека ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа“, изјави напаѓачот на Манчестер Сити. Норвешка беше на чекор до историско полуфинале, но загуби од ...

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, изјави дека неговиот тим морал сериозно да се помачи за да обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство, нагласувајќи дека Швајцарија била исклучително незгоден противник. Аргентина по продолженија ја совлада Швајцарија со 3-1 во четвртфиналниот натпревар и го продолжи походот кон светската титула, но Скалони беше искрен и го пофали ривалот за пристапот на теренот. „Се ...

По комплетирањето на четвртфиналните натпревари, суперкомпјутерот на Опта ги објави најновите прогнози за освојување на Светското првенство 2026. Според анализите, најголем фаворит за титулата е Франција, на која ѝ се даваат 34,5% шанси да стане светски шампион. На второто место е Шпанија со 23,45%, веднаш зад неа е Англија со 21,94%, додека најмали шанси меѓу четирите полуфиналисти има актуелниот светски првак Аргентина со 20,55%. ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.05
22%
1015
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
2.68
31%
1015
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.57
29%
1014
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.07
22%
1016
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.58
21%
1016
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.48
45%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
7.15
34%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
5.68
15%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.84
19%
1014
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 33ᴼ
0.89
36%
1016
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
2.68
25%
1015
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
6.16
42%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Злато

133030.14

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

55.95

Паладиум

43242.75

Иридиум

252383.36

Сребро

1954.91

Алуминиум

3.23

Бакар

13.37

Платина

56295.96

Родиум

269262.50