Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Ливерпул ја совлада екипата на Рексам со 1-0 во пријателски натпревар, ама по последниот судиски свиреж вниманието го привлече инцидент меѓу двајца фудбалери на англискиот шампион. Кертис Џонс и Доминик Собослаи влегоа во жестока вербална расправија додека тимот ги поздравуваше навивачите на стадионот „Јенки“, а во еден момент во конфликтот се вмеша и Костас Цимикас. Причината за несогласувањето не е официјално позната, но британските медиуми ...
Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во Белград, откако загуби од Шведска со 29-33. Избраниците на Горан Кузманоски пружија навистина сериозен отпор и беа во игра за добар резултат, меѓутоа недостигаше концентрација во клучните моменти и тоа се одрази на конечниот исход. По овој неуспех нашата селекција продолжува во разигрувањата за пласман. Тргнавме лошо, Швеѓаните поведоа со подобар ...
УЕФА ја поздрави одлуката на ФИФА да се откаже од планот за продажба на удел во Светското првенство и останатите натпреварувања на приватни инвеститори, но во исто време испрати остри критики кон претседателот Џани Инфантино и актуелното раководство на светската куќа на фудбалот. Европската куќа на фудбалот порача дека предлогот бил едногласно отфрлен од сите нејзини национални федерации, како и од бројни конфедерации и сојузи ширум светот, ...
Европската авантура на Вардар заврши во второто коло од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Скопскиот тим не успеа да изненади и загуби на крајот убедливо на гостувањето во Рига (5-2) и со вкупни 8-4 го заврши европското лето. Реваншот во Летонија донесе и една необична ситуација која привлече големо внимание. При еден аут за домашниот состав, детето задолжено за додавање топки реагираше исклучително брзо и веднаш му ја додаде ...
Познат е распоредот на натпревари во новата сезона на Евролигата. Новата европска кошаркарска трка ќе започне на 24 септември. Во првото коло ќе се одиграат десет натпревари, а актуелниот шампион Олимпијакос гостува кај Басконија. Прво коло 24 и 25 септември: Црвена звезда – Жалгирис Дубаи – Реал Мадрид Хапоел Тел Авив – Баерн Минхен Барселона – Анадолу Ефес Басконија – Олимпијакос АСВЕЛ – Макаби Тел Авив Панатинаикос – Париз Бешикташ – ...
Еурофарм Пелистер го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во сезоната 2026/27. Битолчани ќе имаат нов изглед во натпреварувачката година во која ги очекуваат нови предизвици на домашната и европската сцена. Од клубот преку социјалните мрежи ги претставија новите дресови, кои ќе бидат препознатливи по традиционалните зелено-бели клупски бои. По загубената шампионска титула во македонското првенство, Пелистер ќе се обиде да се врати на ...
31 јули 2026 година ќе остане запишан како еден од најзначајните датуми во поновата историја на ФК Пелистер. Битолскиот клуб по првпат, по цели 81 година постоење, доби свој официјален фан-шоп, место каде што навивачите ќе можат уште поблиску да ја покажат својата љубов кон „зелено-белите“. Отворањето привлече голем број симпатизери на Пелистер, кои во текот на денот го посетија новиот продажен простор, купуваа клупски реквизити, се ...
Иако веќе беше претставен како ново засилување на Коло Коло, искусниот голман Возиња би можел кариерата да ја продолжи на сосема друга дестинација. 40-годишниот чувар на мрежата не отпатува во Чиле и покрај тоа што клубот официјално го промовираше и му посака добредојде. Неговото пристигнување во Сантијаго беше одложено неколкупати, а трансферот сè уште официјално не е реализиран. Според информациите Возиња е многу блиску до преселба во ...
Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик, повторно ќе може да настапува, откако официјално беше затворен дисциплинскиот процес кој се водеше против украинскиот репрезентативец поради позитивен допинг тест. Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) соопшти дека постапката е завршена по измените во техничкиот документ на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Според новите критериуми, концентрацијата на мелдониум пронајдена во примерокот на Мудрик ...
Фудбалерите на Бирмингем ја победија Барселона во пријателски натпревар по подобро изведување на пенали (3-2), откако претходно беше 2-2 по регуларното време. Натпреварот на „Сент Ендрус“ понуди сосема солидна борбеност иако беше од пријателски карактер. Шпанскиот гигант во Бирмингем допатува со изменет состав, а ова за него беше првиот официјален тест дуел во подготовките, додека за домашните „генералка“ пред новата сезона. По мирниот старт ...
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) го освои третото место на турнирот во Софија откако денеска во полуфиналето загуби од домашниот тенисер Мартин Бонев со 2-0 во сетови (7-6/5, 6-2). На овој начин Алексовски ја продолжи успешната низа настапи на турнир за играчи до 18 години, бидејќи Дема Куп во Софија е од категорија J30 Софија. Алексовски до полуфиналето постигна четири победи. Најпрво во групата ги совлада: Јоанис ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) воведе построги дисциплински мерки за случаите на дискриминација. Од новата сезона, секој фудбалер, тренер или член на стручниот штаб кој ќе биде прогласен за виновен ќе добие суспензија од најмалку 10 натпревари. Досега казните за вакви прекршоци се движеа од шест до 12 натпревари, но ФА одлучи да ја зголеми минималната санкција како дел од борбата против дискриминацијата во фудбалот. Новите правила се ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажа од идејата дел од комерцијалните права на Светските првенства да им бидат продадени на приватни инвеститори, по силниот отпор од повеќе фудбалски конфедерации и заканите за бојкот од УЕФА. Планот предвидуваше формирање компанија која ќе управува со комерцијалните права на машките и женските Мундијали, како и на Светското клупско првенство, а приватните инвеститори требаше да добијат 20 проценти ...
Фудбалскиот свет се прости од една од најголемите легенди на Милан и италијанскиот фудбал, Франко Барези, кој почина на 66-годишна возраст. Клубот од „Сан Сиро“ ја потврди тажната вест за човекот кој цели две децении го носеше дресот на „росонерите“ и стана симбол на верност, лидерство и професионализам. Меѓу многуте пораки во чест на Барези се издвојуваше онаа на Паоло Малдини, неговиот поранешен соиграч и наследник на капитенската лента. ...
Несекојдневна трансфер-приказна пристигнува од Англија. Петтолигашот Борем Вуд одбил понуда од шведски Ѓургарден за својот 23-годишен офанзивец Абдул Абдулмалик, а според „Скај Спортс“, понудената сума била околу еден милион евра. Абдулмалик зад себе има одлична сезона и беше еден од најзаслужните за пласманот на Борем Вуд во плеј-оф финалето на Националната лига. Неговиот напредок не остана незабележан, па беше прогласен и за најдобар млад ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се наоѓа под огромен притисок поради идејата дел од комерцијалните права поврзани со Светското првенство да преминат во рацете на приватен инвеститор, но тоа не го спречи да испрати голема порака од Мароко. Шпански „Ел Еспањол“ пишува дека Шпанија и Португалија би можеле да застанат зад ставот на УЕФА и дури да се повлечат од организацијата на Мундијалот во 2030 година доколку Инфантино продолжи со ...
Екипата на Работнички ја забележа третата победа на третиот контролен натпревар во рамки од подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. По минималните триумфи над Брера (1-0) и Еуромилк Горно Лисиче (2-1), тимот од Дебар маало денеска се сретна со второлигашкиот ривал Осогово против кого славеше со 2-1. Стрелци на головите за некогашниот македонски шампион беа Мисердовски и Кудијан. По катастрофалниот лански шампионат ...
Ново лице се појави на тренинзите на Брегалница. Станува збор за 20-годишниот канадски интернационалец Натаниел Лоренцо Маско, кој ќе се обиде да се избори за договор со штипскиот клуб. Лоренцо е висок 185 сантиметри и може да настапува како крило и централен напаѓач. Потекнува од канадската Про Старс академија, а дел од фудбалското образование го мина и во академијата на Флитвуд Таун. Во Европа настапуваше во Унгарија, каде за вториот тим на ...
Планот за тенискиот турнир на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 предизвика незадоволство во тенискиот свет поради распоредот кој предвидува натпреварите да започнат само три дена по финалето на Вимблдон. Тоа значи дека најдобрите тенисери ќе имаат многу малку време за одмор и подготовка. По завршницата на Грен слемот на трева, играчите ќе треба веднаш да патуваат во САД, да се навикнат на временската разлика и да преминат на тврда подлога. ...
И покрај бројните шпекулации во изминатите денови, Кевин Пантер нема намера да ја напушти Барселона. Според шпанските медиуми, американскиот бек останува важен дел од плановите на каталонскиот гигант и на новиот тренер Александар Секулиќ. Поранешниот капитен на Партизан има договор со Барселона до летото 2028 година, а во клубот не постои загриженост дека би можел да ја активира откупната клаузула. Гласините за негово заминување се засилија ...
Кошаркарскиот клуб Работнички потврди дека Лука Петровски го продолжи договорот и ќе ги брани боите на најтрофејниот и во претстојната сезона. Со својата пожртвуваност, борбеност, снаодливост и тимски дух, Лука претставува значаен дел од составот од Градски Парк. Секогаш подготвен да го даде својот максимум на теренот, тој и во наредната сезона ќе биде дел од црвено-белото семејство. Лука ја продолжува познатата и мошне успешна, повеќе ...
Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков настапи на патеката каде се возат најзначајните светски трки. Тој беше дел од ексклузивниот настан на култната „Misano World Circuit Marco Simoncelli“ во Италија, по добиената официјална покана од главните италијански увозници на брендот Michelin, со цел тестирање на нивните најнови тркачки пневматици. Ваквиот повик во светот на мотоспортот претставува сериозно признание и ретка можност. За домашната ...
Американскиот кошаркар Шејк Милтон и официјално е нов играч на Хапоел Ерусалим. Поранешниот бек на Партизан потпиша едногодишен договор со израелскиот клуб, вреден еден милион долари. Милтон ќе соработува со српскиот стратег Саша Обрадовиќ, кој го презеде Хапоел Ерусалим. Интересно е што минатата сезона тие беа лути ривали во Белград. Поради безбедносната ситуација во Израел, Хапоел Ерусалим своите домашни натпревари во Еврокупот ќе ги игра ...
За две недели почнуваат натпреварите за бодови во Втората фудбалска лига (ВМФЛ). Клубовите од вториот по квалитет ранг продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари низ која ја проверуваат формата. Тетекс беше подобар на тестот со ланскиот прволигаш Брера Струмица, откако „штофарите“ триумфираа со резултат од 0-2. Следен контролен натпревар за Брера Струмица ќе биде против Кожуф, меч кој ќе се одигра викендов на СЦ „Пандев“ во ...
Фудбалската федерација на Чешка го избра Санти Дениа за нов предводник на националниот тим. Шпанскиот тренер влегува во историјата како прв селектор од странство кој ќе седне на клупата на чешката репрезентација. Дениа и Чешката федерација договорија двегодишна соработка, со опција таа да биде продолжена во иднина. На неговото претставување, 52-годишниот стратег не го криеше задоволството од новата функција. „Пресреќен сум што сум дел од овој ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) наскоро би можела да донесе одлука за уште една промена на форматот на Светското првенство. Според информациите на повеќе медиуми, се разгледува можност турнирот во иднина да се прошири од сегашните 48 на дури 64 национални селекции. Одлуката за можната промена се очекува да биде позната до 14 август, а ФИФА веќе започнала процес на консултации и анализа на идејата. Се планира ангажирање независна ...
Поранешниот француски репрезентативец Бенџамин Менди одлучи да се раздели со еден од највредните сувенири од својата кариера - репликата од трофејот освоен на Светското првенство во Русија во 2018 година. Репликата беше понудена на аукција преку куќата „Goldin“, со почетна цена од 50.000 евра, а на крајот беше продадена за 54.000 евра. Иако трофејот има неколку видливи оштетувања, неговата автентичност е потврдена со официјален сертификат. ...
Македонските млади тенисери до 18 години го загубија денешниот меч од Хрватска за пласман на петтото место на „Summer cup“ што се играше во Анкара. Во изедначен меч противникот победи со 2-1 откако во решавачкиот дуел во двојки Кристијан Јанев и Ерион Незири загубија од Георге Гњидиќ и Хрвоје Јутреша со 2-1 во сетови. Во решавачкиот дуел македонскиот дубл го доби првиот сет со 6-4 во гемови, но противниците го добија вториот сет со 6-3 и ...
Македонскиот фудбалер Тодор Тодороски и официјално ја продолжи соработката со албански Фљамуртари. Клубот потврди дека Тодороски потпишал нов двегодишен договор, со што ќе продолжи да ги брани боите на тимот и во наредните две сезони. „Со големо задоволство објавуваме дека Тодор Тодороски го обнови договорот со клубот на уште две години и ќе продолжи да биде дел од црвено-црното семејство“, соопштија од Фљамуртари. Десниот бек се поврзуваше ...
Украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик повторно ќе може да игра фудбал, откако неговата суспензија поради допинг беше укината по речиси две години неизвесност. Крилниот напаѓач на Челзи беше суспендиран од декември 2024 година, откако во примерок даден за време на настап со украинската репрезентација беше пронајден мелдониум – супстанца која во тој период се наоѓаше на листата на забранети средства. На Мудрик првично му беше изречена ...