Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски и официјално стави крај на својата етапа во бугарски Спартак Варна. По збогувањето со играчите, стручниот штаб и вработените во клубот, искусниот тренер се врати во Македонија, а на заминување доби искрени овации и аплаузи од голем број навивачи, кои му оддадоа признание за сработеното и за човечките квалитети што ги покажа за време на престојот во Варна. Хаџиевски, кој има 71 година, зад себе остава ...
Ѓоко Хаџиевски изненадувачки се раздели со Спартак од Варна и тоа беше направено во крајно пријателски услови, но бидејќи до ваков расплет дојде сосема ненадејно и неочекувано, бугарските медиуми почнаа да се ја бараат и вистинската причина за заминувањето. Бугарски „Блиц“ денеска излезе со своја ексклузива и ја „откри тајната“ за заминувањето на искусниот македонски стручњак, кој според нивни извори решил сам да си замине во вистинско време, ...

