Она што беше најавувано сега е официјално. Нема повеќе пречки за центарот на Лејкерс, Џексон Хејс, да игра за Словенија, бидејќи доби пасош од таа земја. Јасно е дека Лука Дончиќ, кој игра за Лејкерси со Хејс, веројатно имал одлучувачко влијание врз овој „трансфер“. Кошаркарската асоцијација на Словенија објави дека Хејс добил словенечки пасош во амбасадата на земјата во Вашингтон, и дека центарот на Лос Анџелес Лејкерс нема да игра за ...

Се случи првиот инцидент на годинешното Светско првенство 2026 пред натпреварот од првото коло, меѓу навивачите на Аргентина и Алжир. Инцидентот се случи на Тајмс Сквер во Њујорк, каде што имаше физички конфликт меѓу фановите на двата тима. Натпреварот меѓу Аргентина и Алжир на програмата е престојнава ноќ, од 03 часот наутро по средноевропско време. Il y a eu des débordements entre les supporters algériens et argentins à Times Square ...

Лионел Меси (38) ќе го одигра својот 200-ти натпревар за Аргентина против Алжир (3 часот наутро – среда, 17 јуни), на отворањето на Светското првенство за „гаучосите“. Денеска е ден за ѕвездите на СП на кое ќе се појават првпат и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Големиот јубилеј за Меси, пак, доаѓа речиси 21 година по неговото деби за репрезентацијата на 17 август 2005 година во пријателски натпревар против Унгарија. Потоа, како 18-годишник, ...

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер го опиша непријатниот повик со селекторот Томас Тухел, кога дознал дека нема биде дел од репрезентацијата на Англија за настап на Светското првенство. Изоставувањето на 33-годишниот стопер беше едно од најголемите изненадувања во англиската репрезентација и на Мундијалот. „Да бидам искрен, селекторот разговара со сите. Тоа беше доста непријатен повик. Ми рече дека не може да ми даде вистинска ...

Македонскиот шампион Вардар ќе игра против финскиот шампион Купс во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, одлучи денешната ждрепка во Нион. „Вардарци“ ќе бидат домаќини на првиот натпревар, а реванш дуелот ќе се одигра во Финска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА Македонскиот шампион ...

Повремениот македонски репрезентативец Бојан Илиевски повеќе нема да биде дел од Струга ТЛ. „По завршувањето на договорот со овој фудбалер, проценивме дека тој даде доволно на тимот, кој сега ќе се фокусира повеќе на нови сили, прифаќајќи ги новите таленти што ги имаме во тимот. Клубот сака да му изрази благодарност на Илиевски за неговата посветеност и придонес дадени со дресот на Струга ТЛ во текот на двете сезони во кои беше дел од нас“ – ...

Унгарската ракометна федерација му врачи отказ на селекторот Чема Родригез по неуспехот да го однесе националниот тим на Светското првенство 2027. Иако Родригез имаше договор до 2028 година, сепак одлучено е за предвремен прекин на соработката, откако ИХФ неодамна ја скрати и последната надеж на Унгарците, со помош на „вајлд карта“ да играат на светскиот шампионат. „Чема Родригез работеше за националниот тим седум години, од кои повеќе од ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар не тренираше со репрезентацијата откако е подложен на нови лекарски прегледи, по повредата на листот на десната нога. Одредени медиуми објавија дека постои можност Нејмар да им се придружи на соиграчите во подготовките за натпреварот со Хаити на Светското првенство, но играчот на Сантос мораше да помине дополнителни прегледи. Бразилската фудбалска конфедерација сè уште не ги објави резултатите од прегледот. Нејмар ...

Еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ, Бесмир Бојку го продолжи договорот со клубот за уште две години, до 30 јуни 2028 година. „Благодарение на волјата на двете страни, договорот е реализиран многу брзо, така што Бојку продолжува да биде дел од новиот проект на тимот под водство на тренерот Бледи Шкемби“ – информираат од Струга Тл. Бојку се приклучи на стружани во летото 2021 година. Од тогаш одигра цели 133 натпревари во сите ...

Иранската репрезентација по само еден натпревар на СП 2026 ќе остане без еден од најдобрите свои фудбалери, Мехди Тораби, кој повеќе нема важечка дозвола за повторен влез во САД. Тораби кој во јавноста го привлече вниманието со тоа што „пукаше кон публиката“ по прославата на головите на дуелот против Нов Зеланд, имал виза со само еднократна важност. Тој ја искористил за мечот против Нов Зеланд (2-2), а Американците сега не сакаат да му ...

Додека тече Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, ЕКИПА.МК низ краток серијал ќе ве потсети на единствените четири македонски имиња кои досега во историјата биле дел од мундијалите – Благоје Видиниќ, Кирил Дојчиновски, Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ! Прославената вардарова легенда, Кирил Дојчиновски е првиот од Македонија кој како фудбалер бил дел од светските првенства. На Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, на ...

Вистински скандал се случува во бразилскиот фудбал. Првиот човек на Фудбалската асоцијација, Самир Ксауд, беше фатен со својата љубовница, која тој, заедно и со неговата сопруга, ја однел на Светското првенство. Фотографии од Ксауд со извесна Камила Андраде, фитнес инструкторка, за која платил престој во луксузен хотел од 2 до 10 јуни, во вредност од над 12.000 долари, се појавија во јавноста. Она што е многу интересно е секако дека покрај ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Франција и Сенегал досега одиграле еден меч на СП, и тоа во 2002 година што заврши со миниммална победа на Сенегалцие од 1-0. Франција се мачи против ривали од Африка, „триколорите“ ...

Французинот Ерв Ренар официјално ја презеде репрезентацијата на Тунис, откако Сабри Ламуши беше отпуштен по само еден меч на Светското првенство. Вистинска конфузија се создаде во репрезентацијата на Тунис по тешкиот пораз од Шведска (5-1) на почетокот на СП. Најпрво имаше информации дека Сабри Ламуши е отпуштен, а потоа и вратен на селекторската позиција, за да на крај Туниската фудбалска федерација одлучи, сепак, Ренар да ја води ...

Лиридон Љатифи и Мохамед Алхасан заминаа, а Шкендија веднаш го промовираше и првото ново име. Станува збор за играчот од средниот ред, Рафаел да Силва. Бразилецот има 26 години и доаѓа од таборот на Тирана како слободен играч, откако му истече договорот со албанскиот тим. Во минатата сезона овој фудбалер во 32 настапи постигна четири гола и имаше една асистенција. Во минатото играл за Коимбра од Бразил, а бил дел и од Лешоеш од Португалија. ...

ЕКИПА и Моцарт во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт. Французите се меѓу главните фаворити за трофејот, а Мбапе дефинитивно е адут број 1 кога станува збор за нападот. Дуелот со Сенегал воошто нема да биде лесен за актуелните светски вицешампиони, но Франција има доволно квалитет ...

Само неколку часа откако објави дека се разделува од Лиридон Љатифи, Шкендија и официјално се раздели и со Ибрахим Алхасан. На Алхасан договорот му истече по крајот на сезоната, и истиот нема да биде продолжен. Тој мина две години во „црвено-црниот“ дрес на тимот од Тетово, и Шкендија му посака успех во иднина. 25-годишниот Нигериец од средниот ред се приклучи на Шкендија во 2024 година, и освои една титула со тимот, а беше дел и од ...

Откако го презеде тимот, Жозе Мурињо наводно веќе ги идентификувал играчите на кои не смета, а во исто време продолжува да го составува тимот според сопствените идеи. Според информациите што доаѓаат од Шпанија, португалскиот специјалист сака помала и поконкурентна соблекувална, без голем број играчи кои не би имале значајна улога во текот на сезоната. Меѓу играчите кои се поврзуваат со заминување се Раул Асенсио, Ферланд Менди, Фран Гарсија и ...

Уругвајската репрезентација повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство, но овој пат не поради она што се случуваше на теренот. На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат уругвајски фудбалери како стојат покрај патот додека американските безбедносни сили, користејќи кучиња трагачи, го претресуваат нивниот багаж и опрема пред да влезат на стадион во Мајами. Играчот од средниот ред Мануел Угарте привлече ...

Зеленортските острови приредија супер-сензација на стартот на СП 2026 откако на своето мундијалско деби успеаја да приредат сензација – ремизирајќи со европкиот првак Шпанија. Африканската селекција важеше за огромен аутсајдер, но голманот Возиња го имаше мечот на кариерата токму на најголемата сцена, против една од најголемите светски репрезентации. Ветеранот кој има наполнето 40 години бранеше спектакуларно, имаше седум извонредни ...

По тешкиот пораз од Шведска со 5-1 во првото коло од Светското првенство, Фудбалската федерација на Тунис наводно одлучила да го отпушти селекторот Сабри Ламуши. Веста брзо се прошири низ светските медиуми, а бројни извори објавија дека Тунис веќе ја пронашол неговата замена. Но, потоа се случи целосен пресврт. Италијанскиот „Газета дело Спорт“ пишува дека во федерацијата имало вистинска конфузија и дека некои службени лица се спротивставиле ...

После ремито против Нов Зеланд, иранската фудбалска репрезентација мора да ги напушти САД. Селекторот Амир Галеноеи и неговата екипа беше приморана да се врати во тренинг кампот кој се наоѓа во Мексико. Пред Светското првенство имаше многу дебати околу тоа дали Иран треба да учествува на турнирот. За време на изведбата на химната во првиот натпревар од турнирот, стадионот беше исполнет со мешавина од исвиркувања и навивања. Селекторот на ...

Иран го започна својот настап на Светското првенство со нерешен резултат 2-2 против Нов Зеланд, но пред топкатада почне да се тркала од центарот, сцената од трибините на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес го привлече вниманието на сите. За време на интонирањето на иранската национална химна, мешавина од исвиркувања и аплаузи се проби низ стадионот, а гласните исвиркувања не престанаа во текот на целото изведување на химната. Посебно внимание ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Шпанија има комплетирано точно 2.500 додавања и упатени 49 шутеви кон противничкиот гол од својот последен мундијалски погодок, во 11. минута од мечот со Јапонија во 2022 година. Шпанците имаа 74% посед на топката, но Зеленортските острови направија само еден фаул на натпреварот, најмалку во историјата ...

УЕФА ги скрати ривалите и на Шкендија и на Силекс, кои ќе ја преставуваат Македонија ова лето во Лигата на Конференции. Така Шкендија може да ги добие за ривали Европа, Малишева, Уна Штрасен, Пенибонт, Рунавик и Номе Каљу. Силекс, пак, може да оди на мегдан со Астана, Пјуник, Динамо Минска, Дила Гори и Ескалдес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување ...

УЕФА ги формираше групите пред денешната ждрепка во квалификациите во Лигата на шампионите, и со тоа го скрати списокот на можни противници на Вардар за 1. коло. Така Вардар може да добие некој од следните ривали: Шамрок (Р.Ирска) Купс (Финска) Линколн (Гибралтар) Рига (Летонија) Флора Талин (Естонија) Ларне (С.Ирска) ТНС (Велс) Ждрепката ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 16:00 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Само неколку часа откако назначи нов тренер, Шкендија остана без услугите на еден од најдобрите фудбалери во своите редови во минатата сезона. Лиридон Љатифи си заминува после две години играње за тетовскиот клуб. Тој беше еден од заслужните за историскиот пласман во Лигата на Конференции, и за титулата во сезоната 2024/25. Во изминатата сезона во ПМФЛ левокрилниот офанзивен фудбалер одигра 30 натпревари, на кои постигна седум гола и запиша ...

Репрезентациите на Иран и Нов Зеланд одиграа нерешено 2-2 во натпревар од Светското првенство во Лос Анџелес, кој беше обележан со високи тензии и протести против иранските фудбалери пред стадионот. Нов Зеланд водеше двапати, но Иран успеа да се врати двата пати и да освои бод. Иран прв се закани во шестата минута преку Арие Јусефи, чиј удар го одбрани голманот. Пеналот дојде веднаш во следниот напад, кога Нов Зеланд поведе. Крис Вуд ја прими ...

Псоле првото коло сите селекции во групата Х имаат по бод. После ремито помеѓу Шпанија и Зеленортските Острови, по еден бод освоија и Уругвај и Саудиска Арабија. Двете селекции постигнаа по гол, а играч на натпреварот е голманот на Саудиска Арабија, Ал-Оваис кој бранеше одлично во вториот дел, откако Уругвајците имаат шанси. Саудијците шокантно поведоа со голот на Ал Амри после корнер и гужвата во казнетиот простор во 41. минута. Во 80. ...

Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет одиграа без победник 1-1 во премиерниот меч за двете селекции кои се дел од групата Г на Светското првенство кое што се игра во САД, Мексико и Канада. Гледавме едно здодевно прво полувреме без многу шанси во кое „фараоните“ успеаја да стигнат до предност од 0-1 преку Емам Ашур кој со резантен удар во 19. минута стрелаше за 0-1. Belgium 0 – [1] Egypt – Emam Ashour 19' byu/ayoefico insoccer Во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34