Лиридон Љатифи и Мохамед Алхасан заминаа, а Шкендија веднаш го промовираше и првото ново име. Станува збор за играчот од средниот ред, Рафаел да Силва. Бразилецот има 26 години и доаѓа од таборот на Тирана како слободен играч, откако му истече договорот со албанскиот тим. Во минатата сезона овој фудбалер во 32 настапи постигна четири гола и имаше една асистенција. Во минатото играл за Коимбра од Бразил, а бил дел и од Лешоеш од Португалија. ...

Шкендија продолжува со засилувањата за новата сезона и европските предизвици, откако тетовскиот клуб го претстави бразилскиот играч за врска Рафаел де Фреитас Силва како нов член на тимот. Станува збор за 26-годишен дефанзивен играч за врска кој во Тетово пристигнува од редовите на албанска Тирана, каде што беше еден од стандардните фудбалери во изминатата сезона. Рафаел во шампионатот на Албанија одигра 32 натпревари и постигна четири ...