Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ во моментов се наоѓа на Светското првенство 2026, откако стави крај ова лето на епизодата во Милан. Легендарниот Давор Шукер, пак, зборувајќи за шпанската „Марка“ околу иднината на Лука Модриќ и ја откри неговата нова адреса од ова лето. „Тукушто ме прашаа каде ќе продолжи Модриќ, во Милано или Мадрид. Мислам дека нешто ќе се случи со Реал“ – вели Шукер, а потоа на директно прашање дали навистина се враќа во ...
Македонскиот шампион Вардар доби релативно лесна ждрепка за 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, ако најпрво ја мине првата квалификациска пречка. Во второто квалификациско коло, Вардар би играл со подобриот од пресметката од 1. квалификациско коло меѓу азербејџанскиот шампион Сабах и ТНС од Велс. Но, најпрво „вардарци“ ќе мора да го минат финскиот шампион Купс во 1. квалификациско коло. Првиот натпревар се игра во Скопје на 7/8 ...
Португалецот Бернардо Силва и официјално е нов играч на Реал Мадрид. По девет сезони во Манчестер Сити, Бернардо Силва го смени клубот, па во следните две сезони ќе го носи дресот на славниот Реал Мадрид, каде што пристигна на експресно инсистирање на Жозе Мурињо. Денеска, „кралскиот клуб“ објави дека португалскиот репрезентативец и официјално го потпишал договорот. 👋 ¡Bienvenido, @BernardoCSilva ! 👋 pic.twitter.com/FYU1TiqJAS — Real Madrid ...
Португалија се уште не го започна своето патување на Светското првенство во Северна Америка, а веќе пристигнаа вести во врска со завршувањето на Светското првенство. Бројни англиски медиуми објавуваат дека Роберто Мартинез, актуелниот селектор на Португалија, ќе ја напушти клупата на репрезентацијата од Пиринеите по Светското првенство. Мартинез пристигна на клупата на Португалија во 2023 година, а со таа репрезентација ја освои Лигата на ...
Фудбалерите на актуелниот светски шампион Аргентина со победа над Алжир од 3-0 ја стартуваа одбраната на титулата во меч од Ј групата од Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико. И повторно, по којзнае кој пат во прв план беше Лионел Андрес Меси кој ги постигна сите три гола за неговата репрезентација и со тоа урна голем број рекорди. Со хет-трикот против Алжир, Меси се изедначи со Мирослав Клосе на вечната листа на стрелци на ...
Лео Меси настапи на својот шести фудбалски мундијал, дваесет години по своето деби на светските шампионати. За ветераните секое ново учество е успех сам по себе, но за Лео тоа никогаш не било случај, а рано утрово Меси уште еднаш ја покажа својата величина, и тоа на најголемата сцена. Хет-три со кој го мина Пеле, се израмни со Клосе и урна уште низа рекорди со кои Лео го потврди она што многумина веќе подолго време го знаеме – дека е ...
Томас Тухел изјави дека се чувствува како дома во Англија, иако се уште не е подготвен да ја пее националната химна. Германскиот стратег, кој се подготвува да ја предводи Англија до своето прво Светско првенство, рече дека чувствува дека се уште не го заслужил правото да ја пее „Боже, чувај го кралот“, но јасно стави до знаење дека сака да ја освои нацијата и да го води тимот до слава ова лето. Тухел разви силна врска со земјата што го ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Килијан Мбапе стигна до бројката од 58 погодоци во дресот на Франција, со што стана најдобар стрелец во историјата на „триколорите“. Тој стана и стрелец број 1 на мундијалите за Французите (со 14), уривајќи го рекордот на Жист Фонтен, кој сите 13 погодоци ги постигна на еден светски шампионат. На ...
Тренерот на Јувентус Лучано Спалети, лично ја одобрил идејата за ангажман на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот стратег има огромна доверба во квалитетите на македонскиот „дијамант“ уште од нивното заедничко време во Наполи, каде што соработуваа и ја освоија историската титула во Серија А. Спалети смета дека Елмас би бил идеално засилување поради неговата поливалентност на теренот, со оглед ...
По вчерашното дознавање на противниците за стартното коло, македонските претставници Шкендија и Силекс денеска точно во 14:00 часот во Нион ќе ги добијат и потенцијалните ривали за второто квалификациско коло во Лигата на Конференции. Утринава Европската фудбалска куќа (УЕФА) го скрати списокот на екипи и ги формираше мини-групите пред извлекувањето. Шкендија, која во првата рунда се соочува со тимот на Европа, ја очекува својата група на ...
Лионел Меси ја предводеше Аргентина до убедлива победа од 3-0 против Алжир на стартот од Светското првенство во Канзас Сити, но натпреварот остана во сенка на една контроверзна судиска одлука. Актуелниот светски шампион рутински ги освои трите бода благодарение на фантастичниот хет-трик на својот капитен. Сепак, главна тема по натпреварот е моментот кој лесно можеше целосно да го промени текот на средбата. По половина час игра при резултат ...
Поради подобриот рејтинг на својот противник во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите, финскиот Купс, македонскиот шампион Вардар ако ги мине Финците ќе го преземе носителското место за следната рунда натпревари. Ждрепката за 2. квалификациско коло за ЛШ е денеска од 12 часот во Нион, а Вардар ќе биде меѓу носителите пред истата, на тој начин во втората рунда натпревари избегнувајќи противници како Црвена Звезда, Лех Познањ, Динамо ...
Натпреварот меѓу Ирак и Норвешка на Светското првенство беше обележан со необичен инцидент кој накратко предизвика неверица на стадионот во Бостон. За време на полувремето, цевката за наводнување на теренот пукна, поради што водата почна да избива со голема сила врз тревната површина, претворајќи дел од игралиштето во еден вид гејзер. Организаторите и службите задолжени за одржување на стадионот веднаш реагираа за да го санираат дефектот и да ...
Лионел Меси уште еднаш покажа колку му значи дресот на Аргентина, бидејќи не успеа да ги скрие своите емоции во историската ноќ. Капитенот на светскиот шампион ја затресе мрежата веќе во 17. минута од натпреварот, кога и донесе предност на својата репрезентација против Алжир на почетокот од Светското првенство. Меси ја прифати топката на средината од теренот, се упати кон голот на противникот, а потоа со моќен удар од далечина го совлада ...
Фудбалерите на Австрија стигнаа до премиерна победа на Светското првенство откако славеа против дебитантот Јордан со 2-1 во меч од групата Ј на Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико. Првата шанса во натпреварот ја имаа Јорданците преку Ал Факури во 17. минута. Само три минути подоцна Австрија стигна до водство од 1-0 откако неверојатен погодок постигна Романо Шмид. Јордан само две минути подоцна имаше нова страна, но фортуната не ...
Фудбалерите на актуелниот светски шампион Аргентина со победа над Алжир од 3-0 ја стартуваа одбраната на титулата во меч од Ј групата од Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико. Натпреварот почна возбудливо. По само пет минути игра Лионел Меси ја затресе мрежата на Лука Зидан, но поради мал офсајд неговиот гол беше поништен. Само три минути подоцна и Алжирците беа лишени од прослава на гол, бидејќи погодокот на Чаиби исто така беше ...
Фудбалерите на Норвешка славеа против Ирак со 1-4 во деби натпреварот за двете репрезентации како дел од групата И на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Водство за Норвежаните од 0-1 донесе кој ако не друг Ерлинг Халанд со неговиот гол во 29. минута. До изненадувачко изедначување 1-1 Ирачаните стигнаа со погодокот на Хусеин во 39. минута. Iraq 0-1 Norway – Erling Haaland 29' byu/977x insoccer Iraq [1]-1 Norway – ...
Фудбалерите на Франција славеа со 3-1 против Сенегал во премиерниот меч за двете репрезентации како дел од групата И на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Првата голема шанса на мечот ја имаше Сенегал откако Николас Џексон во 25. минута ја погоди стативата. До крајот на првиот дел Сенегал имаше уште една шанса откако во шестата минута од судиското продолжение од непосредна близина Исмаила Сар биеше над голот на ...
Фудбалската репрезентација на Франција поведува со 1-0 против Сенегал во премиерниот меч за двете селекции како дел од групата И на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Франција игра одлично второ полувреме, а сето тоа го материјализираше со голот на Килијан Мбапе во 66. минута. Ова за ѕвездата на Реал Мадрид беше 57 гол во дресот на галските петли и со тоа се израмни со Оливие Жиру на вечната листа. France [1] – 0 ...
Натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Португалија и ДР Конго, закажан за оваа среда во Хјустон, се наоѓа под сериозен знак прашалник поради најавата за силно невреме кое се заканува да го погоди градот. Наместо спортска еуфорија, во Тексас расте напнатоста по предупредувањето од Националниот центар за урагани на САД за доаѓањето на првата тропска бура оваа сезона, која со себе носи опасни ненадејни поплави и обилни дождови. ...
Голема ВАР дилема ни носи мечот меѓу Франција и Сенегал на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Франција не доби пенал откако Садио Мане стартуваше врз Килијан Мбапе. Дури ситуацијата се гледаше и со ВАР, а главниот судија Алирез Пагани беше повикан да ја погледне ситуацијата уште еднаш, Австралиецот не сакаше да ги послуша сугестиите па на крајот досуди гол аут за Сенегал. France penalty shout against Senegal 58' byu/West_Agent4651 ...
Фудбалските репрезентации на Франција и Сенегал играат без голови 0-0 во премиерниот меч на шампионатот кој се игра во САД, Мексико и Канада како дел од групата И. Првата голема шанса на мечот ја имаше Сенегал откако Николас Џексон во 25. минута ја погоди стативата. До крајот на првиот дел Сенегал имаше уште една шанса откако во шестата минута од судиското продолжение од непосредна близина Исмаила Сар биеше над голот на Мањан. Nicolas Jackson ...
Фудбалскиот клуб Силекс направи одличен гест за своите симпатизери пред почетокот на настапите во квалификациите за Конференциската лига. Со цел да обезбеди што поголема поддршка на трибините, раководството на клубот соопшти дека за сите навивачи од Кратово ќе биде организиран бесплатен превоз и бесплатни влезници за првиот домашен натпревар кој ќе се одигра во Скопје. Силекс денеска го дозна својот противник за првото квалификациско коло. ...
Шпанската фудбалска репрезентација се смета за еден од фаворитите на овогодинешното Светско првенство, но, во најдобар случај, млакиот почеток не остава многу простор за оптимизам. „Црвената фурија“, како актуелен шампион на Европа, играше против Зеленортски острови во првото коло, но не ја оправда улогата на фаворит одигрувајќи реми без голови 0-0. Со ова продолжи серијата лоши игри на Шпанија на светските првенства, која трае откако беа ...
Панатинаикос даде сериозна понуда за Жељко Обрадовиќ, а првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос, не штеди средства за да стигне до трофејниот тренер. Како што објавува „Моцарт Спорт“, Зелените се подготвени да му понудат на Обрадовиќ тригодишен договор со вкупна вредност од пет милиони евра. Многу грчки медиуми веќе објавија во текот на денот дека трофејниот тренер се враќа на местото на најголемиот успех. Панатинаикос официјално ја ...
Зеленортски острови шокантно освоија бод ремизирајќи 0-0 против Шпанија во нивното деби на Светското првенство во првото коло од Групата Х. Херој на тој натпревар беше 40-годишниот голман Јосимар Дијас, попознат како Возиња. На натпреварот против Шпанија, тој имаше седум одбрани. Тој целосно го воодушеви фудбалскиот свет и тоа се почувствува на социјалните мрежи. Пред натпреварот, тој имаше само 50 илјади следбеници, што му доликува на член ...
Мирбелис Пинеда, ентузијаст за фитнес и дигитален креатор, која ја следат милиони луѓе на социјалните мрежи под името Ешли Каролина, го украде шоуто на отворањето на Светското првенство во фудбал. Атрактивната бринета, која често споменува дека има мексикански и венецуелски корени, дојде на стадионот за да ја поддржи мексиканската репрезентација на натпреварот против Јужна Африка. Сепак, присутните на трибините очигледно беа повеќе фокусирани ...
Судијата Адам Махадмех од Јордан го судеше натпреварот помеѓу Шпанија и Зеленортски острови, кој го донесе најголемото изненадување на Светското првенство и заврши без голови. Јорданецот сигурно ќе биде запаметен бидејќи беше актер на едно од најголемите изненадувања во историјата на Светското првенство, а интересно е што има силна врска со Сараево и Босна и Херцеговина. Махадмех поседува пасош на Босна и Херцеговина и течно го зборува ...
Македонските фудбалски претставници Шкендија и Силекс ги дознаа своите противници за првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, по денешната ждрепка во Нион. Тетовска Шкендија ја имаше улогата на носител и доби лесен ривал. Тетовци ќе ги одмерат силите со екипата на Европа од Гибралтар. Првиот натпревар Шкендија ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е закажан пред домашната публика. Кратовски Силекс немаше многу ...
Португалскиот стратег Рубен Аморим е официјално именуван за нов шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант Милан. Аморим пристигнува на „Сан Сиро“ со богато педигре изградено низ португалскиот и англискиот фудбал. Тренерската кариера ја започна во 2018 година, по завршувањето на успешните играчки денови во Бенфика и португалската репрезентација. По епизодите во Каса Пиа и Брага, тој во 2020 година го презеде Спортинг Лисабон, каде што ...