Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
ЕКИПА и Моцарт во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт. Во меч во кој Шпанците ќе имаат огромен посед на топката, а борбените фудбалери на Зеленортските острови ќе се борат до последниот атом на силите, сигурно ќе има многу работа и за судиите. Во ВАР-собата ќе се разгледуваат ...
Барселона и Атлетико Мадрид се обидоа да го доведат Марк Кукуреља, а потоа во приказната „влета“ Реал Мадрид и за 24 часа го заврши трансферот на шпанскиот репрезентативец. Левиот бек потпиша договор со „кралевите“ до 2032 година. Тој е во моментов со селекцијата на Шпанија на Светското првенство, а официјалната промоција ќе се случи по завршување на Мундијалот. Кукуреља во минатото настапуваше во младинските и во сениорските категории на ...
Еквадор 22 месеци не знаеше за пораз на натпреварите и со голем оптмизам допатува на овој светски шампионат, но јужноамериканската селекција доживеа ладен туш на самиот старт, губејќи од Брегот на Слоновата коска со 1-0. Амад Диало беше асот што го натера Еквадор на капитулација, крилниот офанзивец воопшто не беше стартер за „слоновите“, но од самото влегување во игра веднаш стави до знаење дека ќе биде кошмар за Еквадорците. Имаше шест ...
Јасин Ајари ја предводеше Шведска до убедлива победа над Тунис (5-1). Тој постигна два одлични гола, но не ги прослави, како што би направиле многумина, туку им се извини на противничките играчи и навивачи. Причината е јасна – Јасин е по потекло од Тунис. 22-годишникот „започна“ и ја заврши работата на синоќешниот натпревар со два одлични гола, но не ги прослави како што би прославил секој кога постигнува гол на Светското првенство. Падна на ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Германија е најефикасната репрезентацијата во историјата на фудбалските мундијали. Германците сега имаат 239 гола на светските шампионати, минувајќи го на врвот Бразил со 238 мундијалски голови. За Германците ова беше четврти мундијалски меч на кој постигнале најмалку седум погодоци. Зад Германија на ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) истражува инцидент што се случил во пресрет на натпреварот од СП 2026 меѓу Германија и Курасао, во кој бил вмешан еден од судиите. Имено, австралиски службеник за ВАР е снимен како покажува гест на раката поврзан со групи кои се залагаат за белата надмоќ. Снимка од спорниот гест Судијата Шон Еванс беше задолжен за „поддршка на ВАР“ за време на убедливата победа на Германија од 7-1, и беше фатен на ...
Селекторот на јапонската репрезентација, Хаџиме Моријасу, им дава совети на своите играчи на иновативен начин. Тој ја користеше таблата против Холандија за да објасни што да се прави на теренот. Јапонија ремизираше (2-2) против Холандија на отворањето на Светското првенство. Хаџиме Моријасу привлече големо внимание покрај теренот. Тој држеше табла со напишани броеви за своите играчи покрај теренот, a имаше уште неколку интересни цртежи. ...
Фудбалската треска што почнува да владее во светот се шири и на обложувањето, па така на синоќешниот дуел меѓу Германија и Курасао беше забележан рекорден облог, во висина од 730.000 долари за триумф на Германија или реми. Облогот е направен преку платформата „Полимаркет спортс“, која објави дека нејзин корисник вложил богатство дека Курасао нема да стигне до сензационална победа над овој европски фудбалски гигант. Германците играа променливо ...
Фудбалската репрезентација на Иран пристигна во Лос Анџелес пред нивниот прв натпревар на Светското првенство, а нивното пристигнување беше обележано со тензии и засилени безбедносни мерки. Ѕвездата на тимот, Мехди Тареми, рече дека тензиите ја следат репрезентацијата уште од нивното пристигнување во Америка, каде што се очекува да се сретнат со Нов Зеланд во понеделник. Пристигнувањето во хотелот под полициска придружба и со протести е само ...
Фудбалерите на Шведска убедливо ја победија репрезентацијата на Тунис со 5-1 (2-1) во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство. Со три бода, скандинавската репрезентација сега е на првото место на табелата, откако Холандија и Јапонија ремизираа 2-2. Во следното коло, Шведска ќе игра против Холандија во сабота во 19 часот, а Тунис против Јапонија следниот ден наутро во 06 часот. Селекцијата предводена од Греам Потер освои ...
Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го победија Еквадор со 1-0 (0-0) во натпреварот од првото коло од Групата Е на Светското првенство. Натпреварот на стадионот во Филаделфија, со капацитет од 68.000 гледачи, изгледаше како да се игра во Еквадор, бидејќи трибините беа целосно обоени во жолта боја со традиционално жешката јужноамериканска атмосфера. Тоа им даде крилја на Еквадорците, но „слоновите“ успеаја да издржат таква атмосфера и, ...
Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа без победник 2-2 во премиерниот меч за двете репрезентации како дел од Ф групата на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Двете репрезентации го одиграа најслабото прво полувреме досега на шампионатот. А, се почна одлично. Холандија ја имаше првата шанса по само три минути игра кога Мален убаво биеше, но неговиот удар го одбрани голманот на Јапонците Зајон Сузуки. Јапонците ...
Натпреварот помеѓу Бразил и Мароко на Светското првенство заврши нерешено 1-1, но по последниот свиреж, многу повеќе се зборуваше за потегот на Винисиус Жуниор отколку за самиот резултат. Бразилската ѕвезда се најде во центарот на вниманието поради одбивањето да се придржува до едно од новите правила на ФИФА воведени за Светското првенство во 2026 година. Според новите правила на ФИФА, одредени играчи мора да стојат пред телевизиските камери ...
Фудбалерите на Холандија поведуваат со 1-0 против Јапонија во премиерниот меч за двете репрезентации кои се дел од групата Ф на Светското првенство кое што се игра во САД, Мексико и Канада. По очајното прво полувреме, најлошо досега на шампионатот, Холанѓаните успеаја да ја затресат мрежата на противникот по првата шанса во вториот дел. Одличниот центаршут на Гравенберх го материјализираше неговиот соиграч од Ливерпул, Вирџил ван Дајк за ...
Фудбалерите на Јапонија израмнија на 1-1 против Холандија во премиерниот натпревар за двете репрезентации како дел од групата Ф на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. По водството на лалињата со голот на Ван Дајк во 51. минута од 1-0, Јапонците брзо успеаја да се вратат во игра со голот на Накамура во 57. минута. Се доведува во прашање дали голот на Јапонците беше регуларен бидејќи еден од неговиот соиграчи беше во ...
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра уште еден брилијантен натпревар за Кувајт Клуб, но неговиот тим претрпе минимален пораз од Шарџа (30-29) во последното коло од групната фаза на Азискиот шампионат. И покрај неуспехот во драматичната завршница, кувајтскиот тим обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот. Кузмановски ја предводеше својата екипа и натпреварот го заврши како еден од најдобрите поединци со осум постигнати ...
Фудбалерите на Холандија и Јапонија го играат најслабото прво полувреме на Светското првенство, откако по 45 минути е без голови 0-0 на „Џери ворлд“ во Далас како дел од меч од 1. коло од Ф групата на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. А, се почна добро. Холандија ја имаше првата шанса по само три минути игра кога Мален убаво биеше, но неговиот удар го одбрани голманот на Јапонците Зајон Сузуки. Јапонците за првпат се заканија кон голот на ...
Пред Светското првенство, беа воведени многу нови правила со цел да се забрза играта. Едно од нив е правилото „пет секунди“, кое се однесува на фрлања и аут-аути, кои мора да се извршат во рамките на наведениот временски рок, во спротивно топката му се доделува на противникот. Сепак, како и во многу правила, така и во ова постои дупка. Одбројувањето за вадење започнува дури кога играчот ќе ја прими топката во своите раце, а таа дупка била ...
Капитенот на репрезентацијата на Хаити, Џони Пласид, тврди дека на неговиот тим му биле одземени два чисти пенали во поразот од 1-0 од Шкотска на Светското првенство. Победничкиот гол за тимот на Стив Кларк го постигна Џон Мекгин во првото полувреме од натпреварот од Групата Ц одигран во Бостон, но карипската репрезентација беше огорчена откако шкотскиот дефанзивец Грант Ханли не беше казнет за две играња со рака. Играчите на Хаити беа бесни ...
Јувентус би можел да ги обнови преговорите со Душан Влаховиќ за продолжување на договорот по очекуваната промена во раководната структура на клубот, објави „Газета дело Спорт“. Нов извршен директор на клубот од Торино стана Џовани Карневали, кој го наследи Дамиен Комоли, а се наведува дека тој не ја исклучува можноста за пресврт во преговорите со Србинот. Претходните преговори меѓу Јувентус и Влаховиќ не доведоа до договор, бидејќи на ...
Фудбалската репрезентација на Германија со стил го почна својот поход кон петиот трофеј на Светските првенства откако вечерва во премиерниот меч од Е сегментот славеше над дебитантот Курасао со убедливи 7-1. Германците поведоа со голот на Нмеча по една одлична акција со Вирц уште во 6. минута. И кога се чинеше дека ќе ја довршат работата и ќе одат кон убедлива победа, Курасао успеа да израмни. Комененсија успеа со помош на Кимих да го ...
Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен доживеаја брејк откако Алба славеше со 79-86 и израмни на 1-1 во финалната серија од германската Бундеслига. По поразот во воведниот дуел, кошаркарите на Алба Берлин покажаа карактер и одиграа одличен натпревар. Нашиот плејмејкер беше незапирлив на теренот и за само 20 минути игра постигна 17 поени, надополнети со две асистенции и еден скок, со што го понесе епитетот ...
Нов договор до јуни 2031 година е договорен помеѓу дефанзивецот Јошко Гвардиол и Манчестер Сити. Сегашниот договор на Хрватот истекува за две години, а Реал Мадрид односно неговиот нов тренер Жозе Мурињо се надеваше дека може да го добие потписот, и да ја засили одбраната. Се е веќе договорено, останува само да се финализира, односно Манчестер Сити да ја објави новата соработка. Не е познато дали Сити ќе чека крај на Светското првенство, или ...
Ракометарите на Барселона се неприкосновени владетели со Лигата на шампионите. Со победата од 37-34 над Фуксе Берлин во финалето во Лигата на шампионите во Келн, се закитија со 13-тата титула во најелитното европско натпреварување. Шпанскиот тим уште по првиот дел имаше предност од четири гола (20-16), а потоа само ја доврши работата, и покрај тоа што на стартот на вториот дел Германците намалија и стигнаа до два гола разлика. Но, потоа ...
Се вратија работите на свое место, откако Курасао ја шокриаше Германија во првиот дел. Германците поведоа со голот на Нмеча по една одлична акција со Вирц уште во 6. минута. И кога се чинеше дека ќе ја довршат работата и ќе одат кон убедлива победа, Курасао успеа да израмни. Комененсија успеа со помош на Кимих да го изненади Нојер, и да донесе историски прв гол на Курасао на Мундијалите. Германците се „мачеа“ 17 минути, се до 38. минута кога ...
Полека но сигурно Мајкл Олисе прераснува во еден од најдобрите фудбалери на светот, а тоа би можел да го докаже и на актуелниот Мундијал. Беше еден од најдобрите играчи на Баерн Минхен минатта сезона, и јасно е дека клубот сега сака да му го продолжи договорот. Според информациите, прво со новиот договор ќе му биде доплирана платата. Планот е да го продолжи договорот до 2031 година, со што би бил веднаш зад Кејн и зад Мусиала на листата ...
Германија одлично го почна мечот со Курасао. Предност од 1-0 уште во 6. минута, доминација и блиску до втор гол, но потоа шок… Откако се ослободија од притисокот, играчоте на Курасао дојдоа до шанса, и погодија преку Комененсија. Најпрво еден од играчите шутираше во блокот, а топката стигна до Комененсија кој успеа да го совлада Нојер, а топката од еден противнички играч заврши зад грбот на голманот на Германија. Ова беше прв гол на Курасао ...
Прекрасна акција и топка во мрежата на Курасао, за водство на Германија уште во 6. минута од средбата. Целосната доминација на Германците донесе водство. Така Нмеча и Вирц проиграа двојно, а играчот на Борусија успеа од прва да погоди во мрежата на противникот. Германија важи за апсолутен фаворит, и се освен убедлив триумф ќе биде изненадување на овој меч. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...
Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа го заврши настапот на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска, освојувајќи го четвртото место. Во натпреварот за третото место, македонските репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови. Резултат по сетови: Македонија – Чешка 20:26 Македонија – Чешка 13:22 Со настапот во Плоцк, македонската репрезентација доби значајно меѓународно искуство и уште една ...
Иако требаше да заврши во Атлетико, левиот бек на шпанската репрезентација Марк Кукуреља ќе се пресели во другиот дел на Мадрид, во Реал. Според информациите од Шпанија, Кукуреља веќе постигнал договор за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, кој треба да се случи по завршувањето на Светското првенство. Беше голема желба на Атлетико, кој сега ќе мора да бара други решенија. Интересно е тоа што Кукуреља е поранешен член на најголемиот ривал ...