Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Барселона нема намера да го ангажира Мајк Џејмс откако каталонците во последен момент ги променија плановите за летниот преоден рок и ги откажаа преговорите со извонредниот поентер на Монако. Искусниот Американец беше виден како „сигурно засилување“ за Барса, но неговиот темперамент и проблемите што ги правеше во последните клубови на крајот се покажаа како клучен фактор – каталонскиот тим да се премисли и вниманието да го насочи кон други ...
Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри веќе извесен период се фудбалски пензионери, но легендарните голгетери денеска покажаа дека се уште се велемајстори на оваа игра. Двајцата се дел од СП 2026 како стручни аналитичари, а слободното време пред денешната програма го искористија за да покажат за какви мајстори станува збор. И направија шоу за сите присутни… Class is permanent 😮💨👌 🎥 @Ibra_official @FOXSoccer pic.twitter.com/8EgikvctFD — 433 ...
Легендата на фудбалот во поранешна Југославија и екс-селектор на БиХ, Сафет Сушиќ, упати отворена критика околу тактиката на селекторот Сергеј Барбарез на синоќешниот дуел со Швајцарија. Босанците не заслужија така убедлив пораз од 1-4, но Сушиќ како и голем дел од јавноста во оваа земја беа преразочарани од слабата креација на својата селекција. „Штета, да не беше црвениот картон најверојатно ќе завршеше 1-0, овие 4-1 дефинитивно се резултат ...
Фудбалерите на Шкендија успешно ги стартуваа подготовките за новата сезона, славејќи на првиот контролен натпревар што македонскиот вицепрвак го одигра во Терме Чатеж, Словенија. Ривал на тетовските црвено-црни беше словенечкиот прволигаш Копер, кого Шкендија успеа да го совлада со 2-1, со два гола постигнати во второто полувреме. Копер имаше предност по првиот дел со голот на Ирабор во 11. минута, но Шкендија направи целосен пресврт, ...
Врие во португалската репрезентација по слабото издание и ремито во првото мундијалско коло против Конго. И додека голем дел од јавноста вината ја насочува кон Кристијано Роналдо обвинувајќи го големиот ас за себичност, дополнителен хаос создаде неговата сестра Катја Авеиро, која јавно ги критикуваше останатите португалски ѕвезди… Таа преку објава на социјалните мрежи ги обвини останатите репрезентативци дека не го проигрувале нејзиниот брат, ...
Поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт, се извини откако за време на телевизискиот пренос од натпреварот меѓу Холандија и Јапонија на Светското првенство изјави дека јапонските играчи „сите личат еден на друг“, објавија британските медиуми. Ван дер Варт, кој работеше како стручен коментатор за холандската телевизиска станица НОС, даде контроверзен коментар анализирајќи ја ситуацијата за време на израмнувачкиот гол на ...
Македонската футсал репрезентација ги дозна своите противници за главната квалификациска рунда за Светското првенство во футсал 2028 година, по денешната ждрепка која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Нашата селекција се најде во исклучително силна група, каде за противници ќе ги има велесилата Шпанија и секогаш незгодната Финска. Квалификациските натпревари е предвидено да се одиграат во периодот од декември 2026 година до март 2027 ...
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукурела е едно од најголемите засилувања на Реал во овој преоден рок. Барселона, каде што порасна, исто така беше заинтересирана, но тој сепак го избра својот најголем ривал. Иако Kукурела ја посетуваше познатата Ла Масија, тој никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим. Но, во меѓувреме, тој се прослави во Премиерлигата, како и во репрезентацијата. Двата најголеми шпански клуба се бореа за него, а тој го ...
Ракометниот суперлигаш Прилеп го потврди враќањето на Стефан Лозаноски во клубот. По една сезона помината во Грција, Лозаноски повторно се враќа во својот матичен клуб, носејќи со себе дополнително искуство, зрелост и квалитет стекнати на меѓународната сцена. Стефан е добро познато име за прилепската публика, ракометар кој секогаш го дава максимумот на теренот и со голема посветеност ги брани боите на својот клуб. „Неговото враќање ...
Иран планира да поднесе жалба до ФИФА поради ограничувањата за патување со кои се соочува нејзината репрезентација во САД на Светското првенство. Поради неизвесноста околу визите и конфликтот со САД, иранската репрезентација патува од својата база во Мексико, ко-домаќин на турнирот, за своите три натпревари од групната фаза во САД. Американските власти бараат од нив да влезат на територијата на САД во рок од 24 часа пред натпреварот и да ...
Српскиот кошаркар Никола Милутинов беше успешно опериран откако беше подложен на процедура за отстранување на остеосинтетскиот материјал од левата метатарзална коска на стапалото. Центарот на Олимпијакос треба да биде отпуштен од болницата уште денеска. Милутинов не е на списокот на српската репрезентација за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, а операцијата е дел од процесот на закрепнување од претходна повреда. ...
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години претрпе пораз од Романија со резултат 68-81 во својот прв натпревар на турнирот во Букурешт. Во поголемиот дел од средбата се водеше изедначена битка во која двете селекции наизменично го преземаа водството. Клучниот момент се случи во последната четвртина. По одличниот старт на последниот период, нашите кошаркари за само една минута направија серија од шест поени и го израмнија ...
Ракометната федерација на Македонија информираше дека доби организација на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2026 година во Скопје. Нашата кадетска женска репрезентација ќе настапи во групата Б, заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а турнирот ќе се игра пред домашна публика во македонската престолнина. Првите две селекции од групата ќе обезбедат пласман на ...
Поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Оле Вернер, изрази незадоволство што не му беше дадена можност да се збогува со играчите и стручниот штаб по неговото изненадувачко отпуштање од клубот. РБ Лајпциг ги отпушти Вернер и неговите помошници тренери Том Цихон и Патрик Колман и покрај она што многумина би го опишале како успешна дебитантска сезона – третото место во Бундеслигата и квалификациите за Лигата на шампионите. Вернер одговори со писмо до ...
Партизан успеа да се ослободи од играчите кои важеа за „бунтовници“ и главни виновници за заминувањето на Жељко Обрадовиќ од тренерската функција. Тајрик Џонс прв повлече нога и среде сезона се пресели во Олимпијакос, Вашингтон веќе објави дека летово ќе ги смени клупските бои, а последните информации говорат дека и Стерлинг Браун летово ќе си замине од Партизан. Жалгирис ќе биде новиот клуб на поранешниот ас на Алба, кој имаше уште една ...
Судот го прифати барањето на Обвинителството за 30 дневен притвор на поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски кој вчера беше уапсен во полициска акција за малверзации во 2019 година. Притвор во траење од 30 дена доби и Олгица Младеновска, која во моментите на неправилностите била задолжена за финансии на ФФМ. Вчера во полициска акција беа уапсени Ѓорѓиоски, Младеновска и уште неколку сопственици и овластени лица во правни лица, како и ...
Со специјална покана од ЕХФ, ракометарите на Партизан и официјално ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона. Клубот на социјалните мрежи ја сподели оваа радостна вест. Екипата од Белград објави пред да објави ЕХФ, а неофицијално дознаваме дека и нашиот првак Вардар повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите. „На-на, на-на, Лига на шампиони, Лига на шампиони“, напишаа „црно-белите“ на официјалните профили на социјалните мрежи. ЕХФ ...
Вицешампионот Шкендија во своите редови доби екстра репрезентативно засилување. Станува збор за левиот бек Бојан Димоски, кој доаѓа како слободен играч откако го напушти ТСЦ Бачка Топола. Димоски настапуваше и за Партизан, а беше дел и од Акрон Тољати, во минатото и во Академија Пандев и во Вардар. За македонската репрезентација Димоски има одиграно 20 меча. Тој исто така беше поврзуван и со „кам-бек“ во Вардар, но од таборот на шампионот ...
ЕКИПА и Моцарт во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт. САД ја има фаворитската улога против Австралија, а одлично делува комбинираната игра само во Моцарт… Американците да слават, да имаат повеќе удари кон противничкиот гол (што е лесно остварливо), како и Австралија да има повеќе ...
Се подготвува Ливерпул полека за ера без Вирџил ван Дајк, кој можеби ги брои последните денови како член на тимот од „Енфилд“. Така него би можел да го замени неговиот сонародник Мики ван де Вен. Клубот сака да го искористи застојот во преговорите меѓу играчот и неговиот клуб Тотенхем, и да го ангажира како долгорочно засилување во дефанзивата. Тековниот договор на 25-годишниот стопер со „Спарс“ истекува во 2029 година. Ливерпул има ...
Женската селекција на Македонија за кошаркарки „Под 17“ години имаше успешен старт на „Rising Stars“ турнирот во Букурешт. Во првиот меч на собирот во главниот град на Романија, Македонија убедливо ја совлада соодветната селекција на Молдавија so 95-27. Младите кошаркарки доминираа од првата до последната минута на првиот меч од собирот во Букурешт. Ја најавија убедливата победа уште во првите десет минути од игртаа, оние во кои Македонија се ...
На 16 јули, играчите на Интер ќе патуваат во Германија на подготвителниот период пред новата сезона, а желбата на Кристијан Киву е дотогаш да обезбеди три засилувања. Првиот е веќе јасен, тоа ќе биде Иван Проведел, голманот кој играше во Лацио во претходната сезона и кој ќе биде платен 3.000.000 евра, но тоа нема да биде крај со него. Умар Соле е фудбалер кој е голема желба на тренерскиот штаб на Интер. Францускиот фудбалер игра за Удинезе, ...
Не мрда никаде Џереми Доку од Манчестер Сити. Белгиецот ги договори сите услови да потпише нов договор со тимот, кој ќе биде со важност до 2031 година. Брзоногиот крилен фудбалер веќе три години е дел од Сити, откако дојде од Рен, и се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот на „Граѓаните“. Сегашниот договор на Доку истекуваше во 2028 година. Доку во моментов е на Светското првенство со Белгија, за која има одиграно 44 меча и ...
Тиквеш за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига нема да смета на дури 11 првотимци од изминатата сезона во елитното друштво. Кавадарчани и официјално се заблагодарија на 11 фудбалери, во насока на комплетна реконструкција на тимот. „Некои патишта се раздвојуваат, но напорната работа, борбата и убавите спомени што ги оставивте зад вас секогаш ќе останат. Би сакале да изразиме искрена благодарност до нашите играчи,кои го носеа ...
СВР Струмица – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С.(66) и М.Г.(54), двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“. Првопријавениот, како претседател и второпријавениот, како секретар на Општински фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 година во повеќе наврати регистрирале ...
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Американците немаат забележано повеќе од една победа на светско првенство уште од 2002, кога стигнаа до четвртфиналето. САД има седум победи во низа кога игра на стадионот во Сиетл, каде што вечерва ќе го пречека националниот тим на Австралија. Mароко и Шкотска имаат еден меѓусебен дуел на мундијалите, оној на СП 1998 што заврши со триумф на Мароканците од 3-0. Мароко е без пораз на последните пет дуели против ривали од ...
Повремениот македонски репрезентативец Бојан Илиевски е пред промоција во хрватскиот суперлигаш Истра. Тоа што беше најавено пред извесен период сега пред реализација откако 26-годишниот десен бек и официјално ја заврши соработката со досегашниот негов клуб, Струга ТЛ. Илиевски досега во својата кариера има играно за Пелистер, Работнички, Македонија ЃП и Пелистер, а сега првпат треба да се соочи и со интернационален предизвик. Крадењето ...
По разочарувачкиот нерешен резултат со Конго на отворањето на Светското првенство, во Португалија расте стравот од внатрешен раскол што би можел да ја потресе репрезентацијата уште на стартот од натпреварувањето. Во центарот на јавната дебата е секако прашањето за Кристијано Роналдо во почетниот состав, а мислењата се остро поделени. Додека некои веруваат дека тренерот Роберто Мартинез не требало да му дава целосни минути на напаѓачот на Ал ...
Швајцарците 70 минути имаа посед на топката, но се мачеа да искреираат шанса, камоли да постигнат погодок за водство на дуелот со одлично организираната селекција на БиХ. А потоа, се се промени со влегувањето во игра на Јохан Манзамби, фудбалерот на Фрајбург кој влезе во 71. минута на местото на Ндоје и целосно го промени текот на мечот. Младиот офанзивец блесна само три минути по влегувањето во игра и со прекрасен волеј удар го отвори ...
Италијанскиот фудбал загуби еден од своите омилени фудбалски херои. На само 58 години почина Игор Проти, легендарен напаѓач кој со своите голови одбележа една ера на италијанскиот фудбал. За жал, тој ја загуби битката со ракот на дебелото црево, а тажната вест ја потврди во текот на ноќта неговото семејство, кое ја пренесе и последната порака што Проти ја остави пред смртта. „Тоа прекрасно патување, како и секој натпревар, дојде до последниот ...