Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Поранешниот менаџер на Ливерпул и сегашен директор на фудбалскиот колектир на Ред Бул, Јирген Клоп, зборуваше на различни теми за RTL пред турнирот во падел тенис на Мајорка . Запрашан за репрезентацијата на Германија и очекувањата за блиска иднина, тој кажа дека има доверба во сегашниот селектор Нагелсман. Исто така коментираше и за Вирц кој направи трансфер во Ливерпул. „Имам целосна доверба во Нагелсман, и немам потреба постојано да кажувам ...
Ракометарите на Охрид со убедлив триумф над Баку и во реваншот, се пласираа во 1/16 финалето на Европскиот куп. После триумфот од неверојатни 44-11 на првиот меч, на реваншот охриѓани славеа со 38-21 и така се пласираа во третото коло од ЕХФ Купот. Публиката во Охрид можеше да види некои нови лица, со оглед дека тренерот на Охрид одмораше неколку ракометари. Но, и со овие играчи Охрид беше пресилен за противникот. Победникот беше решен уште во ...
Висар Муслиу е крајно неизесен за утрешниот меч со Казахстан. Дефанзивецот на македонската репрезентација заработи повреда на дуелот со Белгија, и мораше предвреме да го напушти теренот. Муслиу вечерва не тренираше на официјалниот тренинг на „Тодор Проески“, и многу веројатно е дека ќе го пропушти утрешниот меч. По мечот против Белгија, селекторот Милевски рече дека мора да се направат дополнителни медицински прегледи, за да се утврди тежината ...
Враќање од Белгија, тренинг, прес-конференција, па повторно тренинг… Ова беше „шемата“ на репрезентацијата во кратката пауза помеѓу двата натпревари. Еуфоријата од нерешениот резултат со Белгија и првото место, треба да бидат она кое ќе ги водат нашите репрезентативци кон уште еден успех утре против Казахстан. Тој успех ќе биде победа. Се друго ја оддалечува Македонија од исполнување на сонот. Сите од националниот тим се подготвени за новиот ...
Пелистер го совлада тимот на Динамо Букурешт со 2-0 во пријателски натпревар одигран денеска на „Петар Милошевски“ во Битола, по повод 80-годишнината на „зелено-белите“. Головите се случија во последните 15 минути, кога најпрво автогол на Тоадер, а потоа и со погодок од пенал на Ристевски, Пелистер успеа да слави тирумф. На трибините имаше солидна посетеност, со многу легенди на клубот во изминатите години. На клупата дебитираше Милан ...
Роберт Левандовски дефинитивно ја игра својата последна сезона во Барселона. Оваа вест ја потврдуваат неколку шпански медиуми, кои велат дека ставот на Барселона нема да се промени, и Левандовски нема да добие нов договор. Полјакот има 37 години и физички не може да го издржи менталитетот што го бара Флик, и затоа неговата минутажа е намалена сезонава. Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез тврди дека неговата замена нема да биде бомбастична како ...
Српската репрезентација преку ноќ претрпе големи промени. По поразот од Албанија во Лесковац вчера, екипата веќе се подготвува со нов селектор за дуелот со Андора во вторник. Јасно е дека Србија ќе биде предводена од Зоран Мирковиќ како в.д. селектор, до наоѓање на трајно решение, а сега покрај смена на селекторот, и составот на репрезентацијата претрпе измени. Покрај селекторот Стојковиќ, репрезентацијата ја напушти и целиот стручен штаб кој ...
Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини, и натаму бара нова работа. Италијанецот е без ангажман од октомври 2024 година, кога доби отказ од селекторската позиција на Саудиска Арабија. Претходно работеше во Зенит, Интер, Галатасарај, Манчестер Сити, и како што вели, чека нов ангажман. „Многу ми недостасува тренерската работа. Ми недостига се секој ден. Се надевам дка набрзо тоа ќе се промени“, изјави Манчини. 60-годишниот Италијанец со ...
Казахстан е ривалот на Македонија во седмиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада. Мечот се игра во Скопје утре од 20:45 часот. Селекторот на националниот тим, Благоја Милевски на денешната прес-конференција ги искажа очекувањата од мечот со Казахстанците, кој Македонија го дочекува како првопласиран во групата Ј, и очекувањата се да се остане таму пред последниот меч против Велс на ...
Дванасет бодови од шест натпревари е билансот на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство идната година. Првото место е императив за нашите репрезентативци, а пред одлучувачкиот меч против Велс, Македонија има „домашна задача“ против Казахстан. Столе Димитриевски, голманот на репрезентацијата очекува сосема поинаков меч од Гент и сега Македонија да се најде во ситуација да напаѓа и да ги освои трите бода. „Важен меч ќе биде ...
Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, е подготвен да одбие понуда од Саудиска Арабија од 500.000 фунти неделно доколку „Црвените ѓаволи“ му понудат нов договор. Актуелниот договор на дефанзивецот истекува на крајот од сезоната, а сериозен интерес за неговите услуги покажува Ал-Наср, каде што повторно би можел да биде соиграч со Кристијано Роналдо. Мегваер, кој полнi 33 години во март, е во искушение од идејата за толку ...
Поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев, е убеден дека сегашниот тренер Јулијан Нагелсман размислува да го врати Мануел Нојер во репрезентацијата. Голманот на Баерн Минхен се пензионираше од репрезентативните обврски во 2024 година по серија повреди, но 39-годишникот моментално е во одлична форма. Замената на Нојер беше Марк-Андре тер Штеген од Барселона, но и тој се мачеше со повреди, што значи дека Оливер Бауман од Хофенхајм сега е прв ...
Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман, застана во одбрана на фудбалерот од средниот ред Флоријан Вирц, кој наидува на се повеќе критики по трансферот во Ливерпул. Германецот и натаму нема придонес во својот нов тим, нема ниту асистенција, ниту гол за „црвените“ откако пристигна од Баер Леверкузен за сума од 140 милиони евра. „Иако нема постигнато гол, тој е играч кој создава најмногу шанси од било кој друг во Премиерлигата, ...
Кристијано Роналдо не се откажува од репрезентативниот фудбал, иако многумина се на мислење дека неговото време во Португалија одамна е поминато. Неговите катастрофални бројки и статистика на последниот натпревар против Ирска се во прилог на тоа. Роналдо не постигна гол, ниту асистираше, немаше никакви клучни додавања, промаши пенал, една голема шанса, имаше само еден обид за дриблинг и беше неуспешен, а ги загуби сите три дуели. Португалците ја ...
Американскиот кошаркар Дешон Томас одлучи да ја заврши својата играчка кариера на 34-годишна возраст. Томас го објави крајот на својата кариера со емотивна порака на социјалните мрежи. Во Европа, тој започна во Нантер во Франција, а потоа играше за екипи од Евролигата како што се Панатинаикос, Барселона, Анадолу Ефес, Милан, Баерн и Макаби Тел Авив. Најголемиот успех го постигна играјќи за атинските „Зелени“, со кои двапати беше шампион на ...
Второлигашот Беласица остана без тренер, откако клубот се реши да се раздели од Александар Стојанов, кој ја извршуваше функцијата шеф на стручниот штаб на клубот од Струмица. Оваа смена доаѓа по двата последователни порази на тимот, со што клубот падна на третото место на табелата. „Александар Стојанов од денес не е повеќе шеф на стручниот штаб на нашиот тим. Клубот му се заблагодарува на Стојанов на соработката, и му посакува многу успеси во ...
Селекторот на Англија , Томас Тухел, им испрати јасна порака на своите ѕвездени играчи дека трката за место во составот за Светското првенство е отворена и на ниту еден играч не му е загарантирано место, објави печатот на Островот. Последните два кампа на „Трите лава“ ги пропуштија играчи како Џуд Белингам , Џек Грилиш , Фил Фоден и Кол Палмер од различни причини, а германскиот селектор на својата прес-конференција објави дека оние што ги ...
Шефовите на Нотингем Форест веќе бараат замена за сегашниот менаџер Анџ Постекоглу и се одлучија за Шон Дајш, објавија утрово „Телеграф“ и „Сан“ . Дајш е дипломец на академијата на клубот и моментално живее во градот. Тој исто така има значително искуство во одржување на клубовите од Премиер лигата во играта. Дајш последен пат го водеше Евертон , но беше отпуштен на крајот од минатата сезона и сега е слободен да прифати нов предизвик. ...
УЕФА ги одреди арбитрите за дуелите од осмото коло во квалификациите за пласман на Светското првенство, а со тоа се познати и судиите за мечот помеѓу Македонија и Казахстан кој се игра утре во Скопје во 20:45 часот. Дуелот во Скопје ќе го суди Јуан Мартинез Мунуера од Шпанија. Помошници ќе му бидат сонародниците Диего Барберо Севиља и Иван Масо Гранадо. Четврти судија е Алехандро Муниз Руиз, додека прв ВАР судија Гилермо Куадра Фернандез. Хавиер ...
Албанците славеа во Лесковац по очајната игра на Србија, и поради тоа, Драган Стојковиќ поднесе оставка. Во соблекувалната на Србија беше болно, а атмосферата во Албанија беше сосема поинаква. Претседателот на Албанската фудбалска федерација Арманд Дука ја пофали организацијата на натпреварот. „Организацијата беше фантастична. Фудбалскиот сојуз на Србија доби позитивни критики. Се согласивме да го промениме местото на одржување и среќен сум што ...
Нема крај на проблемите со повредите на Барселона од почетокот на тековната сезона. Откако повредија Жоан Гарсија, се повреди и Пабло Гави, Рафиња, Фермин Лопез, а се повреди и Ламин Џамал, а отсуствува и Дани Олмо. Шпанецот отпатува во кампот на репрезентацијата со блага болка во мускулите, и покрај советот од медицинскиот тим на Барселона да ја пријави повредата и да остане во Каталонија. И покрај ова, Олмо со болки отпатува со националниот ...
Аргентинскиот ас Лионел Меси постигна два гола и имаше една асистенција за неговиот Интер Мајами на натпреварот против Атланта Јунајтед (4:0). Напаѓачот на Интер го постигна својот 26-ти гол во МЛС сезоната и се искачи на првото место во трката за стрелци, два гола пред Денис Буанга од Лос Анџелес . Вкупно, Меси одигра 27 натпревари во тековната регуларна сезона, а покрај 26 гола, зад неговото име запиша и 15 асистенции. Крадењето авторски ...
Два гола на Родриго во победата на Бразил над Јужна Кореја од 5-0. Играчот на Реал Мадрид е во втор план на новиот тренер Чаби Алонсо, додека кај Анчелоти во минатото, кој сега е селектор на Бразил, игра(ше) главна улога. После натпреварот даде интересна изјава, со која на некој начин го „пецна“ сегашниот предводник на „кралевите“. Дали оваа изјава е диркетна порака за Шпанецот на клупата на Реал? „Одиграв одличен натпревар. Двата гола ми беа ...
Нови кадровски проблеми за Енцо Мареска – Енцо Фернандез се враќа во Лондон повреден. Аргентинецот се повреди за време на тренинг кампот на репрезентацијата и сè уште не е познато колку долго ќе отсуствува. Ова е голем проблем за Енцо Мареска со оглед на тоа што Кол Палмер е надвор од терените до почетокот на ноември, додека одбраната е десеткувана. Тосин Адарабиохо, Беноа Бадијашил и Весли Фофана се надвор од теренот, додека Леви Колвил ја ...
Легендата на Ливерпул и на Англија, Стивен Џерард одби повторно да го води тимот на Глазгов Ренџерс. Шкотскиот гигант одржа разговори со својот поранешен менаџер за време на репрезентативната пауза, но тој јасно стави до знаење дека нема намера во моментов да се врати на работа. Екс играчот од средниот ред на Ливерпул и на Англија, последен пат беше менаџер на Ал-Итифак од Саудиска Арабија, кој го напушти на крајот на јануари. Тимот на нашиот ...
Фудбалската федерација на Косово, ги осуди скандирањата на навивачите на Србија за време на квалификацискиот натпревар против Албанија одигран синоќа во Лесковац. Федерацијата ќе поднсе и жалба до УЕФА за скандирањата. Српската репрезентација загуби на домашен терен од Албанија со 0-1, и со тоа драстично ги намали шансите за пласман во баражот за Светското првенство. За време на мечот фановите скандираа „Косово е Србија“. „Фудбалската федерација ...
Инцидент на репрезентацијата на Нигерија за време на лет. Играчите на нигерискиот национален тим се враќале од гостувањето кај Лесото и требаше да отпатуваат во својата земја каде што ќе го чекаат Бенин во квалификациите за пласман на Светското првентво. Меѓутоа авионот доживеал инцидент откако му пукнало ветробранското стакло на пилотот, по што било наредено итно слетување на аеродромот „Луанда“ во Ангола. Завладеала паника меѓу играчите, ...
Оставката на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси е прифатена од страна на фудбалскиот Сојуз на Србија, и тој повеќе не е селектор. Иако се прептоставуваше дека на мечот со Андора во вторник, селекцијата ќе ја води неговиот помошник Горан Ѓоровиќ, тоа нема да се случи, со оглед дека со селекторот „летнаа“ и неговите помошници. Така на престојното гостување во Андора, репрезентацијата ќе ја води Зоран Мирковиќ, актуелниот селектор на младата ...
Драган Стојковиќ – Пикси поднесе оставка од клупата на Србија, по синоќешниот пораз од Албанија во Лесковац од 0-1. Со тоа Србија сега е далеку од бараж местото за пласман на Светското првенство идната година преку квалификациите. Пикси кажа дека нема да ја води селекцијата во Андора, а веднаш по неговата оставка следуваа шпекулации околу тоа кој би можел да го наследи. Најсериозен кандидат за селектор на Србија е доскорашниот тренер на Овиедо, ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов договор со петкратниот светски првак на следните пет години, односно до 2030 година. Според весникот „О Глобо“, планот е поранешниот тренер на Реал Мадрид да остане на селекцијата на Бразил, без разлика на резултатот на идниот Мундијал во 2026 година. Со тоа Бразилската федерација има доверба во Анчелоти, откако по долга сага тој се реши да ја прифати понудата, и да стане селектор ...