Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Искусниот бразилски фудбалер Касемиро ќе ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, каде што пристигнува како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Бразилскиот репрезентативец, иако е во четвртата деценија од животот, е многу ценет низ целиот свет, но според информациите, тој одлучил да се пресели во Интер. Двете страни се договориле за условите и сега останува полесниот дел од работата. Тоа е формализирање на ...
Некогашниот англиски репрезентативец и сегашниот менаџер на новиот премиерлигаш Ковентри, Френк Лампард е многу блиску до потпишување на нов договор. Човекот кој успеа да се пласира во „елитата“ како шампион во Чемпионшип, заработи нов договор што клубот веќе го подготви за него и само е прашање на време кога сè ќе биде официјално. Според моменталниот договор, Лампард има уште една година од договорот, па затоа во Ковентри не сакаа ништо да ...
Раководството на Јувентус го контактирало агентот на Пауло Дибала , разгледувајќи сензационално враќање на играчот следната сезона, и покрај неговите тековни преговори за нов договор со Рома , тврди „Газета дело Спорт“. Дибала помина седум сезони со „бјанконерите“, освојувајќи пет титули во Серија А , четири титули во Купот на Италија и две титули во Суперкупот на Италија, пред да се приклучи на клубот од Рим како слободен играч во летото ...
Манчестер Сити е блиску до финансиски договор со Челси што ќе им овозможи да го назначат Енцо Мареска за главен тренер, објави „Гардијан“. Лондонскиот клуб бара обештетување од Сити за Мареска. Челси верува дека има докази за прекршување на договорот од страна на Италијанецот. Клубот верува дека Мареска бил во преговори со Манчестер Сити додека беше менаџер на Челси минатата сезона. Извори од Челси тврдат дека клубот има доволно докази за да ...
Вистинско изненадување доаѓа од Неапол. Српскиот репрезентативен голман Вања Милинковиќ-Савиќ (29) повеќе не е во плановите на Наполи за следната сезона, иако зад себе има една од најдобрите години во кариерата. Според информациите од Италија, челниците на италијанскиот вицешампион веќе го известиле својот сегашен голман Вања Милинковиќ-Савиќ (29) дека повеќе не сметаат на него и дека тој може да бара нов играч од средниот ред. Одлуката ...
Селекторот на Сенегал, Тиав работи на Светското првенство без договор, и без земена плата во последните пет месеци. Репрезентацијата се соочува со организациски проблеми поради настапот на Мундијалот 2026 година. Според „Спорт њуз Африка“, играчите на тимот не добиле бонуси за нивниот настап на Африканскиот куп на нации, а не ги добиле ниту бонусите за квалификациите за Мундијалот. Покрај тоа неколку играчи на тимот приватно изразија ...
Алваро Карерас најверојатно ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. Жозе Мурињо е подготвен да го задржи поранешниот лев бек на Бенфика во редовите на мадридскиот клуб. Се очекува Карерас да биде заменет со Марк Кукурела на позицијата лев бек, но и покрај тоа младиот шпански фудбалер е подготвен да остане и да се бори за место во тимот со репрезентативецот на „Фуријата“. Во исто време, Фран Гарсија може да го напушти Реал Мадрид ова лето. ...
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново се засили со искусниот голгетер Марко Симоновски за дебитантската сезона во Првата лига. Клубот го потврди трансферот на искусниот голгетер, кој доаѓа од таборот на кипарски Енозис. 34-годишниот Симоновски минатата сезона играше за Башкими во првиот дел од сезоната, а потоа замина на Кипар каде настапи 12 пати без постигнат гол. Голгетерот низ својата кариера смени многу клубови, а од македонските играше во ...
Победата на Бразил против Хаити остана во сенка на повредата на Рафиња, кој на крајот на првиот дел го напушти натпреварот поради повреда. Играчот на Барселона ја повреди задната ложа, и ќе мора да паузира. Изненадувачки, Рафиња падна на тревата и се држеше за задната ложа, и побара помош. Веднаш му е пружена помош, а одлуката е да го напушти натпреварот. Сè уште се очекуваат дополнителни тестови за да се утврди степенот на повредата, а сите ...
ЕКИПА и Mozzart во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт. Холандија мора да брка победа по стартното реми со Јапонија, додека Швеѓаните со „петардата“ против Тунис покажаа дека нападот предводен од Исак и од Ѓокереш е најсилен дел од оваа скандинавска селекција. Затоа, играта двете ...
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Единтсвениот досегашен дуел меѓу Холандија и Шведска на големите натпреварувања уште се прераскажува, бидејќи заврши 0-0 иако имаше дури 77 удари вкупно кон противничкиот гол. Станува збор за пресметка од СП 1974, кога „лалињата“ беа предводени од легендарниот Јохан Кројф. Шведска прими најмалку по еден гол на своите 12 одиграни натпревари. Ниту еден од последните седум мундијалски мечеви на Швеѓаните не завршил нерешено ...
Барселона, Реал Мадрид… се само дел од тимовите за каде се поврзуваше гол машината на Баерн Минхен, Хари Кејн. Англичанецот е главен адут за успех на „Гордиот Албион“ на овој Мундијал, а тој тоа го покажа уште по првиот натпревар против Хрватска. Според германските избори, Кејн веќе донел одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. И покрај големиот интерес, тој веќе им соопштил на челниците на Баерн Минхен дека сака да остане во таборот на ...
Вардар ќе одигра уште четири натпревари на подготовките во Норчија, Италија. Закажани се четирите пријателски мечеви кои почнуваат на 23 јуни, а завршуваат на 30 јуни. Така шампионот на 23. јуни ќе одигра против селекцијата на Умбрија. На 25. јуни ќе ги одмери силите со Норчија Калчо, а на 27. јуни ќе игра со Ла Фиорита, противникот на Вардар од ланското издание на Лигата на Конференции. Пријателските натпревари се заокружуваат на 30. јуни со ...
Поранешниот член на Реал Мадрид и на аргентинската репрезентација Фернандо Гаго, доживеал срцев удар во текот на неговиот тим Универзидад де Чиле против О’Хигинс. 40-годишникот е итно опериран и вграден му е стент. Гаго првите симптоми ги почувствувал пред почетокот на натпреварот. Одлучил да ги игнорира, и сметал дека е само замор, па се фокусирал на натпреварот. Го одработи мечот кој својот тим го доби со 2-0, а потоа на прес-конференцијата ...
Баерн Минхен побрза да го осигура потписот на Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен на самиот почеток од овој мундијал, а сега сите гледаме зошто баварците не сакаа да губат време и да ризикуваат цената на овој офанзивец дополнително да скокне. Саибари постигна прекрасе погодок на отворањето со Бразил, на што се надоврза со одлично издание и еврогол и на синоќешниот дуел со Шкотска. Мајсторски ја избегне офсајд стапицата, а потоа маестрално ја ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Митревски, продолжува во НЦАА. Тој ќе биде дел од Универзитетот Пасифик од градот Стоктон во Калифорнија. 22-годишниот Митревски ги мина сите младински селекции на Македонија. Мина голем дел од кариерата во Феникс, а потоа една сезона играше во ТФТ, а последната сезона ја мина во битолски Пелистер. Од Универзитетот своевремено излезе некогашниот прв пик на НБА Драфтот, Мајкл Оловоканди кој беше ...
Рио Фердинанд, поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, и поранешен соиграч на Кристијано Роналдо, го сподели своето мислење околу ситуацијата во Португалија и играњето на капитенот на Светското првенство 2026 година. Поранешниот репрезентативец смета дека Роналдо треба да влегува во вториот дел кога противникот е уморен, и дека Португалија има шанси да го освои Светското првенство. „Робарто Мартинез плати висока цена за одлуката да го ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… САД е првата селекција во историјата на СП на чии мечеви противниците си дале автогол во првите две рунди од мундијалот. Австралија сега има автогола на ФИФА мундијалите, исто колку и Бугарија, Мароко и Швајцарија, На врвот на оваа листа е Мексико со четири автоголови на СП. Саибари стана втор ...
Нејмар конечно е подготвен да игра за Бразил на Светското првенство оваа година. Првата ѕвезда на тимот ќе биде подготвена за натпреварот против Шкотска во третото коло од групната фаза, откако се опорави од повредата што го мачи со недели. „Нејмар ќе тренира сам во сабота. Во недела ќе го започне процесот на работа со тимот и ќе биде во комбинација за натпреварот против Шкотска “, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти. Ова е добра вест ...
Нема крај на „сапуницата“ наречена Душан Влаховиќ. Србинот во изминатиот период се поврзуваше со многу клубови. Од Реал Мадрид и Барселона, до Манчестер Јунјатед и Ливерпул, па останува и не останува во Јувентус, потоа Милан, и на крајот ништо од сето тоа. Србинот е на цена и покрај разочарувачката сезона, а сега во приказната се појавува Бешикташ. Новиот тренер Винченцо Италијано добро го познава Влаховиќ од времето кога му беше тренер во ...
Парагваецот Мигел Алмирон испиша историја на начин на кој ќе сака да го заборави што е можно поскоро, откако стана првиот играч на Светско првенство кој беше исклучен затоа што си ја покриваше устата додека разговараше со противнички играч. Инцидентот се случи кон крајот на првото полувреме од натпреварот од Групата Д помеѓу Парагвај и Турција. По прекршок врз соиграчот на Алмирон, Исидро Пита, избувна тепачка и жестока расправија меѓу ...
Фудбалската репрезентација на Турција го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. Поразите од Парагвај и од Австралија ги остави без бодови Турците, кои сега имаат меч со САД, но и ако победат, нема да бидат на едно од првите три места, така што тие веќе почнаа да се подготвуваат за назад. Капитенот Хакан Чалханоглу не го криеше своето ...
За само 65 секунди игра, селекцијата на Парагвај дојде до гол во дуелот против Турција. На крајот тоа ќе се покаже како победнички гол, откако Турците во продолжението на натпреварот, па дури и со играч повеќе во вториот дел не успеаја да извлечат добар резултат од овој дуел, со што веќе полека ги пакуваат куферите за пат накај дома. Се чинеше дека после голот, ќе се гледа еден отворен фудбал, со многу голови, но на крајот остана резултатот ...
Со триумфот од 1-0 над Шкотска, фудбалерите на Мароко направија голем чекор кон пласман во 1/16 финалето на Светското првенство. Мароканците дојдоа рано до предност, а потоа истата ја задржаа до крајот на натпреварот. Во 71. секунда Саибари по една одлична акција и додавање од Брахим Дијаз успеа да ја матира шкотската одбрана, и да донесе предност, а потоа и победа на својата селекција. И во продолжението на мечот Мароканците беа подобри. ...
Петкратниот светски првак Бразил ја оствари првата победа на Мундијалот, откако го совлада Хаити со 3-0 во Филаделфија, со што собра четири бодови кои ќе бидат доволно да се пласира во 1/16 финалето, само останува дилемата дали како прва или втора селекција во групата. Хаити пружи отпор само во првите 20 минути, а потоа до крајот на првиот дел Бразилците постигнаа три гола, и го одлучија победникот. Бразил поведе во 23-тата минута преку Куња. ...
Репрезентацијата на САД по само две кола го осигура пласманот во следната фаза од СП 2026 откако во првиот меч од вечерашната програма ја совлада Австралија со резултат 2-0. Првото полувреме се покажа клучно, домаќинот носен на крилјата по одличната победа над Парагвај во првото коло повторно тргна фуриозно, а таквиот пристап им донесе рано водство. Одличниот продор по левата страна донесе и опасно нафрлување во петерецот, каде дефанзивецот ...
Атлетико Мадрид е на добар пат да заврши одличен трансфер откако шпанскиот гигант ги договори условите со Алехандро Грималдо, левиот бек на Баер Леверкузен кој е подготвен да се врати назад во татковината. Грималдо лани остана покажувајќи лојалност кон „фармацевтите“ кога главните ѕвезди Вирц, Џака и Фримпонг решија да си заминат, тој сега има само уште една година од договорот, а Баер ќе му излезе во пресрет и ќе дозволи негово заминување за ...
Во ноќта кога во фокусот е мундијалскиот фудбал, пристигнува неверојатна вест што не е поврзана со СП 2026. Легендарниот Роналдињо е подготвен за камбек на фудбалските терени, и тоа во италијанската Серија Ц како член на Равена. Газда на овој клуб е милијардерот Игнацио Чиприани, Равена сезонава за малку не влезе во Серија Б, што беше само мотив плус за управата да тргне во создава на уште посилен играчки кадар, почнувајќи од потписот на ...
Ненад Димитријевиќ и Баерн Минхен ќе мора да играат мајсторка во обид да стигнат до титулата во Бундес-лигата откако го загубија вечерашниот четврти финален дуел со Алба, во Берлин со резултат 71-61. Баерн влезе со водство од 2-1 во овој дуел, охрабрен по последниот триумф во Берлинг, но Димитријевиќ и соиграчите овојпат потфрлија во нападот во второто полувреме (само 16 поени за 20 минути), што се покажа како клучен фактор за Алба да слави ...
Фенербахче го претстави првото засилување за наредната сезона, откако потпиша тригодишен договор со Ведат Муричи. Најдобриот косовски голгетер ги бранеше боите на Фенербахче во сезоната 2019-20 по што се пресели во Лацио, а Муричи од неколкуте понуди по заминувањето на Мајорка за избра токму онаа за камбек во Фенер. Тој потпиша тригодишен договор со турскиот вицешампион, не криејќи го задоволството што станува дел од овој турски фудбалски ...