Фудбалскиот клуб Силекс направи одличен гест за своите симпатизери пред почетокот на настапите во квалификациите за Конференциската лига. Со цел да обезбеди што поголема поддршка на трибините, раководството на клубот соопшти дека за сите навивачи од Кратово ќе биде организиран бесплатен превоз и бесплатни влезници за првиот домашен натпревар кој ќе се одигра во Скопје. Силекс денеска го дозна својот противник за првото квалификациско коло. ...

Европското фудбалско лето пристигнува, а македонскиот претставник ФК Силекс се подготвува за својот голем меѓународен предизвик. Кратовци во рамките на европските квалификации ќе ги одмерат силите со белорускиот гигант Динамо Минск, а раководството на клубот повлече одличен потег за да обезбеди максимална поддршка од трибините. Бидејќи натпреварот поради европските стандарди ќе се одигра во Скопје на 16 јули (вторник) со почеток од 20:00 ...