Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Партизан е на добар пат да ги израдува своите навивачи со потпис на добро познато лице, по последните информации дека Зек Ледеј е многу блиску до камбек во редовите на српскиот кошаркарски гигант. Станува збор за кошаркар кој до пред неколку години со огромен успех ги бранеше црно-белите бои под водство на Жељко Обрадовиќ, кога Партизан за малку (поради големиот инцидент на вториот меч со Реал Мадрид) остана без место на фајналфор турнирот од ...
Елој Рум го одигра мечот на кариерата откако ја сочува незатресена мрежата на Курасао на дуелот со Еквадор, со 15 успешни интервенции и нов мундијалски рекорд носејќи го историскиот прв бод на Курасао на светските шампионати. Во моментите на најголемата радост и слава, Рум покажа човечка големина и добрина, посветувајќи го успехот на својот поранешен соиграч, починатиот голман на Курасао, Жаирзињо. Ром и Жаирзињо беа голмански тандем на ...
Германија со триумфот над БСК го осигура пласманот во следната мундијалска рунда, но оваа победа беше скапо платена со оглед на незгодната повреда што ја заработи Нико Шлотербек. Стандардниот дефанзивец настрада во првото полувреме, откако му беше укажана лекарска помош продолжи да игра, но со тоа само ја влоши состојбата и на крајот мораше да биде заменет со Ридигер. „Засега не изгледа добро. Да ги почекае лекарските прегледи, но не изгледа ...
Германија беше на работ на амбисот, имаше негатива од 0-1 против Брегот на слоновата коска и противникот создаваше шанси пред голот на Нојер. Поранешните светски прваци делуваа во нокдаун, но ситуацијата се промени кога на теренот влезе Денис Ундав. Асот на Штутгарт најпрвин настапи како „полушпиц“ на местото на Мусиала и стрелаше прецизно за 1-1, а по повлекувањето од игра на Хаверц токму Ундав остана најистурен во нападот. И мајсторски се ...
Македонската сениорска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029, а првата проверка на сработеното ќе биде на денешниот контролен меч против Бугарија што ќе се игра во Самоков со почеток во 18 часот по македонско време. По неколкудневната работа во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал во недела ќе отпатуваат за Самоков, каде ...
Германија беше на работ на амбисот, имаше негатива од 0-1 против Брегот на слоновата коска и противникот создаваше шанси пред голот на Нојер. Поранешните светски прваци делуваа во нокдаун, но ситуацијата се промени кога на теренот влезе Денис Ундав. Асот на Штутгарт најпрвин настапи како „полушпиц“ на местото на Мусиала и стрелаше прецизно за 1-1, а по повлекувањето од игра на Хаверц токму Ундав остана најистурен во нападот. И мајсторски се ...
Белгија ќе биде значително ослабена за вечерашниот дуел со Иран откако „црвените ѓаволи“ објавија дека Џереми Доку нема да му биде на располагање на селекторот Гарсија за овој натпревар. Претходно беше најавено дека Доку би можел да добие слободно за да присуствува на раѓањето на своето прво дете, но од белгискиот камп сега пристигна различна информација – асот на Манчестер Сити во последните денови имал респираторна инфексија поради што му е ...
Новиот тренер на Црвена Звезда, Ибон Наваро, добил гаранции од управата дека ќе му бидат донесени неколку врвни засилувања, а на чело на листата на желби на шпанскиот стратег се наоѓа суперѕвездата на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин. Извонредниот поентер имаше сериозни проблеми со повредите ланската сезона што го ограничи неговиот ефект. Иако е најплатен во тимот, тој веќе ја нема улогата на лидер, па челниците на Ефес се подготвени да се разделат ...
Панче Стојанов повеќе не е тренер на Беласица откако струмичиот прволигаш доцна синоќа објави дека е постигната спогобна за разделба со досегашниот шеф на стручниот штаб. Стојановк пристигна на клупата на струмичани во октомври минатата година, но раководството на Беласица на крајот сепак се реши со нов тренер да влезе во наредната сезона. „ФК Беласица АД сака искрено да му се заблагодари на Панче Стојанов за неговиот ангажман, посветеност и ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Поразот од Холандија беше прв неуспех за Шведска со три или повеќе гола разлика на СП, уште од поразот од 2-5 во финалето од Бразил на СП 1958. Шведска стана втора селекција што постигнала и примила пет гола на ист мундијал, по Данска на СП 1986 (Данска – Уругвај 6-1, Данска – Шпанија (1-5). Дениз ...
Еуфорична беше прославата во таборот на Курасао по историското реми против селекцијата на Еквадор, а во соблекувалната на овој мундијалски дебитант се најдоа и кралот и кралицата на Холандија, кои важат за службени владетели на оваа земја. Курасао како држава има сопствен парламент и премиер, но кралот Вилем Александер барем на хартија важи за владетел на оваа карипска држава. Токму затоа, тој со својата сопруга, кралицата Максима и со ...
Мануел Нојер ја прекина репрезентативната пензија, се врати во националниот тим за да помогне на овој светски шампионат, а искусниот чувар на мрежата синоќа испиша нови страници во мундијалската историја. Имено, дуелот против Брегот на Слоновата Коска беше вкупно 21. за Нојер на светските првенства, со што Германецот стана голман со најмногу настапи на СП. На врвот на оваа листа во пресрет на СП 2026 беше Французинот Хуго Љорис со 20 ...
Елој Рум е новото име испишано меѓу рекордерите на фудбалските мундијали, име до пред неколку часа непознато за фановите ширум светот кое сепак сосема заслужено се најде меѓу легендите – со неповторливата партија на голот на Курасао на дуелот со Еквадор. Самоо неколку дена откако прими седум гола од Германија, Рум блесна на голот на Курасао, носејќи драгоцен бод на својата селекција, воедно и поставувајќи неверојатен рекорд. Тој имаше дури 15 ...
Јапонија го декласираше Тунис со 4-0 во втората мундијалска рунда, дополнително продлабочувајќи ја кризата на оваа репрезентација што пред неколку дена се реши да го смени селекторот Ламуши и на негово место да го доведе Ерв Ренар. Овој потег беше повлечен по убедливиот пораз од 1-5 од Шведска во првото коло, но Ренар не успеа да ги разбуди туниските фудбалери кои повторно одиграа далеку под своите можности и заслужено претрпеа убедлив пораз. ...
Дебитантот на светските првенства Курасао приреди сензација во второто коло стигнувајќи до првиот мундијалски бод во историјата, со ремито од 0-0 против селекцијата на Еквадор. Неколку дена откако примија седум гола на отворањето со Германија, фудбалерите на Курасао одиграа историски меч со кој ги стоплија срцата на сите свои приврзаници, но и на неутралните фудбалски фанови кои го следат овој мундијал. Еквадор се уште беше во грч по поразот ...
„Фудбалот е игра на 11 против 11, и на крајот секогаш победуваат Германците“. Оваа порана на легендарниот Гери Линекер се покажа како точна и вечерва на овој Мундијал, откако триумфираше Германија благодарение на гол во судиското надополнување. А, Германците се соочија со голем проблем, со оглед дека БСК водеше по првиот дел, на почетокот на вториот можеше да даде и втор гол. Ама, потоа на сцена стапи Нагелсман кој направи вистински измени за ...
По првите 45 минути Германија не ја оправдува улогата на фаворит на натпреварот со Брегот на Слоновата коска. Африканската селекција има предност, и покрај тоа што Германија имаше три супер шанси, и два поништени гола. Иницијативата беше на страната на Германците, но попусто. Една грешка во нивната одбрана ги чинеше негатива по првите 45. минути од средбата. Хаверц во 10 минута упати удар со глава кој го одбрани Фофана, а потоа во 18. минута ...
Валенсија возврати во финалната серија од АЦБ лигата и пред своите навивачи во Рој Арена убедливо ја победи Барселона со резултат од 102:75, со што го израмни резултатот на 1:1 во борбата за титулата. По поразот во првиот натпревар, домашните играчи покажаа сосема поинакво лице од самиот почеток и ја презедоа контролата во раната фаза од натпреварот. Каталонскиот гигант се мачеше во нападот од самиот почеток, а првиот кош го постигна дури во ...
Репрезентацијата на Холандија ја победи Шведска со 5:1 во натпреварот од второто коло на Светското првенство во 2026 година. Серијата без пораз на Холандија на Светските првенства сега изнесува 14 натпревари (не сметајќи ги поразите во изведувањето на пенали), со што е соборен рекордот на Бразил, кој беше помеѓу 1958 и 1966 година. Последниот пораз на Холандија беше во финалето на Светското првенство во 2010 година, кога загубија со 0-1 од ...
Комо обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите откако заврши на четвртата позиција во Серија „А“. Тимот беше воден од одличниот аргентински фудбалер Нико Паз, кој ова лето може да има нов клуб. Реал Мадрид има клаузула со која може да го врати за мала сума на пари, а за него има голем интерес. Меѓутоа со оглед дека „кралевите“ веќе го ангажираа Бернардо Силва, се чини дека за Паз ќе нема место во тимот на Жозе Мурињо, па би можел да ...
Букајо Сака стана една од главните теми во англискиот табор пред вториот натпревар од Светското првенство. Откако ја победи Хрватска со 4-2, Англија игра против Гана во Бостон, а крилниот напаѓач на Арсенал не тренираше нормално со остатокот од тимот во базата во Канзас Сити. Сака со месеци се мачи со Ахиловата тетива, поради што сè уште не е целосно подготвен за Светското првенство. Затоа не го започна натпреварот против Хрватска, туку влезе ...
Бразилската репрезентација може да здивне, откако пристигнаа резултатите од прегледот на ѕвездениот крилен напаѓач Рафиња. Играчот на Барселона беше подложен на тестови во саботата наутро откако мораше да го напушти натпреварот против Хаити поради повреда, а првичните вести се охрабрувачки. Иако имаше стравувања од сериозна повреда, се чини дека Рафиња ќе остане во националниот тим за продолжението на Светското првенство. Рафиња ги загрижи ...
Пет голови во мрежата на Шведска даде Холандија вечерва во триумфот од 5-1. „Лалињата“ покажаа сила и остварија убедлив триумф над Швеѓаните, кои освен во финишот на првиот дел, не покажаа ништо од своите квалитети, откако во првото коло го поразија Тунис со истиот резултат. Уште во петата минута акција на Холанѓаните, по која Гакпо го проигра Броби, и овој стрела во мрежата на Нордфелд. Потоа истиот фудбалер погоди, но по асистенција од ...
Францускиот центар Мустафа Фал го заврши својот престој во Олимпијакос по пет сезони поминати во грчкиот гигант. Тимот од Пиреја се збогува со искусниот француски центар со порака во која се истакнува неговиот значаен придонес во успесите на тимот во претходните сезони. „Мус, ти благодариме за сè што даде на овој клуб. Секогаш ќе бидеш дел од семејството Олимпијакос. Ти посакуваме многу здравје, сила и успех во остатокот од твојата кариера“, ...
Холандија го искористи лошиот влез на Шведска во натпреварот во Хјустон, и поведе брзо со 2-0. Брајан Броби е херојот на „лалињата“, кој доби шанса во првиот тим, и веднаш ја искористи. Броби во 5. минута го отвори резултатот на асистенција на Гакпо од левата страна, а потоа во 17. минута по додавање на Дамфрис, успеа да постигне и втор гол. Швеѓаните како да чекаа да примат и втор гол, па да се отворат и да заиграат. Имаа 3-4 одлични шанси, ...
Мајкл Олисе нема да оди во Реал Мадрид. „Кралевите“ испратија официјално соопштение во кое наведуваат дека немале никакви преговори со Баерн за ангажман на францускиот фудбалер, и дека не сакаат да ги расипат добрите однови со „Баварците“. Ова беше одговор на шпекулациите кои се појавија во последните неколку недели за трансфер на Французинот на „Сантијаго Бернабе“. „Како одговор на извештаите во разни медиуми во врска со наводен интерес од ...
Поранешниот напаѓач на турската репрезентација, Нихат Кавечи, беше незадоволен од настапот на репрезентацијата на Светското првенство, иако пред турнирот се надеваше дека тимот ќе стигне до финалето. Турската репрезентација загуби од Австралија (0:2) и Парагвај (0:1) и беше елиминирана од Светското првенство по две кола, завршувајќи на 4-то место во групата. „Ѓулер и Чалханоглу играа со половина сила. Играчите од кои се очекуваше да постигнат ...
Поранешниот скаут на Арсенал, Франсис Каџигао објасни како лондонскиот клуб сакал да го донесе Лионел Меси во своите редови. Тој кажа дека не само Меси, туку заедно во пакет да ги донесе и Жерард Пике, за кого вели дека бил веќе во тренинг базата кога го земале Сеск Фабрегас. „Сакавме да ги донесеме и Меси и Пике. Пике беше во нашата база кога го потпишавме Фабрегас, и бевме во контакт со Меси. Лично зборував со таткото на Меси, но проблем ...
Златан Ибрахимовиќ, легендарниот поранешен фудбалер, ги шокираше сите предвидувајќи дека Соединетите Американски Држави би можеле да ја освојат титулата. САД започнаа силно на турнирот каде што се домаќини, заедно со Мексико и Канада. Го победија Парагвај со 4:1, а потоа ја победија Австралија со 2:0. Сепак, според речиси сите проценки, тие сè уште не се меѓу најголемите фаворити поради објективно понизок квалитет во споредба со некои други ...
Бразилскиот фудбал е обвиен во црно по трагичните вести што доаѓаат од државата Санта Катарина, каде што поранешниот фудбалер Иван Фиел да Силва, попознат по прекарот Бразао, беше убиен во пукотница во кафуле. Четириесет и четиригодишниот Бразао е една од двете жртви на двојно убиство што се случило во текот на ноќта во Вила Есперанса, во градот Тубарао. Според информациите од бразилската воена полиција, вооружен напаѓач отворил оган во ...