„Фудбалот е игра на 11 против 11, и на крајот секогаш победуваат Германците“. Оваа порана на легендарниот Гери Линекер се покажа како точна и вечерва на овој Мундијал, откако триумфираше Германија благодарение на гол во судиското надополнување. А, Германците се соочија со голем проблем, со оглед дека БСК водеше по првиот дел, на почетокот на вториот можеше да даде и втор гол. Ама, потоа на сцена стапи Нагелсман кој направи вистински измени за ...
Дениз Ундав е херојот на Германија, кој со два гола во второто полувреме донесе победа со пресврт од 2-1 над Брегот на Слоновата Коска. Африканците имаа водство од 1-0 по првиот дел, но се чини дека клучниот момент на мечот се случи во 60-тата минута, кога Нагелсман од игра го извади Мусијала, а го внесе Ундав. Токму фудбалерот на Штутгарт погоди за 1-1 во 68-мата минута. Ундав со гол во 94-тата минута донесе и комплетен пресврт за ...
Германија стана третата селекција на Светското првенство која и официјално обезбеди место во нокаут-фазата, откако вечерва со пресврт го совлада Брегот на Слоновата Коска со 2-1. Претходно пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации обезбедија и Мексико и САД. Германците подобро го отворија натпреварот и имаа повеќе од играта во воведните минути, но африканската репрезентација не беше без шанси и знаеше како да се закани пред противничкиот гол. ...
На Светското фудбалско првенство синоќа и утринава се комплетираа натпреварите од групите Е и Ф. Германија со пресврт славеше против Брегот на Слоновата Коска, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао стигна до историски резултат против Еквадор. Во дербито на вечерта, Германија славеше против Брегот на Слоновата Коска со 2-1. Африканската селекција поведе во 30-тата минута со голот на Франк Кеси, но германскиот селектор по еден час игра ...

