Ракометната репрезентативка Марија Јанкуловска направи трансфер од соништата откако денеска го стави својот потпис на договорот со Париз. Францускиот тим го освои деветтото место во елитното друштво минатата сезона, по што ја ангажираше нашата репрезентативка како едно од клучните засилувања во овој преоден рок. Јанкуловска се сели во Франција по освојувањето на двојната круна во мак-ракометот со тимот на Ѓорче Петров, не криејќи го ...

Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија продолжуваат со комплетирање на играчкиот ростер за завршниот дел од претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Селекторот Жозеп Мариа Берокал упати повик и до Нејт Сестина, кој ќе биде дел од тренажниот процес и ќе биде во конкуренција за настап на двата натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ против Ирска и Луксембург. Станува збор за кошаркар кој настапува на ...

Интер е на добар пат да комплетира уште еден трансфеер, и тоа со потпис на 21-годишниот дефанзивец Марко Палестра, кој се наоѓа на чекор до преселба на „Џузепе Меаца“. Со тоа, италијанскиот шампион ќе ја покрие позицијата десен бек и дупката што се создаде со заминувањето на Дензел Дамфрис во Реал Мадрид. За услугите на Палестра се интересираа неколку клубови од Премиер-лигата, но „нероаѕурите“ од самиот почеток беа во водство во оваа трка, ...

Норвешка стигна до втората победа на СП 2026 и експресно го осигура пласманот во следната фаза, но Норвежаните уште повеќе од изданието на теренот импресионираа со прославата на триумфот што од многумина беше оценета како – најдобра на сите времиња на светските шампионати. За што станува збор, капитенот Едегард е „командант“, сите останати фудбалери седат на тревата пред трибините на навивачите… И потоа, на знак на Едегард, сите почнуваат да ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Португалија има само една победа на последните четири мундијалски средби (едно реми и два порази). Португалија не славеше на последните две пресметки со ривал од Азија (едно реми, ...

Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата, Мајк Џејмс, ќе има можност за прв пат да игра за репрезентацијата на САД, бидејќи 35-годишникот е на списокот од дванаесетмина за јулскиот ФИБА прозорец. Со сигурност може да се каже дека плејмејкерот висок 183 центиметри ќе го предводи овој тим, во кој има и едно НБА име. Станува збор за центарот на Индијана, Џеј Хаф, кој се истакна минатата сезона, иако Пејсерси очигледно се бореа за подобра ...

Лионел Меси е заслужен за гол разликата од 5-0 на Аргентина, бидејќи постигна хет-трик против Алжир и уште два гола против Австрија. Легендарната „десетка“ ги предводеше „албиселесте“ до нокаут фазата на Светското првенство. „Кога тимот се мачеше без топката, тој успеваше да ја украде. Постои причина, тој е посветен и создава шанси. Немам повеќе зборови за Лео… Малку сме уморни постојано да зборуваме за него“, рече 48-годишникот селектор на ...

Џулиус Рендл е нов кошаркар на Бруклин Нетс. Добро информираниот Шемс Чаранија објави дека ќе има одредени размени пред НБА драфтот, а најголемата дефинитивно беше таа што Јанис Адетокумби премина во Мајами хит. Истата вечер, Минесота одлучи дека Џулиус Рендл ќе ги напушти Тимбервулвс и во размена на три тима го испратија во Бруклин Нетс (со 28-миот избор од првата рунда), додека Чикаго Булс го добија Ник Клакстон. Ова значи дека Минесота ја ...

На Светското првенство, новинарите му покажаа на Лео Меси изјава од Бразилецот Роналдо во која тој зборуваше пофално за него, на што Аргентинецот одговори со голема почит кон легендарниот фудбалер. Со хет-трик против Алжир, Меси скокна на првото место на вечната листа на стрелци заедно со Мирослав Клозе (16 гола), а потоа го престигна, откако постигна уште два гола во натпреварот против Австрија. Кога новинарите му ја покажаа таа изјава, Меси ...

Лионел Меси го користи овој светски шампионат за на секој нов натпревар да урне по некој нов мундијалски рекорд, тренд што продолжи и на вчерашниот дуел со Австрија. Меси го мина Клосе на вечната листа и стана најдобар стрелец во мундијалската историја, воедно и стана трет во историјата со шест мундијалски меча во низа со по најмалку еден постигнат гол. Што е следно од Меси… ќе видиме на наредниот дуел од групата во кој Аргентина за ривал ќе ...

Македонскиот ракометен стратег Горан Кузманоски официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кипарскиот клуб СПЕ Строволу од Никозија. По успешната работа во Бутел Скопје, Кузманоски ја презема функцијата со цел да го предводи клубот кон реорганизација и излез на меѓународната ракометна сцена. „Возбудени сме што го пречекуваме нашиот нов главен тренер на машката екипа, Горан Кузманоски. Горан е многу познат поранешен играч и тренер. ...

Изјавата на Хулијан Алварез веднаш по победата на Аргентина над Австрија од 2-0 на Светското првенство во Северна Америка го потресе фудбалскиот свет, бидејќи 26-годишниот напаѓач потврди она што се шпекулираше, дека сака да го напушти Атлетико Мадрид. „Најдоброто нешто за мене е трансфер, сакам да го остварам својот сон“, рече Алварез, чиј договор со „јорганџиите“ од шпанската престолнина е до летото 2030 година. Иако „Пајакот“ не ја спомена ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Лео Меси се искаи на врвот на листата на стрелци на сите времиња на светските првенства, минувајќи го рекордот на Мирослав Клосе од кого имаше три гола помалку пред почетокот на овој мундијал. Меси сега има 18, а Клосе 16 мундијалски погодоци во кариерата. Аргентина славеше на првите два меча на еден ...

Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Столе Солбакен, изјави дека тимот ќе му помогне на Ерлинг Халанд да одигра повеќе натпревари на Светското првенство за да постигне повеќе голови. „Денеска тој пропушти отворена можност, а можеше да постигне дури четири гола. Мислам, тој е најдобриот напаѓач, не игра за Франција или Аргентина, туку постигнува за Норвешка. Сега има четири гола, по два на најголемата сцена“, рече Солбакен по ...

Голем трансфер во шпанскиот фудбал е на повидок… Барселона сака да го доведе Хулијан Алварез, но неговиот клуб Атлетико Мадрид одби понуда вредна сто милиони евра. Наводно, Барса веќе се договорила со Аргентинецот, кој е подготвен да започне ново поглавје во својата кариера, две години откако се пресели од Манчестер сити во мадридскиот клуб во трансфер вреден 95 милиони. „Најдоброто нешто за мене е трансферот, сакам да го исполнам мојот сон“, ...

Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Аргентинскиот ас постигна два гола против Австрија во второто коло од Светското првенство и уште еднаш покажа дека дури и на крајот од кариерата не престанува да пишува историја. Аргентина стигна до голем триумф преку својот капитен, а Меси дополнително го зацврсти својот статус на најголем играч што фудбалот некогаш го видел со нови голови. Неговиот настап против Австрија ...

Долго време американските медиуми пишуваа за можното заминување на Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс, а сега тоа се случи. Еден од најдобрите играчи во историјата на франшизата оди во Мајами, објавува официјалната веб-страница на НБА. Хит ги добија Јанис и Боби Портис во оваа размена, а испратија четири играчи во Милвоки. Тајлер Херо, Келел Вер, Хаиме Жакес Џуниор и Каспарас Јакучионис ќе станат нови играчи на Бакс, кои, го добија и 13-тиот ...

Фудбалерите на Алжир ја запишаа првата победа на Мундијалот, откако рано изутринава славеа со пресврт над Јордан од 1-2 во натпревар од 2. коло од групата Ј на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Дебитaнтот на шампионатите имаше предност по првото полувреме од 1-0 откако во првиот дел во листата на стрелци се запиша Ал Рашдан во 36. минута. Алжир кој беше во нокдаун по првите 45 минути успеа да се врати во вториот дел. Бенбуали во ...

Фудбалерите на Норвешка стигнаа до втората победа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во 2. коло од групата И славеа против репрезентацијата на Сенегал со 3-1. Норвежаните поведоа со 1-0 со погодокот на Педерсен во 43. минута. Во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме, Ерлинг Халанд промаши празен гол и ја погоди стативата, поради кардинална грешка на Едуар Менди. Haaland hits the post against ...

Фудбалерите на Франција стигнаа до втората победа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико по маратонот кој траеше скоро четири часа против Ирак во кој славеа со 3-0 во 2. коло од групата И. Водство од 1-0 за Французите во првиот дел донесе Килијан Мбапе уште во 14. минута. France [1] – 0 Iraq – K. Mbappé 14' byu/West_Agent4651 insoccer Со овој резултат се замина на пауза која што траеше дури два часа. Причина, поради опасност по ...

И тоа го видовме, натпревар од светското првенство мораше да биде прекинат поради опасност по здравјето на фудбалерите и на навивачите на стадионот во Филаделфија, каде вечерва се среќаваат Франција и Ирак. Уште пред мечот беше најавувано вакво сценарио, поради ураганот во регионот на Филаделфија и силните грмотевиџи кои беа најавувани во овој дел од државата Пенсилванија. Како што минуваше првото полувреме така дождот се посилно паѓаше, а за ...

Лионел Меси одигра уште еден меч за паметење на светските шампионати, уривајќи го рекордот на Мирослав Клосе и стигнувајќи до бројката 18 мундијалски погодоци, за нов апсолутен рекорд на Аргентинецот на најголемата сцена. Фановите на Меси веднаш се јавија со споредба, потсетувајќи на неуспесите на Кристијано Роналдо на светските шампионати… Статистиката вели дека Меси само на последните четири натпревари постигнал исто толку голови на ...

Хрватска претрпе пораз на првиот дуел со Англија, па „коцкестите“ на наредниот дуел со Панама (среда наутро во 1 часот) немаат право на поправен. Селекторот Златко Далиќ на прес-конференцијата говореше за оптимизам околу шансите на својата репрезентација за триумф на мечот, но и за очекувањата во домашната јавност што според него не се најреални. „Кај нас притисокот секогаш е огромен, дури и кога играме пријателски меч, камоли на светското ...

Килијан Мбапе со голoт во првата рунда против Сенегал стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација, а фантастичниот голгетер со настапот вечерва против Ирак повторно ќе испише историја за својот национален тим. Имено, мечот со Ирак ќе биде јубилеен 100. настап за него во репрезентативниот дрес, со што Мбапе станува најмлад фудбалер со ваков јубилеј ако се знае дека голгетерот стигнува до оваа фантастична бројка на само ...

Јувентус ја продолжува потрагата по нов голгетер, а на врвот на листата со желби на „старата дама“ е добро познато име, Коло Муани од ПСЖ. Францускиот напаѓач пред две сезони мина шест месеци во Јувентус и делуваше одлично, но Јуве по долги преговори со францускиот тим не успеа да се договори тој минатата сезона да го продолжи престојот меѓу „црно-белите“. Наместо тоа Французинот пред самиот крај на преодниот рок се пресели во Тотенхем, но ...

Нусер Мазрауи има успешна фудбалска кариера, преку Ајакс и Баерн Минхен стигна до трансфер во Манчестер јунајтед, а паралелно со тоа бележи и одлични игри за мароканската репрезентација. Токму затоа, 28-годишниот Мазрауи изненади со последната изјава, најавувајќи дека лесно може да се случи по завршувањето на овој мундијал да се збогува од фудбалот, за да се посвети на религијата. „Искрено, можеби ќе ја завршам кариерата по ова СП. Животот е ...

Аргентина го осигура првото место во својата група откако „гаучосите“ вечерва славеа со 2- 0 над Австрија, па последната рунда со Јордан ќе биде само рутина за актуелните светски прваци во подготовките за вистинските возбудувања што ќе следат во нокаут фазата. Овој натпревар ќе остане запишан во историјата по Лео Меси, кој токму против Австрија го урна рекордот на Мирослав Клосе станувајќи најдобар стрелец в историјата на фудбалските ...

МЗТ Скопје и во новата сезона ќе ја брани двојната круна со Васко Атанасов на клупата, откако „металците“ начелно постигнале договор за струмичкиот стратег да остане на кормилото и за сезоната 2026/27. Аеродромци доминираат под водство на Атанасов на домашната сцена, исто така играат далеку под очекувањата во АБА2, но став на управата е дека младиот стручњак е идеално решение за тренерската функција и за сезоната што претстои, за која ...

Великаните се толку големи поради начинот на кој реагираат откако ќе „паднат“. Го докажа тоа вечерва и Лео Меси, кој триесетина минути по промашениот пенал против Австрија успеа да се запише меѓу стрелците и да испише фудбалска историја – како најдобар стрелец во историјата на мундијалите, со 17 минувајќи го досегашниот рекордер Мирослав Клосе. Воедно Меси ќе остане запишан во историјата и како трет играч што постигнал погодоци на шест гола ...

Американскиот кошаркар Дивејн Стјуарr џуниор е најновиот натурализиран кошаркар што доби македонски пасош и ќе има право да настапува за Македонија во наредниот период. ЕКИПА веќе информираше дека во завршна фаза е процедурата за доделување на пасош на центарот Мозес Рајт (од Жалгирис се сели во Барселона летово), а во меѓувреме федерацијата се одлучи и за нов бек, поради постојаната неизвесност околу (не)играњето на Ненад Димитријевиќ за ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58