Се шири опсегот на контроли врз трговците со цел да се утврди кој најмногу влијае на енормниот пораст на цените на храната. Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) бара поголема транспарентност во формирањето на цените и смета дека Владата и институциите треба да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и добавувачите и увозниците. Според нив, треба да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива до Собранието за разрешување на членовите на Судскиот совет. Вели тоа тоа е „едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзи и скандали“. Доколку помине интерпелацијата во парламентот, тој се надева дека членовите на Судскиот совет ќе бидат доблесни и самите ќе се повлечат од функциите. Преку длабоки реформи до правда „На државата и граѓаните им е ...

Во неделата вечерта (2.02), американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Европската унија, велејќи дека тоа што тие го направиле е „гнасно“. Затоа што Европејците не купуваат автомобили или земјоделски производи од Американците, всушност, рече Трамп тие не купуваат „речиси ништо“. Американскиот претседател притоа мислеше на трговскиот дефицит меѓу ЕУ и САД, кој го процени на 350 милијарди долари. ЕУ веднаш направи напори да ги ...

Германските безбедносни служби ја обвинуваат Русија за серија саботажи, во кои, според извештајот на магазинот Шпигел, биле оштетени стотици автомобили ширум земјата. Според овие информации, над 270 возила во покраините Баден-Виртемберг, Берлин, Бранденбург и Баварија биле цел на нападите. За време на овие напади, издувните цевки на автомобилите биле запушени со монтажна пена. Покрај тоа, саботерите оставиле налепници со слоганот „Биди позелен!“ ...

Верно на начинот на кој претседателот Доналд Трамп создава медиумска помпа, првиот странски лидер кој официјално ја посети Белата куќа во неговиот втор мандат мораше да биде особено контроверзен. Но, тоа што во посета беше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху - баран од Меѓународниот кривичен суд за, како што се нарекуваат, „злосторства против човештвото“ - не е ни најконтроверзниот дел од посетата. Наместо тоа, најмногу внимание привлече ...

Кога Доналд Трамп ги повика на неговата инаугурација во Вашингтон во јануари 2025 година, неговите обожаватели се собраа од целиот свет: аргентинскиот претседател Хавиер Милеи,како и италијанската премиерка Џорџа Мелони. На повикот се одзваа и ултрадесничарските опозициски политичари, како што се Британецот Најџел Фараж и претставници на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AфД). Радикалната десница од целиот свет ја искористи ...

Со неговиот предлог за добивање ретки метали од Украина во замена за американска воена помош, американскиот претседател Доналд Трамп всушност презема идеја од таканаречениот „план за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Уште пред Трамп да биде избран за претседател на САД, Зеленски понуди да склучи договор за заедничко експлоатирање и користење на суровини. Украина има што да понуди - ретки метали, титаниум и литиум - за кои се ...

Чествувањето на 153-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев и изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека Бугарија прва го прекршила Договорот за добрососедство уште во 2019 година, повторно ги ставија во фокусот на јавноста македонско - бугарските односи, коишто се во застој. Бугарските медиуми пренесуваат бројни изјави на разочараност, но и критики, поради тоа што годинава немало заедничко чествување на годишнината од раѓањето ...

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика шок во светот со својот нов предлог за блискоисточниот конфликт. Тој сака САД да ја преземат контролата над Појасот Газа и економски да го развијат палестинскиот крајбрежен регион разурнат од војна. „САД ќе го преземат Појасот Газа“, рече Трамп по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа во Вашингтон. „Ние ќе го поседуваме“, нагласи тој - и не ја исклучи можноста за ...

На Македонија ќе ѝ пресуди децениската партизација на системот, а не надворешните и внатрешни непријатели кои секој што ќе дојде на власт ги покажува со прст. Тоа е отприлика приказната за нашата држава кажана во една реченици. Двете водечки партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во неделата (2.02) си разменија по десетина соопштенија за тоа кој е виновен што возач кој системот „систематски“ го пропуштал за сторени кривични дела, на крајот предизвика ...

Постапката што се води против Васил Јованов кој на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова, е проширена и со постапка за испитување на влијанието и дејствата на неговите родители. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, вели дека се издадени наредби да се испита како му е овозможено на В.Ј. да има средство кое може да се толкува како општо опасно за предизвикување на несреќата. „Васил очигледно располага со некое возило (...) ...

Северна Македонија со низа настани ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Централното чествување се одржа во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положија претставници на државниот врв, пратеници, партии и граѓански здруженија. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека македонската Влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден, „бидејќи ова е наш македонски великан ...

Воените експерти предупредуваат дека Германија во случај на напад, би имала само неколку дена да се одбрани. Децениското штедење остави јасни траги во Бундесверот. Затоа, не е чудно што буџетот за одбрана стана спорна тема во кампањата за предвремените избори во земјата. Колку пари се потребни за одржување на добро опремена армија? И како дојде до тоа со оглед на милијарди евра буџетски дефицит? Канцеларот Олаф Шолц (СПД) смета дека тоа што ...

Најавите за замрзнување на програмите на УСАИД од страна на новата американска администрација, со внимание се следат и во Северна Македонија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче се надева дека одлуката не е конечна и дека САД треба да останат партнер на земјата. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вели дека најавата „треба да не освести, да не отрезни и да сфатиме дека во иднина ќе треба самите за себе да се грижиме и да градиме наше заедничко ...

Барањето за зголемување на минималната плата падна во втор план, откако Владата расправата ја насочи кон тоа кој ја креира и што треба да содржи минималната кошница, која што е индикатор за куповната моќ на граѓаните. По последната средба во Владата меѓу синдикатите и работодавачите, договорено е во наредниот период синдикалните организации, Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачи, како и министерствата за економија и за ...

Во пресрет на собраниската расправа за законски измени коишто ќе ја зголемат безбедноста во сообраќајот, партиите во Северна Македонија подготвуваат предлози коишто ќе ги изнесат пред пратениците. СДСМ обелодени дека веќе имаат неколку предлог законски решенија. Тие ќе побараат заострување на казните за тешките дела во сообраќајот и поставување полицаец пред и во училиштата во текот на наставата, како и одземање на возилата при сериозни ...

Премиерот Христијан Мицкоски, владина, собраниска, партиски и бројни други делегации, денеска во црквата „Св.Спас“ ќе му оддадат почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 153-годишнината од неговото раѓање. Чествување ќе има и пред Ректоратот на штипскиот Универзитет кој го носи неговото име. Поради свеченостите во чест на македонскиот апостол, учител, стратег, визионер и револуционер, најавен е посебен сообраќаен режим околу црквата ...

Лицето на шеесет и деветгодишниот Фридрих Мерц изгледаше подмладено за десет години во моментот кога беше пречекан со громогласен аплауз на сцената во модерната хала на Берлинскиот саем Сити Кјуб кој не запре долго време. Германија на 23 февруари ќе избира нов состав во Бундестагот. Предвремените избори беа распишани откако коалицијата на социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП) се распадна на почетокот на ноември. Сите политички ...

Тагесшау: Кое е значењето на УСАИД за меѓународната развојна соработка? Штефан Клингебил: САД се најголемата донаторска земја во светот во областа на развојната соработка. Во 2023 година, тие обезбедија околу 65 милијарди американски долари, од кои приближно 50 милијарди долари преку УСАИД (USAID- Агенција за меѓународен развој). Околу 42 проценти од хуманитарната помош на Обединетите нации потекнува од САД. Ако оваа помош се замрзне преку ноќ, ...

Палатата Егмонт во центарот на Брисел е моќно здание од 16 век. Овде се одржувале и натпревари во мечување и всушност не е лошо место за дискусија за тоа како да се справите со тешките противници. Еден цел ден, шефовите на држави или на влади на земјите од Европската Унија се повлекоа зад овие дебели ѕидови на вонреден самит. Во фокусот на разговорите беа Доналд Трамп, Владимир Путин и безбедноста на Европа. На крајот, канцеларот Олаф Шолц ...

Во Берлин вчера (2.02) на демонстрации против десницата, според проценки на полицијата, излегоа околу 160 илјади луѓе, а организаторите зборуваат за 250 илјади демонстранти. Демонстрациите се одржаа под слоганот „Бунт на пристојните – демонстрација за противпожарен ѕид“, поим кој го означува оградувањето на етаблираните партии од во делови десноекстремната АфД, со што треба да се спречи соработка со оваа партија. Протестите беа поттикнати од ...

Предложената Концепција претставува негација и уништување на гимназиското образование во Македонија.Нејзините автори се анонимни, се чини имагинарни. Ние немаме соговорници со кои би полемизирале, бидејќи се прикриваат. Постојат две можности - или се прикриваат од срам, бидејќи сфатиле дека Концепцијата е безвредна и штетна, односно е разоткриено дека се незналци или се кријат зашто ја создале свесно, со намера да ја уништи младината, а преку ...

Во текот на викендот бројни германски медиуми известија за протестите и блокадата на мостовите во Нови Сад. Агенцијата КНА пренесе дека поп-иконата Мадона ги поддржа српските студенти, додека јавниот сервис РББ пишува за собирите на солидарност кои се одржаа и во Берлин. Во печатот има и подетални анализи и коментари. Под насловот „Нагризана автократија“, берлинскиот Тагесцајтунг објавува коментар во кој се вели дека против власта во Србија се ...

Сообраќајната несреќа во којашто загина 22-годишната Фросина Кулакова била предизвикана со умисла. Обвинителството најавува дека ќе бара најстрога казна за 20-годишниот возач, кој според досегашните информации, возел без дозвола, под дејство на алкохол и со голема брзина по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски на прес-конференција порача дека се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за ...

Само што дојде на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп воведе увозни царини од 25 проценти на стоки од Канада и Мексико. Двете земји се најголемите трговски партнери на Америка. Според податоци на американското Министерство за трговија, Канада и Мексико во 2023 година купиле американски стоки и услуги во износ од вкупно 808 милијарди долари (768 милијарди евра). Во истиот период, двете земји испорачале стоки и услуги во вредност од ...

Низ протести јавноста и вчера побара најстрога казна за лицето што на прешачки премин во Скопје ја усмрти Фросина Кулакова (22) од Неготино, а реакцијата беше особено жестока пред зградата на Кривичниот суд. Кај граѓаните гнев предизвика податокот дека 20-годишниот сторител немал возачка дозвола, а имал и евидентирано претходно поведние поврзано со кривични дела. Поради ова, критиките од јавноста, но и од семејството на Кулакова, беа упатени и ...

Јавното обвинителство истражува дали 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје била прегазена со умисла или од небрежност. „Јавниот обвинител ќе испита дали може да се работи евентуално и за умисла со оглед дека истиот доколку бил под дејство на алкохол, немал возачка дозвола, возел со многу, многу поголема брзина од дозволената и поминал на црвено светло. Ќе видиме во текот на постапката дали има место за тоа ...

Тоа што се случи во германскиот Бундестаг во петокот, на 31 јануари, беше поучна лекција за тоа дека во модерната парламентарна демократија не може да се практикува „макијавелизмот”, според кој „целта ги оправдува средствата”. Политичкиот театар во Бундестагот, кој го „режираше” кандидатот за канцелар на конзервативната германска партија ЦДУ, Фридрих Мерц, на крајот, стана негово фијаско. Всушност, тој го премина „рубиконот“ два дена претходно. ...

Пониски трошоци за енергија, помали даноци, повеќе финансиски стимули за инвестиции, пофлексибилно трудово право, замрзнување на социјалните трошоци, и пред сѐ - помалку бирократија. Тоа се нешта кои германската економија ги бара од идната сојузна влада. „Економијата е во пад. Стапката на невработеност расте. Германија е сѐ понеатрактивна за инвеститорите“, рече Рајнер Дулгер, претседател на Здружението на работодавачи, опишувајќи ја актуелната ...

По вчерашниот (31 јануари, 2025) турбулентен ден во германскиот парламент, Бундестагот, во кој пропадна обидот на Фридрих Мерц да донесе закон за одредено заострување на миграциската политика со помош на гласовите од на екстремната десница, коментаторите во германските весници главно се согласуваат дека станува збор за тектонски промени во политичка архитектура во земјата. Прекршено е едно табу, срушен е таканаречениот „противпожарен ѕид“ кој ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
70%
1021
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
0.0
74%
1022
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.25
48%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
88%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
67%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
74%
1021
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
77%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729