Пит Хегсет ќе биде министер за одбрана на новиот американски претседател Доналд Трамп. Гласањето во американскиот Сенат, во кој Републиканците имаат само тесно мнозинство, се покажаа како крајно неизвесно, на крајот, за неопходното мнозинство беше потребен гласот на потпретседателот Џ. Венс. Тројца Републиканци гласаа против Хегсет - вклучувајќи го и поранешниот лидер на мнозинството, Мич Меконел. Одговорен за 3,5 милиони вработени Хегсет е ...

Премиерот вчера изрази зачуденост од реакцијата на Атина за дел од негова изјава, во која тој рече дека „македонското прашање не е решено, со векови тлее и трае и сè уште постои“. „Навистина се чудам од каде тие се почувствуваа повикани, бидејќи никој не беше споменат во таа моја изјава и зачуден сум - зошто таква реакција“, изјави тој за МТВ 1 на крајот од неговата посета на САД. Смета дека можеби таквата реакција била за домашни потреби и дека ...

Дали вака изгледа терористичка организација на колена? Сликите од градот Газа, кои го обиколија светот, го покажуваат токму спротивното. Десетици мажи во центарот на градот, каде што израелската војска жестоко се бореше против нив со месеци. Многумина од толпата носат униформи, многу се вооружени и имаат зелени ленти на Хамас завиткани околу своите глави. Тоа требаше да биде демонстрација на сила во моментот кога стапи на сила прекинот на огнот ...

„Македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е земјата да стане полноправна членка на ЕУ“, порача премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски по враќањето од САД, кадешто изминатите денови имаше средби со опкружувањето на новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп. Оценувајќи ја посетата како многу успешна и корисна, Мицкоски го повтори ставот од пред ...

Во тековната кратка кампања за сојузните избори во Германија на партиите им останува само уште еден месец да ги убедат гласачите во своите програми. Кај една група избирачи има уште многу простор за работа, а таа е сè само не мала: 7,1 милиони граѓани со право на глас имаат доселеничко минато, односно или тие самите или некој од нивните родители се имигранти. Тоа е значи случај со околу еден од осум гласачи во Германија. Оваа група гласа поретко ...

Српските студенти на блокадите ги повикуваат граѓаните на Србија на генерален штрајк денеска (24.01) . Попрецизно би било да се каже дека се работи за еден вид граѓанска непослушност и испитување на реакцијата на јавноста на ваквиот повик. Како дел од таа акција, се повикува и јавноста да се приклучи на таканаречениот штрајк на потрошувачите, а денес да не трошат пари за купување или плаќање во продавници, ресторани или на кое било друго место. ...

Поддршка на проширувањето на ЕУ, но според принципот на сопствени заслуги, односно исполнети обврски. Ова е ставот кој го повтори новата влада во Софија, а првото потсетување дојде од изјавите на бугарскиот премиер за време на неговата прва дводневна работа посета на Стразбур, која заврши вчера. „Во однос на проширувањето на ЕУ ние ја потврдивме нашата позиција која е поврзана со земјите од Западен Балкан - дека се држиме до принципот на ...

27 јануари е Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот. Тој потсетува на ослободувањето на најголемиот концентрационен логор на нацистите Аушвиц-Биркенау во 1945 година. Колку е важно ова редовно сеќавање на убиствата на милиони Евреи уште еднаш покажа и неодамна објавеното истражување на Конференцијата за еврејски материјални барања против Германија (ги претставува Евреите во преговорите за компензација и реституција за жртвите на ...

Посетата на премиерот Мицкоски на инаугурацијата на Трамп и средбите со високи политички претставници од САД развија една паланечка, смешна и неполезна полемика на која верувам дека Катерина Блажевска одоговори и повеќе од јасно. На оваа полемика се придодаде и текстот на Соња Крамарска која излезе со доста силна критика базирана на ставот дека власта се коцка во надворешната политика, се замозалажува дека постигнала некакво историско ...

Германската автомобилска индустрија е во големи тешкотии и со напнатост го очекува исходот од предвремените избори закажани за 23 февруари. Економијата е во рецесија, а актуелната владејачка „семафор коалиција“ се смета за директно одговорна за дел од неуспесите. Поттик за електрични автомобили? Клучна точка за сите производители на автомобили е дистанцирањето од моторите со внатрешно согорување и воведувањето на алтернативни модели на погон. ...

Неколку дена по катастрофалниот пожар во хотелот во Карталкаја, Турција, целата јавност се уште е потресена: семејствата, училиштата, спортските клубови и професионалните здруженија објавуваат фотографии од нивните најблиски и познаници кои загинаа во хотелот во Болу. Но, се погласни се барањата за одговорност: како е можно да загинатречиси една третина од 234 гости кои биле во тој хотел? Сведоците на пожарот таа вечер сведочат за паника и хаос: ...

Обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на средбите во Њу Џерси, при посетата на САД, предизвика остри реакции во Грција. Официјална Атина толкува дека изјавите на Мицкоски алудирале дека Скопје не го смета за решен спорот за името со Грција. Според грчкото МНР, Мицкоски се обидува „да го врати на преден план прашањето кое, како што сите знаеме, еднаш засекогаш е решено“. „Грција потсетува дека за дополнителниот напредок во билатералните ...

Падна предметот за „Организаторите на 27 април”. По шест години од процесот, Кривичниот суд во Скопје ги амнестираше обвинетите ексминистри Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Одлуката е донесена по барање за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“. Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира ...

Две лица загинаа во напад со нож во парк во градот Ашафенбург во покраината Баварија во Германија. Жртвите се двегодишно момче со мароканско потекло и 41-годишен случаен минувач, изјави баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман на прес-конференција по инцидентот. Три лица се повредени и според баварската министерка за здравство Јудит Герлах, тие се вон животна опасност. Се работи за уште едно дете, еден 61-но годишен маж и ...

Разбирам дека во едно политички длабоко поларизирано општество темата „премиерот на инаугурација на Трамп“ може да предизвика дебата. Но, никако не разбрав во што е „гревот“ на премиерот. Бидејќи, само до вчера „пискотници се слушаа од Галичник до Река“, зошто претседателката Гордана Сиљановска Давкова не заминала на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, како ни на отворањето на Олимписките игри, претходно. ...

На денот на инаугурацијата на Доналд Трамп, за ЕУ немаше голем удар. Новиот американски претседател барем засега не најави никакви увозни царини за производите од ЕУ. За време на предизборната кампања Трамп се закани дека ќе воведе нови царини од 10 до 20 отсто за увозот од ЕУ. Европа не одигра голема улога во првите часови од вториот мандат на Трамп, беше забележано и во Европскиот парламент во вторникот (21.01). Затоа пак, во рамките на ЕУ и ...

Стариот град на Диселдорф е тежок терен за рестораните. Конкуренцијата во „Алтштад“ (стариот град) е огромна. Поради големиот број на кафулиња, барови и ресторани, оваа популарна населба често се нарекува „најдолгиот шанк на светот“. Стипе Р. не се плашел од конкуренцијата. Со својот мал објект каде што нудел пици од фритеза, овој Хрват успеал брзо да се наметне и да стекне задоволни клиенти. Како што еднаш изјавил за ТВ станицата Вокс, долго ...

Секој седми граѓанин на Северна Македонија е член на политичка партија, што ја става земјата во рангот на оние со највисоки членства во политички партии во Европа. Граѓаните се многу често инволвирани во партиски активности. Голем број од нив имаат чести и на месечно ниво активности во политичките партии. Тие се инволвирани и во кампањите. На последната изборна кампања во мај 2024 година, дури третина од граѓаните учествувале на некој собир, ...

Крај на политиката за заштита на климата, увозни царини за европски стоки, нов империјализам кој претендира на Панамскиот Канал и Гренланд - Доналд Трамп ги остварува најлошите стравови на германските политичари. Сепак, канцеларот Олаф Шолц се натера да напише писмо со честитки и му посака на новиот американски претседател „сила и успех“ за задачите што претстојат. Тој продолжува: „Заедно можеме да обезбедиме одлучувачки поттик за слобода, мир и ...

Во Канада веќе никој нема илузии: Доналд Трамп е сериозен. Канадскиот премиер Џастин Трудо на средба со членовите на неговиот владин кабинет, која траеше два дена, разгледуваше можни контрамерки. Најавата на Трамп дека најверојатно ќе воведе казнени царини уште на 1 февруари го заостри тонот во Канада. Претставувајќи се борбен како што не бил долго време, Трудо рече: „Ако Претседателот воведе царини, Канада ќе одговори. Сè е на маса.“ Трудо ...

Министерството за животна средина и просторно планирање го вклучи алармот за енормно загадување во Кичево, каде се на сила десетина мерки со цел да се намали аерозагадувањето. Главниот град Скопје и понатаму е на листата на најзагадени градови во светот, а жителите на Струмица се подготвуваат за протест на 1 февруари, откако загаденоста во градот оваа зима почна да руши рекорди. Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за ...

На денот на својата инаугурација (20.01) Доналд Трамп потпиша низа извршни наредби. Не беше невообичаен само големиот број наредби - Трамп на црвена работна маса во Capitаl One Arena, пред десетици илјади фанови, потпиша и неколку претседателски укази. Поддржувачите на Трамп се собраа на тоа место за да следат пренос во живо од инаугурацијата и лично да му приредат славје на својот претседател. Вообичаено, идниот американски претседател ...

Звучи по малку мегаломански а истовремено и наивно коцкањето на Владата во надворешната политика. Откако планот за испраќање писма до европските лидери не успеа и откако не се остварија очекувањата дека ЕУ ќе го смени ставот кон официјално Скопје и ќе ја натера Софија да попушти, новиот македонски естаблишмент реши да стави сѐ на една карта: САД. Според Владата, новиот американски претседател Доналд Трамп е спасот за Северна Македонија од ...

„Корупцијата убива“. Зад оваа порака застанаа десетици илјади српски граѓани кои секојдневно излегуваат на улиците за да бараат политичка и кривична одговорност за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, под која загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени. Протестите растат од ден на ден. Демонстрациите и блокадите на патиштата станаа секојдневна појава. Граѓаните ширум Србија секојдневно се собираат за да оддадат почит ...

Болните од рак кои се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија веќе пет дена се без неопходната терапија. Тие алармираат дека од петокот (17 јануари) има недостиг на шест лекови од биолошката терапија, а стравуваат дека за брзо време може да снема уште три други. Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје велат дека проблемот е настанат поради административни процедури. Дополнителен проблем е што во декември е ...

Северна Македонија засега не размислува за забрана на апликациите како ТикТок, поради опасните предизвици и негативното влијание врз однесувањето на младите. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вели дека е против заземање страна во поглед на забранување апликации како „Тикток“, но, таквата можност „им стои на располагање“ на надлежните институции. Тој на прес-конференција во Скопје информираше дека е изработено упатство ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во Северна Македонија во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Вредноста на синдикалната минимална кошничка е 63.252 денари. За една година, минималните трошоци за храна и пијалоци се зголемени за 10,43 проценти, а зголемување од 123 денари има и во последниот месец, иако на сила беше владината мерка за Новогодишната кошничка, со којашто требаше да се намалат цените на основните ...

Во својот инаугуративен говор Доналд Трамп презентираше многу од темите на неговото претстојно претседателство и ги поткрепи со наводни факти. Не сите од нив се точни. 1. Тврдење за здравствениот систем: „За него се трошат повеќе пари отколку во која било друга земја во светот“. Проверка на факти: Вистина. Здравствениот систем на САД во 2022 година, според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), чинеше 12.555 американски долари ...

Милијардерот Илон Маск во понеделникот предизвика контроверзии откако упати поздрав на настан на кој се прославуваше инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, којшто некои го нарекоа „нацистички“ или „фашистички“. Шефот на X, SpaceX и Tesla се појави на сцената во Capital One арената во Вашингтон, каде приврзаниците на новоименуваниот претседател се собраа на митинг. Откако и се заблагодари на толпата што го врати 78-годишниот ...

Софија планира заедно со Букурешт и Атина пред Европската комисија да презентираат заеднички план за коридор на оската Север-Југ и да бараат финансии за негова изградба. Во пракса тоа би значело конкурентна алтернатива на разгранувањето на Коридорот 10 од Атина преку Скопје и Белград до Будимпешта и Виена, тема што минатата есен беше актуелна во сите престолнини на таа рута. За неа се зборуваше и на десеттиот самит на Берлинскиот процес во ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
43%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
68%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 18ᴼ
0.0
68%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.58
40%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.0
91%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.6
48%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
45%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
57%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
68%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729