
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Политиката е чудесна работа. Вчерашната вистина може да биде денешна лага или нешто поумерено. Има безброј случаи и овде и во светот. Да земеме само два од последно време. Сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс п,орано беше нареден во стројот „Никогаш трампист“ исфрлајќи пламени гневови против поранешниот претседател, а сега не само што е дел од најтврдокорното јадро „Засекогаш трампист“, туку стана и дел од билетот на Доналд Трамп, како негов кандидат ...
По покраинските избори во Тирингија и Саксонија, на кои десничарската популистичка и делумно десничарска Алтернатива за Германија (АфД) беше најсилната или втората најсилна партија, италијанскиот весник „Ла Република“ напиша дека Германија е преплавена од неонацистички бран. Францускиот весник „Монд“ оценува дека исходот од изборите е „вознемирувачки“ поради германското националсоцијалистичко минато и нејзината сегашна тежина во Европа. ...
Шефовите на американските и британските разузнавачки агенции, во реткавелика изјава од ваков вид, покрај тоа и заедничка, рекоа дека „континуирано работат“ на прекин на огнот во Газа и дека бараат мир. Директорот на ЦИА Вилијам Брнс и шефот на британската служба за надворешни работи МИ6 Ричард Мур изјавија дека нивните агенции „ги користат нашите разузнавачки канали за силно да поттикнат запирање (на војната) и деескалација“. Во написот за ...
На крајот на јули годинава, 17-годишно момче заедно со неговите двајца браќа (22 и 26 години) нападна и тешко повреди тројца мажи на Кенигштрасе во центарот на Штутгарт. Ова, по големиот пораст на бројот на напади со нож ширум Германија, го поттикна германскиот полициски синдикат да даде предлог кој, според шефот на синдикатот Јохен Копелке, ќе придонесе за намалување на бројот на напади со нож. „Забранетите и опасни ножеви мора итно да се ...
По големите огнени стихии коишто нанесоа огромна штета на македонските шуми, есенва се заканува нова опасност. Дрвокрадците не спијат ниту дење, ниту ноќе, обидувајќи се да извлечат се што е вредно од шумите и да го продадат пред почетокот на зимата. Кубик дрва последниве години почна да вреди како „чисто злато“. Повеќето домаќинства се загреваат се уште на дрва или пелети, што е дополнителен поттик за дрвокрадците и препродавачите за дебела ...
На прв поглед приказната е јасна – на жолтиот песок во Мали, борците со помошниците позираат за победничка фотографија. Веднаш до знамето на сепаратистичката паравојска МЛНА стои жолто-синото украинско знаме. Пораката е дека Украинците учествувале во заседата во која загинаа многу руски платеници и војници во Мали. Претставникот на украинската воена разузнавачка служба ХУР даде изјава која наведува на таквиот заклучок. Владејачката воена хунта ...
По нападот со нож извршен од Сириец во Солинген додека чекал да биде депортиран од Германија, владата во Берлин одлучи да воведе многу поостра миграциска и безбедносна политика. Има многу предлози на маса. Опозициските Демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) сметаат дека предложените мерки не се доволни. Тие бараат бегалците да бидат враќани од германските граници и го доведуваат во прашање правото на политички азил. Постојани гранични контроли Таа дебата е во ...
Со изградба на гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, што треба да следи по гасното поврзување на земјата со Грција, Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа. Ова е пораката што стигна од Белград по вчерашните разговори на вицепремиерите и министри за транспорт, и за односи меѓу заедниците, Александар Николоски и Иван Стоиљковиќ, со српската министерка за рударство и енергетика, ...
Германските истражни органи веруваат дека пукањето во близина на израелскиот конзулат во Минхен е обид за терористички напад од страна на убиениот. Според досегашните сознанија, цел на нападот била дипломатската институција на Израел, соопшти Јавното обвинителство во Минхен. Според податоците од истрагата, напаѓачот дошол од Австрија и на тамошните власти им бил познат како осомничен исламист. Министерството за внатрешни работи во Виена ги ...
Мишел Барние (73) стана меѓународно познат како главен преговарач на Европската унија (ЕУ) во долгогодишната тешка борба со Велика Британија во процесот на нејзиното излегување од Унијата. Конзервативниот политичар беше одговорен за Брегзит од 2016 година. Во навидум бескрајните преговори со премиерката Тереза Меј и премиерот Борис Џонсон до 2021 година, тој се обиде да ја ограничи штетата на Европејците најдобро што можеше. Високиот, секогаш ...
Билатералните односи, регионалните и глобалните случувања и заложбите за зголемен обем на трговија, ќе бидат дел од клучните теми за кои ќе се разговара при денешната официјалната посета на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, на Северна Македонија. Министерот Фидан ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со неговиот колега Тимчо Муцунски, со турските пратеници во македонскиот ...
Тоа беше настан по вкус на канцеларот. Олаф Шолц оваа недела ја посети касарната на Бундесверот со првата оружена единица ИРИС-Т (IRIS-T). Тоа е системот за воздушна одбрана од Германија кој долго време ги штити градовите и луѓето во Украина од руските напади. Пораката на политичарот од СПД: Модернизација на Бундесверот и помош за нападнатата земја - и двете нешта е можно да одат заедно. „Германската поддршка за Украина не попушта“, изјави Шолц. ...
Една позната и саркастична изјава на Бертолд Брехт во врска со Источна Германија гласеше: „Ако народот не се согласува со Централниот Комитет, тогаш треба да се смени народот“. На покраинските избори во Тирингија и донекаде во Саксонија се случи нешто што потсетува токму на зборовите на познатиот драматург, нешто што ќе има огромни последици врз Германија, врз Европската Унија, а следствено и врз самиот Балкан. Од една страна, затоа што за ...
Одмор? Многу луѓе веднаш помислуваат на планинарење или на плажа. Барем во Европа. Овој тип на рекреација е релативно непознат во Авганистан. Па така, кога барателите на азил патуваат дома во Авганистан, тие не зборуваат за одење на одмор. Но, зошто воопшто одат? Нели конечно побегнале од Авганистан и бараат заштита во Германија? Дали безбедносната ситуација таму е сепак подобра отколку што се претставува? Не е толку лесно да се поставуваат овие ...
Не помина ни една недела од нападот на Хамас кога Аналена Бербок прв пат допатува на југот на Израел во градот Нетивот, само неколку километри оддалечен од Појасот Газа. „Безбедноста на Израел за нас е државен резон. Германија цврсто стои на страната на Израел. Израел може да смета на нашата целосна солидарност и полна поддршка каде и да е, или биде потребно“, го појасни таа тогаш ставот на германската дипломатија. Германската поддршка: експорт ...
Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, соопшти владината прес служба по вчерашната седница на Владата. Шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ почна на први јули, а ќе заврши на 31-ви декември годинава. Именувањето на Боцевски коинцидира со периодот на интензивирање на економската соработка на Северна Македонија ...
Со типична ароганција на приучен дипломат-падобранец и надмоќност позајмена од сопствената држава, соговорникот паралелно со вилушка бркаше тортелини низ чинијата и истураше „мудрости" потопени со сосот распрснат низ нашите сакоа и кошули. „Вие се мислите различни, ама сите сте исти, ист менталитет имате и тоа е јасно видливо од средбите што ги имавме во Белград, Скопје, Приштина”. По неколку мљац и мрч секунди, падобранецот ќе заклучи „жалам, ...
Не секоја повторна средба е среќна: во случајот со грчкото село Калио, тоа е повеќе причина за загриженост. Ова село во грчките планини нормално треба да е невидливо. Пред неколку децении, Калио беше поплавено и потона во акумулацијата Морнос, која го снабдува главниот град на Грција, Атина со свежа вода. Сега падот на нивото на водата повторно ги изложува покривите и остатоците од ѕидовите. Екстремната суша предизвика акумулацијата да се намали ...
Во последниот ден од минатата седмица се одржаа избори во двете сојузни покраини Саксонија и Тирингија коишто се приклучија кон современата СР Германија како дел од територијата на поранешната Германска Демократска Република, попозната како Источна Германија. Резултатот беше искоментиран како „шокантен“, иако анкетите веќе подолго време укажуваа на победа на популистичките и антидемократски партии и немаше ништо шокантно во исходот. Реагирајќи ...
Канцеларијата за културна и јавна дипломатија, која официјално беше формирана од Владата на Србија во мај, сѐ уште нема веб-страница или телефонски број, но веќе има директор. А директорот има големи планови. Арно Гујон, Французин по потекло и Србин по избор, хуманитарец и истакнат член на Српската напредна партија, објави тим за борба против „лажните вести“ за Србија во странските медиуми. Тој тим, изјави Гујон за „Вечерње новости", ќе испраќа ...
Во Технолошко - индустриската развојна зона - Скопје ќе се гради фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, а се очекува фабриката да биде готова до мај следната година. Извозот во првите три години треба да достигне најмалку 60 милиони евра. Комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасувал повеќе простор што ќе се обезбеди во ...
Мора да има нешто поразително во тоа што министрите во Србија- луѓе кои ја водат државата, целата кариера ја посветиле на сопствен развој, образование, и надоградба, секој со факултет, а најголемиот дел и со постдипломски студии, лидери чиј мандат е посветен на создавање глобални стратегии за развој и политики - презентираат попуст на салама „паризер“, нова цена на паштета и наполитанки. Уште повеќе поразителен е фактот што тој театар станува ...
Ден по изборите во германските покраини Саксонија и Тирингија (1 септември 2024 година), лидерот на германските либерали (ФДП), Кристијан Линднер, полн со гнев зборуваше: „На луѓето им е доста од фактот дека државата можеби ја изгубила контролата врз имиграцијата во Германија и давањето азил.“ Линднер додаде дека никој не е заинтересиран за тоа што може или не може да се направи законски, бидејќи „граѓаните сакаат да видат решение“. Линднер е ...
Кое е вистинското лице на поранешниот министер за образование, Јетон Шаќири, кадар на ДУИ? Лицето што додека е на функција министер го фали и слави делото на Светите Кирил и Методиј, или лицето што откако не е на функција му пречи тие да се најдат на корица од учебник по историја на албански јазик? „Светите браќа имале непроценливо влијание врз описменувањето на словенските народи и со тоа придонеле за нивно културно и духовно просветлување и ...
Пожар од застрашувачки размери, со линија долга 20 километри, беснее во Мариово. Веќе неколку дена пожарникарите водат борба со огнот да се заштитат неколку села од пламените јазици кои брзо се движат кон куќите. Во гаснењето на пожарот учествуваат 200 професионалци. Поради силниот ветер пожарот ескалираше, што го вклучи алармот кај надлежните. Седница одржа општинскиот кризен штаб во Прилеп на која присуствуваше и директорот на Центарот за ...
Како дел од мерките за штедење, концернот Фолксваген за прв пат не ја исклучува можноста за затворање на фабрики и отпуштање работници во Германија. Како што беше најавено по состанокот на менаџментот, концернот има намера да го укине осигурувањето за вработување со важност до 2029 година, кое секогаш се продолжуваше од 1994 година. Шефот на Фолксваген, Оливер Блуме, како што се наведува во соопштението на компанијата, на средбата истакнал дека ...
Дали учествувавте во наградната игра на еден актуелен затвореник за тешки кривични дела? Ако не сте, побрзајте може вие ќе сте среќникот кој ќе ја освои премијата од неговата таканаречена giveaway акција. Но чекајте, премијата е веќе освоена, во старт, и тоа од организаторот. Тој од затворските власти си добил прекин на извршување на затворската казна поради здравствени причини и итна потреба од лекување. Но наместо во болница, решил првин да ...
Колку ТикТок и помогна на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) да постигне рекордни резултати на регионалните избори во двете покраини? АфД стана најсилна партија меѓу младите гласачи на возраст меѓу 18 и 24 години со голема разлика во однос на конкурентите, покажува анкетата на Инфратест Димап. Со оглед на популарноста на ТикТок меѓу младите корисници, ова може да се поврзе со силното присуство на содржината ...
Премиерот Христијан Мицкоски не смета дека го компромира македонскиот тим во историската комисија со Бугарија. Напротив, вели дека првиот човек на Комисијата, Драги Ѓоргиев сам се компромитирал изминатите години „коленичејќи пред министерки и премиерски кабинети“. Најави дека на една од наредните седници на Владата на дневен ред ќе се најде и предлогот за нов состав на комисијата. Изјавата следи откако Ѓоргиев, во разговор за БИРН, на новите ...
Земете голема, проѕирна пластична чаша и наполнете ја со цела рендана краставица и малку крем сирење. Потоа со ножици исечете парче чаден лосос и изрендајте црвен кромид. Прелијте со прелив за салата, неколку зрна капар, прелијте со сок од лимон, ставете семки и зачини кои го подобруваат вкусот. Пред мешавината да истече преку работ на чашата, брзо притиснете го капакот цврсто и добро протресете и - готово! Резултатот, како што тврди Логан ...