
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Новиот концепт за гимназиско образование продолжува да ја бранува професорската фела во Северна Македонија. Незадоволство има и меѓу наставниот кадар по ликовната уметност, коишто сметаат дека со еден час неделно уметничко образование, во трите суштински години за развојот на една млада личност, се прави непоправлива штета. Деветнаесет професори во отвореното писмо до јавноста, наведуваат дека концептите и реформите се прават долгорочно, за ...
Повикот за бојкот на продавниците в петок, кој почна да се шири на социјалните мрежи, добива се поголема поддршка кај македонските граѓани. Во делови на Скопје се делат и летоци со кои се повикуваат граѓаните да се воздржат од пазарување на 31 јануари со што јасно ќе им се стави до знаење на трговците дека нема толеранција за енормно високите цени на храната. Организацијата на потрошувачи информираше дека го поддржува граѓанскиот повик за бојкот ...
Што точно се случува во моментов? Од неговата инаугурација на 20-ти јануари, американскиот претседател Доналд Трамп продолжува со апсења и депортации на мигранти без дозвола за престој - и покрај сите критики од активистите за граѓански и за човекови права. Тој прогласи вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико. Покрај тоа, американскиот Конгрес веќе донесе построг закон за миграција. Според законот, мигрантите без важечки статус на ...
Унијата денеска во Бундестагот ќе стави на гласањекдва предлози, а в петок еден предлог-закон со заострени одредби за миграцијата и азилот. Прекршување на устав, уцени, кршење табуа? Предлозите што кандидатот за канцелар на конзервативните Демохристијани, претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц,ги става на дневен ред во Бундестагот предизвикуваат поделби меѓу партиите од демократскиот центар и ги лутат преостанатите партии во владата - ...
Неизвесност владее во граѓански организации кои се корисници на американска помош во Македонија, најчесто преку проектите кои се спроведуваат со помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Освен неизвесност, владее и воздржаност. „Не би избрзувале со оценки, да почекаме“, беше кусиот одговор од една од организациите, откако извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за замрзнување на помошта за странство на 90 ...
Неброени редови се напишани за состојбите на Клиниката за онкологија во Скопје, неброени новинарски прилози се направени на телевизиите, но како да прифативме дека е нормално лековите често да ги нема, и да вртиме глава од насолзените очи на граѓаните на кои им се потребни. Веќе стана пракса при секоја криза во оваа здравствена устанува да се појават директорите на Фондот за здравствено осигурување и на самата клиника, да кажат дека состојбата ...
Седум часа откако водечките луѓе во државата и на Српската напредна странка повикаа на дијалог, во Нови Сад „работеа“ палките. Според пишувањата на медиумите, приврзаниците на СНС истрчале од партиските простории, ги бркале и тепале студентите кои сакале таму да залепат налепници со повици за нов протест. Една девојка завршила во болница со изместена вилица. Едвај шеснаесет часа по тој повик за дијалог, премиерот Милош Вучевиќ поднесе ...
Претставниците на некои од највлијателните земји, како по команда, изразија одредена поддршка за власта во Србија во изминатите неколку дена. Интересно е што на иста задача се најдоа високи претставници на администрациите на САД, Русија и ЕУ, кои понекогаш како да препишувале едни од други. Реакцијата на Русија можеби не беше неочекувана, бидејќи руската влада нема многу симпатии за уличните протести. Портпаролката на руското Министерство за ...
По бојкотот на маркетите во Хрватска, којшто зема залет во целиот регион, расте незадоволството и во Северна Македонија од високите цени на храната. Граѓаните на социјалните мрежи повикуваат со еднодневен бојкот во петок, 31 јануари, кога граѓаните ќе треба да се воздржат од пазарување во продавниците и големите маркети. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон бојкотот за да се испрати јасна порака до одговорните за ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи на Фондот на пензиско и инвалидското осигурување за 2023 година, при што е утврдено неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиската состојба. Идентификувани се слабости во спроведувањето на јавните набавки, пописот на средства и внатрешните контроли. Иако има зголемување на приходите, тие не се доволни за покривање на растечките трошоци за социјални ...
На церемонијата отпатуваа 56 преживеани затвореници. На 27 јануари 1945 година, Црвената армија го ослободи логорот на смртта, Аушвиц-Биркенау, кој бил создаден од нацистичка Германија во окупирана Полска. Ослободителите нашле само 7.000 затвореници оставени во логорот, целосно исцрпени и гладни. Помеѓу 1940 и 1945 година, нацистите убија повеќе од еден милион луѓе во Аушвиц и околниот комплекс на логори. Најголемиот број од нив биле Евреи, но ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на одбележувањето на 80- годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау. Под големиот шатор поставен пред портата на поранешниот логор ќе пристигнат околу педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации. За значајноста на денешното сеќавање ...
Акциите на Нвидиа (Nvidia), Мајкрософт (Microsoft) и Мета (Meta) значително паднаа во раната трговија, при што индексот Nasdaq, кој е фокусиран на технологија, исто така доживеа сериозен пад. Вкупната загуба на берзата во САД достигна над илјада милијарди долари. Најтешко погоден беше американскиот производител на чипови Nvidia, со историски највисока загуба на 465 милијарди долари од нејзината пазарна вредност. Падот е поврзан со ...
Америка, т.е. САД, и Македонија, т.е. Северна Македонија, ги избирам како примери на земја со етаблиран капитализам и на земја која од комунизам зачекорила во капитализам. Се разбира, богатењето, воопшто имотот, капиталот, е заедничка ѕвезда водителка на двете држави. Нијансирањето во насловот цели да укаже на специфичните разлики во однос на збогатувањето на политичките елити во двата случаја. Кај американската по правило станува збор за ...
Фридрих Мерц се подготвува за канцеларскиот мандат. Во говорот за надворешната политика во фондацијата „Кербер“, тој презентираше елаборирана програма за надворешна и безбедносна политика за владата под негово раководство. Претседателот на најголемата опозициска партија, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), очекува, а тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење, дека по парламентарните избори на 23 февруари, тој ќе го ...
„Поголем од животот“ во САД е израз кој е во мода и се користи за да се опише личност со исклучителна харизма и успех. И токму така Илон Маск им се претстави на присутните на почетокот на предизборната кампања на АфД во Германија изминатата сабота - „над животот“. И тоа во буквална смисла - со стиснати тупаници во победничка поза, мултимилијардерот го зазема комлетниот екран во Хале ан дер Зале во сојузната покраина Саксонија-Анхалт. А ...
Знамињата се на половина копје, а во Бундестагот се положени венци пред говорницата. Многу пратеници и гости се облечени во црно. Се држат говори и се аплаудира во знак на почит, и така од година в година. Во Германија 27 јануари е денот на комеморација на жртвите на националсоцијализмот (НС), меѓународно познат и како Ден за сеќавање на холокаустот. Станува збор за годишнината од ослободувањето на концентрационите и логори за истребување во ...
Недостигот на лекови за онколошките пациенти, ги разгоре меѓупартиските препукнувања во Северна Македонија за тоа кој е виновен за недостигот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија. ВМРО-ДПМНЕ прстот го впери кон поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, додека СДСМ пак, смета дека за хаосот на Онкологија виновни се директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за ...
„Навечер во Келн, наутро во Загреб”, стоеше во еден германски весник како реклама за модерен ноќен воз со вагон за спиење. Во умот ми долетаа сеќавањата на патувања со такви ноќни возови во југословенското време.Ми требаше доста време да се сетам кое беше посебното име за вагонот за спиење.Кога почнав да ги повикувам во сеќавањето сликите на перонот на железничката станица во Скопје во седумдесеттите, одеднаш се врати и името. Кушет-вагон! ...
Триесетина гимназиски професори по философија, логика и етика во Северна Македонија испратија отворено писмо по повод Концепцијата за гимназиското образование која што беше објавена на почетокот на годината и се води расправа во однос на предложените измени. Тие велат дека „радикално и категорично“ ja отфрлаат понудената Концепција за гимназиско образование. „Многубројни се негативните импликации во однос на учениците, професорите, гимназискиот ...
Новинарот Михаел Мартенс, добро упатен во состојбите на Балканот, во напис за угледниот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг оценува дека Александар Вучиќ е исправен пред „најголемиот предизвик“ од доаѓањето на власт во 2012 година, кога неговата СНС почна да ја презема државата. Актуелните протести, и покрај разликите во деталите, потсетуваат на „народниот бунт“ што го собори Слободан Милошевиќ во 2000 година, пишува Мартенс. Во текстот се ...
Можете на овие настани да гледате како сакате – со љубопитност, со зачуденост, како приклонување кон страната на силата, опортунизам на кој му нема граница. ЏП Морган Чејс е најголема банка во САД. Нејзината моќ некогаш изгледа толку голема што може да менува политики на политичарите. Но во одредени моменти и таа огромна моќ може да биде помала од онаа на државата. Извршниот директор на ЏП Морган Чејс, Џејми Дајмон, овие денови беше во Давос, на ...
Очекувано, Централната изборна комисија во Белорусија го прогласи седми пат по ред Александар Лукашенко за победник на претседателските избори, кои беа критикувани како нефер и неслободни. Според државната новинска агенција Белта, шефот на државата поддржан од Русија, кој е на власт 30 години, според прелиминарните резултати добил 86,82 отсто од гласовите. Ова го соопшти Игор Карпенко, претставник на Информативниот центар на белоруската ...
Ошвјенчим. Во суштина, ова не е особено важен град. Станува збор за полски град со население од нешто повеќе од 10.000 жители, кој беше окупиран од германскиот Вермахт во 1939 година, а потоа анектиран и преименуван во Аушвиц. Но, денес сите го знаат тоа име. Во оваа област, нацистите го изградија најголемиот германски логор за истребување, концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, во 1941 година. Овде, до крајот на јануари 1945 година, според ...
Јулијан Гампер е под притисок. И тоа буквално, затоа што овој машинист како шеф на истоимената компанија одлично се разбира во вентили. Заедно со неговиот брат Аксел, тој го води семејниот бизнис кој произведува делови за системи за греење. „Уште како дете, ги поминував викендите во друштво со татко ми во компанијата. Знаевме како да ги демонтираме вентилите, да ги измериме и да ги провериме“, вели 63-годишникот, насмевнувајќи се. Но, набргу ...
„Знаењето ќе се изгуби. Тоа е опасно“, вели Хартмут Пецолд додека сложува неколку кутии со глина за полирање заедно со средствата за чистење на прозорци на автомобили во неговиот магацин во Хаген. Од 1988 година, 68-годишниот Хартмут и неговиот 66-годишен брат Кристијан развиваат и продаваат производи и бои за нега на возила. „Кога толку години се занимавате со површините на возилата, кога сте обработувале илјадници литри боја, кога сте ...
„Тие се, според мене, најдобри и најточни “, изјави украинскиот војник Бохдан Нахај за ДВ, мислејќи на германските самоодни оклопни хаубици 2000 (PZH 2000). Хаубиците кои и беа доставени на неговата бригада и помагаат на Украина . Сепак, командантот на дивизијата признава дека има проблем: хаубиците се користат толку интензивно што се склони кон дефекти. Најчестите проблеми се поврзани со софтверот и прегревањето на контролните системи и цевките ...
Протестите во Србија се претворија во петокот (24 јануари) во „генерален штрајк“, односно општа граѓанска непослушност, објавија бројни медиуми на германски јазик. Водечката германска новинска агенција ДПА потсетува дека сè започна со падот на настрешницата во Нови Сад, но додава: „Протестите сега главно се насочени против владата на претседателот Александар Вучиќ и широко распространетата корупција во земјата“. Весникот „Берлинер цајтунг" ...
САД ги замрзнуваат речиси сите програми за меѓународна помош. Новиот американски државен секретар Марко Рубио наредил речиси целосно суспендирање на средствата, се вели во интерно писмо кое било достапно на неколку медиуми. Исклучок од ова е дополнителната воена помош за Израел и Египет, која е проширена по војната во Газа. Суспендирана е и итната помош во храна, која ја обезбедуваат САД за време на кризи ширум светот, како во Судан и Сирија. ...
Првиот круг од претседателските избори во Грција се одржува денеска, 25 јануари. Но, финалниот победник е веќе извесен. Станува збор за кандидатот на Нова демократија Константинос Тасулас, кој до пред неколку дена беше претседател на грчкиот парламент. Веројатно ќе бидат потребни четири изборни круга бидејќи на конзервативниот десничарски кандидат му недостасува надпартиски сјај за да победи во првиот или вториот круг од гласањето во ...