Фолксваген: Кризно расположение и покрај високи добивки Кризно расположение кај најголемиот германски производител на автомобили. Се дебатира за затворање на погони, како и за технолошки вишок. По консултации на менаџментот, производителот на автомобили неодамна не ја продолжи ни клаузулата за обезбедување на работа, што е во сила до 2029 година, и која досега постојано се ажурираше почнувајќи од 1994 година. Притоа концернот стои добро во однос ...

Тоа беше случај кој ја потресе Франција и целиот свет. Храбрата Жизел Пелико се соочи со десетици нејзини силувачи на суд. И со мажот со кој со децении беше во навидум хармоничен брак. Со човекот кој ги организирал силувањата. Доминик Пелико е осуден пред судот во Авињон на две децении затвор, откако беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението. Новинарите јавуваат дека тој плачел додека ја слушал пресудата. Претходно за време на ...

Серија пропусти коишти испливуваат секојдневно на површина укажуваат со каква леснотија поранешниот вицепремиер Артан Груби ја напуштил Северна Македонија и преминувајќи ја непречено северната граница заминал на Косово, само неколку минути пред да биде извршен полицискиот претрес во неговиот дом. Откако во неделата (15.12) испрати порака преку Фејсбук дека ќе се врати дома, откако ќе ги заврши обврските, тој повеќе не се огласи на социјалните ...

Кристално јасно сознавам дека светот и животот се чудо кога ќе се разбудам во ноќта. Некаде после полноќ, додека само понекој прозорец е осветлен, а се‘ друго е потонато во ноќен спокој. Тогаш не го палам светлото во собата, туку застанувам крај прозорецот. И зачудена сознавам дека во тој ноќен мрак, окото гледа поинаку, појасно, поспокојно и повнимателно. Затоа што тогаш формите, куќите, улиците, градините зрачат со непозната јасност. Како ...

Смог и магла повторно ги загушија македонските градови, а Скопје се најде меѓу десетте најзагадените градови во светот, според последните податоци на платформата IQAir. Индексот на загаденост во 11 часот беше 172, што е индикација дека граѓаните на главниот град дишат исклучително нездрав воздух, во којшто има пред сѐ ПМ 2.5 честички. Во светски рамки, полош воздух дишат жителите на Сараево, Лахоре, Делхи, Калкута, Техеран…На домашен терен, пак, ...

Средина на деведесеттите. Штотуку вработен како преведувач, придружував делегација на западни експерти по економски реформи на средби низ домашните мнистерства. Во најзначајното, Министерството за финансии, нѐ пречекаа неколку бирократи, предводени од типична хомосовјетикус дама во средни години, со огромни сини коси, кежуал елече врз рамена, апсурдно поцрвенети усни, редица бисери околу вратот над претесната кошула. Откако експертот се ...

Од еден самит на ЕУ во Солун во 2003 година, Унијата која сега веќе брои 27 земји-членки, ја повторува истата мантра - дека државите од Западен Балкан, кои произлегоа од распадот на Југославија, како и Албанија, припаѓаат на Европа и треба да бидат примени во клубот. Само Хрватска го направи таквиот скок во 2013 година. Останатите шест - Србија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија – се стремат веќе многу години ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска попладне (18.12.) во Брисел ќе присуствува на седмиот самит ЕУ-Западен Балкан, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. Самитот на ЕУ и Западен Балкан се одржува од 2018 година на инцијатива на тогашниот шеф на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, а последниот се одржа во Брисел во декември 2023 година. Во рамки ...

Сирија беше еден од темелите на иранската регионална стратегија, не само поради геополитичкото влијание, туку и поради сличниот авторитарен модел. Иранците кои се спротивставуваат на нивниот режим, сега имаат некаква надеж за промени, особено по бруталното задушување на бунтот на жените во последните години, во кој загинаа стотици граѓани, а илјадници беа уапсени. Поради тоа, промените во Сирија го поттикнаа врховниот водач Али Хамнеи да издаде ...

Неколку сценарија околу бегството на Артан Груби од Северна Македонија се вртат во јавноста, откако беше обелоденето дека тој со дипломатско возило заминал во Косово, непосредно пред полициската акција за приведување на осомничени за злоупотреби во Државна Лотарија. Опозициската СДСМ откри информации добиени од свиркачи, а полицијата на информативен разговор во Скопје го повика почесниот конзул на Косово во земјатаи сопственик на синџирот ...

По бомбашкиот напад врз рускиот генерал Игор Кирилов во Москва, руската тајна служба ФСБ уапсила едно осомничено лице. Како што се вели, лицето од Узбекистан признало дека било заврбувано од страна на украинската тајна служба СБУ и дека добило експлозив. Ваквите наводи не можат да се проверат од независни извори. Медиумите во Москва информираат за две уапсени осомничени лица. Властите ги идентификувале нивните возила со помош на надзорните ...

Македонското Министерство за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, за коишто се води истрага за злоупотреба на осум милиони евра преку незаконски набавки на видеолотариски терминали, кои никогаш не биле ставени во употреба. Потерницата е распишана откако Кривичниот суд во Скопје им одреди притвор во траење од 30 дена. На четири лица, коишто исто ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан стави вето на законот за носење шамија што неодамна го усвои парламентот и го вклучи Националниот совет за безбедност - највисокото тело за одлучување во Исламската Република за безбедносни прашања. Пезешкијан се надева дека законот таму барем делумно ќе биде ревидиран. Според весникот „Хамшахри", претседателскиот советник Али Рабиеи го оправдал овој чекор со можните социјални последици од законот. Законот, ...

Еден ден по обелоденувањето на информацијата дека се води истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште пет лица за злоупотреби во Државната Лотарија, сѐ уште е неизвесно дали високиот функционер на ДУИ ќе се врати во Северна Македонија. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Груби да се врати дома „ако е чист како солза“. „Дали е чист како солза или матен нека си докаже пред суд, ако има ...

По шест години приказни за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, во Северна Македонија повторно се водат дискусии за бегство на ново звучно име. На господинот Артан Груби, му текнало 10 минути пред полицијата да му упадне дома, дека има неодложна и итна работа во Косово. Бидејќи тој како скромен прв вицепремиер во претходниот состав на владата немаше свој автомобил, живееше само од плата, некако баш кога му се приодело на Косово пред ...

На натпреварот за најдобра фризура, кој се одржува секоја година, учествуваа околу 90 бербери. Тие на огромни горештини и проследени со бразилска музика работеа во парк во населбата Мадуреира, во Рио де Жанеиро. Нивни модели беа волонтери. Берберите се обидоа да го дадат најдоброто од себе и да создадат стилови со апстрактни дизајни, или пак полни со детали. „Пред десет години берберите беа нешто што му припаѓа на времето на мојот дедо, никој не ...

Кратко по соборувањето на диктаторот Башар ал-Асад на 8 декември, Германија најави стопирање на обработката на барањата за азил од сириските граѓани. Само 36 часа откако сириските бунтовници го прогласија главниот град Дамаск за ослободен, сојузната влада ги суспендираше одлуките за повеќе од 47.000 барања за азил од Сиријците. Франција, Велика Британија, Италија и неколку други го следеа примерот за неколку часа. Тие одлуки предизвикаа нервоза ...

По информацијата дека високиот функционер на ДУИ, Артан Груби заминал во Косово пред да биде отворена истрагата против него за злоупотреби на 8 милиони евра во Државна Лотарија, во Приштина во вторникот (17.12) отпатува и партискиот лидер Али Ахмети. Причината за посетата е средба со градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, кој според косовските медиуми, треба да му го врачи „клучот на градот“. ДУИ на социјалните мрежи објави видео од ...

Ќе се врати за да докаже дека е „чист како солза", ќе се врати само ако и тој има некој како што Мијалков го имал него за да му ги олеснува судските процеси, или ќе избега како што направи поранешниот премиер Никола Груевски? Ова се трите сценарија што се вртат по прашањето како ќе постапи поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој замина од земјата во „приватна посета", на неодредена локација. За Груби настаните во последните неколку дена се ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на денешната посета (17.12.) на Туурција најави „уште милијарда евра“, кои „се на пат за 2024 година“. Парите, според неа, треба да придонесат за „миграцијата и управувањето со границите, вклучително и доброволното враќање на сириските бегалци“. Покрај тоа, парите ќе бидат искористени за финансирање на здравствената заштита и образованието на бегалците во Турција, објасни Фон ...

Страста за цигарите го исцрпува семејниот буџет. Домаќинствата со пушачи од семејниот буџет издвојуваат дури 13,2 отсто за купување цигари, што е значително зголемување од 10,3% во 2018 година, покажува најновата студија за ефектот на истиснување на потрошувачката на тутун врз буџетот на домаќинствата во Северна Македонија“ на Аналитика Тинк Танк. „Овие трошоци имаат ефект на ’истиснување’ на семејниот буџет што предизвикува пораст на ...

Извештајот на Амнести Интернешнал покажува дека српските власти користат шпионски софтвер за борба против новинарите, политичарите и невладиниот сектор. „Дигитален затвор: Надзор и гушење на граѓанското општество во Србија“ е името на споменатиот извештај, во кој се наведува дека српскиот режим користи форензички алатки за извлекување податоци од мобилни телефони на кои е инсталиран софтвер без никаква правна основа. Српската полиција и ...

До пред неколку недели Сара Вагенкнехт тоа го сметаше за несериозно, а сега го направи и самата – стана кандидатка за канцелар на нејзината партија. По ЦДУ/ЦСУ, СПД, Зелените и АфД, Сојузот Сара Вагенкнехт е петта партија која истакнува ваков кандидат. И тоа и покрај фактот што БСВ со своите едноцифрени вредности во анкетите на јавното мислење „не гледа никаква реална шанса да добие канцеларска функција.“ Што се крие зад потегот и кој воопшто ...

По нешто повеќе од три години на власт, германската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц го загуби мнозинството во парламентот. Германскиот Бундестаг во понеделникот и изгласа недоверба на владата која, покрај Социјалдемократите, ја сочинуваа и партиите на Зелените и Либералите. Само 207 од вкупно 733 пратеници во Бундестагот и изгласаа доверба на владата, додека 394 беа против. Гласањето во долниот дом на германскиот парламент не ...

Командантот на руските трупи за одбрана од напади со радиоактивни, биолошки и хемиски супстанции, Игор Кирилов и неговиот заменик загинаа при експлозија во Москва, соопштија руските власти. Експлозивот бил детониран во близина на домот на Кирилов, во југоисточниот дел на Москва. Според изјава на портпаролката на истражната комисија за случајот, Светлана Петренко, експлозивот бил сокриен во електроскутер во близина на домот на Кирилов. Како што ...

Во ек е големо воодушевување на јавноста во Македонија. Специјална бригада на полицијата, предводена од нашиот Елиот Нес, како во Чикаго во триесеттите години од минатиот век, жестоко тргна во војна против мафијата. Фрчат конференции за медиумите, изјави во директен тв-пренос, вријат социјалните мрежи, ечат на сите страни фалби на новите власти за големите успеси. Се апсат мафиози и нивните босови, убијци, корумпирани политичари, терористи, ...

Со влегувањето на сириските бунтовници во главниот град Дамаск, се стави крај на годините на тиранија на поранешниот владетел Башар ал-Асад, кој беше обвинет за злосторства како тортура и употреба на отровен гас против населението. Според Сириската мрежа за човекови права (СНХР), само од почетокот на граѓанската војна во 2011 година па до денес, до смрт биле мачени повеќе од 15.000 луѓе. Невладината организација, за 98 отсто од тие жртви ги ...

Кои чекори се неопходни до предвремени избори? Веќе сите зборуваат за изборите планирани за 23 февруари 2025 година. Но, предвремени избори во Германија не се „туку-така“ изводливи. За тоа има одредени предуслови и постапка, кои меѓу другото се регулирани во членот 68 од Уставот. Суштински е канцеларот во Бундестагот да го постави прашањето за доверба и таа да не биде изгласана. Потоа сојузниот претседател мора да го распушти Бундестагот и како ...

Поранешен премиер и вицепремиер се дел од поголема истрага којашто се води за злоупотреби во Државната Лотарија. Со истрагата се опфатени уште шестмина, од кои двајца не се достапни за истражните органи. Едниот од нив е поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој во неделата порача дека е на пат во Косово и наскоро ќе се врати дома. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција го повика Груби „ако е чист како солза“ да се ...

Дваесет и едногодишен гостиварец формирал терористичка ќелија во која регрутирал лица и од земјата и во странство. Организацијата функционирала по матрицата на терористичка организација ИСИС и имала намера за изведување на терористички акт на цивилни цели и јавни објекти. Обвинителството информираше дека по неколкумесечна предистражна постапка во соработка со МВР е спроведена акција во струшкиот и гостиварскиот регион. Притоа се приведени три ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
64%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
65%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
68%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
88%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.71
84%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.51
86%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
36%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
78%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
42%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
60%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
22%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74