Со мирни и масовни собири во Скопје и во Неготино граѓаните упатија повици за одговорност и барање правда, откако 22 -годишна девојка беше прегазена на пешачки премин во Скопје. Информациите од обвинителството дека зад воланот се наоѓал 20-годишен возач, кој нема ниту дозвола, а управувал со голема брзина и под дејство на алкохол, ја прелија чашата. Граѓаните масовно во 13 часот се собраа на бувеларот Партизански одреги, спроти Универзалната ...

Палестинската милитантна исламистичка група Хамас ослободи нови израелски заложници од Појасот Газа, а Израел пушти на слобода десетици палестински затвореници, во четвртиот круг на размена во рамки на договорот за прекин на огнот во војната во Газа. Вкупно тројца заложници се вратија денеска во Израел, додека 183 Палестинци ги напуштија израелските затвори. Хамас најпрво ги ослободи 35-годишниот Жарден Бибас и 54-годишниот француско-израелски ...

Околу 60 жени, мажи и деца стојат пред широките мермерни скали на хотелот Пера Палас во Истанбул, изграден во нов стил (Арт нуво) и го гледаат речиси 130-годишниот електричен лифт во облик на кафез кој штотуку ги симнува гостите. Хотелскиот портир ја прашува групата дали чекаат за обиколка и дознава дека меѓу нив има посетители и од Шпанија. „Се разбира, откако се емитуваше серијата, доаѓаат посетители од целиот свет“, вели тој. Многумина ...

Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина рано утринава на 81-годишна возраст по кратко, тешко боледување, соопшти Кабинетот на претседателот на Сојузна Република Германија во Берлин. Келер беше избран за шеф на државата на 23 мај 2004 година, а на функцијата беше потврден пет години подоцна. Сепак, на 31 мај 2010 година, тој неочекувано поднесе оставка. Актуелниот германски претседател Франк-Валтер Штајнмајер, во писмото со сочувство ...

Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина рано утринава на 81-годишна возраст по кратко, тешко боледување, соопшти Кабинетот на претседателот на Сојузна Република Германија во Берлин. Келер беше избран за шеф на државата на 23 мај 2004 година, а на функцијата беше потврден пет години подоцна. Сепак, на 31 мај 2010 година, тој неочекувано поднесе оставка. Актуелниот германски претседател Франк-Валтер Штајнмаер, во писмото со сочувство ...

Пред речиси три години, мрачното поглавје во гренландско-данската историја излезе на виделина преку подкаст на данското радио: таканаречениот скандал со контрацептивна спирала. Се покажа дека илјадници жени во Гренланд, често малолетни, биле принудени да користат спирала за да спречат бременост во 1960-тите и 1970-тите - по налог на Данска. Гренланд, кој е претежно населен со домородните Инуити, од 1953 година повеќе официјално не е данска ...

Во вжештена атмосфера, Бундестагот во средата расправаше кој е вистинскиот пат во политиката за азил и миграција. Дебатата ја поттикна конзервативниот лидер на опозицијата и шеф на ЦДУ, Фридрих Мерц, кој има добри изгледи да стане нов канцелар по изборите за Бундестагот на 23. февруари. Неговата пратеничка група составена од ЦДУ и сестринската партија од Баварија, ЦСУ, достави два предлози до Бундестагот со кои се бара значително заострување на ...

„Ајде тука да анализираме“ – му рече премиерот Христијан Мицкоски на уредникот Васко Попетревски за време на интервјуто во „360 степени“ на МРТ во понеделникот. Навистина, ајде тука да анализираме. Попетревски го праша премиерот, всушност, повеќе констатираше, дека на инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон од Европа беа во огромен дел претставниците на крајната десница. Како анализираше Мицкоски. Неговиот одговор го пренесуваме во целост. ...

„Смартел“ во Ахаус, град со 40 илјади жители во регионот Минстерланд во Северна Рајна-Вестфалија: гостин пристигнува со куферот во рака и со својот смартфон го скенира QR-кодот на влезот од хотелот за да дојде до резервираната соба. Во хотел без рецепција, паметниот телефон служи како клуч, но и како контрола за греење и осветлување. Внатре нема ни прекинувачи за светло. Во ходникот, робот правосмукалка го чисти подот. Персонал во најдобар ...

Универзитетот во Белград не се смирува: сè уште под впечаток на 24-часовната блокада на Автокоманда, една од најголемите улици во српската престолнина, тамошните студенти веќе завршија нова акција - 80 километри пешачење до Нови Сад. Заедно со студентите од тамошниот универзитет, Белграѓаните сакаат да учествуваат на големиот протестен митинг во знак на сеќавање на уривањето на настрешницата на железничката станица во северниот српски град, при ...

Доста е, сите да излеземе на протест, мора да се изрекуваат пресуди со високи казни за сеачите на смрт по улиците, да се ревидираат скандалозни одлуки на судот... Ова се дел од гневните реакциите на граѓаните откако 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино завчера во Скопје на пешачки премин беше усмртена од 20-годишниот В.Ј. кој како што соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, го управувал автомобилот без возачка дозвола. Покрај тоа, ...

Повикот за бојкот ги испразни дел од маркетите, но и пазарите и продавниците низ Македонија. Револтот од енормното поскапување на храната, повеќето граѓани го изразија со тоа што од изутрината ги заобиколуваа маркетите, а дел го купуваа само она што им е неопходно. Најавите за бојкот попишманија и дел од пазарџиите, коишто не ја изложија робата на тезгите, поради став дека ќе нема кој да ја купи. Ефектите од бојкотот на маркетите ќе се знаат ...

Како последица на успехот на Трамп и десничарскиот политички проселитизам кој како вирус се шири низ Европа, за првпат после Втората светска војна и победата над фашизмот и комунизмот, делува дека либералната демократија и социјалдемократијата повеќе не се во линија со светските текови, делуваат досадни, изгубени и надминати, без ветар во своите едра. Политиката на Трамп потекнува од внатрешната криза и контрадикцијата на либерал-демократските ...

Сланината за појадок се пече на скарата на сопственикот на снек бар, Дејв Брент. Тој повеќе од 15 години ги продава своите плескавици со сланина во пазаришната хала во малиот англиски град Мелтон Моубреј. На референдумот Брент гласаше за Брегзит, како и повеќето жители на градот со 26.000 жители во близина на Нотингем. Тој би го направил тоа повторно - но се надевал на нешто повеќе. „Имиграцијата е надвор од контрола. Но, ние сега сме господари ...

Речиси половина од најголемата житница во Македонија - Пелагонија последниве години не се обработува. Голем дел од нивите коишто во минатото беа посадени со жито, пченка и јачмен, сега се обраснати во трева и коров. Пелагонискиот и Североисточниот регион се најзагрозени - на земјоделските површини на кои порано се саделе јачмен и пченица, сега речиси воопшто не се произведува ништо. Се намалуваат и земјоделските површини и приносот од засеани ...

Среда, 29 јануари 2025 година, ќе остане во колективната меморија на политичката историја на Германија. Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) кои заедно ја сочинуваат најголемата опозициска сила во Бундестагот, го ставија на гласање „планот во пет точки“ за заострување на политиката за доделување на азил во Германија. Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Зелените кои формираа малцинска влада ...

Пад на прометот од речиси педесет проценти – тоа е резултатот од минатонеделниот еднодневен прекин на набавките во големите трговски синџири во Хрватска, како бунт на потрошувачите поради високите цени на храната. Водени од успехот што ваквото изразување на незадоволство го создаде кај соседите, слична акција е на сила и во Србија. Имено, Здружението Ефективна заштита на потрошувачите ги повика граѓаните да го бојкотираат купувањето на намирници ...

Податоците јасно покажуваат дека денес луѓето можат да добијат многу повеќе стоки и услуги за своите пари отколку во минатото, пишува германскиот јавен сервис АРД и го илустрира ова со следниот пример: Во 1960 година, за купување црно-бел телевизор биле потребни повеќе од 339 часа работа. Денес, во Германија, просечно може да се купи паметен телевизор со висока резолуција по само 24 часа работа. Истото важи и за многу други технички уреди, ...

Ригорозните мерки, инспекции и казни коишто ги најави Владата во пресрет на бојкотот закажан за в петок, 31 јануари, поради енормно високите цени на храната, не ги оставија рамнодушни трговците. Граѓаните сметаат дека бојкотот уште незапочнат ги дава првите ефекти, откако дел од маркетите објавија летоци и најавија големи попусти на храната во наредниот период. Во фокус на надлежните институции се најдоа неколку поголеми ланци на маркети, а на ...

Замислувањето на хипотетички светови може да биде полезно за разоткривање меѓузависности и противречности. Ве повикувам да си претставите свет без математика, без Питагора, Архимед, Евклид, Њутон... Со какво предупредување, во овој хипотетички свет, би биле пречекувани посетителите на Платоновата академија? Нека не влегува оној кој не знае ______________1. Како би изгледала Етиката на Спиноза? Секако, не би постоела аналитичката философија. ...

Не е автентичен активизам ни експеримент, туку лавина што стигна до Македонија, откако тоа го направија купувачите во Хрватска, по што се активираа и Словенците. Тие бојкотираат одредени продажни синџири и маркети до втори февруари, со повик до граѓаните да го продолжат бојкотот и од 3-ти до 9-ти февруари. Според податоците на Статистичкиот завод на Словенија, денес за храна Словенците плаќаат во просек 44% повеќе отколку пред десет години. ...

Пратеници на опозициските партии СДСМ и Левица покренаа иницијатива за свикување Надзорна расправа во Собранието на Северна Македонија, на која би се расправало за мерките и активностите за подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, коешто е едно од најгорливите проблеми со коишто се соочува земјата. Според пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, иницијативата произлегува од поразителните резултати за квалитетот на воздухот. Главниот ...

Радикалниот лидер на босанските Срби Милорад Додик имаше два часа слава во Скопје, главниот град на Северна Македонија - држава членка на НАТО. Притоа тој го отпеа својот редовен репертоар, со малку примеси на поддршка кон домаќинот осудувајќи ја политиката на ЕУ кон нашата земја. Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување, што несомнено е искрено, особено затоа што и тој беше во публиката па мораше да ја слуша беседата на Додик. Милорад ...

Германија во иднина масовно ќе ги враќа мигрантите и барателите на азил од своите граници, откако Бундестагот со тесно мнозинство во средата го изгласа предлогот на опозициските конзервативци ЦДУ-ЦСУ, за заострување на политиката. Парламентот усвои предлог со пет точки, кој, меѓу другото, бара трајни гранични контроли, враќање на барателите на азил и притворање на странци кои имаат обврска да ја напуштат земјата. За првпат за еден предлог на ...

За не повеќе од две недели, впечатокот за политичката ситуација во Србија се смени драстично. Молскавичната брзина со која, проценkите дека естаблишментот во Белград е непобедлив, се претворија во анализи кои веќе се прашуваат дали на сегашните елити воопшто им има спас, говори дека под површината на авторитарната и технократска стабилократија со одлични перформанси и стабилен рејтинг, која ја гледаме долго време кај нашиот северен сосед, ...

Унијата (ЦДУ/ЦСУ) денеска во Бундестагот ќе стави на гласање два предлози, а в петок предлог-закон со заострени одредби за миграцијата и азилот. Прекршување на уставот, уцени, кршење табуа? Предлозите што кандидатот за канцелар на конзервативните Демохристијани, претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц,ги става на дневен ред во Бундестагот предизвикуваат поделби меѓу партиите од демократскиот центар и ги лутат преостанатите партии во владата - ...

Европската Унија и Соединетите Американски Држави се согласиле дека е потребно да се одржи „максимален притисок“ врз Москва за да се постигне преаведен и траен мир во Украина. Според европски претставник, ова било речено за време на вчерашниот разгoвор на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас и американскиот државен секретар Марко Рубио – прв разговор откако администрацијата на Доналд Трамп ја ...

Студенти, новинари, галеристи - долга е листата на лица и професионални профили од Хрватска кои официјален Белград ги обвини за шпионажа и заговорни активности во Србија во последните недели. Освен што биле приведени за време на посетите во таа соседна земја, на некои од нив им биле објавени и нивните лични документи во локалните медиуми. Некои од нив се казнети со привремена забрана за влез во Србија. Секако, причина за сето ова се масовните ...

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници во неговиот тим - дел од нив се и поранешни најблиски соработници на експремиерот во бегство и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Листата на советници од денеска е и официјално достапна на страницата на Владата на Северна Македонија. Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески,се враќа во политиката како надворешен советник за финансии и банкарство. Поранешниот собраниски спикер, ...

Владата на Северна Македонија ја започна првата поголема рокада на амбасадорките места - ја започна постапката за отповикување на деветмина вонредни и ополномоштени амбасадори и постојани претставници и именуваше четворица нови во Јапонија, Хрватска, Украина и во Франција. На дел од позициите, партиски кадри ќе треба да го заземат местото на професионалните дипломати. Од Владата поврдуваат дека донеле неколку барања за покренување на иницијатива ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
52%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
70%
1021
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1022
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.76
45%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
91%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
54%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
88%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
74%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
77%
1016
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729