Македонската кошаркарска репрезентација темпира форма за двата натпревари против Ирска и Луксембург во претквалификациите за Европското првенство, а на последниот тест за овие дуели, тимот на Берокал и се реваншираше на Бугарија. Поразот во Самоков ги натера нашите репрезентативци да се прикажат во подобро светло, а денеска во салата „Лазар Лекиќ“ стигнаа до посакувана победа и покрај тоа што се играше израмнета кошарка. Момците на селекторот ...

Лина Ѓорческа со еурофичен крик го прослави историскиот поен и пласман на главниот турнир на Вимблдон, успех каков што не се памети во историјата на македонскиот тенис. Тенисерката од Тетово стана првата претставничката од нашата земја која успеала да ја мине квалификациската фаза и да се пласира на еден турнир од големата четворка, а судбината посака најголемиот успех во кариерата да го направи во Ол Ингланд клубот. Еден месец по тажната ...

Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис, откако денеска успеа да оствари резултат кој го нема остварено ниту еден во женска, но ниту во машка конкуренција. Ѓорческа стана првата претставничка од нашата земја која успеала да обезбеди пласман на главен турнир на еден од четирите грен слеми, а за да биде уште подобро, тоа го направи на најпрестижниот и најголемиот, Вимблдон. Лина ја преслуша Италијанката Лучија ...

Гилјермо Очоа доби шанса да биде дел од шестиот мундијал во својата кариера, а благодарение на убедливите изданија на Мексико во главната фаза, доби прилика да се одјави и од теренот. Очоа доби минутажа во самата завршница од мечот со Чешка и настапи на шестиот мундијал во својата богата кариера, која најмногу ќе се памети по историските настапи за репрезентацијата на Мексико. Популарниот Мемо важи за народен херој дури и во ситуација кога не ...

Чешка пројде низ „иглени уши“ во баражот и двапати славеше на пенали против Ирска и Данска, но кога дојде моментот на вистината, стана јасно дека овој чешки тим е недораснат за големо натпреварување како Светско првенство. Чесите се прикажаа во доста лошо светло и рано утрово го завршија својот мундијалски пат со нов пораз, а едниот освоен бод беше премалку за да се надеваат за нокаут рунда од која ќе бидат дел дури 32 репрезентации. Чешка ...

Летните НБА трејдови почнаа да ја подигнуваат температурата во Америка, а оваа вечер пристигна информација за уште една размена која привлекува големо внимание. До оваа фаза од трансфер пазарот, убедливо најголема „бомба“ беше заминувањето на Јанис Адетокумбо во Мајами, но сега вреди да се издвои и потегот кој го повлекува Шарлот. Хорнетси решија да се откажат од својата најаплатена ѕвезда во тимот, па така Ламело Бол ќе заврши во Минесота, и ...

Лина Ѓорческа со години пишува убава тениска историја како најдобра Македонка на ВТА турот, но се чини дека ова попладне ја испиша најубавата страница во својата индивидуална кариера. Тенисерката од Тетово испиша историја за македонскиот тенис и стана првата тенисерка од нашата земја која обезбедила пласман на главниот турнир на Вимблдон, а начинот на кој го направи тоа го прави целиот успех уште поголем. Ѓорческа ја надигра ривалата Лучија ...

Хоселу ги освои двете најважни титули во својата една и единствена сезона како играч на Реал Мадрид, а кога сите очекуваа да остане на „Сантијаго Бернабеу“, корпулентниот напаѓач реши да си оди по освоениот трофеј во Лигата на шампиони. Шпанскиот голгетер прерасна во јунак меѓу фановите поради влијанието кое го имаше во завршницата од натпреварите во најелитното европско натпреварување, а иако поминаа две години од неговиот трансфер во Катар, ...

Лина Ѓорческа го оствари најголемиот успех во својата играчка кариера, откако ова попладне направи фантастичен резултат во финалното квалификациско коло во Ол Ингланд клубот. Откако ги мина двете воведни квалификациски рунди на Вимблдон, Лина дојде на дофат од најголем успех во кариерата, а попладнево со извонредна игра дојде до посакуван резултат. Македонката влезе како аутсајдер во дуелот со подобро рангираната тенисерка од Италија, Лучија ...

Катарскиот играч за врска Асим Мадибо заработи една од највисоките казни во историјата на Светските првенства, откако ФИФА денеска преку дисциплинското тело му додели суспензија од пет меча. Причина за тоа е невнимателниот старт кој резултираше со двојна скршеница на ногата кај Исмаел Коне, па во ситуацијата кога репрезентативецот на Канада заврши на оперативна маса, Мадибо оди на долго ладење. Коне поради скршеница на тибијата и фибулата ќе ...

Со две победи на стартот на мундијалот, селекцијата на САД обезбеди место во нокаут фазата, а со оглед на играта која ја прикажа, тимот на Маурисио Покетино се издвои како едно од најпријатните изненадувања во оваа фаза. Токму поради тоа, кодомаќинот на турнирот може сосема растеретено и релаксирано да пристапи на средбата со Турција, но во моменти кога изгледа се добро, аргентинскиот стручњак се обиде да потсети на тешката почетна фаза и на ...

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се на залезот на нивните кариери, но и на оваа возраст се супер важни за Аргентина и Португалија, две селекции за кои и понатаму прават разлика на теренот. Меси ги даде сите пет погодоци за „гаучосите“ на досегашниот дел од турнирот и донесе две победи против Алжир и Австрија, додека пак Роналдо им одговори на критичарите со двата гола против Узбекистан. Јирген Клоп одблизу го следи турнирот во САД, Канада и ...

Вардар по пауза од неколку години се враќа во елитната Лига на шампионите и тоа откако беше прифатено неговото барање за вајлд карта од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ). За утре од 11 часот е зажаната ждрепката за групната фаза, а ЕХФ веќе ја информираше јавноста за тоа како изгледаат шеширите. „Црвено-црните“ се во последниот четврти барабан заедно со Целје, Криенс-Луцерн, Кристијанштад, Архус и Партизан, поточно ова се тимови ...

Германија е една од селекциите која си ја заврши задачата по првите две кола на Светското првенство, оствари две победи и го обезбеди првото место во групата пред завршницата на оваа фаза која за нив значи соочување со Еквадор. Меѓутоа селекторот Јулијан Нагелсман не е докрај задоволен затоа што уште некое време нема да го знаат ривалот во првата нокаут фазата, поточно тоа ќе биде еден од третопласираните селекции од групите А, Б, Ц, Д или Ф, ...

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб што се игра на земјена подлога за награден фонд од 30.000 долари. Ивановски дојде до најдобрите осум откако денеска славеше над Павлос Циципас, помалиот брат на најпознатиот член на семејството, Стефанос. Калин славеше со 2-0 во сетови, но по една голема битка која траеше повеќе од два часа. Првиот сет беше решен во тај брејк и тоа дури по 18 ...

Бразил ја оправда фаворитската улога и во соочувањето со Шкотска, па со две победи и едно реми го обезбеди првото место во групата и со зголемена самодоверба ќе влезе во нокаут фазата на Светското првенство. Најдобар играч на Бразилеците на досегашниот дел од турнирот е Винисиус Жуниор кој стрелаше и против Шкотите и сега има четири погодоци зад неговото име. Тој воедно добил и облог со селекторот Карло Анчелоти поради постигнатиот гол со ...

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски пред неколку дена официјално ја заврши приказната со Тренто, додека пак веќе денеска е познат клубов во кој ќе ја продолжи кариерата. Јакимовски од понудите што ги имаше на маса ја избра онаа на Наполи што значи останува во Италија. Наполи е тим кој претходнава кампања ја заврши на десеттата позиција во Лега А и со тоа остана без пласман во плејоф каде пак беше активен досегашниот тим на ...

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и официјално ја заврши соработката со еден од најдобрите руски клубови Зенит. Димитријевиќ пристигна во клубот од Санкт Петербург минатото лето и требаше да биде големо засилување, но по само неколку месеци си замина и како позајмен играч ја доигра тековнава сезона во Баерн Минхен. Тој имаше договор со Зенит и требаше да се врати во оваа средина, но тоа не се случи откако двете страни пронајдоа ...

Бразил ја совлада Шкотска со 3-0 и како првопласирана репрезентација од својата група оди во нокаут фазата на Светското првенство. Винисиус Жуниор и Куња беа стрелци на погодоците, но тие паднаа во сенка на Нејмар кој по долго време одново го видовме во дресот на „кариоките“. Напаѓачот доби шанса во 76 минута што за него беше прв настап во националниот дрес по 2023 година или поточно по пауза од 981 ден. Емоциите беа присутни, па Неј се ...

Шпанскиот репрезентативец, Марк Кукурелја се враќа дома и во натпреварувачката 2026/2027 ќе го гледаме во дресот на Реал Мадрид. Тој ја прифати понудата која пристигна од кралскиот клуб или поточно пресече и ја напушти Англија каде настапуваше од 2021 година, прво во Брајтон, а потоа и во Челси. Марк ќе има задача да донесе цврстина на левата бековска позиција, односна страна на теренот за која верува дека ќе има добра соработка со Винисиус ...

Англија ги разочара своите навивачи со настапот против Гана, соочување во кое сите очекуваа потврда на одличната игра прикажана против Хрватска. Меѓутоа „гордиот албион“ имаше навистина скромно издание против африканците, скоро и да не создаде некоја поголема шанса и на крајот мораше да се задоволи со само еден освоен бод. Сите натпевари со големо внимание се пратат на островот и Пол Сколс како човек кој остави голем печат, трага на островот ...

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува нов тест натпревар со Бугарија, овојпат во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. На првиот тест во Самаково доживеавме убедлив пораз, но ова е нов меч и селекторот Жозе Марија Берокал верува дека ќе се прикажене во подобро издание. –Ни следува контролниот натпревар со Бугарија на кој ќе видиме кој ќе игра, како функционираме и како ќе изгледаме на теренот. На претходниот натпревар игравме со 12 ...

Дојдовме до највозбудливиот дел од првата сезона на Плазма Спортските игри за млади – Државното првенство. Големиот спортски спектакл ќе се одржи во Општина Кисела Вода на 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот. На едно место ќе ги видиме најдобрите „симовци“ од цела Македонија. Млади, мотивирани и подготвени да го дадат својот максимум. Околу 600 дечиња ќе се борат за пласман во големото финале кое од 17 до 22 август ќе се ...

Жозе Мурињо има пад во тренерската кариера, но без разлика на тоа Флорентино Перез одлучи да му даде нова шанса и Португалецот во новата сезона ќе го гледаме на кормилото на Реал Мадрид. „Кралевите“ имаа доста проблеми во претходните две сезони и времето ќе покаже дали Мурињо е вистинскиот човек за да ги реши истите и го изведи максимумот од групата која ќе ја има на располагање, а во меѓувреме трофејниот стручњак застана зад Микел Артета и ...

Германскиот фудбалски стручњак, Јирген Клоп даде прогоноза за тоа кој ќе ја освои титулата на 23. Светско фудбалско првенство. Веќе сме во финишот на првата фаза, се игра третото коло и има доволно материја од досега прикажаното да се извлечат одредени заклучоци, па воден од ова Клоп верува дека неговата Германија има најголеми шанси да биде шампион. -Велам Германија. Досега, една убедлива победа, потоа уште една, но пред сè, замени што ...

Лионел Меси ја предводи Аргентиина и на ова Светско првенство каде воедно со пет погодоци е прв стрелец на досегашниот дел од турнирот. Меси ги даде сите голови за „гаучосите“, прво тргна со „тројка“ против Алжир, потоа беше двоен стрелец со Австрија и притоа не реализираше пенал во првото полувреме што значи дека лесно можеше да запише уште еден хет-трик. Тој веќе го прослави 39. роденден и многумина сметата дека ова е негов последен танц во ...

Комплетиран е списокот на сите учесници на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кое пак ќе ги даде првите патници кои ќе учествуваат на големото финале во Сплит (17 до 22 август). Ги чекавме победниците од Западниот регион, а град домаќин беше Македонски Брод. Возбудливи натпревари, многу насмевки и нови пријателства беше дел од атмосферата. Нашите „симовци“ го испочитуваа најважното спортско правило фер-плејот. ...

Фабио Канаваро ја прифати понудата и стана селектор на Узбекистан, селекција која не се прослави на досегашните два настапи на Светското првенство особено против Португалија. Португалија славеше со 5-0, меч во кој Кристијано Роналдо постигна два гола и со тоа ја „отвори сметката“ на овој мундијал. Канаваро има само комплимнети за ветаранот за кого се надева дека ќе продолжи да игра уште некое време иако тој веќе влезе во петтата деценија од ...

Заврши првиот ден од третото последно коло од групната фаза на Светското првенство и тоа со едно големо изненадување со што го имаме првиот формиран пар за нокаут фазата за 23. мундијал. Ко-домаќинот на овој настан Мексико продолжи да победува и ја суреди Чешка со 3-0 со три погодоци во второто полувреме. Чавез-Гарсија го отвори резултатот во 55 минута, потоа Кињонес стрелаше за 2-0, а на крајот точка на приказната стави резервистот Фидалго ...

Репрезентацијата на Бразил издвојува убедлива победа над Шкотска од 3-0 во средбата од третото коло од групата Ц на Светското првенство. „Кариоките“ на втора средба во низа славеа со идентичен резултат и тоа благодарение на погодоците на Винисиус Жуниор и Куња со тоа што мора да се каже дека две асистенции запиша Бруни Гимараеш. Ова беше посебен меч за Бразили поради една друга причина, Нејмар официјално се врати во националниот тим и заигра ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54

Кобалт

33.53