Со 18 години и 276 дена, Карим Алајбеговиќ стана најмладиот стрелец кој постигнал гол надвор од шеснаесетникот на еден фудбалски мундијал, учинок кој направи неговиот фантастичен погодок да изгледа уште поимпресивно. Талентираниот фудбалер ја покажа својата класа на највисока фудбалска сцена и изгледаше како најопасен фудбалер од босанскиот тим, па покрај тоа што ја воодушеви цела нација, успеа да собере и неверојатни комплименти од Златан ...

Босна и Херцеговина направи важен исчекор кон нокаут рундата на Светското првенство и само луда математика може да ги остави „змејовите“ без тоа, па токму поради таквиот расплет на настаните, избраниците на Сергеј Барбарез на големо ја славеа клучната победа во групата. Босанците го победија Катар со 3:1 и се доближија до 1/16 финалната фаза на мундијалот, па иако ќе треба да почекаат на другите резултати од третата рунда, со четири освоени ...

Дефанзивецот Марк Кукурелја ја промени клупската средина и во новата сезона ќе го гледаме во шпанскиот вицешампион Реал Мадрид. Кукурелја направи изненадувачки трансфер и го прифати повикот од „Бернабеу“ иако е дете на Барселона, играч кој мина низ школата „Ла Масија“, играше и за Б тимот, но не доби шанса во првата екипа. Допрва ќе видиме како ќе биде дочекан на „Камп Ноу“, а во меѓувреме се надева дека уште еден играч на Челси ќе го следи ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико е посебно од повеќе причини, а една од промените е задолжителната пауза за хидратација во текот на двете полувремиња. Сега изгледа како да имаме четири четвртини, односно овој новитет доби доста критики од играчите, навивачите кои упатуваат свирежи, стручните лица, поточно се помалку луѓето се убедени дека ФИФА го има ова направено поради здравјето на фудбалерите. Овие пауза кои се по три минути и ...

Кошаркарите на Валенсија направија втор брејк на гостувањето кај Барселона во финалето на шпанскиот плејоф и стигнаа до титулата во АЦБ лигата. Гостите и денес заслужено стигнаа до победата, доминирајќи на гостувањето кај Барса и приведувајќи го крајот на серијата со конечен резултат 84:108. Каталонците го отворија финалето со гостинска победа, но оттогаш загубија три средби по ред, па поразениот во оваа серија оди на поголем ремонт, кој ...

Босна и Херцеговина оствари многу важна победа против Катар во последното коло од групната фаза на СП 2026 и сега мора да почека за да добие потврда на пласманот во следната рунда. Избраниците на Сергеј Барбарез денеска заслужено го совладаа азискиот ривал и стигнаа до вкупно четири бодови, а победата беше најавена со атрактивниот гол на Керим Алајбеговиќ. Алајбеговиќ со 18 години и 276 дена стана осмиот најмлад стрелец во мундијалската ...

Натпреварот меѓу Англија и Гана заврши без голови, но донесе и тензија на теренот, африканската селекција тврди дека е оштетена за недосуден пенал, а во финишот Џуд Белингам влезе во конфликт со клупата на противникот. Англискиот репрезентативец потоа се дообјаснуваше со Џордан Ају, притоа покривајќи ја устата со својата дланка, нешто што сега се казнува со директен црвен картон. Мигел Алмирон од Парагвај беше исклучен поради оваа причина, но ...

Швајцарија ја доби директната пресметка (2:1) за прво место со Канада и од најдобра позиција ќе ја дочека нокаут фазата, додека Босна и Херцеговина со прва мундијалска победа (3:1) на СП 2026, се приближи до потенцијален пласман во следната рунда. Варгас и Манзамби го решија победникот на дуелот во Ванкувер, откако постигнаа по еден гол во 46 и 57. минута, а Канаѓаните до крајот успеаја само да намалат со голот на Промис Дејвид. И покрај ...

Панатинаикос започна нова ера со враќањето на Жељко Обрадовиќ на тренерската функција, а денеска активираше и трансфер кој ќе предизвика многу реакции во грчката јавност. Ни помалку, ни повеќе, ПАО се засили од најголемиот ривал Олимпијакос и во своите редови ќе го доведе центарот Мустафа Фал. „Зелените“ објавија дека францускиот кошаркар потпишал двегодишен договор, со опција за продолжување и на уште една година, па овој потег дефинитивно ...

Менаџерската промена во Манчестер Сити не значи и намалување на клупските амбиции, па менаџментот активно работи на доведување квалитетни играчи и потврда на шампионските амбиции во новата сезона. „Дејли Мејл“ тврди дека Сити е во завршни преговори со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон, кој ќе донесе и нов премиерлигашки рекорд во однос на трансфер сумата. Англискиот репрезентативец е најважна трансфер цел на Сити во летниот ...

Остин Ривс ќе остане во Лос Анџелес Лејкерс, а за возврат од клубот ќе добие рекорден договор за недрафтуван кошаркар во НБА лигата. Американските медиуми пренесуваат дека ниту играчот, ниту клубот размислувале за разделба, па и покрај опциите на Ривс да преговара со други клубови, тој ќе остане во една од најамбициозните екипи во лигата. Ривс заработи незгодна повреда во финишот на претходната сезона и со својот ефект не можеше да го спаси ...

Италијанскиот прволигаш Лацио ќе претрпи драстични промени во својот состав, па покрај тоа што ќе има нов тренер во Џенаро Гатузо, ќе остане и без многу искусни играчи. Последниот кој дефинитивно заминува е Алесио Ромањоли, кој веќе реализирал трансфер во редовите на катарски Ал Сад. Ромањоли и претходно сакаше да го напушти Лацио, но таа желба ќе му биде исполнета дури сега, при што ќе ја продолжи кариерата во клубот од Доха. Во малку ...

Бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија не ги крие големите амбиции за новата сезона, а денеска потврди и звучно засилување. Во главниот град на нашиот источен сосед пристигнува Стефано Сенси, поранешниот фудбалер на Интер кој освои и две скудета со италијанскиот состав. Сенси го истакна својот потенцијал како член на Сасуоло, потпиша за Интер, но никогаш не успеа целосно да го потврди својот квалитет во екипата со која сепак освои две скудета. ...

Златан Ибрахимовиќ и натаму е актуелен со своите изјави како стручен коментатор на актуелното светско првенство, а во последниот разговор зборувал и за Рафаел Леао. Португалскиот репрезентативец самиот најави дека можеби ќе побара да биде ставен на трансфер листата на Милан и да добие шанса за излезен трансфер ова лето, па Ибрахимовиќ како најблизок соработник на сопствениците има сериозно влијание со својот став околу неговата иднина. Откако ...

Лина Ѓорческа избори пласман во третото и последно квалификациско коло за Вимблдон и е на само еден чекор до еден од најголемите успеси во кариерата. Македонката денеска славеше над португалската ривалка Франциска Жорге и тоа со пресврт во меч со три сета. Првиот сет помина со по два брејка на двете страни, но Португалката направи клучен трет бејк во дванаесеттиот гејм и наместо во тај-брејк, го испрати мечот во втор сет со посакувана ...

Англиската фудбалска репрезентација веќе обезбеди пласман во следната рунда на СП 2026, но селекторот Томас Тухел посакува дуелот со Панама да биде искористен за да се поправи впечатокот од неубедливото издание во втората рунда. Англичаните ќе бидат големи фаворити на оваа средба и со триумф ќе го заверат првото место во групата, но прашање е дали во составот ќе бидат Деклан Рајс и Рис Џемјс. Искусните дефанзивци имаат важна улога во составот ...

Раководството на Тотенхем и менаџерот Роберто Де Ѕерби се обидуваат да го подобрат квалитетот на ростерот за следната сезона, со што лондонскиот клуб би избегнал драма и борба за опстанок и би можел да размислува за многу поголеми амбиции во првенството. Тотенхем е еден од најактивните премиерлигаши во досегашниот тек на преодниот рок, а денеска го потврди и ангажирањето на искусен голман. Се работи за Мартин Дубравка, словачкиот голман кој ...

Калин Ивановски имаше сигурен настап во првото коло на фјучрсот во Загреб и без загубен сет може да се подготвува за следната пречка. Македонскиот тенисер денеска го отвори настапот во хрватската престолнина со дуел против 20-годишниот Јан Фачек од Чешка, а на теренот остана 82 минути. Ивановски го доби првиот сет со 6:2, во вториот беше подобар со 6:3, па без поголеми проблеми го потврди триумфот во два сета и се пласираше во наредната ...

Раководството на ФК Силекс обезбеди две интернационални засилувања за тренерот Александар Васовски и тие доаѓаат од првенствово во Босна и Херцеговина. Клубот од Кратово ги потврди Нихад Шеро и Есмир Хусакиќ како свои нови членови, а ќе бидат освежување на офанзивните позиции. Шеро е 27-годишен крилен напаѓач чиј последен клуб бил Челик, а зад себе има настапи и за други клубови во Босна и Херцеговина. Хусакиќ е напаѓач кој има 24 години и ...

Џон Вол беше последниот прв пик на драфтот кој го бираше Вашингтон Визардс во 2010-та година, а 16 години подоцна, „волшебниците“ добија шанса први да бираат млада кошаркарска надеж. НБА драфтот се одржа во раните утрински часови и дознавме дека Вашингтон го избира првиот пик, а тоа е Еј Џеј Дибантса кој беше број еден во колеџ кошарката изминатава година. За време на својата една и единствена сезона на универзитетот БЈУ, Дибантса во просек ...

Сениорската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе ја одредат конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, а целта е со нови победи да се потврди ...

Кошаркарскиот прволигаш Кожув денеска ја информираше јавноста дека нов тренер на првата екипа ќе биде Миодраг Тодоровиќ. Младиот стручњак постигна одлични резултати на клупата на Маџари, екипа која ја доведе до финалето на плејофот во македонската прва кошаркарска лига, а сега прифатил нов предизвик. По само една сезона во скопскиот состав, Тодоровиќ се сели во редовите на Кожув, екипа која веројатно ќе се обиде да стигне до многу подобри ...

После сите најави кои претходеа во изминатите неколку недели, Дукати Леново се реши прв да повлече клучни потези околу иднината, односно уште отсега ги најави двајцата возачи кои ќе бидат лидери на проектот во наредните две години. Од наредната сезона, Мото ГП возбудувањата ќе се одвиваат во сосема поинакви услови и ќе има сосема нови агрегатите со зафатнина од 850 кубни сантиметри (850cc), а огромната промена ги натера најпознатите тимови ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ја претставува „Шпаркасе круг“ – новата платформа за партнерства и лојалност што на своите клиенти им носи поголема вредност во секојдневието. Преку ексклузивни попусти, специјални понуди, подароци и дополнителни бенефиции кај повеќе од 300 внимателно избрани партнер-трговци, клиентите можат да уживаат во многубројни поволности при плаќање со која било дебитна или кредитна картичка издадена од Шпаркасе Банка. Со ...

Рафаел Леао вчера постигна гол со кој ја запечати победата на Португалија против Узбекистан, а бидејќи со тој погодок си симна голем товар од себе, крилниот напаѓач не заборави на своите најблиски и сите оние кои му биле поддршка во тешките моменти оваа сезона. Леао остави зад себе катастрофална сезона на индивидуален и тимски план, па иако веќе најави дека се гледа надвор од Милан, сега доаѓа до ситуација кога може да го промени мислењето. ...

Крајот на Ф4 турнирот во Лигата на шампиони го одредува новиот првак и идниот владетел во наредните 12 месеци, но исто така, ова време се користи за да се издвојат потезите кои ја одбележаа сезоната. Македонија и оваа година имаше свој претставник во најелитното натпреварување и тоа беше екипата на Еурофарм Пелистер, а иако битолчаните не стигнаа предалеку, неколку играчи се издвоија со извонредни партии на најсилно ниво. Тоа пред се важи за ...

Мигуел Алмирон стана првиот играч во историјата кој доби исклучување на еден фудбалски мундијал поради „Винисиус правилото“ кое го воведе ФИФА, казна која му се доделува на фудаблер кој влегува во конфронтација со ривал и го прави тоа со прекриена уста. Алмирон ја покри устата со својата рака и според правилата доби директен црвен картон, но се ќе беше во ред ако вчершаниот меч не донесеше идентичен пример, во кој сепак не беше употребена ...

Роналдо Назарио остави фудбалски белег кај милиони фанови ширум светот, а истото важи и за фудаблските ѕвезди кои две децении по неговите магии имаат шанса да се докажуваат на најголемата фудаблска сцена. Џејми Левелинг е германски репрезентативец и добива шанса како „џокер“ од клупата на Јулијан Нагелсман, но како млад фудбалер кој се заљубил во фудбалската магија на Бразилецот Роналдо, сега доби подарок кој сигурно ќе има посебно место во ...

Хари Кејн не беше премногу инволвиран во играта на Англија и беше евидентно дека една негова шанса може да направи главна разлика на натпреварот со Гана, па иако дочека такво нешто во 86-та минута, капитенот на „гордиот албион“ реагираше некарактеристично лошо. Напаѓачот ја дочека одбиената топка од гредата и ја испрати истата далеку над голот, па така пропадна последната голема шанса на Англија да освои три бода и уште по второто коло да ...

Новак Ѓоковиќ се пријави на егзибицискиот турнир во Хурлингем и требаше денеска да има генерална проба пред Вимблдон, но во последен час одлучил да го откаже учеството и тоа го направил без никакво објаснување. Турнирот во Хурлингем објави дека Ѓоковиќ ќе биде заменет од Мартин Дам во закажаната пресметка со Карен Хачанов, па така наместо да гледаме генерална проба на Србинот пред еден од омилените грен слем турнири, сега надвиснуваат ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58