Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките за претквалификациите за Европското првенство 2029 година, поточно дуелите со Ирска и Луксембург. Првиот предизвик е против Ирците на домашен терен и целта е една и единствена, победа на соочувањето во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. –Подготовките досега се одвиваат одлично. Работиме напорно на секој тренинг и мислам дека од ден на ден изгледаме подобро. Атмосферата е ...

Македонскиот ракометен прволигаш Бутел во новата сезона ќе биде предводен од нашата легенда Стојанче Стоилов, па под негова палка се гради составот за натпреварувачката 2026/2027. Веќе се доведени две имиња, засилувања и тоа на голманската позиција Градимир Чаневски и Марко Богдановски. Дел од играчите ќе останат, па така откако соработката беше продолжена со десното крило Бојан Спасовски, сега стигна информација дека истото е направено и со ...

Германците ќе бидат дел од нокаут фазата на СП 2026, но нивните игри и резултати не ги промовираа во групата главни фаворити за највисок пласман. Избраниците на Јулијан Нагелсман направија драматичен пресврт на дуелот со Брегот на Слоновата Коска, за потоа да загубат од Еквадор, а спортскиот директор на федерацијата, Руди Фелер, признава дека Германците не се на нивото на Шпанија и Франција. – Располагаме со тим, кој кога игра на сто проценти ...

Фудбалската репрезентација на Шкотска оствари една победа на СП 2026, но тоа не беше доволно за пласман во нокаут фазата и донесе очекувана оставка од селекторот Стив Кларк. Откако официјално стана јасно дека шкотските репрезентативци го завршиле настапот на мундијалот во САД, Канада и Мексико, Кларк ја информирал федерацијата дека се повлекува од функцијата, на која имаше солидни резултати со националниот тим. Кларк потпиша нов четиригодишен ...

Англија повторно не ги импресионираше своите фанови иако очекувано ја победи Панама, а дополнителен удар за „трите лава“ е уште една повреда на најдефицитарната позиција на ова светско првенство. Откако Тино Ливраменто се повреди многу порано, а Рис Џемјс паузира токму поради повреда, на десната бековска позиција сега нема да може да покрива ни Џарел Кванса. Токму Кванса го замени поискусниот Џејмс на позицијата десен бек на дуелот со Панама, ...

Аргентина рутински го доби дуелот со Јордан и ја оправда фаворитската улога во последниот дуел од групната фаза на СП 2026, додека резервистот Лионел Меси испорача уште еден рекорд на мундијалите. Посебно интересен детаљ од овој натпревар беше изведувањето на слободниот удар на Лo Селсо, кој уште во почетната фаза донесе посакувано водство од 1:0 за „гаучосите“, испраќајќи ја топката покрај живиот ѕид на азиската селекција. Важен удел во ...

Холандската фудбалска репрезентација имаше добар настап во групната фаза на СП 2026, а еден од најважните репрезентативци сподели дека добил најнепосакувана вест од својата татковина. Коди Гакпо ужива голема доверба кај селекторот Роналд Куман, но за време на мундијалот морал да се соочи со информацијата дека го загубил нероденото дете. Гакпо и неговата партнерка Ноа ван дер Биј веќе имаат едно дете, а го очекуваа раѓањето на второто во ...

Кристијано Роналдо одигра цел натпревар за Португалија во соочувањето со Колумбија, а тој и неговите колеги од националниот тим на крајот мораа да се задоволат со реми и второ место во групата. Роналдо не беше одморен на оваа средба иако беше јасно дека Португалците ќе одат во нокаут фазата на СП 2026, а селекторот Роберто Мартинез истакнал дека фактот што ривалите решиле да ги одморат Лионел Меси и Ергин Халанд не значи дека и тој ќе го ...

Легендарниот француски репрезентативец, Патрик Виера издвои една селекција која според него ја има улогата на фаворит од сенка за пехарот на Светското првенство. Допрва следуваат најважните борби, фаза во која се нема право на грешка и секој кикс може да значи крај на мундијаскиот сон. Патрик знае што значи да се биде на врвот на светот затоа што тоа со Франција го направи на крајот на минатиот век, а кога е во прашање овој турнир тој смета ...

Раководството на Челси веќе го обезбеди Марко Палестра за новиот менаџер Чаби Алонсо, но во моментов преговара за уште неколку засилувања, меѓу кои и еден личен избор на шпанскиот стручњак. Премиерлигашот тргнал во акција по потписот на искусниот Гранит Џака, фудбалер кој има историја на одлична соработка со Алонсо и токму менаџерот иницирал да биде доведен во редовите на Челси. 33-годишниот Џака во моментов настапува за Швајцарија на СП ...

Последните натпревари од третото коло во групната фаза значеа потврда и за конечниот пласман на сите репрезентации, вклучувајќи ги оние кои чекаа нокаут фаза како третопласирани во своите групи. Иран извиси по ремито на Алжир и Австрија, но Австријците со драматичното реми си потврдија тежок противник, а тоа ќе биде актуелниот европски шампион Шпанија. Алжир оди на Швајцарија, додека ремито на Португалците значеше дека нивен следен противник ...

Нико Вилијамс ја остави зад себе најтешката сезона во својата кариера поради низа физички проблеми кои ги имаше, а кога се чинеше дека темпира посакувана форма на мундијалот, следеше нов шок за крилото. Помладиот од браќата Вилијамс го заврши мечот со Уругвај со наведната глава и покрај победата од 1:0, а причина за тоа беше повредата која ја заработи како резултат на жесток старт. Нико де ла Круз намерно го шутна Вилијамс и ризикуваше да му ...

Лина Ѓорческа испиша историја со трите победи во квалификациите и за првпат во својата кариера ќе настапи на главен турнир на еден од четирите грен слем турнири, а успехот е уште поголем кога ќе се земе во предвид дека тенисерката од Тетово ќе биде дел од најпрестижното случување. Вимблдон е врв на кариерата за голем број тенисери ширум светот и Македонија сега за првпат во историјата ќе има свој претставник, а после сите пофалби кои ги доби ...

Аргентина ја затвори групната фаза на СП со очекувана победа над Јордан, додека Колумбија и Португалија одиграа дерби без голови, кое ги испрати Кристијано Роналдо и соиграчите на нокаут натпревар со Хрватска. Ло Селсо и Мартинез со по еден гол во првиот дел ја најавија победата на актуелниот светски шампион, а резервистот Меси во финишот ги постави конечните 3:1, со што дополнително го подобри рекордот за најмногу постигнати голови на ...

Хрватска играше натпревар на кој можеше да биде задоволна со реми, но наместо да патува во нокаут фазата како третопласиран, тимот на Златко Далиќ се избори за победа против Гана. Африканската селекција во секое сценарио имаше место меѓу 32-те најдобри, но на крајот ќе патува таму како една од осумте најдобри третопласирани екипи во групната фаза. Хрватите победија кога беше најпотребно и го повторија резултатот од мечот со Панама, односно ...

Екипата на Вардар по подолго време одново ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а веќе го првата рунда го очекува навистина незгоден ривал, противник кој е во навистина добра форма. Се работи за составот на Купс од Финска кој го игра тековниот шампионат, а денеска како гостин го уништи најтрофејниот тим во натпреварувањето ХЈК од Хелсинки. Како гостин славеше со 4-0 со тоа што мора да се напомене дека домаќините од 15 минута ...

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни резултати во подготвителниот период. Нашите младинци ја забележаа и првата гостинска победа, откако во Стара Загора беа подобри од Бугарија со 95:86, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции. Избраниците на селекторот Никола Велев имаа одличен почеток на средбата и уште во првата четвртина покажаа дека се подготвени за силен предизвик. Со ...

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски избори пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Загреб, турнир во хрватската престолнина што се игра на земјена подлога за награден фонд од 30.000 долари. Калин успеа во денешното полуфинале да слави над домашниот претставник Божо Барун со 2-1 во сетови. Нашиот ас отвори со 6-4, ривалот возврати со 6-3 за да во решавачната рунда Ивановски биде подобар со 6-3 и обезбеди место во наредната рунда. Нема да ...

Силекс за брзо време го очекува настап на европската сцена, предизвик за кој е потребен што подобар и поквалитетен играчки кадар, па македонскиот прволигаш официјално обезбеди уште едно засилување. Клубот од Кратово во претходниов период ги доби потписите на Нихад Шеро, Есмир Хасукиќ, Дарко Илиески и Никола Богдановски, листа на која сега е додаден Никола Манојлов. Се работи за играч кој досега беше дел од Работнички, играч кој е младински ...

Веќе сме во завршницата на групната фаза на Светското првенство, па иако се уште треба да добиеме некои одговори околу патниците и како ќе изгледа комплетниот „костур“ до самиот крај, имаше доволно натпревари за да се донесат одредени заклучоци. Поранешниот англиски репрезентативец Мајка Ричардс и овојпат ја има улогата на стручен консултант, аналитичар за различни медиуми и тој направи промена на фаворитот за пехарот. Неговиот прв избор ...

Ламин Јамал веќе некое време е на големата сцена, а по појавувањето и изданијата веднаш почнаа споредбите со Лионел Меси. Двајцата играаат на иста позиција, левата им е силна нога, прават магија на теренот, но и двајцата минаа низ Ла Масија со тоа што едниот многу ја задолжи Барселона, а овој помладиот сега се обидува за изгради свое наследство на „Камп Ноу“. Колку тие споредби колку се добри, толку се и лоши, незгодни, носат притисок, а и ...

Норвешка имаше директен дуел со Франција за првото место во групата И, но наместо голема борба видовме како скандинавците предвреме се откажуваат, поточно го одиграа натпреварот со вториот тим. Селекторот Стале Солбакен го смени комплетниот тим (со исклучок на еден) и тоа Франција без проблеми го искористи и го доби натпреварот. Солбакен за ова доби критики, но тој јавно порача дека воопшто не се кае и дека одново тоа би го направил ако и ...

Чаби Алонсо во новата сезона ќе го гледаме на англиската фудбалска сцена и тоа како предводник на премиерлигашот Челси. Ова значи дека Шпанeцот се враќа на островот каде остави трага како играч во дресот на Ливерпул, но сега ова е поинаков предизвик и ќе има задача да ги врати „сините“ на победнички патеки. Алонсо не се прослави во Реал Мадрид, Челси имаше лоша сезона што сигурно може да донесе екстра мотивација за успешна 2026/2027. ...

Ниту Вардар, ниту Шкендија и Струга Трим Љум не успеаа да остварат позитивни резултати на денешните пријателски натпревари во подготовките за новата сезона. Актуелниот шампион Вардар одигра разочарувачко реми со Ла Фиорита од Сан Марино (1-1), резултат кој не е добра најава за тоа што следи, двомечот со Купс во квалификациите за ЛШ. Единствениот гол за „црвено-црните“ беше дело на летното засилување Жерсон Родригез на асистенција на Данев. ...

Членот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски е автор на една од најмагичните асистенции во Лигата на шампионите за натпреварувачката 2026/2027. Митревски во дуелот со Барселона во Битола испрати идеална топка до Дејан Манасков кој пак истата ја искористи, го матираше фантастичниот Емил Нилсен, гол пак беше прогласен за најдобар во кампањата. Цепелинот во режија на Митревски и Манасков е гол на сезоната во ЛШ (Видео) Пред Никола на листата ...

Македонскиот ракометен прволигаш Бутел постигна договор за продолжување на соработката со десното крило Бојан Спасовски. Спасовки е еден од играчите со најголем стаж во скопскиот клуб во кој со новиот потпис ќе остане најмалку до летото 2028 година. Инаку Бутел е тим кој во наредната година ќе биде предводен од легендата Стојанче Стоилови, а досега како засилувања беа обезбедени голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски кои пристигнаа ...

Искусниот Франк Кеси е во потрага по нов клуб, а италијанските медиуми тврдат дека е мета на Јувентус, кој има очајна потреба од засилувања и освежувања во средниот ред. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска игра во одлична форма на СП 2026, а пред новинарите истакнал дека би бил одлично засилување за „бјанконерите“. – Ги прочитав информациите за интересот на Јувентус. – Во моментов сум фокусиран на мундијалот, но ќе кажам една ...

Европскиот шампион ПСЖ планира наскоро да потврди трансфер на уште еден голем француски талент и фудбалер кој ќе дојде од редовите на домашниот ривал Монако. Се работи за Манес Аклиуш, 24-годишниот офанзивен играч за врска, кој го потврди својот потенцијал во кнежевството и е подготвен за нов предизвик. Аклиуш лично разговарал со Луис Енрике и прифатил да стане дел од проектот на ПСЖ, но францускиот првак прво треба да ја официјализира ...

Џорџ Расел ќе стартува од пол-позицијата на утрешната Формула 1 трка во Австрија, што за британскиот возач на Мерцедес ова е четврта трка на која ќе стартува од најдобрата позиција. Макс Ферстапен заврши во заштитната ограда и ќе мора да се задоволи со петтата стартна позиција, додека најголема опасност за Расел од првиот ред ќе биде Шарл Леклер од Ферари. Квалификациите имаа контроверзен финиш бидејќи Расел го комплетираше најбрзиот круг ...

Повредата на Рис Џејмс носи компликации за англискиот селектор Томас Тухел, а Германецот денеска потврдил дека капитенот на Челси нема да биде во комбинација за мечот против Панама. Џејмс се пожалил на болка по ремито со Гана, а најавите на медиумите се дека не само што ќе го пропушти третото коло во групната фаза, туку нема да биде подготвен и за првиот натпревар на Англичаните од нокаут фазата. Тухел добил провокативни прашања дали жали за ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75