Жозе Мурињо инсистира Реал Мадрид да му обезбеди соодветно засилување во средниот ред, но за таа цел шпанскиот клуб мора да се ослободи од уште еден играч. Дани Себалјос веќе е минато за Реал, но сега на трансфер листата е ставен и Едуардо Камавинга, кој треба да си најде нова средина. Проблем за Реал е што Французинот сака да остане во мадридскиот клуб и ќе треба дополнителен напор за ваква одлука, но Мурињо ќе му објасни дека не планира ...

Шпанската фудбалска репрезентација го победи Уругвај за посакуван крај на групната фаза, но селекторот можеби остана без две опции за својата ротација. Луис де ла Фуенте открил дека Нико Вилијамс и Јереми Пино заработиле различни, но подеднакво незгодни повреди и може да отсуствуваат до крајот на мундијалот. Двајцата влегоа во вториот дел на дуелот со Уругвај, при што Пино заработил незгоден удар на клучната коска, додека Вилијамс се ...

Голем број фудбалски легенди се дел од ВИП гостите на ФИФА на светското првенство, а меѓу нив е Дејан Савиќевиќ, кој истовремено е и прв човек на црногорскиот фудбалски сојуз. Легендата на Црвена Звезда и Милан коментирал дел од досегашните случувања на мундијалот и истакнал дека е воодушевен од квалитетот на една селекција. – Досега од тоа што го гледав, најдобар впечаток ми оставија Французите. – Имаат страшна екипа, посебно во нападот, ...

Манчестер Сити се чини дека ја доби битката за Елиот Андерсон и се очекува да го претстави како рекордно трансфер засилување, но од друга страна, тоа значи дека Манчестер Јунајтед ќе мора да тргне по друг играч. „Црвените ѓаволи“ исто така беа во трката за потписот на играчот на Нотингем Форест, а откако надалеку се прошири веста дека тој патува кон „Итихад“, Рио Фердинанд има друг предлог за својот сакан клуб. Легендарниот дефанзивец смета ...

Гонсало Рамош не се изнаигра во ѕвездениот тим на ПСЖ кој освои две последователни титули во Лигата на шампиони, па откако имаше скромен учинок во изминатите две години, Португалецот е решен да се пресели во клуб во кој ќе биде ударна игла во нападот. Такво нешто му нуди Милан и сите италијански медиуми пренесоа дека зделката е завршена, и тоа во рекорден трансфер кој може да достигне 75 милиони евра. Влијателни извори од Италија информираа ...

Аргентина обезбеди пласман во нокаут рундата на Светското првенство, па во третото коло во групната фаза Лионел Скалони ќе може малку да ги измеша картите. На натпреварот против Јордан, за очекување е шанса да добијат играчи кои поретко се во стартната постава, а тоа значи дека во почетните 11 нема да го видиме и Лионел Меси. Капитенот ќе добие поштеда во пресрет на најважните натпревари кои ќе следат во елиминациската фаза, но начинот на кој ...

Шоја Хализадех постигна гол вреден нокаут фаза за Иран во 93-та минута, па иако сите играчи на теренот и оние од клупата го прославија истиот како победнички, повторената снимка детектираше спорна ситуација која го активираше ВАР системот. По долга проверка, Марчињак и неговите асистенти во ВАР собата проценија дека има минимална офсајд ситуација, па радоста на Иран се претвори во очај и на крајот натпреварот заврши 1:1. Иако Иранците ...

Македонската кошаркарска репрезентација победи на вториот натпревар против Бугарија кој беше главна генералка за тоа што следи, односно натперварите во месец јули од претквалификациите за Европско првенство. Тимот кој го води селекторот Берокал ќе одигра два натпревари против Ирска и Луксембург, првиот на 2-ри јули, а вториот три дена подоцна, на 5-ти јули. Играчот на ТФТ Скопје, Виктор Ташовски е еден од оние кои се дел од репрезентативниот ...

Реал Мадрид се одлучи да му даде втора можност на Жозе Мурињо, стратег чија кариера во изминативе години е во пад, стратег за кого ова може да биде идеална можност за враќање на најголемата сцена и тоа во еден од најважните клубови на планетава. Многу работи не функционираа во Реал во претходните две години и Мурињо нема да има лесна задача да ги реши сите проблеми. Килијан Мбапе одигра две извонредни сезони, меѓутоа тие негови партии, ...

Норвешкиот селектор, Стале Солбакен предвреме извади „бело знаме“ и излезе со втор тим против Франција, се со јасна намера да заштеди сили за нокаут рундата која претходно ја обезбеди со две победи. Норвежаните имаа шанса да бркаат победа и да имаат полесен распоред како првопласирани, но наместо тоа, се одлучија да не се трошат залудно против еден од главните фаворити за трофејот и буквално излегоа со втор тим. Дури и Ерлинг Халанд пред ...

Фернандо Муслера го одигра својот последен мундијал во кариерата, но истиот дефинитивно нема да го памети по добри изданија и некој посебен резултат. Напротив, Муслера се претвори во еден од трагичарите на Уругвај на ова разочарувачко Светско првенство, кое рано утрово го заврши по одиграно едно полувреме против Шпанија. Откако направи катастрофална грешка и му подари гол на Баена за водство на Шпанија од 1:0, самиот Муслера решил да побара ...

Зеленортските Острови станаа најмалата земја која некогаш обезбедила пласман во нокаут фазата на едно Светско првенство, а тимот од Африка го направи тоа со неверојатен подвиг во групната фаза. Откако сензационално ремизираше против Шпанија во првото коло со 0:0, потоа одигра 2:2 против Уругвај во нов историски меч со први два погодоци на мундијалите, а групната фаза ја заокружи со ново реми, овојпат против Саудиска Арабија. Играчите од Зелен ...

Пер Мертезакер мина седум сезони во Арсенал во периодот од 2011-та до 2018-та година, но реалноста вели дека најдобрите моменти во репрезентацијата на Германија ги имаше како член на Вердер Бремен. Мертезакер беше стандареден првотимец во Германија за време на Светското првенство на кое беа домаќини во 2006-та година, а воедно испадна и дел од генерацијата која претрпе болен пораз од Италија во полуфиналето. 20 години подоцна, Германија се ...

Тим Хауард важи за една од најголемите легенди во американскиот фудбал, а како човек кој има свое минато и во елитни клубови од Премиер лигата како Манчестер Јунајтед, знае да биде доста актуелен за време на Светското првенство. Кодомаќинот на турнирот претрпе пораз од Турција во последното коло од групната фаза, но истиот беше безболен бидејќи Американците од претходно си осигураа место во нокаут фазата како првопласирани. Маурисио Покетино ...

Белгија одигра два прескромни натпревари за свои услови вововедните две рунди на мундијалот, но една извонредна претстава беше доволна за да се најде нокаут фазата како првопласирана селекција во својата група. Избраниците на Руди Гарсија сериозно си ја сфатија работата и го декласираа Нов Зеланд со 5:1, а овој убедлив триумф беше повеќе од добар за да го осигураат првото место во групата. Тросар со два гола ја најави убедливата победа на ...

Марсело Биелса не успеа да го извади најдоброто од тимот на Уругвај и мораше да се соочи со елиминација уште во раната фаза на мундијалот, нешто што го прави неговиот тим второ најголемо разочарување на турнирот. После Турција, Уругвај е селекцијата која најмалку ги оправда очекувањата на ова Светско првенство, а поразот од Шпанија значеше дека играчите од Јужна Америка полека се пакуваат за дома. Поразот од 1:0 и реми средбите против ...

Белгија одигра два прескромни натпревари за свои услови вововедните две рунди на мундијалот, но една извонредна претстава беше доволна за да се најде нокаут фазата како првопласирана селекција во својата група. Избраниците на Руди Гарсија сериозно си ја сфатија работата и го декласираа Нов Зеланд со 5:1, а овој убедлив триумф беше повеќе од добар за да го осигураат првото место во групата. Тросар со два гола ја најави убедливата победа на ...

Заедно со Турција, селекцијата на Уругвај е најголемото разочарување на Светското првенство, бидејќи во група која требаше да биде втор фаворит, на крајот испадна без ниту една остварена победа. По шокантните резултати против Саудиска Арабија и Зеленортски Острови, избраниците на Марсело Биелса се доведоа во ситуација да бркаат победа против Шпанија, но иако имаа намера да направат подвиг, на крајот им пресуди една трагична грешка на ...

Англија ќе ја заокружи првата фаза на СП 2026 со дуел против Панама, а селекторот Томас Тухел уште отсега знае дека на овој дуел нема да смета на Рис Џејмс. Фудбалерот на Челси има повреда која му создава проблеми од почетокот на мундијалот, а лекарскиот тим сега препорачал подолга пауза, односно пропуштање на неколку натпревари. Бекот на „трите лава“ дефинитивно ќе ги пропушти наредните две средби на Англија, односно покрај соочувањето со ...

Хет-трикот на Усман Дембеле се покажа како доволен и пресуден за француската репрезентација да оствари трета мундијалска победа и со триумфот над Норвешка (4:1) да го потврди првото место во групата. Дембеле погоди во 7, 20 и 32. минута, Норвежаните реализираа исто така во првиот дел и тоа преку Асгард, а тој резултат 3:1 остана речиси до крајот на средбата. За да не остане вториот дел без погодок се погрижи Дуе, кој во 94. минута ги постави ...

Жозе Мурињо се врати во Реал Мадрид и првпат во тренерската кариера ќе соработува со Винисиус Жуниор, а португалскиот стручњак смета дека може дополнително да му помогне на бразилскиот репрезентативец. Винисиус е еден од најважните играчи на Реал, за малку испушти и „Златна топка“, а Мурињо ги коментирал неговите квалитети. – Го следам внимателно на ова светско првенство. – Се работи за многу интересен играч и фудбалер кој сам може да промени ...

Норвешката фудбалска репрезентација веќе има обезбедено место во нокаут фазата на СП 2026, па селекторот Стале Солбакен се реши да го промени речиси целиот тим за дуелот со Франција. Иако беше долго очекувано дерби, фудбалските фанови ќе бидат разочарани бидејќи Норвежаните имаат десет промени во составот, вклучувајќи го фактот дека Ерлинг Халанд ќе остане на клупата барем на почетокот на средбата. Единствено Фредрик Аурсенс го задржал ...

Усман Дембеле ја наполни мрежата на Норвешка уште во првото полувреме на дуелот од третото коло на групната фаза на СП 2026, постигнувајќи хет-трик за 32 минути на оваа средба. Освојувачот на „Златна топка“ три пати испрати неодбранлив удар во сличен стил во мрежата на скандинавската селекција, а Франција на полувреме има солидна предност од 3:1 во дуелот со видно изменетиот состав на Норвешка. Дембеле првпат погоди во 7. минута, потоа во 20 ...

Англиската фудбалска репрезентација со четири бодови ќе го дочека последното коло од групната фаза на СП 2026, а еден од избраниците на Томас Тухел признал дека е разочаран што досега не бил стартер за „трите лава“. Морган Роџерс важеше за еден од главните адути на Тухел, имајќи ги предвид натпреварите пред мундијалот, но на СП добива шанса од клупата за резервни фудбалери. – Не можам да кажам дека сум очекувал нешто, но факт е дека се ...

Реал Мадрид денеска излезе со соопштение со кое официјално стави крај на соработката со еден долгогодишен фудбалер, сценарио кое беше најавено уште пред крајот на сезоната. Се работи за Дени Себалјос, играчот за врска кој од денеска нема обврски кон Реал Мадрид и може да си бара нов клуб како слободен агент. Реал потенцира дека е постигнат заеднички договор за крај на соработката, истовремено заблагодарувајќи му се за посветеноста и напорната ...

Марсело Биелса ќе има тешка задача да обезбеди нокаут фаза на СП 2026 за репрезентацијата на Уругвај, а дополнителен проблем пред дуелот со Шпанија е и „бунтот“ кој го предводат четворица искусни репрезентативци. Медиумите од јужноамериканската земја тврдат дека Феде Валверде, Родриго Бентанкур, Серхио Роше и Ману Угарте побарале итен состанок и на селекторот му соопштиле дека не се согласуваат со неговиот пристап на тренинзите и тактиката за ...

Раководството на Милан ја помина фазата на преструктуирање и очигледно веќе е договорен првиот посериозен трансфер во овој преоден рок. Новиот тренер Рубен Аморим ќе го добие првото големо засилување, а тоа ни помалку, ни повеќе, ќе биде негов сонародник кој важи за одличен напаѓач и голгетер. Се работи за Гонсало Рамош, досегашниот фудбалер на ПСЖ, за кого двата клуба постигнале договор за трансфер и фудбалерот наскоро ќе биде потврден од ...

Шведска со ремито против Јапонија го потврди пласманот во нокаут фазата на СП 2026, но очигледно Ентони Еланга не бил баш најдобро информиран за комбинациите и што му е потребно на неговиот тим да ја оствари посакуваната цел. Еланга стана хит на социјалните мрежи поради фактот што не го криеше разочарувањето по ремито и се најде на тревата сметајќи дека Шведска ќе биде елиминирана од мундијалот уште во првата фаза. Самиот Еланга по ...

Јирген Клоп редовно ги коментира случувањата на СП 2026 и посебно она што е поврзано со германската репрезентација, а не го криел разочарувањето по поразот од Еквадор. Германците поведоа на стартот, но потоа дозволија пресврт од агресивниот јужноамерикански противник, кој имаше поголема мотивација бидејќи победата му беше потребна за пласман во нокаут фазата. Клоп ја критикувал играта на своите сонародници и потенцирал дека истата не ветува ...

Украинскиот шампион Шахтјор е во финални преговори со англиски клуб, кој сака да биде домаќин на натпреварите на оваа екипа во групната фаза од Лигата на шампионите. Поради актуелната ситуација во Украина, Шахтјор одамна ги игра домашните натпревари во друга земја, а последната сезона тоа се случуваше во Љубљана и Краков. Сега, раководството на Брентфорд е блиску да се договори со Украинците да ги играат атрактивните натпревари во западен ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35