Винисиус Жуниор прераснува во главна бразилска ѕвезда на овој мундијал и вистински лидер на тимот на Карло Анчелоти, па во моменти кога сите во Бразил ги следат случувањата на мундијалот, од родната земја му пристигна и уникатна порака. Во последното интервју кое го направи со Лусијано Хак, Винисиус доби видео порака од жената која го одгледала, односно од неговата баба која има среќа да го гледа својот внук на најголемата спортска сцена. ...

Лионел Меси имаше шанса да го „билда“ своето мундијалско конто кога се во прашање головите против Јордан, но аргентинскиот капитен беше резерва на оваа средба и влезе во игра во последните 30 минути. Селекторот Скалони уште пред натпреварот најави дека Меси ќе остане на клупа, меѓутоа по победата над Јордан откри дека тоа било одлука на самиот фудбалер. Аргентинскиот предводник откри дека негова желба била да го игра Меси отпочеток, но самиот ...

Филип Лам е германската фудбалска легенда и играч кој е неизмерно ценет од цела јавност, па токму поради тоа, огромно внимание привлече неговата анализа за досегашниот тек на мундијалот. Сосема очекувано, Лам се предодреди да ја анализира германската репрезентација која како првопласирана се пласираше во нокаут фазата, но во ситуација кога јавноста не е презадоволна од прикажаното на теренот, поранешниот десен бек понуди и своја солуција. Лам ...

Томас Тухел ќе мора да ги решава проблемите на десната бековска позиција во воедната нокаут рунда на мундијалот, а бидејќи неговиот тим ќе влезе како апсолутен фаворит во дуелот со ДР Конго, германскиот стручњак очекува инволвирање и на други ѕвезди кои досега не се „чекираа“ на големиот турнир. Тухел говореше за своите офанзивни фудбалери од кои очекува далеку подобри перформанси од оние кои ги прикажаа во групната фаза, а тука посебно ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико влезе во втората фаза и веќе го имаме првиот патник во осминафиналето, селекцијата на Канада која успеа да ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Јужна Африка (1-0). Допрва следат останатите средби од 1/16 финалната рунда, а пред истите најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата и воедно некогашен англиски репрезенатативец Алан Ширер ја заокружи групната фаза со одговори на ...

Шведска успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство, а веќе во првата нокаут рунда ги очекува најтешкиот предизвик, битка со првиот фаворит за пехарот Франција. „Триколорите“ без некој проблеми рутински ги добија сите три мечеви во групата за разлика од Шведска која славеше со 5-1 над Тунис, па загуби со истиот резултат од Холандија за да на крајот ремизира со Јапонија (1-1). Скандинавците ќе ја имаат улогата на апсолутни аутсајдери ...

Златко Далиќ презема одговорност за двете неубедливи изданија на Хрватска на Светското првенство, но победата против Гана ги одведе „коцкестите“ на второто место и им донесе тежок ждреб во преостанатиот дел од мундијалот. Хрватска одигра сериозен меч против Гана и славеше со 2:1, па во ситуација кога тимот на Далиќ полека фаќа натпреварувачки ритам, селекторот на Хрватите влегува доста оптимистички настроено во нокаут фазата. Неговиот тим ...

Англија го одбрани првото место во својата група со победата која ја оставри над Панама, но избраниците на Томас Тухел долго се мачеа со аутсајдерот и не прикажаа игра која ја импресионираше јавноста, а уште помалку Трој Дини. Легендарниот напаѓач на Вотфорд е еден до најредовните критичари на англиската медиумска сцена, па по победата од 2:0 над Панама, реши посебно да подбере три ѕвезди. – Погледнете ја статистиката и ќе забележите ...

Канада стана првата репрезентација која не играла натпревар на домашен терен како домаќин на еден мундијал во цела фудаблска историја, но тоа не им донесе лоша среќа на избраниците на Џеси Марш. Фактот што го освоија второто место во групата ја пресели експедицијата на Канада во Калифорнија, а вечерва во Лос Анџелес се одигра првиот 1/16 финале дуел на Светското првенство. Канада беше подобра селекција во текот на целиот меч и бараше различни ...

Нико Паз имаше огромна желба да остане во Комо и покрај инсистирањето на Реал Мадрид да ја активира клаузулата за откуп вредна само 9 милиони евра, па иако првиот дел од операцијата беше веќе изведен, двата клуба договорија уште една, доста посложена операција. По барање на самиот фудбалер и неговите претставници, Реал Мадрид се реши повторно да го отстапи Паз на Комо, но овојпат со перманентен трансфер вреден 60 милиони евра. Имено, ...

Гранит Џака пред една година направи се што е во негова моќ да се пресели од Баер Леверкузен во Сандерленд, а како што стојат работите, може да се најде во слична ситуација втора година по ред. Имено, Челси го пикираше искусниот играч за врска како идеално засилување во средниот ред по барање на Чаби Алонсо, па иако Сандерленд не размислува на продажба, „лондонските сини“ денеска испратиле невкусна понуда. Како што јавува угледниот „Атлетик“, ...

Лионел Меси и Килијан Мбапе ги надминаа бројките на Роналдо Назарио и Мирослав Клосе кои беа најдобри голгетери на мундијалите, па иако Аргентинецот е прв во овој момент, Французинот ќе има уште неколку шанси да постави нов апсолутен рекорд. Со оглед на возраста, Мбапе би можел да одигра уште две или три светски првенства до крајот на кариерата и ќе биде голем фаворит за уривање на мундијалскиот рекорд на Меси, а поради фактот што секогаш ...

Роберт Левандовски стави крај на својата убава авантура во Барселона и се одјави после четири години во каталонскиот великан, период по кој Полјакот оцени дека е време за еден завршен спринт во кариерата надвор од Европа. Левандовски во август ќе наполни 38 години и полека влегува во финалната фаза од кариерата, па со цел да ужива во слободното време и професионалниот живот, самиот ја избра Америка како идеална дестинација. Уште по крајот на ...

Португалските фудбалери за моменти ги замолкнаа критичарите со убедливата победа која ја остварија над Узбекистан, но новото бледо издание со кое беше завршена групата отвора доста сомнежи околу апетитите кои ги има тимот на Роберто Мартинез. Играчки гледано според имиња, Португалија има една од најмоќните репрезентации во светот, но рано утрово Колумбија делуваше далеку подобро на теренот и јужноамериканскиот тим беше единствениот кој играше ...

Канада вечера ќе ја отвори нокаут рундата на Светското првенство, и тоа на натпревар против Јужна Африка кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Двајцата селектори веќе ги одредија стартните постави, но пред да дојде до почетното загревање и интонирањето на химните, вреди да се издвои еден податок кој е вистински раритет. Канада оваа вечер ќе прекрши едно од најосновните мундијалски правила во историјата на фудбалот, бидејќи денеска за првпат ќе ...

Марко Бецеки трета трка по ред останува без бодови на главната трка во Мото ГП, но без оглед на падот на Италијанецот, денеска главна вест во „кралската класа“ беше Аи Огура. Членот на Трекхаус вози извонредно веќе некое време, но ако победата му „побегна“ во Брно, ова попладне извозе маестрално и ја победи конкуренцијата во Асен. Трката за Големата награда на Холандија донесе историја и Огура стана првиот јапонски возач кој победил во Мото ...

Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе мора да прави поголема реконструкција во средниот ред, не само поради заминувањето на Касемиро, туку и поради фактот што сега на подолг рок ќе остане без Мануел Угарте. Првичниот план на клубот беше да го стави Угарте на трансфер пазарот и очекуваше зголемување на цената од мундијалот, но не само што не дојде до тоа поради разочарувачките партии на Уругвај, сега пристигна и вест која најмалку ја посакуваа на ...

Аманда Анисимова како актуелна вицешампионка на Вимблдон влегува во најновото 139-то издание на најпрестижниот тениски турнир, а ждрепката посака токму Американката да се најде на патот на нашата најдобра тенисерка. Лина Ѓорческа избори историско учество на главниот турнир на Вимблдон со три победи во квалификациите и си осигура прво учество на еден од четирите најголеми турнир во светот, но како тенисерка која дебитира на највисоката елитна ...

Австрија и Алжир одиграа неверојатна драма за крај на групната фаза на мундијалот, но голем дел од фановите и фудбалските критичари сметаат дека двете селекции режираа една од најголемите местенки во историјата на Светските првенства. Уште пред стартот на натпреварот, двете селекции знаеја дека им одговара бод за пласман во нокаут фазата, па иако имаше голема драма во завршницата, на крајот се заврши онака како што двата тима планираа. ...

Комплетирана е групната фаза на Светското првенство, а пауза нема да има и веќе вечерва ќе го дознаеме првиот патник во осминафиналето на најголемиот фудбалски настан (Канада или Јужна Африка). Меѓутоа пред да започна возбудувањата во нокаут рундата, мора да се одбележи првиот дел, поточно да се издвојат најдобрите поединеци од групната фаза. „Софаскор“ ги издвои поединеците кои најмногу се истакнаа, добија најголеми оценки и формацијата е ...

Светското првенство е во фокусот на фудбалската и спортската јавност ширум планетава, а со оглед на тоа што допрва следи вистинското, нокаут фазата се очекува интересот да биде уште поголем. Во Англија секој мундијал се прати со огромно внимание, желбата да се освои титулата секогаш е присутна, но за легендарниот Џон Тери една друга репрезентација е во прв план со најголеми шанси да биде првак-тоа е Франција. -Сè уште сум заглавен во Франција ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел триумфираше на Големата Награда на Австрија, осмата трка во овогодинешниот Формула 1 шампионат. Ова за Британецот беше втора победа во тековнава сезона, прва од отварањето на кампањата во Австралија. Џорџ беше на првото место во најголемиот дел од трката на „Ред Бул Ринг“ и сосема заслужено дојде до триумф кој може многу да му помогне во борбата за титулата. Тој го остави зад себе Макс Ферстапен кој притиската, ...

Алжир и Австрија одиграа неверојатен меч, драматично реми од 3-3 со кое двете репрезентации обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Пред натпреварот доста се зборуваше за овој натпревар, за резултатот кој им одговара на двете селекции, но соочувањето во Канзас Сити донесе вистински трилер, завршница во која паднаа два гола преку Марез и Калајџиќ за конечни 3-3. -Не мислам дека некогаш во животот сум доживеал ваков ...

Лука Модриќ игра со неговата Хрватска на Светското првенство, турнир кој веројатно е негов последен во националниот тим со тоа што постои можност и по истиот официјално да стави крај на кариерата. Тој веќе е во петтата деценија од животот, последнава сезона ја одигра во Милан со тоа што има опција за уште една, но засега нема чисти информации дека и ќе продолжи на „Сан Сиро“. Во меѓувреме се појавија вести дека може да се врати во Реал Мадрид ...

Аргентина оствари рутинска победа над Јордан од 3-1 и на перфектен начин ја заокружи групната фаза на Светското првенство. Лионел Скалони ги измеша картите за овој меч, па така капитенот Лионел Меси доби шанса да игра во вториот дел и за половина час на теренот успеа да се запише во листата на стрелци со погодок од слободен удар. Со ова Лео дојде до шестиот гол на турнирот и е прв стрелец пред далеку помладите Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, ...

Шведска успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство или поточно обезбеди пласман во 1/16 финалето каде ќе има пеколно тешка задача затоа што ривал ќе им биде селекцијата на Франција. Французите важат за топ фаворит за пехарот и сигурно ќе биде мотивирана да ја матира Шведска која прими седум гола во трите меча на мундијалот. Одбраната на Швеѓаните и тоа како е проблематична, а дополнителен хендикеп е повредата на стандардниот стопер ...

Луис Суарез долго време беше еден од најдобрите напаѓачи на светот, гол играч кој знаеше да ги матира ривалите, но и да испорача асистенции во вистинско време за неговите колеги. Тој сега е дел од Интер Мајами каде се уште прави разлика настапувајќи во МЛС лигата, сцена која не е највисока на фудбалско ниво, меѓутоа е квалитетна и мора да се даде најдоброто за да се дојде до резултати. Суарез во исто време ги следи и сите останати случувања, ...

Комплетирана е групната фаза на 23. Светско фудбалско првенство и со тоа воедно ги имаме сите паровите за 1/16 финалната рунда на турнирот што се одржува во САД, Канада и Мексико. Од сега па натаму почнува она вистинското, секоја грешка, секој лош ден скапо ќе чини и оној што ќе биде најконстантант и ќе знае идеално да ја одработи оваа фаза ќе дојде до пехарот. Многомина Франција ја гледаат како прв фаворит за пехарот и тој став го има и ...

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски не успеа со титула да ја круниса одличната недела на ИТФ фјучерсот во Загреб. Ивановски забележа четири победи претходниве денови, но денеска немаше решение за седмиот носител Хумојун Султанов. Тенисерот од Узбекистан одигра перфектен турнир во хрватската престолнина, стигна до финалето без загубен сет, па воден од таа самодоверба, форма во тој ритам одигра и против Калин. Во двата сета Султанов ...

Новопечениот македонски репрезентативец, Дивејн Стјуарт Џуниор има нов клуб и во новата сезона ќе го гледаме како настапува во Евролигата. Американецот кој неодамна доби македонски пасош е нов член на шпанскиот прволигаш Басконија. Тој во претходниве три сезони имаше одлични настапи за Цедевита Олимпија, настапи за кои сега се избори за место на поголема сцена и тоа во Басконија која и тоа како знае да погоди со засилувања. Со клубот од АЦБ ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07