
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Новак Ѓоковиќ веќе некое време не е на своето најдобро ниво и неговиот најголем успех во последниве две сезони е освоениот златен медал на Летните Олимписки Игри. На Ѓоковиќ не му оди на најважните четири турнири, мастерсите и се почесто се поставува прашањето за неговата желба, а и можноста за заминување во пензија, идеја која засега српскиот ас ја отфрла. Карлос Моја добро го познава Ѓоковиќ со кого можеше да се натпреварува на теренот, а ...
Пари Сен Жермен оствари победа над Арсенал од 1-0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите и токму тој резултат им носи предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“ кој е закажан за утре од 21 часот. Многумина ги сметаат „светците“ за апсолутни фаворити за пласман во финалето, меѓутоа легендарниот Арсен Венгер не сака да избрзува со такви заклучоци, тези и според него клубот од северен Лондон има една предност во оваа ...
Во недела се игра големото шпански дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, меч кој е од исклучително значање во борбата за титулата во Примера. Средбата се игра од попладневниот термин 16:15 часот, а веќе е и познат судијата кој ќе ја дели правдата на „Монжуик“. Познато е дека во Шпанија има многу коментари, реакции кога се во прашање арбитрите, но сега за главен човек на центарот ќе имаме човек кој е доста искусен и кој веќе ја има делено правдата ...
Предводникот на Кливленд Кавалирс, Кени Еткинсон го доби признанието за најдобар тренер на годината во НБА лигата. Еткинсон имаше фантастична сезона со составот од Охајо со кого дојде до учинок 64-18 и прво место во источната конференција. Тој стана тренер тренер на Кливленд со ваква награда по Бил Фич и Мајк Браун. Кени успеа да му донесе нова енергија на Кливленд, тимот имаше три серии со 12+ победи во текот на сезоната, нешто што претходно му ...
Рома е во трка за Топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите, нешто што не е изненадување ако се погледне реноменото и историјата на клубот, но е изненадување ако се земе предвид во каква позиција, состојба беше екипата пред да ја преземе Клаудио Раниери. Раниери беше доведен да „гаси пожар“ по отказите кои ги заработија Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ и успеа од екипа која се распаѓа, покажува слабости во сите линии да направи револуција, во ...
Хари Кејн ова лето ќе го прослави 32 роденден, а пред да се случи тоа тој конечно дојде до првиот голем трофеј во професионалната кариера и тоа во дресот на Баерн Минхен. Тој стана шампион на Германија со што стави крај на долгото чекање за пехар, ја „тргна клетвата“ и сега и притисокот кон него треба да биде помал, односно да може послободно да испорача и нови квалитетни партии кои на крајот би дале резултат за клубот/ репрезентацијата. Инаку ...
Легендарниот Кафу не се појавува често во јавноста по завршувањето на одличната играчка кариера, но кога има нешто да каже, искоментира тоа го прави со авторитет, сигурност како што што тоа го правеше на теренот. Десниот бек беше дел од една славна и успешна генерација на Бразил, нешто за што „кариоките“ сонуваат во овој момент и покрај тоа што имаат играчи кои настапуваат, играат во најсилните лиги и клубови во Европа. Сепак со оглед на ...
Легендарниот Грег Попович имаше проблеми со здравјето во изминатиов период, па на крајот беше донесена одлука да се повлече од позицијата прв тренер на Сан Антонио Спарс. На почетокот на месец ноември доживеа мозочен удар и иако на почетокот имаше најави дека ќе може да се врати и дека повторно ќе биде активен на клупата на клубот од Тексас тоа не се оствари, Мич Џонсон ја извршуваше таа функција, функција која сега ќе ја има перманентно, ...
Видеолотарија Касинос Австрија започна промотивен караван низ Македонија, кој носи забава и подароци за нашите ВЛТ играчи. Изминатите денови се дружевме со играчите во Берово, Струмица, Велес и Куманово. Денес караванот пристигнува во Штип, а во периодот кој следи ќе ги посетиме и Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци, Свети Николе и Скопје. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија потсетува и дека од први мај, за верните играчи на ...
Трент Александер-Арнолд одлучи да си замине од Ливерпул на крајот на оваа сезона, одлука која не е изненадување, потег за кој се говореше веќе неколку месеци, но дури вчера стигна официјална потврда и тоа од самиот играч кој се отвори и откри зошто го напушта „Енфилд Роуд“. Тоа разочара, налути голем број на навивачи на „црвените“, а во нив дефинитивно е и Џејми Карагер. Карагер е легенда на Ливерпул и жали што играч како Трент кој потекнува од ...
Арсенал со негатива од 1-0 ќе го дочека реваншот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, а тоа воедно значи дека ќе мора да победи во француската престолнина ако сака по подолга пауза одново да игра во финале на најквалитетното клупско натпреварување. Тоа нема да биде лесна мисија против тимот кој „лета“, доминира и веќе суреди неколку екипи од Англија како Ливерпул, Астон Вила, но менаџерот Микел Артета верува дека се е отворено и ја посочи ...
Екипата на Денвер Нагетс издвојува победа над Оклахома Сити Тандер од 121:119 во првиот натпревар од полуфиналето на западната конференција во НБА лигата. Имавме вистинска драма на овој меч во кој блескаше Јокиќ, но Гордон беше тој што им донесе триумф на гостите од Колорадо. Имено Гордон во самата завршница прво погоди две слободни фрлања при што го намали водството на противникот на 119:118. Потоа Холмгрен не реализираше два пенали за ...
Милан со пресврт успеа да го освои трите бода на гостувањето кај Џенова и со тоа да врзе два триумфи во шампионатот, а со тоа воедно да дојде на минус два во однос на осмопласираната Фиорентина. Рафаел Леао беше еден од играчите кој влезе и направи разлика на теренот, па и Португаелцот беше тој што откри дека тие како група имале состанок по кој излегол еден јасен заклучок, а тоа е да освојат што повеќе поени до крајот на сезоната. -Разговаравме ...
Составот на Ливерпул беше најдобар, најконстантен во натпреварувачката 2024/2025 и сосема заслужно беше крунисан за шампион во Премиер лигата. „Црвените“ знаеја што сакаат низ текот на целата оваа кампања, освојуваа бодови и победуваа и ги оставија зад себе ривалите како Арсенал и Манчестер Сити, два тима на кои реално им се даваа далеку поголеми шанси за бидат на врвот пред стартот на годината. -Не чувствував дека ќе ја освоиме лигата толку ...
Рафиња беше на излезни врати од Барселона и се чинеше дека ги брои последните денови како член на каталонскиот гигант, нешто што сигурно ќе се реализираше доколку Чави Ернандес останеше тренер на првиот тим. Иако се беше предвидено да заврши со таков епилог, на крајот Чави беше заменет од Ханси Флик и тоа донесе огромна и драстична промена кога е во прашање Рафиња, па така од играч кој беше пред заминување, се претвори во фудбалер кој стана ...
Српските медиуми пренесоа дека четворица играчи на Партизан во понеделникот наутро биле дел од општа и брутална тепачка која се случила пред познат ноќен клуб во Белград, а откако протекоа и видеа во јавноста на кои се гледа како Карли Џоунс крши стаклено шише од глава на младо момче, со официјално соопштение се јави и клубот. Кошаркарскиот клуб Партизан потврди дека неколку играчи од првиот тим се нашле во средина на голем инцидент по ...
Интер ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да ја добие Барселона во реванш натпреварот во Лигата на шампионите и со тоа да стигне до големото финале во Минхен во ова натпреварување. Калчолигашот остана непоразен на „Монжуик“ во меч во кој водеше со 2-0 и потоа со 3-2, меѓутоа проблем за нив беше талентираниот Јамин Ламал кој во најголемиот дел од натпреварот беше нерешлива енигма. Во таборот на Интер се свесни дека ќе мора ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го смести ривалството меѓу македонските ракометни великани Вардар и Еурофарм Пелистер во Топ 5 на стариот континент. Медија тимот излезе со нивна листа, рангирање во кое место, внимание доби и битката на „црвено-црните“ и „зелено-белите“. Позицијата број пет беше наменета за македонските клубови-„вечното дерби“, односно остана зад Барселона и Кил за кои беше резервирано првото место по што следуваа ...
Партизан ја победи Мега со 89:82 на вчерашниот натпревар во АБА лигата, но неколку часа по завршените возбудувања на теренот, неколку играчи на српскиот великан имале УФЦ предизвик пред еден ноќен клуб во Белград. Четири ѕвезди на Партизан биле дел од брутална улична тепачка пред познат ноќен клуб во српската престолнина, а сега се појавија и првите видеа од немилиот настан. Големиот инцидент се случил ноќта меѓу недела и понеделник во раните ...
Џирона заборави да победува во Ла Лига и влезе во големи проблеми на крајот од сезоната во шпанската фудбалска лига, бидејќи наместо да собира бодови, се стави во ситуација да стравува за опстанок. До денешниот натпревар против Мајорка, каталонскиот тим беше во серија од 11 натпревари на кои не ја почувствува сласта на победата, но тоа вечерва се промени благодарени на легендарниот Кристијан Стуани. Искусниот напаѓач се најде во стартната ...
Милан беше на добар пат да се врати на старите патеки во Серија А и да претрпи неочекуван пораз од тим кој е доста понеквалитетен, но такво нешто сепак не дозволија Жоао Феликс и Рафаел Леао. Првиот ја иницираше акцијата по која Леао погоди за 1:1 во 76-та минута, а 120 секунди подоцна, Жоао Феликс беше играчот кој го принуди Френдруп да си постигне автогол. „Росонерите“ на овој начин експресно направија пресврт на натпреварот кој губеа од 61-та ...
Струмица останува неприкосновен владетел во македонската одбојка, откако вечерва стави точка на финалната серија со победа на четвртиот натпревар. Штип УГД не успеа да се избори за мајсторка и го положи оружјето во натпревар кој беше целосно контролиран од струмичани, а мала неизвесност се внесе откако третиот сет заврши во корист на предизвикувачите. Одбојкарите на Штип одговорија со 25:16 откако ги загубија првите два сета со 25:21 и 25:19, но ...
Тони Крос се пензионираше како еден од најдобрите и најуспешните играчи за врска на сите времиња, но како човек кој остана близок на фудбалот, легендарниот Германец доста често ги коментира и сите најинтересни случувања во европскиот фудбал. Во своето последно гостување во германска емисија, Крос подели извонредни комплименти за Педри кого тој го нарече најдобар играч во светот на својата позиција, но за издвојување е и изјавата која ја дава за ...
Кина го доби првиот светски шампион во снукер во историјата, а таков подвиг и успех успеа да направи 28-годишниот Џао Синтонг. Тој вечерва го комплетираше убедливиот настап во финалето на најпрестижниот снукер турнир, Светското првенство кое традиционално се игра во Шефилд. Џао вечерва требаше да освои само еден фрејм во четвртата сесија и на крајот го победи велшкиот ветеран Марк Вилијамс со убедливи 18:12, а на патот до најважниот трофеј во ...
Симоне Инѕаги доби две добри вести пред стартот на денешниот тренинг бидејќи на располагање му се ставија двајца играчи кои беа неизвесни за настап, но за време на сесијата, еден и дефинитивно отпаднал за утрешниот меч со Барселона во Лигата на шампиони. Бенжаман Павар не го положил последниот тест и предвреме го завршил тренингот на Интер и покрај тоа што не работел со полн интензитет, сето тоа како последица на нови болки во левиот скочен ...
Арсен Венгер веќе неколку години работи во ФИФА како директор за равој на фудбалот, а како човек кој се залага за имплементација на што пофер и поприфатливи правила за напредок на фудбалската игра, има и една забелешка за едно правило кое посебно атрактивна ја прави Лигата на Европа. Побендикот во второто по ранг европско натпреварување добива ексклузивен билет за следното издание во Лигата на шампиони, а бидејќи во овој момент се чини дека ...
Лидс Јунајтед пред една година остана на чекор од Премиер лигата откако загуби од Саутемптон во плејоф финалето на „Вембли“, но 12 месеци подоцна, градот Јоркшир доживува славенички денови кои денеска еруптираа со шампионска парада. Со победата над Плимут со резултат 1:2 во последната рунда, Лидс ја потврди титулата во Чемпиошип лигата и на најдобар можен начин ја потврди промоцијата во Премиер лигата, па така денеска на ред дојде шампионската ...
Бастијан Швајнштајгер како голем воин и лидер на теренот ја предводеше Германија до шампионската титула на Светското првенство во 2014-та година, но исто така, оствари големи успеси и на клупски план каде освои се што можеше да освои со Баерн Минхен. Црна дамка во неговата кариера беше преминот во Манчестер Јунајтед каде не мина баш најдобро под водство на Жозе Мурињо, но иако има воглавно лоши сеќавања, од етапата на „Олд Трафорд“ избра двајца ...
Интер се наоѓа на два чекори од титула во Лигата на шампионите и играчите на овој тим се подготвени да дадат се од себе да ги израдуваат своите навивачи, кои пред две години гледаа како нивните миленици губат во финалето со Манчестер Сити. Дел од тим тим беше и Алесандро Бастони, кој сега како столб во одбрата на италијанскиот првак се надева на друго сценарио, најпрво во реванш полуфиналето против Барселона, а потоа и во финалето кое се игра во ...
На 4-ти мај истече тримесечната забрана за играње тенис која Светската антидопинг агенција му ја изрече на Јаник Синер, а уште тогаш се знаеше дека Италијанецот својот кам-бек на теренот ќе го има на турнирот во родната земја. Синер денеска се појави пред италијанските новинари во пресрет на Мастерсот во Рим и одработи прес во Форо Италико, при што се обиде да објасни како ги доживеал првите денови од суспензијата, но и да ги открие своите цели ...