Германија е една од селекциите која си ја заврши задачата по првите две кола на Светското првенство, оствари две победи и го обезбеди првото место во групата пред завршницата на оваа фаза која за нив значи соочување со Еквадор. Меѓутоа селекторот Јулијан Нагелсман не е докрај задоволен затоа што уште некое време нема да го знаат ривалот во првата нокаут фазата, поточно тоа ќе биде еден од третопласираните селекции од групите А, Б, Ц, Д или Ф, ...
Репрезентацијата на Германија вечерва против Еквадор ќе го игра мечот од третото коло во групната фаза од Светското првенство. Панцерите имаат максимални шест бодови и без разлика на резултатот против Еквадор, четирикратниот светски првак сигурно ќе го освои првото место во групата. И покрај тоа што уште сега се знае дека се први во групата, Германците ќе имаат енигма за тоа кој ќе биде нивниот следен ривал, во 16-финалето. Според распоредот, ...
Германскиот селектор Јулијан Нагелсман упати критики до организаторите на Светското првенство, оценувајќи дека актуелниот формат на натпреварувањето ги става победниците на групите во неповолна позиција. Германија уште по второто коло го обезбеди првото место во групата Е со победата над Брегот на Слоновата Коска од 2-1, но противникот во шеснаесетфиналето ќе го дознае дури во сабота вечер. Поради тоа, стручниот штаб ќе има многу малку време ...

