Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација. Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на ...

Помалку од четири дена нè делат до Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околу 600 млади спортисти од четирите региони ќе се соберат на едно место – во Општина Кисела Вода, каде што ќе се водат битките за пласман на меѓународната сцена. Државното првенство ќе се одржи на 30 јуни 2026 година, со почеток во 09:00 часот. Младите „симовци“, кои во изминатите месеци ги поминаа регионалните натпреварувања, сега ќе се ...

Интер чекаше разврска од комуникацијата меѓу Комо и Реал Мадрид и посакуваше да го добие потписот на аргентинскиот репрезентативец, но на крајот остана со празни раце бидејќи двата клуба постигнаа интересен договор. Комо реши да го откупи договорот на Паз, активирајќи ја клаузулата тешка 60 милиони евра и користејќи ја предноста која ја има пред останатите европски и италијански клубови. Реал прифатил вакво сценарио бидејќи се уште не сака ...

Англискиот шампион Арсенал ги разгледува опциите за засилување на ростерот за сезоната во која ќе ја брани титулата во Премиер лигата, а еден од фудбалерите за кои се почнати официјални преговори е од ривалски клуб. Се работи за Бруно Гимараеш, играчот за врска кој веќе го потврди својот квалитет во редовите на Њукасл, последните сезони е лидер на овој премиерлигаш и очигледно посакува клуб кој има поголеми предизвици. „Црно-белите“ не се ...

Македонија ја совлада Бугарија на пријателскиот меч што се одигра во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје во меч во кој клучна улога одигра Дивејн Стјуард Јуниор. Новото име во националниот тим блескаше на дебито и реализираше 26 поени со 5 скока и 5 аситенции со што потврди дека ќе биде големо засилување. -Ова е мое прво искуство во еден национален тим и секогаш сакам да го дадам најдоброто од себе. Спремен сум да работам со соиграчите и да ...

Познати се сите клубови кои во сезоната 2026/2027 ќе настапуваат во Евролигата, конкуренција од која дефинитивно нема да биде Монако. Монако има проблеми на финансиски план, буџетот ќе го намали и во наредната сезона ќе го гледаме во Еврокупот, натпреварување во кое ќе има место и за новиот клуб на нашиот Андреј Јакимовски-Наполи. Let the journey begin 💫 The teams for the 2026-27 BKT EuroCup season have been confirmed 🤩#RoadToGreatness ...

Првиот светски рекет, Јаник Синер го доби првиот ривал на патот до одбрана на титулата на Вимблдон. Синер ќе ја има улогата на главен фаворит за пехарот особено затоа што Карлос Алкарас ќе го пропушти и овој турнир, но овој грен слем секогаш е посебен и воопшто не не лесно да се дојде до самиот крај. Италијанецот ќе тргне против Кецмановиќ од Србија, а ако мине ќе игра против Боржес или Бојер. Синер може да има интересни предизвици од кои ...

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски ја забележа третата победа во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот што се игра во Загреб (Хрватска). Калин во денешното четвртфинале беше подобар од 27-годишниот Хавиер Баранко Косано од Шпанија со 2-0 во сетови. Ова беше меч во кој решаваа нијанси, но кога беше најпотребно Ивановски беше на повисоко ниво и го матираше третиот носител. Нашиот рекет славеше со 7-6 и 7-5 и обезбеди полуфинале во кое ако ...

Барселона во еден период ја поврзуваат со повеќе играчи и многумина очекуваа трансфер бум на шпанскиот првак, но потоа се стигна и засега официјално е затворена само една зделка, ангажманот на Ентони Гордон од Њукасл. Има доста време кога е во прашање трансфер пазарот и останува да се види што Барса реално може да направи и дали ќе го испрати големиот ривал Реал Мадрид кога се во прашање активностите. Едно е јасно е дека каталонците бараат ...

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова ја менува клупската средина и Шпанија ќе ја замени со Швајцарија. Андонова по втор пат во кариерата играше на Пиринеите, поточно по епизодите во Барселона и Леванте кратко време настапуваше во Ал Шабаб за да потоа стане дел од Мадрид, тим кој настапуваше заклучно со сезоната 2025/2026. Сега фудбалерката од Неготино ќе биде дел од швајцарскиот шампион Сервет со кого ќе игра во квалификациите за ...

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 ги дозна ривалите за групната фаза на Лигата на шампионите, натпреварување во кое „црвено-црните“ се враќаат по пауза од неколку години. Од оваа година има 24 екипи во оваа фаза, во шест групи по четири клуба. Двократниот европски шампион за противници доби клубови од Франција, Германија и Полска, односно тоа се Нант, Мелсунген и Висла Плоцк. Мелсунген е состав со кој Вардар играше минатава сезона во ...

Португалија освои четири бода на првите два натпревари на Светското првенство, прво ремизираше со ДР Конго (1-1), па го разби Узбекистан со 5-0. Имаше доста критики за Португалците по првиот меч пред се на сметка на капитенот Кристијано Роналдо за да потоа тие се стишат по соочувањето со Узбекистан на кое ветеранот даде два погодоци. Меѓутоа сега доаѓа вистинскиот предизвик, дербито со Колумбија пред кое Педро Нето порача дека Португалија не ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја доби ривалката за првата рунда на најпрестижниот грен слем турнир Вимблдон. Лина преку квалификациите дојде до главната фаза, но денешната ждрепка не е беше наклонета и за противник ја доби тенисерката која лани играше на финалето на овој турнир-Аманда Анисимова. Американката е шеста на ВТА листата, тенисерка која има играно финале и на Ју-Ес Опен, а полуфинале и четвртфинале на Ролан Гарос и ...

Италијанскиот шампион Интер остана без првата голема цел во овој летен преоден рок, Марко Палестра кој наместо во Милано на крајот ќе заврши во Лондон во редовите на Челси. „Нероаѕурите“ беа во пол позиција за потписот на италијанскиот репрезентативец, меѓутоа премиерлигашот се одлучи да се вклучи и му ја расипа зделката на Интер кој во Марко гледаше идеална замена за Дензел Данфрис кој заврши во Реал Мадрид. -Ја следев целата трансфер сага ...

Шведска остана непоразена во дуелот со Јапонија, а токму тој резултат 1-1 беше доволен за оваа селекција да избори место во наредната фаза на Светското првенство. Швеѓаните како едни од осумте најдобро третопласирани репрезентации оди во 1/16 финалето, но за тоа не беше свесен Антонио Еланга. Членот на Њукасл на втор меч во низа беше стрелец за Шведска, меѓутоа неочекувано беше разочаран по последниот судиски свиреж и тоа од едноставно ...

Кол Палмер е еден од значајните играчи кој не се најде на списокот на англиската репрезентација за настап на Светското првенство. Селекторот Томас Тухел пресечи и одлучи да не го повика Палмер за турнирот во САД, Канада и Мексико, одлука за која допрва ќе видиме дали е исправна, поточно резултатите ќе бидат најдобар показател. Во меѓувреме Палмер се одмара, ги полни батериите, но и не е лут како некои негови сонародници што не се најдоа на ...

Македонскиот интернационалец, Бехар Фета имаше извонредна сезона во Алуминиј, тим за кој постигна двоцифрен број на погодоци во првата лига на Словенија, но и тим со кој го освои Купот на оваа земја. Со овие изданија го привлече вниманието на доста клубови, а од понудите кои ги имаше на маса ја избра онаа на Марибор. Марибор е клуб за кој офанзивецот веќе настапуваше, меѓутоа сега е позрел, поквалитетен и верува дека ќе може да се прикаже во ...

Се одигра завршната рунда од Д, Е и Ф групите на Светското првенство по што добивме уште неколку пара за првата нокаут рунда на настанот што се одржува во три држави САД, Мексико и Канада. Сега имаме вкупно четири формирани двојки, но од нив две дефинитивно се издвојуваат, а тоа се Бразил-Јапонија и Холандија-Мароко. Бразилците беа први во својата група, Јапонците второпласирани во конкуренцијата Ф, а тоа ни носи интересно соочување во ...

Селекцијата на Холандија оствари рутинска победа над Тунис од 3-1 и го обезбеди првото место во групата Ф на Светското првенство. Тунис е една од најлошите репрезентации на овој турнир и беше само прашање со кој резултат ќе го загубат овој меч. Холанѓаните водеа со 2-0 по само 7 минути игра со погодоците на Схири (автогол) и Броби, африканците во второто полувреме намалија преку Мастури, додека конечниот резултат го постави дефанзивецот Ван ...

Јулијан Нагелсман се обиде да објасни дека Германија дала се од себе и дека мали детали го одлучиле победникот, но доста се налути кога презентерот на „Магента“ телевизијата заклучи дека Еквадор победил поради тоа што повеќе го посакувал триумфот. Германскиот селектор се налути на ваквите заклучоци и го оцени ставот на презентерот како „глупав“, но за разлика од него, низа германски ѕвезди се согласија со генералното размислување на цела ...

Лионел Меси веќе некое време настапува во МЛС лигата во Интер Мајами и луѓето како да го подзаборавија во изминативе години откако со Аргентина го освои Светското првенство во Катар. Меѓутоа иако напаѓачот е блиску до 40-ката тој на мундијалот што се одржува во САД, Канада и Мексико едноставно покажува дека ја живее втората младост, односно дека се уште ја има магијата, квалитетот, визијата, лидерството на теренот. Тој даде пет гола на првите ...

Микел Ојаразабал посебно доби на значење во шпанскиот состав под водство на Луис де Ла Фуенте и дефинитивно ја пронајде најдобрата верзија од себе со актуелниот селектор, па иако одигра извонреден турнир на Европското првенство, пофалби во родната земја почна да добива на стартот на мундијалот. Поради тешка повреда на коленото, Ојаразабал не можеше да настапи на мундијалот пред четири години, но сега игра со голема желба на актуелното Светско ...

Бразил ја доби Шкотска со 3-0 и како првопласираната репрезентација од групата Ц обезбеди пласман во 1/16 финалето на 23. Светско првенство. Матеус Куња беше автор на еден од погодоците и со тоа дојде до бројката од три гола на досегашниот тек на турнирот, учинок и специфична прослава која беше поздравена од легендарниот Роналдо. -Последниот пат кога деветка вака славеше, знаеш што се случи, -порача Роналдо алудирајќи на СП во 2002 година и ...

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Силекс официјализираше уште две засилување за натпреварувачката 2026/2027. Македонскиот прволигаш е посилен за дефанзивецот Дарко Илиески и офанзвецот Никола Богданоски. Илиески доаѓа во Кратово од ГФК Охрид, стопер кој има настапувано за повеќе клубови од домашното првенство, а зад себе има и интернационално искуство во Ерменија, Словенија, Таџикистан и Албанија. Богданоски пак е напаѓач кој во ...

Еквадор најдобриот резултат на Светските првенства го оствари во Германија пред 20 години (играше осминафинале), а судбината посака денеска да ја оствари и најголемата победа во својата мундијалска историја токму против „панцирите“. Германија како првопласирана влезе во третото коло и ова место и беше загарантирано, но и покрај тоа, отвори со гол кој донесе доста контроверзи. Павловиќ високо ја подигна ногата и претставуваше опасност за ...

Манчестер Сити планира да остане максимално конкурентен и опасен на сите фронтови и по заминувањето на Пеп Гвардиола, а најдобар доказ за тоа е амбициозниот старт кој го има клиубот во летниот преоден рок. Иако се уште е многу рана фаза од трансфер пазарот, Сити успеа да го договори првото мега-засилување уште пред да го потврди наследникот на Гвардиола, а во ситуацијата станува збор за англиски репрезентативец кој стана незаменлив во ...

Босна и Херцеговина не мораше да чека ниту 12 часа по својот натпревар со Катар за да дознае дека сигурно ќе се пласира во нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи резултатите кои беа остварени подоцна осигураа и математички влез на „змејовите“ меѓу 32-те најдобри. Босна како една од најдобрите третопласирани екипи ќе чека противник во 1/16 финалето, а бидејќи ова е голем успех за малата земја од Балканот, навистина чудат критиките кои ...

Шкендија Арачиново се истакнува како најамбициозен прволигаш на стартот на летниот преоден рок, бидејќи новајлијата во македонската елита вечерва го потврди и шестото засилување. По Матеус Лемос, Бесир Демири, Марко СИмоновски, Андреј Аризанкоски и Вилдан Керим, Шкендија Арачиново вечерва се пофали со уште едно ново име, и тоа доста добро познато во Првата лига. Станува збор за Дашмир Елези, фудбалерот кој е познат како најмлад стрелец во ...

Златан Ибрахимовиќ има босански корени од страна на својот татко, а како фудбалска легенда која е тесно поврзана со Балканот, сега е голем фан на „змејовите“ од Америка. Босна вчера успеа да го победи Катар со 3:1 и направи огромен исчекор кон разигрување во нокаут фазата на Светското првенство, а бидејќи овој триумф го коментираше Ибра како стручен аналитичар на „Фокс Спортс“, американската телевизија сега ја сподели и неговата емотивна ...

Баерн Минхен ги осигура сите детали за ангажман на Исмаел Саибари уште по првото комплетирано коло на мундијалот, но во ситуација кога воопшто не посакува да се распламнат цените на играчите кои ги има пикирано како идеални засилувања, германскиот шампион вечерва заврши уште една операција. Непосредно пред третиот натпревар на Германија на овој мундијал, медиумите од оваа земја информираа дека Баерн завршил и втора важна трансфер операција, и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07