Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Германија против Парагвај е вториот пар од денешната програма на 23. Светско првенство, натпревар кој официјалниот старт ќе го има од 22:30 часот. Германците ја имаат улогата на фаворити, улога која ќе треба да ја оправдаат на теренот и тоа против тимот кој во првото коло против САД прими четири голови, но потоа успеа да ја сочува својата мрежа во соочувањата со Турција и Австралија. Германскиот селектор Јулијан Нагалесман повторно ќе го има ...
Репрезентацијата на Бразил успеа да оствари драматична победа над Јапонија од 2-1 и да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство. Средбата која се одигра во Тексас беше одлучена во самата завршница, судиското продолжение кога резервистот Мартинели ја затресе мрежата на голманот Сузики во 95. минута. Со ова заврши мундијалскиот сон за „самаураите“, но продолжија оној на „кариоките“ кои во наредната фаза ќе се соочат со ...
Талентираниот Димитар Узунчев официјално беше промовиран во новата средина, шампионот на Словенија-Целје. Узунчев е играч кој се снаоѓа како бек и крило на десната страна и ова ќе биде најголем предизвик во кариерата, тим во кој ќе има можност дополнително да напредува, да се развива со оглед на тоа што потпиша договор до 2028 година со опција за уште една сезона. -За мене, преселбата во РК Целје Пивоварна Лашко е голем чекор во мојата ...
Флоријан Вирц и Џамал Мусиала се двајца играчи кои треба да ја предводат германската репрезентација на долги патеки, но останува знак прашање дали во овој момент се способни и можат соодветно да го понесат товарот. Големи се очекувањата од двајцата и токму затоа и има доста критики за нив кога работите не одат, не функционираат според планот. Германија успеа да ја мине групната фаза на СП, меѓутоа настапите не беа на највисоко ниво, сосема ...
Флорентино Перез се одлучи да му даде втора можност на Жозе Мурињо и Португалецот одново ќе го гледаме на кормилото на Реал Мадрид. Мурињо веќе некое време има пад кога е во прашање тренерската кариера, но тоа не беше пречка за Перез да реши да го врати на „Бернабеу“. Допрва ќе видиме дали оваа одлука е вистинска или не, Жозе имаше добри и лоши моменти во првиот мандат во кој се закачи и со Икер Касилјас кого дури и го седна на клупата за ...
Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер ќе ја смети клупската средина во овој летен преоден рок и Швајцарија ќе ја замени со Грција. Имено по одличната сезона во Тун каде беше меѓу најзаслужните за историската титула на овој клуб, напаѓачот ќе направи транфер во Панатинаикос. Панатинаикос има сериозни амбиции во новата сезона, влече потези со ангажман на играчи на Барселона, Интер, а дел од проектот ќе биде и Растодер. Ова за нашиот ...
Помалку од четири дена нè делат до Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околу 600 млади спортисти од четирите региони ќе се соберат на едно место – во Општина Кисела Вода, каде што ќе се водат битките за титулите и за пласман на меѓународната сцена. Државното првенство ќе се одржи на 30 јуни 2026 година, со почеток во 09:00 часот. Младите „симовци“, кои во изминатите месеци ги поминаа регионалните натпреварувања, ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Ристовски истакна дека Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност ...
Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер со тешка победа остварена во пет сета го започна настапот на Вимблдон, турнир на кој ја брани титулата. Италинанецот доби навистина силен отпор од 50. рекет на АТП листата Миомир Кецмановиќ, ас кој водеше со 1-0 и 2-1 во сетови, но фаворитот на крајот сепак го имаше последниот збор. Србинот го доби првиот сет со 6-4, Јаник одговори со сигурен настап во вториот (6-3) и иако многумина помислија дека од ...
Со дуелот меѓу Бразил и Јапонија се отвара денешната програма на Светското првенство, натпревар од 19 часот што се игра во Хјустон. Бразил е фаворит на хартија поради повеќе причини, но Јапонија е селекција која знае да се спротистави, да игра квалитетен, агресивен фудбал, соодветно да одговори и најдобра потврда за тоа е што „самураите“ го добија последното соочување меѓу овие две селекции во октомври минатата година и тоа со 3-2 со голем ...
И официјално го имаме наследникот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а тоа е италијанскиот стручњак Енцо Мареска. Ова за Мареска ќе биде враќање во Манчестер во клубот во кој имаше своја улога во блиското минато како предводник на младите категории и како асистент на Гвардиола. Потоа тој го водеше Лестер кого успеа да го врати во Премиер лигата, па имаше успеси и со Челси каде освои пехари во Конференциската лига и Светското клупско ...
Пред почетокот на Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади кое е закажано за 30.јуни (вторник) со почеток во 09 часот во Општина Кисела Вода би сакале да споделиме еден важен податок. И по речиси две децении од неговото заминување, продолжуваме да откриваме приказни кои сведочат за големината на Тоше Проески како уметник и човек. Една од нив е и неговото учество во создавањето на официјалната химна на Плазма Спортските игри за ...
Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува завршницата на претквалификациите за Евробаскетот 2029, мечеви со Ирска и Луксембург, „прозорец“ за кој селекторот Жозеп Мариа Берокал не може да смета на сите играчи. Имено за разлика од мечот одигран против Ирска во Даблин (30 ноември) каде славевме со 88:76, во актуелниот состав се очекуваат дури шест промени. Од тимот кој го предводеше неговиот претходник, во ростерот на Берокал ...
Фудбалскиот клуб Силекс промовираше уште едно засилување за новата сезона, а тоа е досегашниот член на Македонија Ѓорче Петров-Марио Ричков. Се работи за дефанзивец кој има настапи за повеќе возрасни категории за македонската репрезентација, играч кој во минатото беше дел и од Вардар и Шкупи. Во натпреварувачката 2025/2026 одигра 30 натпревари и постигна еден погодок. Пред него Силекс ги доведе Никола Манојлов, Нихад Шеро, Есмир Хасукиќ, ...
Германската селекција се навикна да трпи тешки критики на изминатите два мундијали, па иако за првпат ќе биде дел од нокаут фазата на едно Светско првенство по 2014-та година, тимот на Јулијан Нагелсман мора да се справува со острите реакции во јавноста. Германија има доволно редовни критичиари од родната земја, но бидејќи на таа листа сега се надоврза и Гери Линекер, со свој одговор се јави Каи Хаверц. Линекер за очекуваното мега дерби во ...
Нокаут возбудувањата на Светското првенство започнаа со вчерашниот натпревар меѓу Канада и Јужна Африка, а откако го добивме првиот осминафиналист, денеска ќе добиеме уште два од две интересни пресметки. Денешната програма на мундијалот ќе биде отворена со меч меѓу Јапонија и Бразил, па во најавата за истата, пристигна и една колумна од познат бразилски новинар. Колумнистот Рикардо Гонзалес го искористи својот простор преку најпознатиот ...
Фудбалскиот клуб Шкендија гради нов проект и најави дека во тимот ќе донесе свежи сили, а ова попладне се пофали со потписот на еден од најдобрите играчи во косовската фудбалска лига. Тетовскиот клуб најави шампионски амбиции откако минатава сезона ја загуби битката за титулата со Вардар, па потписот на Алмир Криезиу дефинитивно е најавен како посебно важен во оваа фаза од летниот преоден рок. Шкендија во својата објава потенцира дека станува ...
Испаѓањето во Втора лига донесе коренити промени во Битола, бидејќи веднаш по последниот меч во сезоната, оставки си поднесоа сите луѓе кои беа дел од целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, предводени од претседателот на клубот. Оваа радикална одлука следеше после разочарувачка кампања во која не беа исполнети целите, а клубот денеска го најави новиот проект со именување на нов претседател. Димитар ...
Ига Швјонтек ќе ја брани титулата на Вимблдон и го дозна патот кој ќе го има до големото финале, но како бранителка на трофејот, на официјалниот прес како најава за турнирот одговори и на интересно прашање поставено од британски новинар. Покрај тоа што си замина со престижниот трофеј во своите раце, тенисерката од Полска си замина и со титулата „најголем крадец на пешкири“, од едноставна причина што самата призна дека краде од фамозните ...
Ибрахим Афелај беше холандски репрезнтативец цели 9 години и ги бранеше портокаловите бои на „лалињата“ на Европско и Светско првенство, но кога е во прашање претстојниот елиминациски меч кој следи, некогашниот играч на Барселона го бира Мароко. Афелај им даде предност на своите корени без оглед на тоа што Холандија му понуди се како профеисонален фудбалер, па во последното гостување на телевизија, призна дека на претстојниот натпревар за ...
Џуд Белингам прикажува едно сосема поинакво лице од стартот на Светското првенство и воопшто не личи на фудбалерот кој имаше лоша сезона во Реал Мадрид, а неговите добри и пожртвувани изданија беа забележани од лидерот на англискиот тим. Хари Кејн не штедеше пофалби за својот соиграч по победата над Панама и му додели низа комплименти, а со оглед на тоа што двајцата полека градат еден извонреден тандем во англискиот тим, Белингам на убавите ...
Џулијано Симеоне доби заслужена награда од својот татко Диего и се претвори во стандарден првотимец на Атлетико Мадрид благодарение на големиот труд и залагање, но се чини дека најголемата награда во кариерата сега ја доби од Лионел Скалони. Симеоне дебитираше на натпревар на Светско првенство против Јордан и не ги криеше емоциите на натпревар на кој беше стартер, а два дена подоцна, откри и една историја која го прави неговото деби уште ...
Марсело Биелса не го криеше бесот и разочарувањето што Уругвај го заврши Светското првенство во групната фаза, па иако презема одговорност за неуспехот, искусниот стручњак не пропуштил да го префрли товарот и врз големите ѕвезди. Пред клучниот меч со Шпанија, уругвајските медиуми почнаа да пишуваат дека дел од најголемите ѕвезди отвориле бунт против селекторот поради неинвентивните и напорни тренинзи, па откако сето тоа кулминираше со пораз и ...
Лина Ѓорческа го искористи своето обраќање за да испрати порака до цела нација во пресрет на дебитантскиот меч кој ќе го има на главниот турнир на Вимблдон, а македонската јавност ова попладне дозна уште една добра вест поврзана за историскиот двобој. Најдобрата македонска тенисерка утре ќе ги одмери силите со Аманда Анисимова на теренот број 2 во Ол Ингланд клубот, а „Арена Спорт Македонија“ сега објави вест која ги израдува сите тениски ...
Јан Диоманде го привлече вниманието на себе со својата премиерна сезона во Бундеслигата, а бидејќи на мундијалот пристигна како млада ѕвезда која многумина ја следат, играчот од Брегот на Слоновата Коска се истакна и со добри партии во групната фаза. Со своите извонредни квалитети, Диоманде претставува извонреден пример за тоа како треба да изгледа еден модерен играч за врска, па како фудбалер кој од раната фаза на летото почна да се поврзува ...
Лина Ѓорческа ги заврши квалификациите на Вимблдон на најдобар можен начин, па така со три победи си обезбеди богата парична премија, но и најголем успех во кариерата. За првпат во историјата во машка и женска конкуренција, главниот турнир на Вимблдон ќе има македонски претставник, а тоа е најдобрата македонска тенисерка во изминатата деценија. По големиот вложен труд и сите препреки кои ги мина, Ѓорческа се избори за место на најпрестижниот ...
Судбината посака Германија и Франција да одат сличен пат на Светското првенство, а како две селекции кои секогаш атакуваат на највисок дострел, јасно е дека некој нема да гледаме веќе во четвртфиналето. Програмираниот дуел меѓу Франција и Германија е предвиден за осминафиналето и тоа ќе се случи ако двата тима ги оправдаат фаворитските улоги против Шведска и Парагвај, па бидејќи цела јавност очекува такво нешто, веќе почнаа и најави за мега ...
Роналдо Назарио во повеќе наврати го има посочено Зинедин Зидан како најдобар фудбалер со кој ја делел соблекувалната, но исто така, можеше да го запознае Французинот и како голем ривал на теренот. Роналдо и Зизу водеа жестоки битки како лидери на Бразил и Франција, а „кариоките“ доживеаја два тешки порази од „триколорите“ на две Светски првенства, најпрво во 1998-ма година, а потоа и осум години подоцна во Франција. Назарио во последното ...
Алжир и Австрија одиграа еден од највозбудливите натпревари во групната фаза, но конечниот епилог фрли и црна дамка на Светското првенство, од едноставна причина што двата тима изгледаа опуштено како да го имаат договорено конечниот исход. Иако настана тензија по голот на Ријад Марез за 3:2 во 93-та минута, работите брзо се стабилизираа и Австрија погоди преку Калајџиќ за 3:3, а бидејќи ова сценарио според многумина беше наместено, во фокусот ...
Англија не изигра најтечно и најдопадливо на последните два натпревари на мундијалот, но како првопласирана од својата група се пласираше во нокаут фазата и сега ќе мора да ја прикаже најдобрата верзија во елиминациските рунди. Тимот на Томас Тухел ќе игра против ДР Конго и има улога на апсолутен фаворит, па иако селекторот прозва четири ѕвезди пред оваа средба, верувањата се дека играта на Англија повторно ќе зависи од двајца играчи. Хари ...