Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Пред нас се уште три натпревари од 1/16 финалната рунда на Светското првенство, натпревари во термините од 19:00, 23:00 и 03:00 часот. Први на големата сцена ќе излезат репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска и Норвешка, потоа во акција се впушта првиот фаворит за трофејот Франција и тоа против Шведска, а на крајот домаќинот Мексико ќе се обиде да го продолжи мундијалскиот сон во соочувањето со незгодниот Еквадор. Поранешниот англиски ...
Денеска на Плоштад „Расадник“ во Општина Кисела Вода беше отворено Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади. Најдобрите 580 деца од четирите региони во Македонија се натпреваруваа во десет спортски дисцплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал, баскет 3х3, ракомет, одбојка и одбојка на песок, атлетика, народна топка, пинг-понг, тенис и шах. Победниците (вкупно 204 деца) од првото издание на Плазма Спортските игри за млади ќе ...
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас по вторпат во својата кариера си заминува од италијанскиот прволигаш Наполи. Првиот мандат му беше до 2019 до 2024 година, а овој вториот траеше една сезона и тоа како позајмен играч од РБ Лајпциг. Тој во натпреварувачката 2025/2026 одигра 44 средби за наполитанците, постигна еден гол и запиша четири асистенции што беше недоволно за калчолигашот да го откупи неговиот договор од Лајпциг. -Наполи секогаш ...
Македонија ја очекуваат дуели со Ирска и Луксембург во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, мечеви на кои во конкуренција ќе биде и Нејт Сестина. Сестина некое време има македонски пасош, но ова ќе биде прва шанса да дебитира за селекцијата која ја предводи Жозеп Марија Берокал. –Одлично се чувствувам овде. Тимот ми посака добредојде и моето прво искуство во Македонија е одлично. Имаме добар тим кој може да се натпреварува. ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го одигра својот прв меч на главен турнир на најголемата тениска сцена и тоа на Вимблдон каде ги одмери силите со една од најквалитетните светски тенисерки Аманда Анисимова. Лина не успеа да направи изненадување и загуби со 2:0 во сетови со 6:3 и 6:2, но ова искуство ќе го памети до крајот на животот. -Дури и ако не сакам да слушам пред мечот, тоа е насекаде. Во моментов нема многу работи што се ...
Ендрик мораше да оди по потешкиот пат за да ја придобие довербата од Карло Анчелоти уште во времето кога заедно соработуваа во Реал Мадрид, а сега како човек кој го има за свој надреден во репрезентацијата, младиот бразилски напаѓач конечно дочека поголема минутажа. Анчелоти го вметна Ендрик во игра на стартот на второто полувреме против Јапонија во обид да се избори пресврт, а откако „кариоките“ успеаја во таквата намера, младиот напаѓач не ...
Во внатрешноста на белото палто со кое излезе Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, посебно внимание привлекоа црните букви на кирилично писмо, а пораката која беше сокриена во внатрешноста на сакото предизвика голема интрига кај српските, но и светските медиуми. Легендарниот српски тенисер одигра четири сета на стартот на својот 21-ви настап на Вимблдон и славеше со 3:1 против Кинезот Ву, но сосема очекувано, по победата доста прашања доби и за ...
Роналд Куман е мета на жестоки критики откако Холандија испадна од мундијалот, не само поради прикажаната игра на натпреварот, туку и поради фактот што реши да го промени системот и да ја измени тактиката за дуелот со Мароко. Иако беа на прагот од победа, примениот гол во 91-та минута промени се за „лалињата“, па слободно може да се каже дека тие беа поголеми среќници што мечот отиде во пенал рулет. Вербруген ги одржа своите соиграчи во игра, ...
Германија како фудбалска нација важеше за вистинска велесила и една од најголемите селекции на сите големи натпреварувања, но тој тренд се промени во последните десетина година и потврда за тоа добивме и на турнирот во САД, Мексико и Канада. „Ди Маншафт“ важеше за вистински гигант од кого стравуваа сите останати селекции од светот, но после последната титула освоена во 2014-та година, бележиме период во кој Германците едноставно не личат на ...
Американката Аманда Анисимова ја оправда фаворитската улога во дуелот од првата рунда против Лина Ѓорческа, но не пропушти да подели нови пофални зборови за македонската тенисерка која испиша историја. Лина дебитираше на грен слем турнирот во Лондон и го стави македонското знаме на светската тениска мапа, па покажа добар тенис и во пресметката со минатогодишната финалистка на Вимблдон. Тенисот е суров спорт и тоа најдобро го знае Анисимова ...
Џошуа Кимих е еден од оние играчи кои преземаа одговорност по новиот мундијалски срам на Германија, нешто што и се очекуваше од играч кој е капитен на овој германски тим. Ѕвездата на Баерн Минхен говореше по болната елиминација од Парагвај и призна дека заслужено ги пакуваат куферите, особено откако тимот одиграл три разочарувачки натпревари против ривали кои се далеку од светска класа. Со исклучок на првиот меч против аутсајдерот Курасао, ...
Лина Ѓорческа вечно ќе го памети 30-ти јуни како ден во кој испиша македонска историја, од едноставна причина што тенисерката од Тетово стана првата од нашата земја која настапила на еден од главните турнир на четирите грен слем турнири. Лина се погрижи да го видиме македонското знаме на најпрестижниот тениски турнир во светот и имаше свој настап денеска на теренот број 2 на Ол Ингланд клубот, но може слободно да се каже дека и достоинствено ...
ГРК Охрид почна да прави проекции за новата сезона уште пред историската титула во ЕХФ Купот, па добар дел од засилувањата ги потврди уште во месец мај. Амбициозниот суперлигаш има за цел да се надградува и дополнително да се прикажува во извонредно светло на домашна и европска сцена, па водејќи се по тој патоказ, Охрид денеска го потврди и седмото летно засилување. Мартин Ивановски е македонски репрезентативец кој реши да се врати во својот ...
Германската јавност со денови и месеци ќе бара вина за новото мундијалско фијаско кое го приреди националниот тим, па иако товарот најмногу се очекува да падне на селекторот Јулијан Нагелсман, дел од експертите веќе почнуваат да го вперуваат прстот и кон самиоте играчи. Џошуа Кимих беше доволно искрен за да призна дека одговорноста треба да се бара кај самите фудбалери, па иако капитенот не сакаше да именува соиграчи, во јавноста посебно ...
Парагвај го режираше најголемото изненадување во досегашниот тек на мундијалот и го елиминираше четирикратниот светски шампион Германија, а иако признание мора да им се оддаде на сите играчи кои се појавија на теренот, еден сепак се издвојуваше. Орландо Хил го одржа својот тим во игра во регуларниот дел и потоа во дополнителните 30 минути игра, по што прерасна во национален херој и во пенал рулетот. Високиот парагвајски голман со својот стави ...
Бен Ротенберг важи за еден од најпознатите и највлијателни тениски експерти во модерната ера на овој спорт, а неговите објави често знаат да имаат милионски споделувања и да предизвикаат безброј реакции. Познатиот новинар специјализиран за тенис е посебен и поради фактот што им дава на значење на резултати кои не се баш најпопуларни за светската јавност, па како таков, сега издвои дел од своето време и за најдобрата македонска тенисерка во ...
Јаник Синер не изгледаше најсвежо и најразиграно на стартот на 139-то издание на Вимблдон, но сепак успеа да ги надмине препреките и после пет сета да обезбеди тежок пласман во втората рунда. Миомир Кецмановиќ го притисна Италијанецот и го натера да се враќа од негатива од 2:1 во сетови, па откако светскиот рекет број еден успеа во намерата да направи пресврт, можеше да биде задоволен поради две причини. Првата поради фактот што успеа да го ...
Холандија покажа добра игра во групната фаза и се издвои како една од селекциите кои можат да бидат фаворити од сенка, но кога дојде моментот на вистината, „лалињата“ потклекнаа на првиот голем предизвик. Среќата не ги посака и уште во воведната нокаут рунда добија исклучително тежок противник, па иако беа блиску до победа, Холанѓаните на крајот загубија од Мароко во драматичен пенал рулет. Роналд Куман мораше да се помири со нов пораз и ново ...
Јулијан Нагелсман е оној кој сигурно трпи најголеми критики по новото мундијалско фијаско за Германија, но иако звучни и реномирани медиуми бараат експресна смена, младиот стручњак кој има важечки договор до 2028-ма година не планира да се откаже така лесно. Третото големо разочарување на трето Светско првенство во низа прави работите во Германија да изгледаат исклучително лошо и хаотично, па иа покрај тоа што актуелниот германски тим не ...
Бразил мораше да прави пресврт против Јапонија и на потешкиот начин избори осминафинале, но за разлика од Германија и Холандија, „кариоките“ си ја завршија својата работа и не дозволија рана сензација. Тимот на Карло Анчелоти покажа карактер во тешки околности против организираните и трудољубиви Јапонци, па иако херој беше Мартинели кој постигна гол за 2:1 во 96-та минута, одново главен двигател на играта на Бразил беше Винисиус Жуниор. ...
Мароко пред четири години беше сензација на Светското првенство, но сега оваа африканска селекција веќе не е никакво изненадување и игра без респект против големи и докажани селекции како Холандија. Во еден израмнет дуел во кој одлучуваа ситни детали, Мароканците се спасуваа од пораз во првата минута од судиското надополнување, па откако успеаја да го одведат мечот во продолженија, токму тие беа оние кои повеќе сакаа да ги избегнат пеналите. ...
Новак Ѓоковиќ се појави во специјално бело палто на своето 21-во издание на најпрестижниот тениски турнир во светот, а со самото тоа привлече големо внимание во јавноста. Странските фоторепортери имаа потешкотии да ја разберат пораката која е напишана во внатрешноста на палтото, но оние од Србија веднаш ја преведоа истата и открија за каква содржина станува збор. – Не е јунак тој што тепа, туку оној кој трпи неправда и простува……, – гласи ...
Модерната ера на фудбалот промени многу нешта во спортот и веќе ништо не може да се земе здраво за готово, а дојде време и кога може слободно да се каже дека Германија веќе не важи за вистинска велесила какошто беше во минатото. Четирикратниот светски шампион го нема допрено дното како Италија која не избори пласман на трето Светско првенство во низа, но и резултатот на „панцирите“ не е ништо поимпресивен на трите последни мундијали. ...
Бразил е втората репрезентација по Канада која успеа да обезбеди билет за осминафиналната фаза на 23. Светско првенство. Петкратниот светски шампион се избори за трилер победа над Јапонија од 2-1 и тоа со гол во 95. минута кој беше дело на Габриел Мартинели. Фудбалерот на Арсенал беше добро пронајден од Бруно Гимараеш по што биеше прецизно и ја смести топката во мрежата на Сузики за голема радост во Хјустон. -Не можам да пронајдам зборови со ...
Искусниот полски интернационалец, Роберт Левандовски донесе конечна одлука за тоа кој ќе биде следниот чекор, поглавје во кариерата. Тој претходните четири години ги мина во редовите на Барселона, тим во кој ги оправда очекувањата и го донесе она за што беше ангажиран, но веќе во август го слави 38. роденден и јасно е дека ќе биде тешко да одговори за задачите како прва опција на елитната сцена во Европа. Токму поради ова Полјакот и прифати ...
Натпреварот со Еквадор беше своевидно предупредување за германската репрезентација кога се во прашање екипите од Јужна Америка, па иако ова не беше сфатено премногу сериозно, во првата нокаут рунда стана јасно дека тимот на Јулијан Нагелсман има проблеми со екипите од овој континент. Парагвај влезе како апсолутен аутсајдер во дуелот со четирикратниот светски шампион, но на крајот се претвори во селекција која ја приреди првата голема ...
Репрезентацијата на Франција без проблеми ја мина групната фаза на Светското првенство и со трите победи и свои настапи сега стекна статус на главен фаворит за пехарот на турнирот што се одржува во САД, Мексико и Канада. Меѓутоа групната фаза е една приказна, поглавје кое се заборава и сега следи она вистинското, нокаут рундата во која прв предизвик е Шведска. За утре од 23 часот е закажан овој меч, меч на кој селекторот Дидие Дешамп ...
Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на овогодишеното издание на Вимблдон. Овој грен слем е турнир на кој Ѓоковиќ има забележано големо успеси во кариерата и дефинитивно се надева, верува дека може уште еднаш да слави во Лондон. Ама ќе мора да подобри доста работи од денешниот меч против Јибинг Ву, рекет кој му даде силен отпор иако е на 102 место на АТП листата. Ѓоковиќ во секој од четирите сета наиде на ...
Македонскиот интернационалец, Елмин Растодер официјално беше преставен во новиот клуб, грчкиот прволигаш Панатинаикос. Елмин имаше фантастична сезона во Тун, постигна 15 гола и запиша 6 асистенции и беше меѓу најзаслужните за неверојатниот резултат на екипата, освоениот пехар во Швајцарија. Овие партии го носат во Панатинаикос со кого се обврза на соработка до 2030 година. The 🐍 has arrived ☘️#Panathinaikos #PAOFC pic.twitter.com/2w5PFsFVMY ...
Италијанскиот прволигаш Комо и шпанскиот велика Реал Мадрид постигнаа договор за иднината на аргентинскиот репрезентативец Нико Паз. Паз од 2024 година е дел од Комо, тим во кој напредува од година во година, а претходнава сезона имаше клучна сезона во историската кампања на клубот кој обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Тој даде 12 гола и забележа 7 асистенции на 35 средби во Серија А и Реал беше подготвен да го врати во своите редови. ...