Тони Крос фудбалски се одјави во репрезентативниот дрес на Германија на Европското првенство кое се одигра пред две години, а ако тогашниот настап на „панцирите“ беше окарактеризиран како задоволителен, овој на Светското првенство во САД, Мексико и Канада добива тежина на големо фијаско. На трет мундијал во низа, четирикратниот светски шампион се покажа во ужасно издание и добивме потврда дека германскиот тим веќе не важи за фудаблска ...

Американската јавност со голема доза на потценување гледа на Босна и Херцеговина и дел од медиумите очекуваат висока победа на „змејовите“ во 1/16 финалната рунда, но пред да дојде ред да се игра мечот, своја шанса за давање изјави добија и претставниците на балканската земја. Посебно провокативен во најавите беше Тим Хауард, а како поранешен прв голман на Манчестер Јунајтед, неговите зборови силно одекнаа во светската спортска јавност. – – ...

Раздвижувањата во Мото ГП започнаа со потврда од Дукати дека нов тандем за наредната натпреварувачка сезона ќе бидат Марк Маркез и Педро Акоста, а уште во тој момент се знаеше дека тоа ќе предизвика домино ефект во падокот. По првиот повлечен потег од Дукати, пристигна информација и од Априлија за промена во возачкиот кадар за следната натпреварувачка сезона, која ќе биде посебно интересна и поради промена на агрегатите од 1000 на 850 кубни ...

Златан Ибрахимовиќ не жалеше премногу поради елиминацијата на Шведска од едноставна причина што смета дека ова е голем успех за тимот со оглед во каква ситуација беше пред само неколку месеци, а покрај тоа што даде признание за работата на Грем Потер, не криеше дека неговата селекција едноставно не можела да и парира на моќната Франција. „Триколорите“ со прикажната игра во досегашниот тек на турнирот се истакнуваат како најсериозен кандидат ...

Играчите кои оставија својата трага во македонската кошарка дефинитивно треба да бидат дел од развојот на спортот во нашата земја, па водејќи се по тоа правило, луѓето од Федерацијата сега му доделија важна улога на Предраг Самарџиски. Поранешниот центар кој беше дел од извонредната генерација на Македонија од вчера е дел од подготовките на младинската репрезентација на Македонија, пред која се настапи на Европско првенство во Б дивизијата. – ...

Тјери Анри продолжува со своите стручни анализи на Светското првенсто, а вчеравечер имаше шанса одново да гледа нов извонреден перформанс во живот на Мајкл Олисе. Иако Килијан Мбапе постигна два гола и го понесе МВП признанието, за Анри повторно играч број еден во францускиот тим беше ѕвездата на Баерн, за која полека му почнуваат да му недостасуваат зборови во обид да ја објасни неговата класа. Олисе креираше безброј стопроцентни шанси и ...

Германскиот тим кој е надалеку познат како „Ди Маншафт“ режираше уште едно големо разочарување за цела нација, бидејќи наспроти сите големи желби за добар резултат после 12 години, следеше ново фијаско кое е топ тема во земјата. Германија доживеа болна елиминација од Парагвај во пенал рулетот и многу рано завршува трет мундијал во низа, а во период кога ќе се бараат одговори на важни прашања во Федерацијата, легендарниот Лотар Матеус реши да ...

Златан Ибрахимовиќ не жалеше премногу поради елиминацијата на Шведска од едноставна причина што смета дека ова е голем успех за тимот со оглед во каква ситуација беше пред само неколку месеци, а покрај тоа што даде признание за работата на Грем Потер, не криеше дека неговата селекција едноставно не можела да и парира на моќната Франција. „Триколорите“ со прикажната игра во досегашниот тек на турнирот се истакнуваат како најсериозен кандидат ...

Германската спортска јавност повеќе од 24 часа пишува за новото мундијалско фијаско кои го режираа „панцирите“, но исто така има и луѓе кои бараа одговор за поништениот гол на Џонатан Та, погодокот кој можеше да го однесе фаворитот во осминафинале. Стоперот постигна гол пред крајот првото продолжение и во прв момент сите се израдуваа на погодокот, па иако Парагвајците не се бунеа и главниот судија не забележа ништо, луѓето во ВАР детектираа ...

Периодот на Марсело Биелса во уругвајската фудбалска репрезентација беше исполнет со турбулентни и тензични моменти, а откако тимот доживеа фијаско на мундијалот, повеќе од јасно беше дека искусниот стручњак става крај на тригодишната етапа во оваа јужоамериканска земја. Биелса се соочи со огромни критики уште пред мундијалот кога реши да се откаже од фудаблски легенди како Луис Суарез и Единсон Кавани, проблемите продолжија со разочарувачки ...

Франција има неверојатно добри и моќни играчи на секоја позиција на теренот, па во ситуација кога двајца играчи се борат за едно место во стартниот тим, Дидие Дешамп има слатки маки кои најчесто знаат да донесат и незадоволство кај одредени поединци. Францускиот тим изгледа посебно брутално во напад каде има голем број ѕвезди како Мбапе, Олисе, Дембеле, Дуе, Баркола и Шерки, но овој последниот добива најмалку минутажа на овој мундијал. Шерки ...

Мексико игра како по ноти на овој мундијал и во секоја можна гледна точка ја користи предноста од домашниот терен, па така селекцијата која добива огромна поддршка од 80-илјадна публика на секој натпревар ќе ја гледаме и во осминафиналето. „Ацтеките“ се погрижија за делириум на „Ацетека стадионот“ уште во раната фаза на мечот против Еквадор, а во главна улога повторно беа играчите кои се истакнаа и во групната фаза. Кињонес со проектил го ...

Ерлинг Халанд делува застрашувачки добро на својот дебитантски мундијал, па како еден од лидерите на Норвешка, тој и соиграчите го повторија историски најдобриот резултат на оваа земја. 28 години по осминафиналето кое го играа „викинзите“ во Франција, Норвешка ќе биде дел од фазата од 16те најдобри светски селекции и во САД, Мексико и Канада, а предизвикот во оваа рунда ќе биде навистина голем. Норвешка вкрстува со Бразил и тоа ќе биде ...

Германија важи за една од најголемите светски фудбалски сили, но она што е очигледно и поткрепено со резултати е дека ова земја од 2014 го губи сјајот, поточно не е репрезентација од која сите треба да стравуваат. Од освоеното СП пред 12 години, Германците имаат огромни проблеми пред се на мундијалите каде во два наврати не ја минаа ниту групната фаза, а на овој турнир беа шокантно елиминирани во првата нокаут фаза од Парагвај. Избраниците на ...

Холандија имаше големи амбиции на овој мундијал и планот беше да се бори за највисоките места до самата завршница, па иако воведната групна фаза „лалињата“ ја одработија речиси перфектно, првата нокаут рунда донесе големо разочарување. Тимот на Роналд Куман беше надигран од Мароко и покрај тоа што водеше до 91-та минута, но откако прими гол во судиското продолжение, работите почнаа да одат надоле за играчите во портокалови дресови. Иако ...

Барселона се очекува да донесе уште неколку имиња во овој преоден рок, но во исто време оперативците ќе имаат задача да се ослободат од играчите кои не се во плановите на тренерот Ханси Флик. Една трансфер операција официјално е затворена, а тоа е продажбата на Ансу Фати. Фати доби шанса на големата сцена уште како тинеџер и веднаш се наметна со своите изданија, па многумина го гледаа како легитимен наследник на Лионел Меси, поточно фудбалер ...

Франција од меч во меч го оправдува статусот на еден од водечките фаворити за највисок пласман, па четвртата победа во низа значи дека тимот на Дидие Дешамп веќе е во осминафиналето. По перфектната групна фаза, актуелниот светски вицешампион одигра импресивен натпревар против Шведска, а во дуел во кој можеше да постигне и седум или осум голови, на крајот славеше со 3:0. Првото полувреме донесе ревија од шанси и неискористени колосални прилики ...

Франција и Шведска е следниот меч кој е на програмата на Светското првенство, соочување во кое „триколорите“ влегуваат како апсолутни фаворити за победата и со тоа воедно пласман во осминафиналната рунда. Меѓутоа својот квалитет и знаење ќе треба да го потврдат на теренот во Њу Џерси на стадинот „МетЛајф“ каде за ривал ќе имаат репрезентација која не е наивна и која во својот ростер има играчи како Ѓокереш, Еланга, Исак, Линделог, Бергвал, ...

Брегот на Слоновата Коска не успеа да направи нов исчекор и да ја мине првата нокат рунда на 23. Светско фудбалско првенство. Африканската репрезентација загуби од Норвешка со 2-1 и тоа во драматичен меч кој беше одлучен со погодокот на Ерлинг Халанд во 86 минута. Претходно мајсторски стрелаа Нуса и Диало, а токму при резултат 1-1 имаша една ситуација која донесе реакција од легендарниот Дидие Дрогба. Некогашниот репрезентаитвец на БСК смета ...

Познат е распоредот за новата сезона во шпанската Примера, сезона во која Барселона одново го има статусот на шампион, екипа која ќе се обиде да ја одбрани титулата. За средината на месец август е закажано првото коло во Ла Лига, рунда која носи домашни натпревари за сите фаворит за врвот. Каталонците ќе тргнат против Атлетик Билбао, Реал Мадрид ќе биде домаќин на Реал Сосиедад, додека Атлетико Мадрид има најлесна задача на хартија затоа што ...

Екипата на Вардар издвојува победа над Виртус од Сан Марино со 3-2 во последниот тест натпревар на подготвките во Италија. „Црвено-црните“ одново не успеаа да ја сочуваат својата мрежа, но за разлика од соочувањето со Ла Фиорита (1-1) овојпат постигнаа три гола преку Закариќ (2) и Велковски и се изборија за триумф. Шкендија пак на подготовките во Словенија ремизираше против украинска Зорја (2-2). Стрелци на погодоците за клубот од Тетово беа ...

Александер Зверев имаше успешен старт на Вимблдон, грен слем на кој ја има улогата на втор носител. Германецот славеше над Александер Блокс од Белгија со 3-1 во сетови и тоа во меч кој траеше три часа. Ова воопшто не беше лесен предизвик за Саша кој мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат и тоа во средбата во која решаваа нијанси и потврда за тоа е дека се играа дури три тај-брејка. Освојувачот на Ролан Гарос отвори со ...

Репрезентацијата на Норвешка го доби соочувањето со Брегот на Слоновата Коска и избори пласман во осминафиналето на Светското првенство. Скандинавците славеа со 2-1 во интересниот меч во Далас кој беше одбележан од прекрасни погодоци. Офанзивецот Нуса донесе предност за Норвежаните во 39 минута, предност која беше активна на семафорот до 74 минута кога фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диало стрелаше за 1-1. По ова се некако изгледаше дека ...

Пелистер на лош начин ја заврши натпреварувачката 2025/2026 и тоа со драматичен пораз од Шкендија Арачиново кој значеше преселба во втората лига. Овој неуспех значаше и нова реорганизација на клубот од Битола, па така Димитар Митревски ја доби одговорната улога да биде претседател. Првиот негов потег е назначувањето на нов тренер, а тоа е искусниот Борче Христов со кого е потпишан двегодишен договор. –Веруваме дека неговото знаење, карактер и ...

Калин Ивановски го очекува настап на турнирот во Скопје (Macedonian Open), но пред истиот имаше можност да проговори за Лина Ѓорческа и нејзините резултати со кои избори пласман во главната фаза на Вимблдон. Ѓорческа испиша историја за нашиот тенис, успеа преку квалификациите во кои оствари три победи да дојде до главниот ждреб каде пак во првото коло загуби од една од најдобрите тенисерки на светот Аманда Анисимова. – Лина и нејзиниот ...

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ќе треба да расчисти и реши доста важни прашања во овој летен преоден рок, но во исто време ќе работи и на засилувања со тоа што еден важен ас, трансфер операција веќе официјално е затворена. Нов член на тимот од „Метрополитано“ е 30-годишниот Алехандро Грималдо Гарсија. Грималдо во претходниве три години беше дел од Баер Леверкузен, период во кој беше најдобар лев бек во лигата. Алехандро е дете на ...

Премиерлигашот Тотенхем е еден од најактивните клубови на пазарот, продолжува договори на дел од своите играчи, но и веќе донесе проверени имиња како Енди Робертсон, Маркос Сенеси и Јан Пол Ван Веке. Се споменуваат и други имиња кои се на листата, а едно од нив набрзо ќе биде „чкртнато“ затоа што ќе пристигне во северен Лондон. Повеќе избори пренесуваат дека „петлите“ ја добиле битката со Манчестер Јунајтед за потписот на 21 годишниот Матеуш ...

Леброн Џејмс дефинитивно ја завршува приказната со Лос Анџелес Лејкерс, тимот чиј дрес го носеше од 2018 година. Џејмс одлучил дека е време за разделба со „езерџиите“, но иако во декември ќе го прослави 42 роденден не планира да замине во пензија и ќе ја игра 24. НБА сезона во кариерата. „Кралот“ си заминува од Калифорнија со една освоена титула во 2020 година и се чини оваа разделба е најдобра за двете страни затоа што Џејмс во последните ...

Новак Ѓоковиќ мораше да го пронајде својот најдобар ритам за да ја мине првата пречка на Вимблдон, но покрај тоа што на крајот прослави со победа, за време на мечот со Кинезот Ву се најде и во несекојдневна ситуација. Српскиот ветеран е познат како голем шоумен кој знае како да ја забавува публиката, а во дадената ситуација, се најде во центарот на вниманието со порака за еден млад пар. Младо момче клекна на колена и ја побара својата девојка ...

Италијанскиот прволигаш Милан и официјално го потврди најскапото засилување во историјата на клубот, засилување кое доаѓа од европскиот шампион Пари Сен Жермен-Гонсало Рамош. „Росонерите“ се одлучија за платат фантастични 74 милиони евра за досегашниот резервист на „светците“, сума која според информациите може да дојде и до 90 милиони евра со бонуси. Португалецот има 25 години и најдобрите партии ги имаше во Бенфика од каде премина во ПСЖ ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76