Владата подготвува нови мерки за цените на прехранбените производи во маркетите. Премиерот изјави дека екипите на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренција постојано се на терен и дека веќе се покренати постапки против прекршителите. Во денешното излагање Премиерот Мицкоски изјави дека во тек се подготовките за новите мерк, а тоа што не прават како влада естрада од политиките кои ги водат, не значи дека не се грижат ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ја постигна својата цел да ги стави цените под контрола, но и покрај трговскиот договор со САД, неизвесноста околу перспективите останува. Ова го коментираше шефицата на институцијата, Кристин Лагард, во интервју за данската телевизија „DRTV“, цитирано од германските бизнис медиуми. „Каматните стапки треба да бидат насочени кон нивото на инфлација кон кое се стремиме и кое веќе го постигнавме“, рече Лагард. ...

Германија ќе позајми околу една петтина повеќе од планираното во четвртиот квартал за да финансира нагло зголемување на трошоците за инфраструктура и вооружените сили. Финансиската агенција со седиште во Франкфурт, која управува со долгот на федералната влада, има за цел да собере 90,5 милијарди евра во периодот октомври-декември, без зелените обврзници, според ажуриран план објавен во петокот. Износот е за 15 милијарди евра повеќе од првично ...

Ако вашата цел е да ослабете и да ги намалите маснотиите на стомакот, протеините можат да бидат клучен сојузник. Овој макронутриент ви помага да останете сити подолго, го поддржува растот на мускулите, го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од прејадување. Затоа нутриционистите препорачуваат додавање на следните намирници богати со протеини во вашата исхрана за успешно слабеење. Грчки јогурт Нутриционистот Џеј Ковин вели дека грчкиот ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 % во однос на одлуката од 15.09.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,368%, додека кај ...

Секој нов дом почнува со еден сладок сон, а понекогаш и со само еден лоз. Државна лотарија со гордост го претставува инстант лозот „Доме, сладок доме“, кој нуди шанси за парични добивки и можност да се оствари еден од најголемите животни соништа – сопствен дом во Скопје. Со цена од само 100 денари, секој има шанса да го предизвика сопствениот момент на среќа. Играта е едноставна и брза: се гребат трите добитни броеви и потоа сите 15 полиња на ...

Унапредување на соработката во работењето од својот делокруг, како и размена на податоци и искуства меѓу двете институции во имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди, е главната цел која треба да се постигне со Меморандумот за соработка меѓу Македонската Берза за хартии од вредност и Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што денеска го потпишаа главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев и ...

Американскиот пазар на акции порасна трета недела по ред по долгоочекуваното намалување на каматните стапки од страна на ФЕД. Индексот S&P 500 порасна во текот на неделата за 1,2 проценти на 6.664,4 поени, додека индексот на технолошките акции, Nasdaq, доби 2,2 проценти. Од почетокот на годината, овие индекси забележаа раст од 13,3 и 17,2 проценти, соодветно. Септемврискиот состанок на ФЕД ја потврди широко очекуваната одлука – за прв пат од ...

Тесла доби одобрение да започне со тестирање на автономни роботско такси во Аризона, потврди државното Министерство за транспорт за Ројтерс во е-пошта во петокот. Компанијата аплицираше за дозвола во јуни за да започне со тестирање на услуга за споделување на возење со автономни возила, а сега планира да тестира роботско такси во пошироката област на Феникс користејќи безбедносни мерки, соопшти Министерството за транспорт на Аризона во е-пошта. ...

Претседателот Доналд Трамп објави дека технолошките и медиумските магнати Лари Елисон, Мајкл Дел, како и Лахлан и Руперт Мердок ќе се приклучат на групата што го презема алгоритмот на TikTok како дел од аквизицијата на американските операции на социјалната мрежа. „Знаете, тие се многу познати луѓе. И Лари Елисон е еден од нив. Тој е вклучен. Одличен човек. Мајкл Дел е вклучен. Мразам да ви кажам, но човек по име Лахлан е вклучен“, рече Трамп во ...

Вчера арената „Тодор Проески“ беше исполнета со детски чекори, насмевки и аплаузи – на третото издание на „Виталиа Детската трка“! Над 800 деца и повеќе од 2.500 посетители ја претворија атлетската патека во сцена на најмасовниот и највеселиот спортски настан за најмладите во Македонија. Атмосферата беше вистински спектакл – трибините преполни со родители и другарчиња, гласна поддршка од публиката и радосни извици што одекнуваа до Градскиот ...

Реката Драгор и натаму ќе служи како депонија за отпадните води на битолчани и индустријата од Пелагонискиот регион. Во оваа река со години се испуштаат фекалиите и индустриските отпадни води од Битола и околните места. На територијата на Општина Битола околу 84% од вкупното население е приклучено на канализацијата, а во градот овој процент изнесува 99. Станува збор за над 30 илјади домаќинства, кои во своите комунални сметки одвојуваат средства ...

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн, кој претходно оваа година беше унапреден во главен оперативен директор на групацијата Централ Азија Металс (CAML). Џејми Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство во подземни и површински рударски ...

Швајцарска истражувачка група разви нов метод со кој може да се извлече 22-каратно злато од електронски отпад, без употреба на штетни хемикалии. Постапката не само што ја зачувува животната средина, туку може да донесе и вистинска револуција во рударството на злато. Според резултатите објавени од ETH Zurich, чистотата на златото добиено со овој метод надминува 99 проценти, што е тешко да се постигне со традиционалните технологии. Револуција во ...

Синдикатите, работодавачите и власта никако да се договорат за висината на платите кои треба да ги добиваат македонските работници. Од ССМ тврдат дека нема штета да претрпат домашните компании доколку се зголемат примањата на вработените, работодавачите велат платите во стопанството се на солидно ниво, проблемот е во администрацијата, а власта се прави како ништо да не гледа и ништо да не слуша. Аргументите на ССМ: Растот на платите не ги ...

„Монетарната политика и во иднина ќе биде претпазлива согласно предизвиците од неизвесностa поврзана со домашното и надворешното окружување. Народната банка и натаму проактивно ќе ги следи состојбите и ќе биде подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти и да преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност“. Ова го истакна гувернерот на ...

Возењето надолу во лер не штеди гориво, туку троши повеќе гориво и ја намалува безбедноста, додека моторното сопирање носи заштеда и безбедност. Генерации возачи верувале дека возењето надолу во неутрална положба, т.е. во неутрална положба, заштедува гориво. Иако на прв поглед оваа практика звучи логично, вистината е токму спротивна. Митот за „лер“: Зошто возењето во неутрална положба троши гориво? Кога возилото се движи надолу во неутрална ...

Наутро, со шолја кафе и со половина отворени очи, таа веќе скрола низ мобилниот, барајќи каде денес има „акција“. И не е сама. Денес речиси секој втор граѓанин се буди со истата мисла – каде ќе „улови“ попуст, каде ќе го „искористи моментот“ пред да исчезне. Од потреба до ритуал: „Ако не е на акција – не купувам“ Стана тоа некоја чудна нова дисциплина, како лов на трговски плен, само што местото на стрелите и мрежите го заземаат купоните и ...

Конфискацијата на замрзнатите руски средства во Европа нема да доведе до хаос, туку до остри одмазднички мерки од страна на Русија, изјави синоќа портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон претходно изјави дека Европа е во суштина обврзана од потребата да се почитуваат меѓународните правила во врска со замрзнатите руски средства и дека ...

Во вториот квартал од оваа година, трошоците за труд во ЕУ се зголемија за четири проценти во споредба со истиот период минатата година. Во исто време, растот на трошоците за труд во Еврозоната се зголеми за 3,6 проценти, според Евростат, статистичката агенција на ЕУ. Раст по сектори: Каде платите скокнаа најмногу? Платите во ЕУ најмногу се зголемија во градежниот сектор, за 4,8 проценти, во услугите за 4,6 проценти и во индустријата за 3,9 ...

Како што студот веќе ѕирка низ прозорците, сè повеќе домаќинства ја отвораат вечната дилема: нафта, струја или пелети – како најлесно да ја преживееме зимата без да ја потрошиме и последната заштеда? Годинава, изборот е уште понепредвидлив. Цените на сите енергенси се менуваа како ролеркостер, а луѓето се изморени од минатогодишните сметки кои многумина ги плаќаа со грутка во грло и по неколку рати. Искуства од минатата зима: Колку чинеше ...

Се чини како некоја несмасна шега на статистиката: невработеноста опаѓа, а некако – и бројот на вработени се топи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на невработени лица во вториот квартал од годинава е намален за 7,2% во однос на истиот период лани. На прв поглед, звучи како успех. Но под површината – расте една друга, многу потемна бројка. Бројот на лица што работат на црно достигнал 98.095 и бележи скок од ...

Бројот на продадени нови станови во земјава бележи пад во вториот квартал од годинава, и тоа во период кога традиционално интересот за недвижности расте со доаѓањето на пролетта. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности откриваат дека од 1 април до 30 мај биле продадени 676 новоизградени станови од инвеститор – дури 178 помалку во споредба со првиот квартал. Бројка што на прв поглед не изгледа драматично, ама во градежниот сектор веќе ...

Новиот, ултратенок iPhone Air е подложен на серија тестови за издржливост од страна на популарниот YouTube канал JerryRigEverything. Уредот има екстремно тенок профил од само 5,6 милиметри, па затоа скептицизмот во врска со неговиот потенцијален отпор е разбирлив. Сепак, други многу тенки уреди, како Galaxy S25 Edge, го преживеаа тестот. Дали истото ќе се случи и со телефонот на Apple? Првиот беше проценка на отпорноста на гребење. Керамичкото ...

Србија ја разгледува можноста за ограничување на цените за изнајмување станови за млади лица до 35 години, по примерот на Шпанија. Деталите ќе бидат познати на 17 или 18 септември. Имено, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кога неодамна ја објави оваа мерка, рече дека се покажала како исклучителна во Шпанија. Киријата, како што рече, отишла во рајот, а оние што издаваат станови под кирија не плаќаат даноци и најчесто се плаќа во готово, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека земјата ќе ги брани Полска и балтичките држави ако Русија ги зголеми своите воени активности во нивниот регион. Трамп го објави ова два дена по навлегувањето на три руски борбени авиони МиГ-31 во естонскиот воздушен простор. „Не ни се допаѓа ова“, изјави Доналд Трамп денес од Белата куќа по предупредувањата од Естонија и НАТО. Авионите за пресретнување на руските натрапници потоа ги испрати ...

Минималните трошоци на едно семејство за септември 2025 година изнесува 65.077 денари и е намалена за 430 денари во однос на претходниот месец. Најмногу пари, односно 23.394 денари се потребни за храна и пијалоци, а потоа образование со 7.097 денари и режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија, греење, станарина 6.096 денари. За облека и обувки се потребни 5.725 денари, за хигиена 2.636 денари, за здравство 1.174 денари. За ...

На македонските туристи и натаму домашните туристички капацитети не им се приоритет каде би го поминале годишниот одмор. Официјалните податоци велет дека и ова лето во македонските одморалишта имало намален број на гости од земјава во однос на ланската летна сезона. Најмногу туристи во Македонија во јули имало од Турција а во просек странските гости во земјава се задржувале од пет до седум дена. Експертите се со став дека странските дестинации ...

„Процесот на унифицирање на регистарските таблици на службените возила се одвива непречено, имаме постојана координација и соработка со сите институции. Заклучно со 19 септември, обележани се 671 возило и очекувам до крајниот рок, 29 септември, да бидат брендирани сите возила во согласност со владините препораки“, истакна директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во своето вчерашно гостување во Тема на денот во ...

Без разлика дали избирате банана или мандарина, овошјето е најздрав и наједноставен начин за да го започнете денот. Но меѓу сите видови овошја, едно се истакнува како најдобро за доручек, а тоа се бобинките. Според зборовите на стручњаците, бобичестото овошје има низа предности: богато е со влакна и антиоксиданси, а сиромашно со шеќер и калории. Поради тоа помага подолго да се чувствувате сити и полни со енергија. „Бобичестото овошје има малку ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
86%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
86%
1025
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
91%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
1.54
67%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.65
81%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
98%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
78%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
93%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
96%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Злато

138322.05

Паладиум

50830.33

Платина

59937.34

Кобалт

58.42

Бакар

10.76

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.88

Сребро

2049.55

Цинк

3.03

Калај

41.29