Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 септември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 100,09 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 93,80 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 104,31 евра за мегават час, а на MEMO 86,25 евра. Цената на ...
За време на ноќниот напад со беспилотни летала на руска територија во ноќта помеѓу 22 и 23 септември, украинските сили можеби користеле невидена тактика – балони на голема надморска височина, потенцијално вооружени со експлозиви. Иако руските претставници објавија дека собориле десетици дронови, руското Министерство за одбрана не ги спомена балоните, пишува Евромајдан Прес. Информациите за балоните над Русија главно доаѓаа од руските канали на ...
До 30ти септември МЕПСО, МЕМО и Електодистрибуција имаат обврска да достават барања за трошоците до Регулаторната комисија за енергетика кои се многу битни во формирањето на новата цена за граѓаните. Од Регулаторна за Денар велат дека не очекуваат драстично зголемување на цената за крајните потрошувачи. Од Регулаторната комисија за енергетика ни соопштија дека понудите ги очекуваат да им бидат испратени точно на 30ти месецов. Откако ќе бидат ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) официјално стана членка на CFE Tax Advisers Europe – најпрестижната европска организација која ги обединува националните здруженија на даночни советници и сметководствени професионалци. Со ова, ИСОС е единствената професионална организација на сметководителите од регионот на Западен Балкан која е дел од оваа европска мрежа. „Зачленувањето на ИСОС во CFE претставува значаен чекор кон ...
Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024 година. Во Извештајот се оценува дека во текот на 2024 година финансискиот систем ја одржа стабилноста, добро се справи со предизвиците и е отпорен на шокови. Сите сегменти на пазарот – од банкарскиот систем, преку приватните пензиски и инвестициски фондови, осигурителниот сектор, до помалите институции како штедилниците и ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува дека од 26 септември 2025 година започнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се усвоени со цел да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на случени сообраќајни незгоди како последица на невнимателно однесување во сообраќајот. Новите законски решенија се ...
Во Македонија последниве години станува сè поочигледна дилемата кај младите – да плаќаат кирија од 400 евра или да се впуштат во кредит со месечна рата од 350 евра? На хартија изгледа едноставно: помала месечна обврска, сопствено место и чувство на стабилност. Но, животот никогаш не е толку стерилно пресметан, нели? „Јас живеам во изнајмен стан во Аеродром и плаќам 380 евра кирија. Кога ќе додадам сметки и трошоци, тоа ми е половина од платата. ...
Најсеопфатната студија досега за организмот на една долговечна жена откри дека дури и во многу напредна возраст, мозокот не мора нужно да покажува проблеми или да развива класични болести карактеристични за староста. Лекарите во Шпанија спроведоа детална серија тестови врз Марија Брањас Морера, која беше најстарата жена во светот пред нејзината смрт на 117 години минатата година. Тие открија дека иако нејзиното тело покажуваше јасни знаци на ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повторно го обвини Западот за војната во Украина. На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Лавров ги обвини НАТО и Европската Унија дека прогласуваат „вистинска војна“ против Москва поради Украина. Непочитувањето на Повелбата на ОН води кон зголемена нестабилност низ целиот свет и ги множи регионалните конфликти, рече тој. „Животен пример за ова е кризата во Украина предизвикана од ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претстави нова рунда казнени царини за широк спектар на увезена стока, вклучувајќи царина од 100% за лекови со заштитен знак и царина од 25% за тешки камиони, кои треба да стапат на сила следната недела. Царините беа карактеристика на вториот мандат на Трамп, со широки царини за трговските партнери кои се движат од 10% до 50% и други целни давачки за широк спектар на производи, фрлајќи сенка врз глобалните ...
Пензискиот систем во Македонија одамна е тема што предизвикува горчливи расправии. Секој што барем еднаш се соочил со бројките знае дека рамнотежата помеѓу вработени и пензионери одамна е нарушена. Од една страна, бројот на корисници расте, а од друга – младите или заминуваат во странство или работат за минималец што едвај го полни фондот. И така, се поставува прашањето: дали воопшто има иднина за оние што денеска се во дваесеттите или ...
Во текот на изминатите неколку месеци, слушнавме повеќе гласини дека Google планира да создаде нова платформа за персонални компјутери. Се чини дека таа платформа ќе биде Андроид. На годишниот настан на Qualcomm, каде што ги најави водечките процесори од серијата Snapdragon X2 Elite за Windows уреди и чипсетите Snapdragon 8 Elite Gen 5 за паметни телефони, компанијата направи уште едно изненадување во разговорите со раководителите на Google. ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека САД ги одложиле санкциите против НИС за само уште четири дена и дека тие ќе бидат воведени од 1 октомври, и рече дека земјата ќе направи сѐ што може да ги обезбеди на граѓаните. „Не можам да ја наречам добра вест, но е очекувана, бидејќи ви ја објавив вчера, ми се чини дека Американците го продолжија невоведувањето санкции само за уште четири дена, односно од 27 септември до 1 ...
Доналд Трамп изјави дека Русија речиси и да нема територијални добивки во последните упади во Украина, и покрај тоа што потроши огромни суми пари и големи жртви. „Со сите тие тешки бомбардирања во последните две недели, тие речиси ништо не добија“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа за време на состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Нема никого да го наречам хартиен тигар, но Русија потроши милиони и милиони долари на ...
YouTube исплати неверојатни 100 милијарди долари на креатори, уметници и медиумски компании во последните четири години. Оваа вест беше објавена на настанот Made on YouTube во Њујорк, каде што платформата претстави и голем број нови алатки базирани на вештачка интелигенција кои треба да го олеснат креирањето содржина, пишува Unilad. Гледањето телевизија како двигател на заработката Според видео гигантот, голем двигател на растот на исплатите ...
Грижата за здравјето на срцето не е само за исхраната и физичката активност, туку и за изборот на пијалоци што ги консумираме секој ден. Многу луѓе не размислуваат за тоа како пијалаците можат да имаат долгорочни последици врз функционирањето на срцето и крвните садови. Иако некои пијалаци, како што се водата или билни чаеви, имаат корисен ефект, постојат и такви кои, ако се консумираат премногу често, можат да го зголемат ризикот од ...
Го знаете тој полнач покрај вашиот кревет кој е секогаш вклучен во струја? Можеби ќе сакате да размислите пред да му дадете „пауза“. „Вампирската потрошувачка“ е вистинска – ако го оставите полначот вклучен во струја, тој постојано ќе троши мала количина енергија. Дел од таа енергија се користи за напојување на контролните и заштитните кола, додека остатокот се губи како топлина. Кога гледате само еден мал полнач, вампирската моќ (исто така ...
„Nvidia“ има проблем за кој повеќето од нејзините конкуренти би „убиле“: гигантот за чипови за вештачка интелигенција (ВИ) има премногу пари, објавува „Wall Street Journal“. „Nvidia“ повторно е во насловите во последните неколку дена – не поради сите чипови што ги продава, туку поради големите чекови што може да ги напише. Кон крајот на минатата недела, компанијата соопшти дека инвестира 5 милијарди долари во производителот на чипови „Intel“, ...
Гласините за „Q9“, најголемиот „SUV“ на „Audi“, кружат со години, но сега германскиот производител на автомобили официјално го потврди тоа. Моделот ќе биде лансиран во 2026-та година за да се натпреварува со „BMW X7“ и „Mercedes-Benz GLS“. Раководителот на одделот за развој на „Audi“, Џефри Буко, изјави за „Automobilwoche“ дека „Q9“ ќе пристигне следната година заедно со новиот „Q7“. Сегашниот модел е на пазарот веќе една деценија и претрпе две ...
Руското Министерство за финансии достави до Државната Дума пакет закони, вклучувајќи ново ажурирање на буџетот за 2025-та година, нацрт-законот за 2026-та година и прогнозата за буџетот за 2027-2028 година. Официјално објавените податоци покажуваат дека со цел стабилизирање на буџетскиот и финансискиот систем, институцијата предлага да се зголеми данокот на додадена вредност од 20% на 22%, а воедно да се задржи намалената стапка од 10% за ...
Ако сакате да замислите каде водат внатрешните контрадикции на економијата на фосилни горива во услови на револуцијата на чиста енергија и глобалното затоплување што го обликуваат 21 век, не барајте подалеку од Кувајт, пишува уредникот на „Bloomberg“, Дејвид Фиклинг. Како прва земја што доживеа вистински бум во арапската нафтена треска од 1960-тите, нејзините жители имаат повеќе резерви на сурова нафта од која било друга земја во светот. ...
Новите канцеларии се симбол на „нови почетоци“ и јасна потврда за растот и стабилноста на компанијата, која повеќе од 13 години е сигурен снабдувач со електрична енергија за голем број компании, истакна главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски на брифингот со новинари на кој присуствуваше и заменик главниот извршен директор на PPC Групацијата, Џорџ Каракусис. „Нашата мисија отсекогаш била да понудиме решенија прилагодени на ...
Колку чини родителството? Прашање што секој млад татко и мајка си го поставуваат дури и пред да стигне првото бебе дома. Во моментот кога ќе се донесе живот на свет, покрај среќата и радоста доаѓа и сметката – пелени, млеко, влажни марамчиња, креветче, количка… и уште илјада ситници што никој не ги пресметал на време. И тогаш сфаќаш дека бебињата не се само малечки суштества што бараат внимание, туку и најголемиот финансиски предизвик. „Само за ...
Пиварa Скопје го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина, Пиварa Скопје, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо по својот автентичен македонски потпис. Скопско Weiss е создадено со внимателно ...
Иницијативата „Стоп за Вардариште“ најави два протести во петок, 26 септември. Освен закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и утрински протест со почеток во 7:30 часот. Протестот ќе биде со блокада на мостот „Близнаци“, кај паркот “Авионче”. Организаторите велат дека се одлучија на овој чекор поради истекување на рокот од пет дена што го дадоа за да се почне со исполнување на итните барања, меѓу кои се: -воспоставување 24-часовен ...
Ако прашате некого од овие краишта што е составен дел од зимницата, секој ќе ви одговори без да помисли дека тоа е ајварот. Секоја домаќинка има своја верзија на ајвар. Некој сака благ, некој лут, некој додава нетрадиционални зачини, додека некој сака минимализам и традиција. Сепак, за да подготвите добар ајвар, треба да ги знаете „малите тајни“ што ќе го направат совршено вкусен. Ајварот се прави од чиста пиперка, а времето на пржење на ајварот ...
„Алкалоид“ АД Скопје и Институт за јавно здравје на Република с. Македонија денеска потпишаа Меморандум и Договор за соработка, со што се поставуваат темели за долгорочно партнерство во интерес на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните. Преку оваа соработка двете институции ќе обединат експертиза и ресурси со цел унапредување на здравствените практики, развој на заеднички научноистражувачки проекти, како и спроведување активности за ...
Доколку сите вложиме малку повеќе време и ентузијазам во садење растенија и грижа за зелените површини, Скопје, но и останатите градови во земјава би станале многу позелени и поубави места за живеење. Со секое засадено дрво и грижа за него, би имале повеќе сенки на улиците и парковите, помалку прашина и загаденост, подобар квалитет на воздухот, повеќе пејзажи што повикуваат на прошетка, одмор и дружба, помалку бетон и асфалт, и повеќе живот и ...
Министерството за финансии и Владата најавија ново задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница. „Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит ...
Кога ќе се спомне вештачка интелигенција, многумина уште ја замислуваат како некоја далечна футуристичка приказна, а всушност таа одамна е тука и тивко ги менува нашите секојдневни работни навики. Во Македонија тоа се чувствува особено во секторите каде што рутината и повторливоста се секојдневие. Банкарските шалтери, на пример, каде што порано се чекаше во ред за најобична трансакција, денес се заменети со дигитални апликации што автоматски ...