Почетокот на октомври носи промена на времето низ цела Европа. По период на потопол, западен тек, формирањето на блокирачки антициклон на северот од континентот го отвора патот за ладни воздушни маси од исток. Затоа поголемиот дел од Европа оваа недела се подготвува за првиот значаен студен бран оваа есен, пишува Severe Weather Europe. Од средината на неделата се развива невообичаено силен продор на студ, стимулиран од ширењето на мал студен ...

Домаќинствата во еврозоната денес трошат околу една третина повеќе пари за храна отколку пред пандемијата, додека цените на прехранбените производи пораснаа значително побрзо од цените на другите стоки. Според Европската централна банка (ЕЦБ), ова беше особено под влијание на зголемените трошоци за работна сила и зголемувањето на цените на суровините на глобално ниво. Од воведувањето на еврото на почетокот на овој век, цените на храната имаат ...

Стратешката соработка претставува значаен чекор во инвестициските планови на 4iG во Северна Македонија и ја потврдува посветеноста на компанијата во почитување на европските дигитални и безбедносни стандарди. Оне Македонија, подружница на групацијата 4iG, потпиша првичен договор со Ериксон Телекомуникации Македонија, каде се наведува стратешка соработка за планирање, дизајнирање, снабдување со опрема и распоредување на една од првите самостојни ...

Во Скопје се одржа Регионалната школа за срцева слабост, настан кој обедини врвни професори и експерти од Европа со цел размена на знаење и најнови практики во областа на кардиологијата. После завршување на две годишната школа за срцева слабост во Лондон која е под раководство на проф. Томас Лушер, доц. Д-р Тања Анѓушева ја донесе регионалната школа за срцева слабост и во нашата земја и како член на Македонското здружение по кардиологија заедно ...

Со самото пристигнување на есента, во месарниците низ Ѓорче Петров повторно замириса на традиција. Мирисот на свежо пржени чварки, оној густ, препознатлив мирис што те враќа неколку децении наназад, во дворовите со казани и тави на оган, стана симбол дека летото завршило, а зимата полека тропа на врата. Иако оваа година чварките се појавија нешто порано од вообичаено, веднаш предизвикаа редици пред месарниците, а првите килограми се распродадоа ...

Мигрената е една од најчестите и најтешки невролошки состојби, а според Светската здравствена организација, таа е една од водечките причини за инвалидитет во светот. Главоболките, вклучувајќи ги и мигрените, ги погодуваат речиси сите возрасни групи, од детството до староста, а жените се почесто погодени од мажите. Иако многумина кои страдаат од мигрена се соочуваат со потценување на нивната состојба, бидејќи мигрената честопати погрешно се смета ...

„Spotify Technology“ користи алатки за вештачка интелигенција (ВИ) за креирање содржина, но презема мерки против нелегално претставување на уметници и спамови, објавува „Bloomberg“. Шведскиот стриминг гигант воведува нови политики и ги зголемува инвестициите за да ги заштити уметниците и слушателите од „ѓубре“ генерирано од вештачка интелигенција што ја преплавува платформата, го деградира квалитетот на слушање и ги пренасочува исплатите на ...

Профитот на модниот гигант „Hennes & Maurit“z во третиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, потпомогнат од контролата на трошоците и знаците дека префокусирањето на компанијата на својот основен бренд „H&M“ почнува да се исплатува, објавува „Bloomberg“. Зголемените трошоци за рекламирање во текот на изминатата година помогнаа купувачите да се вратат во продавниците и онлајн, донекаде компензирајќи го негативното влијание на ...

Европа го зацврстува својот статус како преферирана дестинација за богатите во светот, бидејќи променливите даночни режими, геополитичките тензии и променливите програми за визи го забрзуваат движењето на богатството, според извештајот на „Knight Frank“ – „European Lifestyle Report“. Анкета на домаќинства со високи приходи во голем број региони покажува дека политичката стабилност, квалитетот на живот и доброто управување насочуваат повеќе ...

„Volvo“ го претстави моделот „EX90“ од 2026-та година, што е значајно подобрување, бидејќи кросоверот сега доаѓа со сосема нов електричен систем од 800V. Дополнително, „Volvo“ изјави дека нивниот софтвер за управување со батериите користи паметен алгоритам кој работи заедно со системот од 800V за да го оптимизира полнењето, што го прави значително побрзо отколку што беше претходно можно. Благодарение на овие промени, брзиот полнач од 350 kW DC ...

Брзиот пораст на цените на храната во еврозоната е особено важен во моментов, бидејќи може да доведе до повисоки очекувања за инфлација, според блог пост на Европската централна банка (ЕЦБ), цитиран од „Bloomberg“. Во своите заклучоци, кои ја поддржуваат претпазливоста во врска со понатамошните намалувања на каматните стапки, економистите Елена Бобеица, Герит Кестер и Кристијане Никел нагласуваат дека јазот помеѓу цените на храната и општите ...

Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, ...

Европската Комисија го објави вториот повик за стратешки рударски проекти, со цел да се обезбедат критичните минерални суровини за европската индустрија. Потпретседателот на ЕК задолжен за развој и индустриски стратегии, Стефан Сежурне вели дека стратешките проекти ја зајакнуваат отпорноста на ЕУ преку обезбедување суровини кои се клучни за зелената и дигиталната транзиција.Од Комисијата истакнаа дека избраните проекти ќе имаат корист од побрзо ...

Блек аутот во Шпанија и Португалија и претходно во дел од земјите на Балканот – Црна Гора, Хрватска, Косово и Албанија е аларм дека владите мора да ги стават во фокусот инвестициите во енергетскиот сектор. За да се обезбеди стабилна и сигурна испорака со електрична енергија во време кога се зголемува производството од обновливи извори, неопходни се инвестиции во базна енергија, батерии за складирање на електрична енергија, а пред се во ...

Граѓаните на Македонија кои сакаат да влезат во земјите од Европската Унија (ЕУ) наскоро нема да биде доволно само пасошот за да ја преминат границата. Се воведува нов систем за влез во Шенген зоната EES (Entry/Exit System), кој ќе стапи на сила на 12 октомври, и поради ова, гужвите на граничните премини би можеле да бидат драстично поголеми. EES е нов електронски систем кој ќе го замени рачното печатирање на пасошите и ќе евидентира податоци за ...

Претседателот Доналд Трамп во петокот повика на отпуштање на Лиза Монако, претседателката на одделот за глобални работи на Мајкрософт. Во објава на Truth Social, Трамп ја нарече Монако „закана за националната безбедност на САД“ поради владините договори на Мајкрософт и тврдеше дека неодамна и биле одземени безбедносните дозволи. „Според мое мислење, Мајкрософт треба веднаш да го раскине работниот однос со Лиза Монако“, напиша претседателот во ...

„Ако сакаме Европа да биде конкурентна, мора да им овозможиме на нашите компании пристап до капитал – не само преку банкарски кредити, туку и преку пазарите на хартии од вредност“, порача Блаж Бродњак, Главен извршен директор на НЛБ Групацијата, на отворањето на 24. Годишна конференција на Македонската берза во Охрид. Бродњак потенцираше дека интеграцијата на пазарите на капитал е неопходна, бидејќи банките не можат сами да го преземат целиот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком. На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен ...

Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми во светот и е поврзан со сериозни ризици за срцето и крвните садови. Иако е чест, сепак е многу опасен – само во 2023-та година, тој беше примарна или поврзана причина за повеќе од 600.000 смртни случаи. Експертите нагласуваат дека исхраната, вежбањето и лековите играат клучна улога во неговата контрола, а она што го јадеме, вклучително и ужините, може значително да влијае на ...

Индија им соопшти на Соединетите Американски Држави дека е подготвена да престане да купува руска нафта, но ако има можност да купува нафта од други земји под санкции – Иран и Венецуела, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори. Според нив, претставници на Њу Делхи ги посетиле Соединетите Американски Држави во текот на неделата и посочиле дека ограничувањето на пристапот до руска, иранска и венецуелска нафта за индиските рафинерии во ...

Во Прилеп живее 7-годишниот Александар, кој повеќе од две години го чуваат неговите баба и дедо. Негова мајка, Вероника, замина во Швајцарија како дадилка. Таа му зборува преку видео секоја вечер, но физички го гледа само еднаш во неколку месеци. „Кога ќе го слушнам како ми вика ‘мамо’, срцето ми се пара. Но знам дека со тоа што сум таму, можам да му овозможам подобар живот, облека, можам да му платам курс по странски јазик“, ни изјави Вероника. ...

„SAP“ соопшти дека потпишал договори со „OpenAI“ и „Amazon Web Services“ за проширување на својата понуда на услуги за „дигитален суверенитет“ на европските влади, објави „Bloomberg“. Германскиот развивач на софтвер ќе соработува со „OpenAI“ за да ги донесе услугите за вештачка интелигенција (AI) на компанијата, вклучувајќи го и „ChatGPT“, во јавниот сектор во Германија, соопштија компаниите во заедничка изјава. Иницијативата, наречена „OpenAI“ ...

„Instagram“ сега има 3 милијарди месечни активни корисници, објави извршниот директор на „Мeta“, Марк Цукерберг, цитиран од „CNBC“. „Каква неверојатна заедница изградивме овде“, објави Цукерберг на својот „Instagram“ профил. Бројката е големо достигнување за апликацијата за споделување фотографии и видеа, која социјалната мрежа ја купи во 2012-та година за 1 милијарда долари. Последниот пат кога „Мetа“ откри податоци за бројот на корисници на ...

„Stellantis“ повторно привремено го суспендира производството на неколку модели поради слаба продажба. „Alfa Romeo Tonale“ е најтешко погоден, побарувачката во Европа е намалена за 42 проценти од почетокот на годината до август, додека продажбата во САД е намалена за 28 проценти. Неговиот близнак, „Dodge Hornet“, доживува уште поголем пад од 52 проценти. Како резултат на тоа, фабриката во Помиљано во Италија, каде што се произведуваат „Tonale“, ...

Среброто надмина 45 долари за унца за прв пат по 14 години, додека златото се приближува до нов рекорден максимум, поткрепен од расположението за избегнување ризик на берзите и континуираните загрижености за патот на американската економија, објави „Bloomberg“. Среброто на спот скокна за 2,6% во четвртокот, продолжувајќи го силниот раст што доведе до зголемување на цените за 55% за оваа година. Го надмина растот на златото од 43%, кој достигна ...

Според една студија, производите со ознака за потекло „Made in Germany“ уживаат највисок меѓународен углед. Потрошувачите ширум светот ја сметаат оваа етикета за најсигурна, дури и пред соодветната швајцарска етикета, според анкета на Институтот за истражување на пазарот во Нирнберг. Според таа анкета, 66 проценти од испитаниците имаат доверба во производите „Made in Germany“, а Швајцарија и Јапонија се на второ и трето место, пишува DPA. ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата за есенско зголемување на пензиите и од кога се очекува нивната исплата, изјави дека од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. Потоа ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по ...

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“. „Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене“, ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност и радост. Сè започнало како обичен ден — еднодневна ...

Децении наназад жителите на Битола бараат конечно решение за проблемот со отпадните води. Иницијативата за реконструкција на канализациската мрежа и изградба на пречистителна станица започна уште пред 2016 година, кога со европски средства беше подготвена и Оцената за влијание врз животната средина. Веќе тогаш податоците за состојбата на реката Драгор беа алармантни. И денес, испуштањето на отпадни води во реката останува нерешен проблем. За ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската. Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја зголемува чувствителноста на промени во надворешното опкружување. Според ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
67%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.95
87%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
73%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
93%
1027
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Родиум

255598.44

Сребро

2049.55

Кобалт

58.42

Бакар

10.76

Цинк

3.03

Калај

41.29

Алуминиум

2.88

Злато

138322.05

Платина

59937.34

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Рутениум

29192.88