Неидентификувани дронови беа забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив беше затворен неколку часа, соопшти данската полиција. Според данските медиуми, дронови беа видени над аеродромите Есјберг, Скирдструп, Сендерборг и Алборг, при што вториот е затворен за сообраќај. Алборг е град на северот од Данска. „Активностите на дронови го нарушуваат нормалното работење на аеродромот“ Портпаролот на аеродромот Алборг одби да ...

Работиш, а истовремено голташ апчиња – реченица што станува сè почеста реалност за македонските вработени. Невидливата борба со исцрпеноста, тивката хронична замореност и болките во телото, кои често се „гасат“ со апчиња за смирување или аналгетици, е дел од секојдневието во многу канцеларии и фабрики. Она што порано се нарекуваше „обичен стрес“, денес се именува со збор кој звучи како пријателски, а е всушност крајно суров – burnout. „Се ...

Според анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги(АВМУ) за 2024 година, приходите од рекламирање претставува клучен извор на финансисрање за комерцијалните телевизии и радиостаници во Македонија. Вкупните приходи на комерцијалните телевизии за 2024 година изнесуваат 1,607 милиони денари (26 милиони евра), додека радиостаниците остварија приходи на износ од 246 милиони денари(4 милиони евра). Вкупните приходи што во анализираната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека неговиот настап во Обединетите нации бил обележан со три чинови на „саботажа“. Трамп рече дека ескалаторот не функционирал додека се качувал по него со првата дама Меланија, и дека телепромптерот откажал, а светските лидери не можеле да го слушнат неговиот говор поради пригушениот звук. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој изјави дека ескалаторот со кој патувал со неговата сопруга ...

Германија издвои огромни 500 милијарди евра за реконструкција на својата инфраструктура. Сепак, дали економијата ќе може да ги искористи можностите на фондот? Келнскиот институт за германска економија (IW) темелно го разгледа ова прашање. Една од двете најголеми пречки за ефективна имплементација е недостатокот на квалификувана работна сила, според IW во анализата. Друга е порастот на цените. На градежната индустрија, имено, ѝ е потребно време ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа изјави дека ќе го замоли унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја спречи Будимпешта да купува руска нафта. „Тој е мој пријател. Не сме разговарале, но чувствувам дека ако го повикам, може да престане да купува руска нафта. И мислам дека ќе го направам тоа“, рече Трамп, пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк, објави Ројтерс. Трамп постојано ги повикуваше европските земји ...

Кина стана светски лидер во однос на големината на банкарските средства и девизните резерви, објави денес гувернерот на Народната банка на Кина, Пан Гонгшенг. На крајот на јуни, вкупната вредност на активата на кинеските банки достигна 470 трилиони јуани (64,6 трилиони долари), што е највисока во светот. Кинескиот пазар на акции и обврзници е втор по големина во светот, додека девизните резерви на земјата се најголеми во светот веќе 20 години по ...

Да се организира роденден за дете денес изгледа како мини проект, а често и како финансиски подвиг што бара план и калкулација. Родителите, сакајќи да му овозможат на своето дете ден за паметење, неретко завршуваат со сума што излегува далеку над рамките на просечниот семеен буџет. Самото прашање „колку чини еден детски роденден?“ нема едноставен одговор – затоа што зависи од стилот, местото, бројот на гости, па дури и од тоа колку креативни се ...

Долготрајната и секојдневна употреба на силни средства за чистење, особено спрејови и дезинфекциски раствори, може да има последици врз белите дробови слични на ефектите од пушењето, предупредува ново истражување на Универзитетот во Берген, Норвешка. Според резултатите од студијата, која траела 20 години и опфатила повеќе од 6.000 испитаници, жените кои редовно користеле спрејови за чистење, било дома или професионално, покажале пад на ...

„MG“ го претстави својот нов пикап „MGU9“, првиот модел на брендот наменет за австралискиот пазар. Базиран е на кинескиот „Maxus/LDV Terron 9“, но носи препознатливи промени – масивна хромирана решетка со брендирање „MG“, редизајниран браник и паметна задна врата со вградено скалило. Ексклузивно за најскапата верзија „Explore Pro“, достапен е системот „MG Smart Hatch“, кој го проширува товарниот простор со помош на преклопен заден прозорец и ...

„Revolut“ планира да влезе во 30 нови географски подрачја до крајот на деценијата, стратегија со која финтех компанијата на крајот ќе инвестира 13 милијарди долари додека се стреми да собере 100 милиони корисници. Како дел од напорите, „Revolut“ ќе инвестира 4 милијарди долари во својот бизнис во Велика Британија, што ќе ѝ помогне да создаде 1.000 работни места на домашниот пазар. Веста беше објавена на отворањето на новото глобално седиште на ...

Европските влади кои се во недостиг на пари, кои размислуваат за повисоки даноци за богатите за да ги пополнат дупките во своите јавни финансии и да се справат со растечката нееднаквост, може да откријат дека директните даноци на богатство не се најефикасното решение. Историјата покажува дека директните даноци на богатство ретко генерираат многу приходи и честопати ги пропуштаат своите главни цели, велат даночните експерти и економистите. Тие ...

Цената на златото штотуку достигна максимум од повеќе од 40 години, прилагодена за инфлација. На тие нивоа, златото има поголема куповна моќ отколку на својот врв во јануари 1980-та година, кога изнесуваше 850 долари – или 3.524 долари во денешни пари, пишува уредникот на „Bloomberg“, Арон Браун. Кога цените на златото растат, обично има два фактори во игра: страв од инфлација и страв од финансиска репресија како санкции и контрола на капиталот. ...

Два големи малопродажни синџири во Грција, „Лидл“ и „Склавенитис“, се казнети поради непочитување на законите за заштита на потрошувачите, пишува Прото тема. Дирекцијата за заштита на потрошувачите (DIMEA) ја казни компанијата „Склавенитис“ со 1.440.000 евра за кршење на Етичкиот кодекс, додека Лидл е казнет со 805.340 евра за надминување на ограничувањето на маржата на профит. Инспекциите беа наложени во 2024 и 2025 година од грчкиот министер ...

Во Македонија денес ќе сретнете млади луѓе со дипломи в рака и празни џебови. Од факултетските клупи излегуваат со знаење и амбиции, а потоа како да удираат во невидлив ѕид. Работни места има, велат институциите, но не и за нив. Остануваат да кружат меѓу огласи, интервјуа и бескрајни разговори, додека надежта малку по малку се топи. Ана, 26-годишна магистерка по меѓународни односи, вели дека веќе три години аплицира на огласи, праќа биографии и ...

ЕДС официјално ги отвори своите нови канцеларии во Скопје, со свечен настан кој собра голем број гости од бизнис-заедницата, клиенти на компанија и медиумите. Настанот означува важен нов почеток за компанијата, која е дел од водечката енергетска групација PPC во Југоисточна Европа. Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, во своето обраќање истакна дека изминатите години ЕДС покажа дека за своите клиенти е повеќе од снабдувач со ...

Говорот на американскиот претседател во ОН беше еден од најјасните прикази на неговиот поглед на светот, неговата идеологија во нејзината најчиста форма, пишува Би-Би-Си, додавајќи дека неговите поддржувачи ќе го гледаат како „Трампизам без филтер“, а неговите критичари како „Трампизам без контрола“. Речиси еден час (наместо очекуваните 15 минути – никогаш не зборувал подолго), Трамп ги напаѓаше своите противници и нивните идеи, отфрлајќи ги ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на судиите и обвинителите за ставот дека нивните плати не се заслужени и обвинувањата од опозицијата за блокирање процесот на реформската агенда во правосудството, изјави: „Благодарам на прашањето, суштинско. Важно прашање за иднината на државата и владеењето на право. Одговорот ќе го поделам во два дела. ...

Народната банка, со поддршка од Европската Унија, започна со остварување на проектот „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Целта на проектот е модернизација на институцијата и приближување до европските стандарди, што ќе овозможи посигурни услуги и поголема доверба кај јавноста. Проектот се состои од две клучни компоненти: статистиката и платните системи – ...

Овој вторник под отвореното небо на терасата во Ресторанот „Дион Стенковец“, македонската компанија за управување со амбалажен отпад Пакомак прослави 15 години постоење. Помеѓу најблиските партнери, соработници и поддржувачи, а придружено со избрана македонска забавна музика, компанијата одбележа уште една важна етапа во своето постоење. Успешната приказна на Пакомак започна 2010 година, кога вкупно 11 домашни компании се организираа заедно за ...

Бјанка Катру, Заменик Генерален Директор на М КЕШ, гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ, каде ја претстави компанијата како пример за општествено одговорно работење. Во интервјуто беше нагласен развојниот пат на М КЕШ во изминатата деценија, вредностите што ја движат компанијата напред и мисијата зад хуманитарната иницијатива „Од срце за срце“. Преку оваа иницијатива, М КЕШ ја потврдува својата посветеност кон заедницата и ...

Денес Кремљ одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја нарече Русија „хартиен тигар“, нагласувајќи дека Владимир Путин „ги цени неговите напори во решавањето на војната во Украина“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија е мечка, а не тигар, додавајќи: „Не постои такво нешто како хартиена мечка“. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека членките на НАТО треба да ги соборуваат руските ...

Етереум (ETH) изгуби над 3 милијарди долари пазарна капитализација за помалку од 24 часа, паѓајќи од нешто поблиску од 543 милијарди долари на 21 септември на околу 506,85 милијарди долари на 22 септември. Тргувајќи се на околу 4.203 долари, криптовалутата е намалена за 6,11% на дневната и речиси 7% на неделната табела. Далеку од изолиран инцидент, загубата доаѓа во време кога глобалната капитализација на крипто пазарот паѓа на 3,89 трилиони ...

Следејќи ја својата стратегија за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, во годината на одбележување на 40 годишнината од своето основање, НЛБ Банка лансираше и нова веб страница, достапна на линкот www.nlb.mk. Новата веб страница е многу повеќе од визуелно освежување, таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација, унапредедена алатка за модернизација на начинот со кој клиентите ги пребаруваат ...

Златото продолжува да расте пред очекуваните намалувања на федералните каматни стапки, промена на политиката за која традиционално се знае дека ги поддржува неприносните средства. Како што благородниот метал полека се приближува кон цената од 3.700 долари за унца, инвеститорите ја наведуваат постојаната инфлација заедно со слабиот раст како основен двигател на побарувачката. Слично на тоа, индексот на потрошувачки цени (CPI) во август покажа ...

Измамници се претставиле како MrBeast, Марк Робер, Адин Рос и други во WhatsApp група, измамувајќи голем донатор да префрли над 1 милион долари. Главен донатор на добротворната кампања „Тим Вотер“ на MrBeast, претприемачот Ерик Бергман, откри дека бил измамен за 1,25 милиони долари во сложена WhatsApp шема во која биле вклучени имитатори на познати личности. Измамата започнала кратко откако Бергман донираше 1 милион долари на „Тим Вотер“. Тој ...

Според пресметките на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2025 година изнесува 45 276 денари(736 евра). Во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10.5 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни ...

По остриот пад на Биткоинот (BTC) во понеделникот, еден аналитичар посочи на технички индикатори што сугерираат дека криптовалутата би можело да падне под клучното ниво од 100.000 долари. Според анализата на TradingShot, првата криптовалута го тестира својот 20-неделен подвижен просек близу 112.500 долари, ниво кое историски служело како почетна точка за последната фаза од претходните биковски циклуси. Во анализата споделена на TradingView на 22 ...

Инфлацијата, геополитичките тензии и трговските нарушувања ги обликуваат стратегиите на компаниите, додека важноста на вештачката интелигенција(AI) во бизнисот расте, според „Chamber Pulse 2025“ – економски извештај на Меѓународната стопанска комора (ICC) и Светската федерација на стопански комори (WCF). Овој документ беше презентиран на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори во Мелбурн и е базиран на истражување во кое учествуваа 230 ...

Кога бензинот поскапува, тоа не е само проблем за возачите што се фаќаат за глава на бензинска, туку бран кој се разлева по целиот пазар. Транспортот на стока станува поскап, а тоа директно се преточува во цените на храната, облеката, па дури и најобичниот леб. Можеби луѓето тоа го гледаат како банална сметка од неколку денари повеќе, ама на крајот на месецот се собира една нова реалност – сè чини повеќе. „Горивата се крвотокот на економијата. ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
67%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.95
87%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
73%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
93%
1027
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Злато

138322.05

Калај

41.29

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Родиум

255598.44

Цинк

3.03

Бакар

10.76

Алуминиум

2.88

Платина

59937.34

Сребро

2049.55