Албанија е европски шампион во производство на обновлива енергија, со 99,3 проценти, по што следува Норвешка со 99,1 отсто, објави албанската владина Агенција за медиуми и информации (MIA- Media and Information Agency). – Овој показател е важен факт, во време кога енергетските предизвици се од витално значење на нашиот континент, а управувањето со ресурсите е приоритет на самата Европска Унија. Албанија и Норвешка водат со речиси 100 проценти ...

Со распишување на локалните избори течат роковите и за поднесување листи на кандидати од политчките партии и независните иницијативи. Листите на кандидати за советници и градоначалници ги доставуваат овластените претставници на предлагачите до Општинските изборни комисии (ОИК), односно до Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). Крајниот рок за поднесување е 13 септември до 24 часот, односно 35 дена пред изборите. По приемот, ОИК веднаш ...

Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните избори за 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. -Пристигна 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на денешната заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Кијив, истакна дека сојузниците на Алијансата и Украина заедно работат на безбедносните гаранции за Украина, за да бидат сигурни дека Русија нема повторно да нападне. – Солидни безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и во моментот работиме на тоа, посочи Руте. Додека Зеленски истакна оти Русија прави се ...

Апелациониот суд во Њујорк ја отфрли пресудата од околу половина милијарда долари против претседателот Доналд Трамп во случајот за граѓанска измама што го покрена државниот обвинител, пренесува Си-ен-ен. Одлуката од четврток, која не беше едногласна, го остава Трамп сè уште одговорен за измама. Судиите ја потврдија неговата одговорност и ја отфрлија казната за да може случајот да продолжи за понатамошно жалбено разгледување. Главната ...

Палестинските фракции почнаа да предаваат дел од оружјето што се чува во бегалскиот камп на периферијата на Бејрут на либанската армија во четврток, што е почетен чекор во спроведувањето на планот што официјалните лица го објавија три месеци претходно за отстранување на оружјето од камповите, пренесува АП њуз. Тоа беше скромен прв чекор. Еден пикап го напушти кампот натоварен со оружје спакувано во вреќи. Кундаците од митралезите можеа да се ...

,Високиот комесар на ОН повика на одговорност за неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите. Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк повика на прекин на насилството на протестите во Србија, пренесува N1. Во објава на X, тој исто така повика на почитување на правото на мирно собирање, воздржаност и одговорност за неоправданата употреба на сила од страна на полицијата. „Мирно решение е единствениот ...

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска потврди дека референдумот ќе се одржи на 18 или 25 октомври во врска со пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот и дека очекува народот да каже НЕ на тоа. Тој го изјави ова откако синоќа, на состанокот на владејачката коалиција во Република Српска, беше договорено референдумот да се одржи на 18 или 25 октомври. Според Додик, двата датума се ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти. Намалување на ...

Министерот за одбрана на Израел вели дека градот Газа ќе биде уништен ако Хамас не се согласи да се разоружа и да ги ослободи сите заложници, пренесува Би-би-си. Коментарите на Израел Кац дојдоа откако израелскиот кабинет ги одобри плановите за масовен напад врз градот Газа, и покрај широкото меѓународно и домашно противење. Во понеделникот, Хамас се согласи со предлогот на катарските и египетските медијатори за 60-дневен прекин на огнот, ...

Министерот за правда Игор Филков изјави дека можеби дошол моментот за преглед на Принципот на Бадентер, познат како двојно мнозинство, кој е дел од Охридскиот рамковен договор и Уставот на Северна Македонија. „Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“ – изјави Филков. Претходно, минатата сабота, Собранието не успеа да ги усвои измените на Изборниот законик кои ќе воведуваа рамка за собирање потписи за ...

Врвниот дипломат на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас предупреди против притисокот врз Украина да отстапи територии на Русија како дел од идниот мировен договор. Во своето прво интервју во Велика Британија откако лидерите на ЕУ се приклучија на мировните разговори на Доналд Трамп со Украина во Белата куќа, Каја Калас изјави за програмата „Тудеј“ на Би-Би-Си дека дозволувањето на Русија да ги задржи украинските територии е „стапица во која ...

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на ...

ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките ...

Бразилската федерална полиција соопшти дека пораките пронајдени на телефонот на поранешниот претседател Жаир Болсонаро покажуваат дека тој некогаш сакал да избега во Аргентина и да побара политички азил, според документите во кои имаше увид АП, пренесува Си-ен-ен. Болсонаро моментално чека пресуда на Врховниот суд за наводен обид за државен удар и во среда дозна дека може да се соочи со уште еден случај, бидејќи полицијата формално го обвини ...

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобренија за нов мрежен оператор. Комисијата за спроведување на тендерот со јавно наддавање денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи. – Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Во името на ЦИВИЛ – Центар за слобода Веќе неколку месеци, секој петок поставуваме едно едноставно, но моќно прашање: „Кое е вашето прашање до властите и политичарите?“ И ни одговарате. Гласно и јасно. Секоја недела, вашите коментари откриваат гнев и разочараност од нефункционалните институции и празните ветувања. Овие гласови се важни за одржување на демократска и јавна дебата. Но сега, кога и локалните избори ни се на прагот, ...

Директорката за национално разузнавање на администрацијата на Трамп, Тулси Габард, на 20 јули наредила американската разузнавачка заедница да прекине споделувањето информации за тековните мировни преговори меѓу Русија и Украина со таканаречените земји од „Петте очи“, објави CBS News на 21 август, пренесува Кијив Индипендент. Извори од разузнавањето на САД изјавија за CBS News дека Габард потпишала директива со која се забранува споделувањето ...

Националната битка за прераспределба влегува во следната фаза во четврток, кога калифорниските демократи треба да усвојат нова конгресна мапа што создава пет места за победа за нивната партија, што е директна спротивност на одобрувањето од страна на Претставничкиот дом на Тексас за нова мапа за создавање места со поконзервативна ориентација во таа држава, пренесува АП њуз. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ја осмисли стратегијата со ...

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова ...

Големиот план за населување на окупираниот Западен Брег што Израел го одобри вчера е „неприфатлив“ и претставува „кршење на меѓународното право“, наведоа во заедничка изјава 21 земја, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција. „Ја осудуваме оваа одлука и најцврсто бараме таа веднаш да се поништи“, додадоа шефовите на дипломатиите на 21 земја. Клучниот план за изградба на 3.400 станови на Западниот Брег, територија што Израел ја окупира од ...

Податоците од доверливата база на податоци на израелската воена разузнавачка служба покажуваат дека пет од шесте Палестинци убиени од израелските сили во војната во Газа биле цивили, односно дека стапката на смртност кај цивилите во Газа е околу 83 проценти, објави Гардијан. Заедничката истрага на Гардијан, израелско-палестинското списание „+972“ и хебрејскиот медиум „Локал Кол“ дојде до заклучок дека во мај податоците од класифицираната база ...

ТЕМА НА ДЕНОТ Изборна едукација – Правото на глас ЦИВИЛ секојдневно, од распишувањето на изборите на 9 август објавува едукативни текстови „Што е што во изборен контекст“ за клучните прашања во пресрет на локалните избори во октомври. За гласачите најбитно е нивното избирачко право. Тоа е основно демократско и човеково право, преку кое граѓаните учествуваат во избор на претставници во државната и локалната власт. Во Северна Македонија, ова ...

Мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 година, мажите биле десетпати повеќе сторители на кривични дела ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави третиот клучен механизам од својата програма за борба против урбаниот хаос и нелегалното градење – системот „Градежна стража“. Механизмот, како што рече, има цел да стави крај на бесправното градење, урбаниот хаос и политичката заштита на нелегалните објекти, се наведува во соопштението од ДУИ. „Во Чаир одамна е изгубено чувството за ред и поредок во градењето. Се гради ...

Избирачкото право е основно демократско и човеково право, преку кое граѓаните учествуваат во избор на претставници во државната и локалната власт. Се дели на две форми: Активно избирачко право – правото на секој полнолетен граѓанин со државјанство да гласа на избори. Пасивно избирачко право – правото на секој полнолетен граѓанин кој исполнува законски услови да биде избран за претставник (пратеник, советник, градоначалник и сл.). Во Северна ...

Хаос на улиците, полициска бруталност, закани од највисоките власти кон оние што излегуваат на протести, селективни апсења на граѓани, вклучително и членови на парламентот – ова е реалност во Србија во последните неколку месеци, особено во последните денови. Го забележуваат тоа и во Европската Унија, има сè повеќе луѓе кои гласно зборуваат за тоа, па дури и се осмелуваат да ја споредат Србија со една од најголемите диктатури на европскиот ...

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува ...

Пожар избувна во рафинеријата за нафта Новошахтинск во руската Ростовска област по ноќниот напад со беспилотно летало на 21 август, објави рускиот новински канал Телеграм Астра, повикувајќи се на локални извештаи и снимки од нападот, пренесува Кијив Индипендент. Градот Новошахтинск се наоѓа на околу 10 километри од руско-украинската граница и на над 200 километри од фронтовската линија. Над градот Новошахтинск за време на нападот со дронови ...

Дипломатските иницијативи за прекин на војната во Украина јавноста во Северна Македонија ги перцепира со доза на сомнеж дека нешто ќе постигнат и ќе донесат траен мир за Украиниците. Реакциите на граѓаните на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за дипломатските напори поврзани со Украина? на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ откриваат различни перспективи – од силна критика до поддршка за украинската борба. „Украинците покажаа невидена храброст“ ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
58%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.3
78%
1014
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1007
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
47%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
62%
1014
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
52%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
81%
1009
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Калај

43.61

Бакар

10.81

Кобалт

964.52

Платина

61343.62

Рутениум

56199.51

Злато

141731.52

Цинк

3.04

Иридиум

258288.78

Родиум

340797.91

Паладиум

45107.50

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.21