Изјава на Христијан Мицкоски по средбата на ЕСС: “Дозволете на почетокот да истакнам дека оваа Влада има јасна слика за реалната состојба во која живеат граѓаните. Свесни сме за тешкиот живот, знаеме дека предизвиците се реални и дека стандардот не може да се подобри преку ноќ. Но знаеме и дека ако сите тука навистина веруваме во тоа дека интересот на граѓаните е поважен од личните или политичките разлики тогаш сигурен сум дека можеме и ќе ...

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин Табановце. Тие им се приклучија на македонските и на чешките тимови во борбата против шумските пожари што беснеат во земјата. Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно ...

На собраниската седница, не беше изгласан предлог-законот на пратеничката група на Левица за дополнување на Законот за здравствената заштита, со кој се бараше задолжително вработување на прворанираниот кандидат на конкурсите во здравствените установи. Пратеникот Борислав Крмов во своето излагање укажа на правната недореченост во законот, која последните триесет години системски се злоупотребува. „Прашањето е дали тоа можеби и не е правна ...

На 29.07.2025 во 08.45 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода лице (58) од с.Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место ...

На 30.07.2025 во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на lice(49) од Гостивар. При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина. Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави прес-службата на Кремљ. Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток. „Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, вели Кремљ. Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, ...

Двајца мажи починаа, а други двајца се хоспитализирани по насилниот инцидент во центарот на Лондон вчера. Еден од хоспитализираните мажи е приведен под сомнение дека е поврзан со нападот. Метрополитенската полиција извести дека добила повик за напад во Саутерк околу 13 часот во понеделникот. На местото на настанот пронашле четири лица со убодни рани. 58-годишен маж починал на самото место, а преостанатите три лица биле итно префрлени во болница. ...

Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Петропавловск на Камчатка, а првичните извештаи за повредени, објавија руските медиуми. Висината на цунами бранот во рускиот тихоокеански град Северо-Курилск надмина три метри, а најсилниот достигна пет метри, соопштија службите за итни случаи. Северо-Курилск, град во Сахалинската област, беше делумно поплавен по земјотресот и последователното цунами. По земјотресот ...

Лекарите во Петропавловск-Камчатски продолжија да оперираат пациент и покрај силниот земјотрес, објави регионалниот министер за здравство Олег Мелников. Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија во среда, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан. Лекарите во Петропавловск-Камчатски продолжија да оперираат ...

Заканата од цунами од земјотресот во Камчатка помина, Авачинскиот Залив го спаси Петропавловск-Камчатски со пригушување на бранот, изјави Петр Шебалин, директор на Институтот за теорија на предвидување на земјотреси и математичка геофизика на Руската академија на науките. „Заканата од цунами по земјотресот веќе помина. Колку што јас разбирам, немаше силно цунами во Петропавловск-Камчатски бидејќи земјотресот не се случи во Авачинскиот Залив, ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, остро реагираше на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, нарекувајќи ги директен обид за враќање на партиските „тефтерчиња“ и уривање на институционалниот интегритет. „Тошковски го претвори министерството, а со тоа и државата, во див запад. Укинувањето на критериумите за избор на началници е обид за политичка контрола. Дали повторно одлуките се носат по списоци? Дали граничните ...

Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија употреба подлежи на дозволи и е строго регулирана. Случајот е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при извршен претрес на возило со германски регистарски таблички коешто го управувало лицето. При преглед на стоката сместена во багажниот простор, во црна голема торба на дното, помеѓу ...

Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден буди чувство на тага, но секогаш ќе се памети и по човечноста и хуманоста на сите кои помогнаа во ...

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против управител на правно лице Д.К.(30) од Скопје и против правното лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став2 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Првопријавениот, како одговорно лице во пријавеното правно лице, по добивање на решение од 27.05.2024 од Министерството за здравство за одгледување на канабис за медицински ...

Со скандалозниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски се обидуваат брутално да ја партизираат полицијата и да формираат партиска милиција под нивна команда, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, денес на собраниската седница. Талевски потенцираше дека станува збор за опасен и корумпиран обид полицијата да стане параполициски апарат за заштита на партиските ...

Реакција на ДУИ: Демократската унија за интеграција уште еднаш ја изразува длабоката индигнација за намерното и неоправдано молчење на Владата во врска со антиуставната и незаконска одлука која ги дискриминира општините со мнозинско албанско население и ја исклучува дијаспората од официјалното пресметување на бројот на населението. Поминаа неколку дена откако беше јавно обелоденето намалувањето на бројот на советници во повеќе од 20 општини, во ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривични пријави против И.Х.(33) и С.А.(23), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.07.2025, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува И.Х., а се сопственост на неговиот татко, при што биле пронајдени и ...

Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во ...

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ донесе катастрофа, Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината! Целосното потфрлање на ВМРО-ДПМНЕ во справување со пожарите минатата и оваа година донесе невидена катастрофа. Податоците се аларманти. Минатата 2024 година, изгореле 95.181 хектари во Македонија. Дури 8 пати повеќе отколку од просекот во последните 17 години. Изгорените 95.000 хектари зеленило, шуми пасишта ја става ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Демант на изјава на Борко Ристовски министер за спорт Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025. Претседателот на Македонски олимписки комитет Даниел Димески веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот спротивно на стандадите скандалозно половина го однесе во Куманово. Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат олимпијадата, ...

На денешната седница на Собранието се расправаше по поднесената Интерпелација од страна на пратеничката група на Левица за Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски којшто не дојде на седницата и избра само писмено да се произнесе по истата. Собранието ги прифати наводите во Интерпелацијата, ги оцени како основани и се донесе таков заклучок којшто ќе биде доставен и до Владата. Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, како подносител на ...

Утре во попладневните часови, во текот на ноќта кон четврток и во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и првите денови од следната седмица. ...

Демант на МВР: Во врска со написите објавени на некои портали поврзани со измените на Законот за полиција со тврдења дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа, Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла неточните и тенденциозни наводи и ја информира јавноста за следново: Бришењето на членот 119 од Законот за полиција, кој досега го регулираше престанокот на работен однос на полициски службеници по правосилна ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи се регистрирани во планинските северни окрузи на Пекинг – 28 во Мијун и двајца во Јанќинг. Државните медиуми не прецизираа на кој начин луѓето загинале. Обилните врнежи почнале за време на викендот и вчера се засилиле околу Пекинг и околните провинции. Во северните окрузи на главниот град наврнале до ...

Шејн Девон Тамура (27), напаѓачот кој вчера уби четири лица во деловна зграда во Њујорк, пред да си го одземе животот, оставил проштално писмо во кое тврдел дека боледува од хронична трауматска енцефалопатија (ЦTE) и побарал неговиот мозок да биде анализиран по смртта, јавува „Си-ен-ен“. Во краткото писмо од три страници, пронајдено во неговиот џеб по пукањето, Тамура напишал: „Тери Лонг и американскиот фудбал ми ја донесоа ЦTE, поради што испив ...

Поради заканувачката демографска криза, Кина почна да им нуди финансиска помош на родителите за да ги поттикне раѓањата. Новата мерка предвидува родителите да добиваат околу 3600 јуани (околу 465-500 евра) годишно за секое дете помладо од три години. Тоа значи дека за цел период од три години, по едно дете родителите може да добијат вкупно околу 10.800 јуани, односно приближно 1500 евра. Субвенцијата ќе се плаќа и ретроактивно, па семејствата со ...

Едно лице е убиено, а десет се ранети во пукање што се случило рано во понеделникот во Атланта, потврди локалната полиција. До престрелката дошло во популарна четврт позната по ноќниот живот, а инцидентот се случил по викенд обележан со бран вооружено насилство. Полицијата примила дојава за пукање околу 1:30 по полноќ на улицата Еџвуд, во четвртта Свиит Оборн. На местото на настанот биле затекнати 11 застрелани лица, од кои едно, 27-годишен маж, ...

Северна Кореја смета дека желбата на САД за дијалог со неа ќе остане само „надеж“ сè додека Вашингтон не успее да ја прифати реалноста дека состојбата се изменила од времето на претходните самити меѓу двете земји, пренесе државната агенција „КЦНА“. Ким Јо-џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за која се верува дека зборува во име на својот брат, рече дека признава оти личниот однос меѓу Ким и американскиот претседател ...

Излезност

55 минути - Нова ТВ
weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
95%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
64%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.75
95%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
92%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
90%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054