Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота ...
Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во водоснабдувањето на повеќе локации низ државата. Ресен: Над 50 поплавени куќи и објекти Во Општина Ресен, реките Болнска и Источка се излеале во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени повеќе од 50 куќи, магацини, визби и земјоделски површини. Ангажирани се екипи со 4 багери, 7 пумпи и дополнителни ...
Денес, на 22 ноември 2025 година, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, присуствуваше на свечената седница организирана од Владата на Република Северна Македонија по повод Денот на Азбуката на албанскиот јазик. Ова е втора година по ред Владата на Република Северна Македонија да организира свечена седница во Владата на 22 ноември по повод годишнината од Денот на азбуката на албанскиот јазик. Во својот ...
Во соопштение до јавноста, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оцени дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 отсто, правосудниот систем дополнително ја нарушува својата слика со барање за двојно зголемување на платите. „Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па ...
Вечерва се чека слава, а утре се празнува празникот Преподобна Матрона Цариградска – позната како Света Петка. Житие: Преподобна Матрона Цариградска Од Пергија Памфилиска. Брзо ? се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ? непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како ...
Министерот Азир Алиу, го посети центарот каде информираше дека целта е да се продолжи со организирано обезбедување професионална психолошка помош, советување и поддршка за повредените од пожарот, нивните семејства и целата заедница. -Центарот за ментално здравје ќе биде место за доверлива и безбедна грижа, со акцент на справување со траумата, загубата и емоционалните последици. Во Центарот, во рамки на првата фаза ќе работат девет психолози, ...
Денес и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан. Претседателот Гаши беше дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“. Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора ...
Европските претставници го отфрлија најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор што е во корист на Москва и предупредија дека попуштањето пред Русија само ќе го охрабри Владимир Путин да нападне и членка на НАТО, пишува „Политико“. Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас, му рече на тимот на Трамп дека нивниот нацрт-договор за прекин на огнот од 28 точки нема да успее без ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата се соочува со катастрофа поради падот на наталитетот, пренесе „Анадолија“. На симпозиум во Анкара, тој предупреди на сè поголемите предизвици за семејството и повтори дека Турција ќе преземе мерки против, како што наведе, обидите за бришење на родовите разлики и движењата како ЛГБТ. Ердоган посочи дека демографската криза е сериозна, наведувајќи дека стапката на фертилитет се ...
Израелските доселеници вчера подметнаа пожар на депонија за автомобили во окупираниот град Хувара на Западниот Брег, уништувајќи десетици автомобили. Нападот се случи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свика состанок за безбедност за да разговара за зголемувањето на насилството меѓу доселениците, објави Си-ен-ен. Според сведоци и официјалната палестинска новинска агенција WAFA, доселениците упаднале во депонија за автомобили во ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека смета оти Русија и Украина треба да тргуваат и да се вклучат во културни размени наместо да војуваат. Во разговор за „Бреитбарт њуз“, Венс рече дека администрацијата на Доналд Трамп ја користи економската моќ за да поттикне завршување на конфликтите ширум светот. Тој наведе дека Трамп работи на повеќе мировни договори и дека, според него, заслужува Нобелова награда за мир. Венс го опиша ...
Конгресменка од САД е обвинета за кражба на 5 милиони долари од федералните фондови за катастрофи. Во обвинението се тврди дека Шила Черфилус-Меккормик испрала дел од парите на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) преку нејзината изборна кампања во 2021 година. Главниот обвинител Пам Бонди го нарече тоа „особено себичен, циничен злостор“. 46-годишната демократка е под истрага на Комитетот за етика на Претставничкиот ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио планира денес да разговара со европските претставници за новиот американски план за мирно решавање на конфликтот во Украина, објави „Волстрит џурнал“. Според весникот, Рубио, кој е и советник на претседателот за национална безбедност, ќе разговара со високи европски претставници задолжени за национална безбедност. Во текстот се наведува дека неколку високи европски дипломати изразиле надеж дека ќе им ...
Шведскиот генерал Мајкл Клаесон предупреди дека Русија наскоро ќе се обиде да ја тестира колективната одбрана на НАТО според Член 5 и рече дека Европа мора да се подготви да употреби сила за да ја одврати Москва. Тој го кажа ова во интервју за Политико. „Сигурен сум и убеден дека во секој момент ќе бидат подготвени да го тестираат Член 5 на НАТО во балтичките држави или во некој друг дел од Европа“, рече Клаесон. „Тие се подготвени да ...
Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека ги информирал претседателката на ЕК и претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта, за американскиот план за прекин на руската инвазија на Украина. „Што се однесува до следните чекори, европските лидери ќе се сретнат утре ...
Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа од почетокот на годината досега исчистени се околу 23 километри, отворени одводни канали што се наоѓаат на територија на општина Илинден, во соработка со АД Водостопанство „Скопско Поле“. Во изминатиот период се изврши машинско чистење на Сисавец на Главен канал, горна зона во должина од 2300 метри, од влезот на обиколницата кон Белви, потоа извршено е машинско чистење на Главен канал од ...
Потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Антонијо Милошоски ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска во Стокхолм, Кралството Шведска. Во составот на Делегацијата е и Бобан Стојаноски заменик-генерален секретар на Собранието. Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и ...
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се ...
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони. Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река. Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени ...
Во Општина Битола се одржа нова работна средба на Кризниот штаб, со која раководеше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски. На состанокот се вршеше координација и размена на информации со јавните претпријатија и другите институции, околу вчерашните преземени активности на терен, како и за активностите на дежурните екипи во текот на ноќта. Екипите продолжуваат со континуирана работа и чистење на терен на сите критични локации со ...
Премиерот Христијан Мицкоски неодамна кажа дека Македонија по процент од БДП издвојува повеќе пари за судството од некои земји членки на ЕУ, а како пример ги наброја, Грција, Франција и Германија. Германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер во интервју за 360 степени, ги демантираше таквите тврдења на Мицкоски. „Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државава е дека Германија инвестира во правосудството помалку ...
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”. -Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот ...
Германската амбасадорка во Македонија Петра Дрекслер во интервју за 360 степени го повтори ставот дека интеграцијата на Македонија во ЕУ е надворешнополитички приоритет за Германија. Тоа, според неа било докажано и со последната посета на германскиот министер за надворешни работи. Јохан Вадефул на Македонија и земјите од регионот. „Со посетата на шесте земји од Западен Балкан, министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, ...
Прашање: Господин премиер доволно директен бевте пред останатите лидери на Западен Балкан, испорачуваме реформи бараме нашите партнери да не оценуваат според мерит системот, а не по билатералните прашања? Одговор: Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите некој ...
Осврнувајќи се на евроинтегративниот прцес во државата, германската амбасадорка во Скопје, Петра Дрекслер во интервју за 360 степени рече дека тие се свесни дека Македонија измина долг пат кон интегрирање во ЕУ и дека тоа можеби значи и губење на довербата кон Унијата. Запрашана за коментар за изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека е разумно да и се дадат гаранции на Македонија дека нема да има нови билатерални ...
„За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. „Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена“, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. „Ова беше резултат на ...
На 20 ноември 2025 година, околу 07:10 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и една сервисна улица. Патничко возило марка „фолксваген“ со скопски регистарски таблички удрило во пешак, 46-годишна жена од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото на несреќата бил извршен увид од екипа ...
На 20 ноември 2025 година, околу 23:15 часот, во СВР Скопје била пријавена повреда на 46-годишна жена од Скопје, која претходно вечерта била донесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавата, жената се повредила околу 22:00 часот за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа паднала решетка од вентилационен систем од таванот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување ...
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%). Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, ...