Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат. -Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ целосно, до Драчево. Фазата на проектот кој започна во ...
Соопштение на СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите. Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година, изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, вчера положија цвеќе на местото каде ќе биде изграден меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница. – Денес не почнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред четири години на ова ...
Сиљановска-Давковав вчера прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски. Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата Претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети ...
Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава во текот на изминатите три дена од последнава недела во месецот (28./29./и 30.07.2025), регистрираа вкупно 1937 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила. Така, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена ...
Соопштение на СДСМ: Македонија гори, а премиерот Христијан Мицкоски, наместо да работи и да го менаџира системот за гаснење на пожарите, си тера партиски трибини од кои лажно ја обвинува опозицијата. Да не беше трагично, ќе беше смешно. Безобразие и ароганција — очајни конструкции на човекот кој целосно потфрли во справувањето со пожарите. Прво беа кравите, потоа скакулците, па лажните фотографии на Лефков и фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ — сѐ ...
Во насока на зголемување на општата безбедност, Општина Карпош ја информира јавноста дека утре, вторник (29.07.2025) година со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае). Поради изведување на стручните мерења, ги известуваме сите граѓани дека ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази, информира Општина Карпош. ...
На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ...
На 30.07.2025 година во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Берово, во правец од с.Дабиле кон с. Петралинци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд “ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.А.(32) од село Хамзали, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Свидовица, струмичко. Во несреќата со ...
Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ при влез во РСМ лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка. Пронајдената дрога со потврда за ...
На 30.07.2025 околу 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север во БЈБ ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш. Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник ...
Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, како одговор на тоа како државата да ги стимулира младите да останат и формираат семејство во државата. Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференциja истакна дека овој иницијален пакет од шест предлог-закони произлегува директно од предлози на младите, a целта е да се овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница. Пакетот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија. Претседателката оцени дека политичките односи се пријателски и без отворени прашања, но со скромна динамика и посочи на потребата од интензивирање на контактите на највисоко политичко ниво. Таа ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера ги прими Ана Крстиновска, извршна директорка на истражувачката организација ЕСТИМА, како и проектните менаџери Александра Спасовска и Златко Симоновски. Истакнувајќи дека организацијата е една од ретките во чиј фокус се надворешната политика и евроинтеграциите, Сиљановска-Давкова оцени дека се потребни што повеќе тинк-тенкови како ЕСТИМА, со научно креирани и аргументирани ставови и предлози ...
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 од КЗ. Тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 09.07.2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (30.07.2025) во Центарот за обука на кадри од безбедноста на МВР во Идризово присуствуваше на отпочнувањето на процесот на полагање на теоретскиот дел од стручниот испит за ракување со оружје. „Со измените на Законот за оружје овозможивме Министерството за внатрешни работи да го спроведе овој дел од стручниот испит со што апликантите си го остваруваат своето право на полагање, нешто што беше ...
Денес во попладневните часови, во текот на ноќта и утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица. Прогноза за 01.08.2025 ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува одлуката на неодамнешната одлука на Министерството за внатрешни работи да предложи измени во Законот за оружје со кој им се дозволува на цивилните сопственици на огнено оружје да купуваат муниција без претходно одобрение, туку директно од овластените правни субјекти, односно продавачи на оружје и муниција. Ова сериозно ја поткопува јавната безбедност и го нарушува меѓународниот углед на Северна ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “Салида,,) ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03.8. од 07:00 часот до 06.8. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива ...
На Данела и’ успеа, она што на новата власт не им успеваше речиси две години. Го врати споменикот на контраверзниот лик Андон Лазов – Ќосето, за кој се верува дека си го убил и својот брат. – Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и ...
Денес, во рамките на континуираните активности за унапредување на здравствените услуги, генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, заедно со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, остварија работна посета на ЈЗУ Општа болница Велес. Во фокусот на посетата беа состојбите со здравствените услуги на регионално ниво, унапредувањето на соработката помеѓу болницата и Фондот, како и ...
Владата до Собранието ги достави измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи. Согласно една од измените во Законот за полиција, се укинуваат Регионалните центри за гранични работи и полициските станици за гранични работи и истите ќе се припојуваат кон надлежниот Сектор за внатрешни работи. Ова во суштина може да значи сериозно намалена контрола на границите, имајќи предвид дека за контролата е задолжена токму МВР преку ...
Со новите измени на Законот за внатрешни работи, што се наоѓа во собраниска процедура, можат да се укинат позициите заменик командир и заменик началник во полицијата. Тоа не значи дека лицата кои сега се на овие позиции ќе останат без работа, но тоа ќе придонесе да се наруши карирерниот развој кај вработените, односно уназадување во кариерата. Ваквата комплексна и рестриктивна промена во кариерниот развој на работниците е недемократска и ...
Наместо да се отворат вратите за млади, образовани луѓе со потенцијал и свежа енергија, се создава систем каде партиски кадри се вдомуваат по партиска линија порача денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески по повод измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи. „Еве уште еден доказ дека овој закон служи за создавање партиска војска на ВМРО-ДПМНЕ: со член 15 се подига старосната граница за вработување на 30 години, со што се ...
Согласно предлог измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, ќе следуваат сериозни промени во начинот на функционирање на полицијата и Министерството за внатрешни работи. За опозицијата овие измени на законите не носат унапредување за условите за работа, туку напротив, истите ќе доведат до партизација на полицијата. Како аргумент за тоа, опозициската СДСМ ја наведува измената на член 4 од Законот за полиција каде се бришат ...
Откупните цени за пиперката се зголемени – прва класа ќе се откупува по 45 денари за килограм, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „На состанокот се договорија откупните цени по класи за пиперката. За прва класа откупната цена на пиперката изнесува 45 денари, за прва-втора класа е 35 денари, за втора класа откупната цена изнесува 20 денари, а за трета класа откупната цена ќе биде 15 денари”, појасни ...
Соопштение на СДСМ: Нема дно до кое ВМРО-ДПМНЕ и Миле Лефков нема да паднат во своите очајнички обиди за дефокус од нивната неспособност да се справат со пожарите. Денес, пред целата јавност, Лефков флагрантно излажa. Наместо факти, тој пласира лажна фотографија од сосема друг човек, со цел да ја поврзе трагедијата од пожарите со Зоран Заев и СДСМ. Човекот на фотографијата што ја објави Лефков НЕ Е приведениот за подметнување пожар и се презива ...
По силниот земјотрес што го погоди рускиот Далечен Исток со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, во Јапонија беше издадено предупредување за цунами, а речиси два милиони луѓе беа евакуирани, објавија јапонските медиуми. Предупредување за цунами и бранови високи до три метри се во сила за тихоокеанскиот брег на Јапонија, од Хокаидо до Вакајама. Бранови високи од 1,3 метри веќе се регистрирани во некои градови. Досега, 1,9 милиони луѓе ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, заедно со потпретставници на партијата, синоќа оствари средба со граѓани на општина Карпош, каде разговараа за предизвиците со кои се соочува Скопје. Шукова упати остра критика до актуелната локална и централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, четиригодишна блокада и неспособност да понуди функционален концепт за јавен транспорт. – Додека скопјани мака ...
МПЦ ја “утна” годината за вториот Илинден, во посланието наместо 1944 се наведува 1941-ва година: Посланието на Г.Г. Стефан по повод Илинден го пренесуваме во целост: Возљубени празникољупци, Светиот пророк Илија во самото свое име ја носел суштината на својот подвиг! Имено, Илија значи „Господ е мој Бог“ и „Вечниот е мој Творец и мој Живот“. Па затоа, целиот негов живот бил сведоштво и борба за вистината дека постои само еден и единствен Творец ...