Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Нa 26.07.2025 во 23.20 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишиле од слобода двајца малолетници од Струмица на возраст од 17 и 14 години. Имено, во 23.30 часот на место викано „Монополот“ во Валандово, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, кое претходно во полициската станица Струмица било пријавено за одземено, а било управувано од 17 годишниот малолетник, а ...
Состојба со пожарите на отворен простор – 26/27.07.2025 Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор: • 12 се активни, • 5 се ставени под контрола, • 16 се целосно изгаснати. АКТИВНИ ПОЖАРИ (12): 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, место викано ...
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност со ...
изјава на ДУИ: Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата загриженост во врска со најавениот проект за изградба на нови објекти во просторот на Скопското Кале, кои наместо зачувување и промоција на историските вредности, претставуваат реална опасност за нарушување и изменување на архитектонскиот и културен оригиналитет на оваа локација со посебно значење за сите граѓани. Скопското Кале претставува вековен сведок на соживотот и ...
Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се ставени под контрола, а 16 се изгаснати. Активни пожари има во: Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума); Прилеп 2 – ...
Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски – Панта, Комисија за спорт: Македонија е понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-тиот век пред целиот свет. Резил каков што Македонија нема доживеано во својата 35 годишна независност, приредена од никој друг туку од човекот кој пред само неколку месеци ја убедуваше Македонската јавност дека како министер за спорт ќе ја организира најдобрата Младинска олимпијада во светот, Борко Ристовски. ...
Сцена на физичка пресметка меѓу двајца мажи, од кои едниот во рака држи секира, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако видеото беше споделено од случајни очевидци. Според непотврдени информации, инцидентот се случил доцна синоќа во централното градско подрачје на Струмица. Снимката, објавена на Фејсбук-страница, прикажува како првично вербален конфликт брзо прераснува во физичка пресметка на улица, со турканици и отворено ...
Израелскиот министер за наследство, Амихај Елијаху, изјави дека Израел не треба да се грижи за гладот во Газа, предизвикувајќи осуда од целиот политички спектар. Според „Тајмс оф Израел“, десничарскиот политичар од партијата Оцма Јехудит ги отфрли обновените предупредувања на ОН за глад во опколената енклава, тврдејќи дека израелската влада „брза кон уништување на Газа“. „Фала му на Бога што го бришеме тоа зло. Цела Газа ќе биде еврејска“, ...
12-годишно девојче се удавило во Јадранското Море на дел од брегот во централна Пескара, Италија. Околностите на инцидентот сè уште се реконструираат, но според првите извештаи, девојчето нурнало во водата од јавната плажа заедно со уште две деца на нејзина возраст. Само двајцата се вратиле на брегот. Еден пливач забележал дека девојчето не е таму, кренал тревога и ги известил спасувачите. Членови на крајбрежната стража, нуркачи од ...
Украина работи на обезбедување на испорака на десет системи за воздушна одбрана „Патриот“, а исто така е важно системите веднаш да пристигнат со ракетите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што објави УНН. „Имаме барање за десет системи. Ова го кажав јавно. Моментално работиме со партнери за да ги обезбедиме овие десет. Исто така, работиме на прашањето за ракетите, ги имаме“, рече Зеленски. Украинскиот претседател додаде и ...
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена му Прискила. Кога царот Клавдиј нареди да се протераат Евреите од Рим и од Италија, тогаш Акила се пресели во Коринт, каде што првпат го запозна апостолот Павле, кој остана во неговиот дом една и пол година и го крсти него и жена му. Горејќи од ревност за верата Христова Акила и Прискила го придружуваа Павле во Ефес и му помагаа во апостолското дело. Од Ефес ...
Денеска (27.07.2025) во 03.50 часот во Куманово, полициски службеници лишиле од слобода лице (23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта. На 27.07.2025 во 02.40 часот на ул.„Крушевска Република” во Битола, ...
Во текот на изминатото деноноќие (26/27 јули 2025), на територијата на Македонија биле евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 12 пожари сè уште се активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати. Активни пожари (12 локации): Регионот на Василево, Радовиш и Берово – пожар во с. Нивичино, во подножјето на Голем Готен и Малешевските планини, каде што гори ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето. „Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со ...
Денеска (27.07.2025) во 01.48 часот во Кочани, полициски службеници лишиле од слобода лице(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта. Исто така, денеска (27.07.2025) во 02.40 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници ...
Соопштение на СДСМ: Цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во пожари изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта. Тоа не е патриотизам тоа е предавство на сопствената држава. Кај оваа влада е одговорноста, потфрли во заштитата на имотот, природата, граѓаните. Од изминатата седмица, активни се над 100 пожари на територијата на цела држава. Гори во Берово, Радовиш, Василево. Веќе втора недела гори и Прилеп, ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош. „Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова. Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури. „На вакви пеколни температури ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Во Скопје, сончево и топло со умерен развој на нестабилна облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ...
Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и на ГП Пелинце времето на чекање е околу 45 минути. На ГП Богородица времето на чекање изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...
Македонски Телеком ги заокружува активностите од иницијативата #НаправиМесто со уникатен театарски проект насловен „Замисли нов свет“, создаден како колаж од делата на Горан Стефановски, во соработка со Македонскиот народен театар. Направи место Со иницијативата #НаправиМесто, Телеком ја отвори темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повика на нивно надминување и на вистинско поврзување меѓу луѓето. Во текот на годината беа ...
На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските државјани Д.К.(35) и Е.А.(22). При преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, Д.К. во своите сообраќајни документи ставил пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник. По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена ...
Во авион на „Рајанер“ што слетал вчера на аеродромот во Малме, избувнала тепачка. Двајца мажи се бореле до крв, објави шведскиот „Афтонбладет“. Авионот на „Рајанер“, кој летал од Загреб, се подготвувал да слета на аеродромот во Малме кратко пред 22:30 часот. „Непосредно пред слетувањето, светлата се гасат. И одеднаш гледаме двајца мажи кои почнуваат жестоко да се тепаат. Почнуваат да се тепаат и да се фрлаат едни со други кон другите патници“, ...
На 25.07.2025 во СВР Тетово е пријавено дека околу 22.50 часот на регионалниот пат Желино-Сиричино, тетовско, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (19) од село Шемшево, општина Јегуновце, излетало од патот. Во несреќата А.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата 14-годишна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...
Прес конференција на СДСМ, Методија Илиевски – потпретседател: Додека Мицкоски се обидува да се промовира себеси за голем патриот кој го редефинира значењето на зборот патриотизам, во две години од неговата власт преку 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се претворени во пепел. Само изминатата седмица активни се преку 100 пожари на територија на целата држава. Втора недела се активни пожарите во општина Василево, општина Радовиш и општина ...
Соопштение на Левица: Делегација од Левица составена од членовите на Централниот комитет – Андреа Јанков, Катерина Јовановска и Дарја Мустафаоглу, денес оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, го погоди Скопје. Во тој страшен миг, тагата и болката се вплетоа во животите на илјадници луѓе и засекогаш ја променија историјата на нашиот град. Над ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС фатени во тесно како му слугуваат на бугарските интереси на штета на националните интереси, бара тема за дефокус на јавноста. СДС наместо да измислува лаги и манипулации треба да објасни пред македонската јавност и на нивните членови и симпатизери, и како политички одработува за ДУИ да ја донесе на власт и да ја спаси политичката кариера на Ахмети. СДС, кои сакаат да искреираат хаос во јавното мислење, до само пред ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Главен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е реализација капитални и инфраструктурни проекти насекаде низ државата. Инвестициите во патната, комуналната и урбаната инфраструктура се од голема важност, и имаат за цел да обезбедат побрз економски раст, подобра поврзаност и повисок квалитет на животот на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата од програмата. Едно од ветувањата во програмата уште од 2021 ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС се претвори во политички чадор на ДУИ. Наместо конструктивна опозиција и коректор на власта СДС избра да ја одржува кариерата на Али Ахмети и да ја врати ДУИ на власт. Спрегата СДС- ДУИ преку политичка соработка прерасна во коалиција за заштита на криминалните интереси, заштита на ДУИ и обединување со една заедничка цел, спас на кариерата на Ахмети и враќање на ДУИ на власт. Дали СДС е заштитник или заложник на ДУИ? ...
Собранието со 84 гласа „за“ го усвои Законот за издавање вредносни ваучери од 250 евра (15.300 денари) за набавка на електронски помагала: лаптоп, таблет или персонален компјутер, за сите студенти до 29 години запишани на додипломски студии. Според информациите на властите, за оваа намена од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари, со што ќе бидат опфатени 55 илјади студенти. Право на ваучери ќе имаат редовните и вонредните студенти на ...