
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Таравари појасни дека дел од ...
Директорот на Судска медицина Александар Станков во изјава за МИА кажа дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. – Работиме интензивно на процесот на идентификација и на утврдување на причините за смртта, со цел да ја завршиме работата што е можно побрзо за да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски, рече Станков. Тој кажа дека ...
Министерството за здравство ќе има специјални екипи кои што ќе комуницираат за состојбата на пациентите настрадани од пожарот во Кочани, кои што се на лекување надвор од државата, најави денеска на прес-конференција ресорниот министер Арбен Таравари. Целта е како што посочи, за нивната состојбата да се известуваат и семејствата и јавноста. – Веќе се дадени задачи во Министерството за здравство да имаме специјални екипи, кои што ќе комуницираат ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска. – Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска. – Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на ...
– Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне се хоспитализирани тројцата повредени, кои со амбулантни возила пристигнаа во Солун, брифираат дека ...
– Од САД во Ел Салвадор се депортирани 238 членови на бандата Трен де Арагуа и 23 припадници на бандата МС-13. Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле изјави дека криминалците вратени од САД ќе бидат префрлени во мегазатворот ЦЕЦОТ. Тој додаде дека помеѓу депортираните се и двајца водачи на бандите. Според Букеле депортацијата ќе помогне во разузнавачките напори за разбивање на преостанатите структури на бандите. – Нашата работа ќе продолжи ...
Украинската противвоздушна одбрана собори 90 од 174 беспилотни летала со кои руските сили синоќа ја нападнале украинската територија, пренесе Укринформ. Седумдесет непријателски беспилотни летала се изгубени од радарите, додава украинската новинска агенција, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили. Беспилотни летала „Шахед“ и разни модели на беспилотни летала за мамка беа насочени од Орел, Шаталово, Курск, Брјанск и Приморско-Ахтарск. ...
Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува ...
По 9 месеци владини неуспеси и повеќе од една година неспособност на Тошковски, граѓаните веќе не можат да издржат. Институционалниот хаос и неработењето повеќе не може да се оправда! Министерот за внатрешни работи Тошковски, министерот за економија Дурмиши, градоначалникот Папазов, директорот на Пазарниот инспекторат, директорот на Заштита и спасување, како и сите одговорни за оваа состојба, мора да одговараат за нивното лошо менаџирање и ...
Најновиот развој на настаните поврзани со руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, со посебен осврт на случувањата во Сирија и на улогата Иран, како и односите меѓу ЕУ и САД ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ) во Брисел. Состанокот, со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе започне со дебата за Украина ...
Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство. За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Во пожарот што се случи вчера животот ...
Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите ...
За време на седумдневната жалост во нашата држава група несовесни граѓани организирале дрифт настан со над 300 возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, притоа пријавувајќи „снимање спот“. Настанот резултирал со десетина судари и материјална штета, информираат од Прес24. Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски, жестоко реагираше, истакнувајќи дека не дал дозвола за ваков настан и дека вакво нешто никогаш нема да дозволи. ...
Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска ја започнува својата повеќедневна посета на Косово со средба со претседателката Вјоса Османи. Како што соопшти кабинетот на косовската претседателка, Османи ќе го прими Соренсен во претпладневните часови, а тој ќе оствари и одделни средби со премиерот Албин Курти и првиот заменик-премиер задолжен за европски интеграции, развој и дијалог, ...
– Министерството за одбрана на Сирија го обвини Хезболах, поранешен сојузник на соборениот претседател Башар ал Асад, дека киднапирал и егзекутирал тројца сириски војници, откако ги однел во Либан. – Група од милицијата на Хезболах … киднапираше тројца припадници на сириската армија на сириско-либанската граница … потоа ги одведе на либанска територија и ги уби, се наведува во соопштението на сириското МО. Во соопштението се посочува дека се ...
Не постојат зборови на утеха кои можат да ја ублажат болката на семејствата и блиските на загинатите во една од најголемите трагедии што се случиле во Македонија во нејзината современа историја, а веројатно една од поголемите трагедии по бројот на загинати во еден ден воопшто било кога во Македонија. Загубата на сопствено младо дете, брат или сестра, внук или внука, е огромна и ненадоместлива загуба. Го изразувам моето сочувство со семејствата ...
– Новиот премиер на Канада, Марк Карни, во првата официјална посета на странство ќе ги посети Париз и Лондон, со цел да го зајакне сојузот со Европа во услови на сериозни тензии помеѓу Отава и Вашингтон. – Посетата има за цел да ги зајакне нашите трговски и воени врски со двајцата наши најстабилни и доверливи партнери, наведе Карни. Канада, со население од 41 милион жители, доживува криза без преседан во својата историја. Американскиот ...
– Јеменските бунтовници Хути во рок од 24 часа двапати го нападнаа американскиот носач на авиони „Хари Труман“ со голем број балистички и крстосувачки ракети и дронови. Хутите утрово на Телеграм објавија дека нападите ги извршиле како одговор на американските напади врз териториите што ги контролираат во Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана. Лидерот на Хутите, Абдел Малик ал Хути ги повика Јеменците на масовни протести поради ...
На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од денеска до 4 април, поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема ...
Поради продор на многу поладен бран од север, денес (понеделник 17 март) навечер и ноќта кон вторник (18 март) и во вторник врнежите кои ги очекуваме полека ќе преминуваат во снег и во градовите, особено во западната половина од државава и ќе се формира снежна покривка, најпрвин во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри, а потоа и во дел од градовите во западната половина од нашата Република Македонија. И во повисоките ...
Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени во ВМА и Клиничкиот центар на Србија. Претходно, авион со четворица лекари и ...
Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој информираше дека ќе дојдат и странски експерти за изгореници, меѓу кои и од Израел, а имале понуди за помош и од ...
По налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија. Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот на забавна локација во градот Кочани. Ова го соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ...
Музичари и познати личности на социјалните медиуми се збогуваат со трагично загинатите членови на групата ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. Меѓу загинатите е и фронтменот на групата Андреј Ѓоргиевски. – Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно, напиша Тамара Тодевска. Антониа Гиговска, ...
Република Српска е подготвена на секој можен начин да помогне во ублажувањето на последиците од огромната трагедија што се случи во Кочани, изјави денеска претседателот на РС, Милорад Додик. „Нашите здравствени установи се подготвени да ги примат повредените и да им ја пружат сета здравствена заштита. Подготвени сме да организираме и санитетски и хеликоптерски транспорт на повредени“, напиша Додик на платформата Х. Тој додаде дека РС е ...
– Европската Унија е подготвена да помогнеме на Северна Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. – Подготвени сме да помогнеме преку нашиот Механизам за цивилна заштита, доколку тоа биде побарано, посочи портпаролот, при тоа изразувајќи жалење за трагедијата. Во врска со пожарот се огласи и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент Хаџа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не покажува искрена намера да ја заврши војната, посочувајќи на континуираните напади врз украински градови, пренесе ДПА. „Оние што навистина сакаат мир, не дејствуваат на овој начин“, порача Зеленски на социјалните мрежи. Тој нагласи дека само во изминатата недела Русија лансирала повеќе од 1,020 беспилотни летала, околу 1,360 насочувани авиобомби и најмалку 10 различни типови ...
„Во Крањ со ужас и очај ги следиме трагичните вести од нашиот пријателски град Кочани во Северна Македонија. Во пожарот загинаа најмалку 50 млади луѓе. Нашите мисли се со вас, наши драги пријатели“, се наведува во реакцијата на овој словенечки град, објавена на страницата на општина Крањ. „Наше искрено сочувство“, се наведува во реакцијата за пожарот во Кочани, град кој од 2008 година е збратимен со Крањ. Во меѓувреме, бројот на починати се ...
Кинески борбен авион се урна за време на тренинг, а пилотот се катапултирал и безбедно слетал со помош на падобран, објавија денеска државните медиуми. Во краткиот извештај на новинската агенција Синхуа се вели дека несреќата се случила во близина на градот на најјужната кинеска островска провинција Хаинан, дом на бројни воздушни и поморски бази, радарски станици и друга воена инфраструктура свртена кон стратешки важното Јужно Кинеско Море. Во ...