
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Унгарската влада „беше Трамп пред Доналд Трамп“, бидејќи уште одамна ги отфрла миграциите, родовата пропаганда и војната во Украина, заради што трпи напади во Европа, истакна унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во Њу Делхи. Сијарто, на панелот на меѓународниот форум Раисина Дијалог 2025, изјави дека „конзистентниот и долгорочен“ пристап на владата кон овие прашања резултирал со политички и финансиски напади. “Ние ...
Русија гледа големи можности за соработка со Соединетите Американски Држави, вклучувајќи го и вселенскиот сектор, и очекува наскоро да одржи разговори со Илон Маск за плановите за летови на Марс, изјави денеска Кирил Дмитриев, специјален претставник на претседателот Владимир Путин за меѓународна економска и инвестициска соработка. Илон Маск, основачот на SpaceX, одамна е познат по своите амбициозни планови за истражување на Марс. Во септември ...
Бројот на загинати во израелското гранатирање во Појасот Газа достигна 413, јавија ДПА, повикувајќи се на здравствените власти во палестинската енклава која ја контролира Хамас. Во нападите се повредени најмалку 660 луѓе. Израел денеска започна нова офанзива во Газа, со што стави крај на примирјето со исламистичката група. Се стравува од целосно обновување на војната, забележува ДПА. „Многу здравствени структури се буквално преоптоварени“ по ...
Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упатил писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Од Амбасадата на Турција во РСМ соопштија дека писмо со сочувство испратил и министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан упатено до министерот за надворешни работи ...
– Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го признае Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година, како руска територија во евентуалниот иден мировен договор за ставање крај на војната во Украина, објави веб-страницата Семафор. Цитирајќи две лица запознаени со ова прашање, Семафор јавува дека американските официјални лица исто така разговарале за можноста Вашингтон да ги повика Обединетите нации да ...
Поради несреќата во дискотеката во Кочани, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, донесе одлука за ослободување од должност на раководители, заменици и команданти во Штип и Кочани, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. Ослободени од должност се: 1. Раководител на Сектор за внатрешни работи Штип 2. Заменик раководител на СВР Штип 3. Раководител на Оддел за полиција Штип 4. Раководител на Оддел за криминалистичка ...
Досега за вкупно 16 лица е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. – До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16, велат од Државното Јавно Обвинителство. Меѓу приведените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ...
Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 – 170 заедно со 16-те примени во приватните болници. Во најкус рок, за 24 часа, сите се згрижени и кон сите е постапено соодветно, а над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице е тоа кое самото тврди дека ги исполнува условите. За надминување на таквите пропусти тој денеска најави измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група. Соопшти дека од вчера и други органи во рамки на своите институции ...
Луксембург спроведе медицински евакуации по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, јави РТЛ. Луксембург ја поддржа меѓународната медицинска евакуација на жртвите од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, координирајќи летови до Унгарија и Хрватска преку својот систем за итна помош. Најмалку 59 лица загинаа, а над 150 беа повредени во пожарот, што предизвика меѓународен итен одговор. Од 140 хоспитализирани жртви, 51 беа префрлени во ...
– И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои ми беа побарани од страна на медицинскиот персонал и докторите. Не го правам тоа заради П. Р. , туку за да излезам пред медиумите и да зборувам отворено за се она со што се соочуваме во овие моменти, порача премиерот Христијан Мицкоски. -И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема никогаш да видите лице, ниту, пак, ...
Клиника Жан Митрев дава целосна поддршка и максимална посветеност за повредените од трагичниот настан во Кочани. Досега вкупно девет пациенти беа згрижени во Клиниката, од кои тројца пациенти кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји. Останатите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, додека другите ...
– Ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Солун по посетата на повредените од пожарот во Кочани, хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА ...
– Во Босна и Херцеговина денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани, Северна Македонија, поради што знамињата на зградата на Претседателството на БиХ и други институции ќе бидат спуштени на половина копје. Владата на Федерација БиХ на вчерашната итна седница го прогласи 18 март за Ден на жалост. Ден на жалост прогласи и Република Српска и властите во дистриктот Брчко. Одлуката е донесена поради изразување сочувство до семејствата на ...
Високите температури минатата недела ја активираа вегетацијата и кај некои култури се појавија цветови. Но, студените утра деновиве може да предизвикаат појава на слаб до умерен мраз и да причинат штети, особено кај коскестите видови, сливата, раните сорти кајсии и бадемот. Според агрометеоролозите, појавата и јачината на мразот не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот и конфигурацијата на земјиштето. На земјоделците им се ...
– Чешкиот премиер Петр Фијала денеска на конференцијата „Нашата безбедност не се подразбира“ во Прага изјави дека бесмислено е да се гради архитектурата на безбедноста во Европа која би се потпирала на довербата во Русија сè додека краде туѓи територии. „Искуствата од последниве години се апсолутно немилосрдни. Тоа е обична илузија ако не го видиме тоа. Русија нема да престане. Кој ќе ми каже дека ќе престане, ќе се лаже и себеси како кога се ...
Сите пет пациенти примени во болниците во Солун се во стабилна состојба, објави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изутринава беа во посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун. Во болницата „Папаниколау“ се хоспитализирани три лица, а во Воената болница уште двајца повредени, сите ...
Колку вреди студентското достоинство? Студентското организирање во Македонија отсекогаш било синоним за достоинство, револуционерност и автентична борба за правда. Платото на УКИМ, најголемиот универзитет во земјава, со децении претставува свет простор на студентската мисла и отпор. Тоа е местото каде што генерации студенти храбро се спротивставуваа на неправдите, го креваа својот глас и храбро се бореа за своите права, често плаќајќи висока ...
Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Северна Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, јави МИА од Белград. Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот. – Тие се ...
– Донаторите на годишната конференцијата предводена од Европска Унија синоќа ветија 5,8 милијарди евра помош за новите сириски власти, кои се соочуваат со хуманитарни и безбедносни предизвици по соборувањето на Башар ал Асад. Помошта е помала од лани, кога на Сирија и беа доделени 7,5 милијарди евра грантови и заеми, а претставниците на ЕУ како главен фактор го наведоа намалувањето на американската помош. ЕУ ја организира конференција од 2017 ...
Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Северна Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, јави МИА од Белград. Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот. – Тие се ...
Азбестот е ставен во класа 1 канцерогена материја, апелира доктор Бојан Трајковски. Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост: Гледам по социјалниве медиуми се шират апели за проверка на сите кои биле дел од трагедијата во Кочани поради азбестните табли во покривот и се дига особена паника па малку да појасниме зошто се предупредувањата: Азбестот е минерал кој се користел уште во 19 тиот век во изградба на различни објекти, пред се ...
Русија не губи надеж во можноста за прекин на огнот во Украина, но забележува зголемени напади на украинските вооружени сили на руска територија, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Тој истакна дека неодамна се случил најмоќниот напад од украински беспилотни летала на руска територија. „Веќе помина една недела од предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за едномесечен прекин на огнот. И што гледаме? Најмоќниот ...
Најмалку 330 луѓе загинаа синоќа во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на Хамас на таа палестинска територија. „Министерството за здравство регистрираше повеќе од 330 смртни случаи, главно палестински деца и жени, и стотици повредени, од кои десетици се во критична состојба“, рече претставникот на Министерството, Мохамед Закут. Израел ќе продолжи да се бори во Појасот Газа „додека сите заложници не се ...
– Форумот на семејствата на заложниците, најголемото здружение на роднини на израелските заложници, денеска, по синоќешните напади врз Појасот Газа, упати апел до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да престане да ги убива“ нивните блиски. – Семејствата на заложниците сакаат средба со премиерот, министерот за одбрана и шефот на преговарачкиот тим, каде ќе ги уверат како заложниците ќе бидат заштитени од воен притисок и како се планира да ...
Украина може да постигне праведен и траен мир под водство на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, непосредно пред очекуваниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин за договор за ставање крај на конфликтот во Украина. Сибиха рече дека Киев не е пречка за мировен договор со Русија. Toj додаде дека Украина e во ...
Министрите за надворешни работи на Кина, Јужна Кореја и Јапонија оваа недела ќе се сретнат во Токио, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Јужнокорејскиот министер Чо Тае-Јул, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и јапонскиот колега Иваја Такеши „ќе разговараат за напредокот на трилатералната соработка“ од претходната трилатерална средба на лидерите на трите земји во мај минатата година. Покрај тоа, тие ќе ги ...
Најмалку 200 лица загинаа во израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти, откако рано утрово беа погодени десетици цели во енклавата, со што беше ставен крај на неколкунеделниот обид за продолжувањето на прекинот на огнот, кој ги запре борбите во јануари. Според извештаите, нападите погодиле повеќе населени места, вклучувајќи го северниот дел на Газа, градот Газа, како и подрачјата Деир ал-Бала, Кан ...
Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во ...
– Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот Јулекас говорејќи утрово за грчката телевизија „Опен“ рече дека заедно ...