ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП Групацијата, ги претстави потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјава пред водечки авиокомпании и туроператори на роуд шоу-а во Финска и Норвешка, со цел отворање на нови директни авиолинии во скандинавските земји. За време на роуд шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на ТАВ Македонија, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, еден ден пред традиционалните прослави по повод Денот на победата во Москва, ги предупреди официјалните претставници на државите сојузнички на Русија да не патуваат во руската престолнина на годишната парада на 9 мај, со која се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, пренесе ДПА. Во своето вечерно видеообраќање, Зеленски изјави дека Украина добила прашања од држави блиски ...

Церемонија на потпишување на Рамковна конвенција за вештачка интелигенција меѓу С Македонија и Советот на Европа ќе се одржи денеска во свечената сала на Владата. Рамковна конвенција за вештачка интелигенција ќе ја потпиша министерот за правда Игор Филков и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Церемонија на потпишување на Рамковна конвенција за вештачка интелигенција меѓу С Македонија и Советот на Европа ќе се одржи ...

Централната команда на американската армија (CENTCOM) соопшти дека американските поморски сили пресретнале, како што наведуваат, „неиспровоцирани напади“ од иранска страна, по што следувале одбранбени акции насочени кон воени цели во Иран. Инцидентот, според американската страна, се случил додека разурнувачите „УСС Трукстун“, „УСС Рафаел Пералта“ и „УСС Мејсон“ поминувале низ Ормутскиот теснец кон Оманскиот Залив. Од CENTCOM тврдат дека кон ...

Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без водоснабдување или да имаат намален притисок на вода, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Можниот прекин е поради изведување технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН, кои ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до нивното завршување. Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без ...

Федералниот трговски суд во САД донесе нова одлука што претставува сериозен предизвик за економската стратегија на претседателот Доналд Трамп, оценувајќи дека глобалните царини од 10 проценти за увоз на стоки биле воведени без доволна законска основа. Судскиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија пресуди со мнозинство гласови дека администрацијата неправилно ги искористила овластувањата од Законот за трговија од 1974 година за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека на Европската Унија ѝ дал рок до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД, во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа. Трамп разговорот со Фон дер Лајен го оцени како „одличен“ и посочи дека разговарале за повеќе прашања, ...

Народната банка прогнозира дека за 2026 година инфлацијата ќе биде приближно 4%, а порастот на бруто домашниот производ (БДП) ќе изнесува 3,5%. За 2027 година, предвидувањата покажуваат дека инфлацијата ќе се спушти на 3%, додека БДП ќе достигне 3,8%. Советот на Народната банка, на својата денешна собрание, ги разгледа и ги одобри најновите макроекономски предвидувања, кои се дел од Кварталниот извештај. Во Извештајот е заклучено дека ...

Предвидено е зголемување на БДП од 3,5% во 2026 година и негово забрзување до 3,8% во 2027 година. Притоа, клучни двигатели и понатаму ќе бидат вложувањата, особено јавните инфраструктурни потфати, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка. Ова го истакна денеска на прес конференција, гувернерот Трајко Славески. Тој информираше дека Советот на Народната банка, на денешната седница, ги разгледал и ги одобрил најновите ...

Како Влада, непрекинато ја следиме актуелната состојба. Тоа го потврди и Меѓународниот монетарен фонд, кој ја рангираше нашата земја меѓу првите три во Европа според примената на мерки како процент од бруто домашниот производ. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски во неговата изјава за медиумите, по завршувањето на Германско-македонскиот самит одржан во Скопје. Мицкоски нагласи дека Владата презема активности кои надминуваат ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, изврши увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на Министерството за животна средина и просторно планирање, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, изградба на фекална и ...

Македонија2025 го најавува 15-тото издание на Самитот, кој оваа година ќе се одржи на 12. и 13. мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, Самитот и оваа година ќе обедини високи претставници од Владата, меѓународните организации и дијаспората, како и од бизнис-секторот, инвеститорите, академската заедница и лидерите од регионот, со цел да се поттикнат конкретни дискусии за ...

Со силна порака дека иднината на државата се гради преку знаење, иновации и поддршка на младите, денеска во Кавадарци се одржа финалето на Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на финалниот настан и ги ...

Под мотото „Применетите технологии и дигитализацијата како поттик за економскиот развој на Северна Македонија“, вториот Германско-македонски бизнис самит, кој се одржа денес во Скопје, обедини околу 400 учесници, повеќе од 250 компании, како и високи претставници од деловниот сектор, политиката и институциите од Северна Македонија, Германија и регионот. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека овој самит претставува додадена вредност во ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на Германско–Македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора — AHK Nordmazedonien и Македонско-германското стопанско здружение. Во своето обраќање, Андоновски истакна дека соработката во економската сфера значи потврда на стратешкото партнерство на двете држави, и додаде дека дигитализацијата на јавниот сектор не е само техничка тема, ...

Во текот на изминатите три месеци, издадени се приближно 400 заеми со претпочитани услови за стекнување на прво домување, соопшти денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Оваа информација беше споделена како одговор на новинарско прашање по завршувањето на прес-конференцијата. Гувернерот потсети дека иницијативата на Централната банка е имплементирана минатата година, со стапување на сила од 1 декември. „Ние, на одреден начин, ...

Во 2025 година, забележан е пораст од 11,43% во генерирањето на електрична енергија од обновливи извори, споредено со претходната година. Вкупното произведено количество изнесува 6,123 гигават-часови, што е речиси идентично со ланското ниво. Ова го покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година, кој денеска пред ...

Малопродажниот гигант SPAR ги отвора своите први маркети SPAR во Џевахир Мол и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје со што најавува нови стандарди во малопродажбата, со фокус на квалитет, вредност и локална поддршка Еден од најголемите и најпрепознатливи малопродажни брендови во светот SPAR официјално влегува на македонскиот пазар, носејќи ново шопинг искуство, меѓународни стандарди и современ пристап кон секојдневното ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови, нагласи: „Тоа што ние го правиме во здравствениот сектори е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските ...

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски, одржа работен состанок со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, на кој беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка во реализација на проекти од значење за локалниот развој. На средбата присуствуваа политичкиот службеник и заменик-шеф на Одделот за политички и економски прашања, асистент ...

Словачка и Македонија располагаат со значаен капацитет за унапредување на економската соработка. Словачка е цврст застапник на македонската евроинтеграција, поддржувајќи ги реформите насочени кон постигнување на овој процес и споделувајќи го своето искуство. Ова беше констатирано на индивидуалната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со својот колега и домаќин на средбата, министерот за финансии на Словачка Ладислав ...

Европските пратеници и националните влади постигнуваат напредок во разговорите за финализирање на спогодбата за елиминирање на давачките за увоз од Соединетите Американски Држави, иако процесот сè уште не е завршен, соопшти денеска Бернд Ланге, претседател на Комитетот за трговија на Европскиот парламент. Разговорите се одвиваат под зголемен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп и придружени со несогласувања во врска со ...

Европската комисија повторно ја назначи Групацијата ЕОС за член на Советодавниот панел за нефункционални кредити (NPL), потврдувајќи ја нејзината експертиза и долгогодишна улога во развојот на секундарните пазари за нефункционални пласмани во Европа. Овој експертски панел, формиран во 2021 година, обезбедува стручни насоки и препораки во однос на управувањето со нефункционалните пласмани и унапредувањето на регулативата во оваа област. ЕОС е ...

Повеќето граѓани на Европската Унија не ги сметаат Соединетите Американски Држави за доверлив партнер, покажува студијата базирана на анкети спроведени во сите 27 земји-членки, пренесе ДПА. Според анализата на фондацијата „Бертелсман“, раководството на Доналд Трамп остава длабоки последици врз перцепцијата на граѓаните. Истражувањето, спроведено од институтот „Нира Дата“ во март, опфатило повеќе од 18.000 лица. Резултатите покажуваат дека 58 ...

Американскиот автопроизводител „Тесла“ повлекува 218.868 возила во Соединетите Американски Држави поради проблем со доцнење во прикажувањето на сликата од камерата за задниот поглед, што може да ја зголеми опасноста од несреќа, соопшти Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (НХТСА). Сликата од камерата за задниот поглед кај овие возила може да се појави со доцнење кога автомобилот, на пр., ќе се префрли во ...

Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании. „Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предвиде дека војната во Иран ќе „заврши брзо“ и вели дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран. Неговите коментари доаѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“. Американскиот весник „Аксиос“ (Axios) објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би ...

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан Мијалковиќ“ и дел од улица „Кавалска“, во Општина Кисела Вода. Во Општина Студеничани, ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави програмски текст во кој презентира план од пет точки за Србија потенцирајќи дека е потребно да се донесат смели и важни одлуки во наредниот период. Во авторски текст за „Курир“, Вучиќ наведува дека менувајќи се себеси, ја менуваме иднината, која, како што вели, е одредена од работата и од промената на навиките и однесувањето. Тој нагласува дека на Србија и се потребни решителни и сериозни ...

Наглото поскапување на млазното гориво предизвика нов бран проблеми во светската авиоиндустрија, а последиците веќе ги чувствуваат и европските авиокомпании. Поради растечките трошоци и нестабилноста на пазарот, голем број превозници започнаа со намалување на летовите и ревидирање на летните распореди. Меѓу компаниите што преземаат мерки е и Croatia Airlines, која најави значително кратење на операциите во следниот период. Според ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87