Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес на која петте партии се обединуваат во еден субјект. На конгресот е најавено присуство на 850 делегати, а предвиден е официјален и работен дел, кога ќе се избираат претседатели. На Конгресот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на други политички партии од земјава. Од Вреди најавуваат нов модел со копретседатели и други тела ...

– Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан по повод одбележувањето на Денот на Европа, кој годинава се одржува под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“, соопшти „Европска куќа Скопје“. Како што најавуваат, официјално обраќање на настанот ќе има евроамбасадорот Михалис Рокас со почеток во 12 часот на сцената „Школка“. Пораки ќе бидат испратени и во најавените изјави за медиумите од евроамбасадорот Рокас, министерот ...

Европската комисија испрати јасна порака до авиокомпаниите дека растот на цените на авионското гориво не смее да биде причина за избегнување на обврските кон патниците. Според најновите упатства за воздушниот сообраќај во Европската Унија, патниците и понатаму имаат право на компензација доколку летот е откажан или значително доцни. Од Брисел посочуваат дека авиопревозниците не можат автоматски да се повикуваат на економски причини за да ...

Не постои недостиг од керозин, располагаме со залихи за 90 дена, иако законската обврска налага обезбедување за 60 дена. И покрај актуелната кризна состојба, планираме отворање на пет нови авиодестинации од аеродромите во Охрид и Скопје, истакна вицепремиерот Александар Николоски. “Керозин, освен за потребите на скопскиот и охридскиот аеродром, целосно го обезбедуваме за приштинскиот аеродром, како и делумно за нишкиот аеродром”, нагласи ...

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбajл повика на поблиска економска соработка со Канада, наведувајќи ги зголемените геополитички тензии и економските последици од конфликтот со Иран, јави ДПА. Зборувајќи за време на состанокот во Торонто со канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампан, Клингбеил рече дека Европа мора да ги намали своите стратешки зависности и да ја зајакне својата економска отпорност и суверенитет. „Станува ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на Американскиот универзитет на Европа – ФОН Скопје ќе учествува на научна конференција „Креирај дома, продавај глобално“. Како што соопшти МОН, со конференцијата ќе биде означено отворањето на Технолошкиот парк – Н99. Министерката Јаневска ќе се обрати на панел-дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација. Министерката за образование и наука Весна Јаневска ...

Асоцијацијата на германски аеродроми (ADV) предупреди дека летови може да бидат откажани и цените веројатно ќе растат во иднина, поради недостиг на гориво за авиони, јави ДПА. „Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за весникот „Велт“. „Во најдобар случај за 2026 година, бројот на патници ќе остане ...

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно ...

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива со засилена динамика, а според најавите од Министерството за транспорт, целата делница треба да биде целосно завршена до пролетта 2029 година. Надлежните уверуваат дека проектот напредува побрзо од предвиденото и дека првите километри од новиот автопат ќе бидат пуштени во употреба уште следната година. Во моментов интензивно се работи на повеќе точки долж трасата меѓу Прилеп и Битола. На ...

Коалицијата ВЛЕН денеска, на 9 Мај – Денот на Европа, го формализира процесот на обединување во единствен политички субјект. Наместо досегашниот модел на коалициско дејствување, албанскиот политички блок продолжува како една партија со заедничко раководство и нов организациски модел. Од новата структура, според партиски извори, засега остануваат надвор министерот Фатмир Лимани и вицепремиерот Арбен Фетаи, иако тие сè уште ги извршуваат ...

Неделчо Крстевски е долгогодишен партиски и општински кадар поврзан со ВМРО-ДПМНЕ и со Општина Карпош. Во јавноста најмногу е познат како поранешен портпарол на Град Скопје во периодот кога градоначалник беше Коце Трајановски. Роден е на 26 ноември 1976 година, дипломиран е филолог, а според официјалните податоци е вработен во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во последните години беше активен и во локалната политика ...

Румен Радев денеска официјално ја презеде функцијата премиер на Бугарија, откако парламентот во Софија го изгласа новиот владин кабинет со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 воздржани. Со тоа завршува повеќегодишниот период на политичка нестабилност и чести избори во соседната земја. Радев, кој до почетокот на годинава беше претседател на Бугарија, ја напушти шефовската функција за да влезе директно во извршната власт по победата на ...

Жичницата до Средно Водно останува затворена на неопределено време откако при техничките проверки биле констатирани повеќе недостатоци во системот за работа и безбедност. Од надлежните институции информираат дека контролите покажале потреба од сериозен сервис и замена на дел од компонентите, поради што е донесена одлука системот да не се пушта во употреба додека не се завршат сите неопходни интервенции. Според информациите, проблемите се ...

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнаа договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници. – Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ...

Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12 проценти од ...

Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во Охрид, регионалната ...

Шпаркасе Банка ја отвори првата експозитура за млади во земјата – Vibe On експозитура за млади, модерен простор создаден по мера на новата генерација и инспириран од нивните реални потреби, навики и начин на живот. Новата експозитура носи поинакво банкарско искуство и претставува место каде што младите нема да доаѓаат само за банкарски услуги, туку и за инспирација, поврзување, финансиска едукација и добра енергија. Просторот е дизајниран да ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството. Бељули има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во Министерството за образование и наука. Тој е дипломиран педагог на ...

Годишниот индекс на инфлација во Грција забележа раст до 5,4% во април, што претставува пораст од 3,9% забележан претходниот месец. Оваа информација произлегува од официјалните статистички податоци на грчката Служба за статистика, при што дописничката на МИА од Атина известува дека најзначаен придонес за ова зголемување имаат цените на енергентите. Според споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени за април 2026 година со истиот период ...

Новата колекција донесе најголем избор досега, први модели очила за сонце, премиум поларизирани стакла и препознатливи клип-он решенија создадени за современ, динамичен и стилски животен ритам Во уникатниот амбиент на Dioptra Urban Concept, инспириран од духот на Тоскана, Dioptra Optics ја промовираше својата нова, четврта приватна колекција Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy уште еднаш промовирајќи селекција на врвен квалитет по пристапни ...

Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни макроекономски проекции на ...

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу земјава и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права. Министерот Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, го поздравил затворањето на пост-мониторинг дијалогот на ...

Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми. Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари обложувајќи се на пад на цените на нафтата пред ...

Со денешната прес-конференција официјално започна шестото издание на националната еко-акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026, која ќе се спроведува во 80 општини, на повеќе од 500 локации низ целата земја од 8 до 10 мај. Овие еко-акции се организирани од Мен енд Маунтен, со поддршка од нивните официјални партнери: Пивара Скопjе, Пакомак, Нула Отпад, Макстил, ЕВН, ИУТЕ, Заубермахер, КАЗ Груп и Шпаркасе Банка и во соработка со општините и Црвениот Крст. ...

Можеме да одиграме конструктивна улога преку зајакнување на сопствените интерконекции и интегрирање во поцелосно развиена мрежа за природен гас во ЈИ Европа, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за грчкиот енергетски портал „Energygame“ и додава дека „нашиот директен придонес е промовирање на проекти што нè поврзуваат подобро со Грција и Србија“, кои, според неа можат да придонесат ...

По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...

Поради зголемувањето на цената на деловите и на услугите на сервисерите, сè повеќе сопственици на возила ја одложуваат посетата на сервис за проверки и поправки. Неодамнешно истражување на Германското здружение на осигурителни компании (ДАТ) утврди ново зголемување на цената на резервните делови и на дневниците на бензинските станици. Растот на трошоците за поправка на возила, којшто трае со години, продолжи со несмалено темпо во 2025 ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа најави нови санкции против кубанска воено-индустриска компанија и државна компанија за природни ресурси, засилувајќи го притисокот врз кубанското раководство преку таргетирање на изворите на странски инвестиции. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела потпиша извршна наредба со која се прошируваат американските санкции против Куба. Според наредбата, администрацијата на Трамп го ...

Министерот за европски интеграции на Србија, Немања Старовиќ, на денешното заседание на релевантниот парламентарен одбор, потенцираше дека шпекулациите за задржување на средствата наменети за Србија од Планот за раст за Западен Балкан претставуваат „апсолутно неточни информации, презентирани на провокативен начин“. Старовиќ, исто така, информираше дека портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламберт, за време на прес-конференција потврдил ...

Американски трговски суд донесе одлука дека неодамнешните светски давачки од 10 проценти, воведени од страна на претседателот Доналд Трамп, не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите. Оваа одлука се однесува само на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон. Сепак, давачките остануваат на сила за сите други увозници. Судот заклучи дека воведувањето на давачките, врз основа на членот 122 од Трговскиот закон ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34