Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на Буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од ...
Цените на златото паднаа на светските пазари по неуспешните преговори меѓу Иран и Соединети Американски Држави, што дополнително ја зголеми неизвесноста кај инвеститорите и предизвика нови реакции на финансиските пазари. Аналитичарите посочуваат дека инвеститорите во моментов повеќе се фокусирани на инфлацијата, каматните стапки и движењата на цените на нафтата, отколку на самите геополитички тензии. Поради тоа, иако ситуацијата на Блискиот ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. „ТАВ ...
Општина Градско објави јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферска непогода – мраз што ја зафати општина на 2, 3 и 4 мај годинава. Пријавувањето, како што се вели во објавата, ќе се врши од денеска до 15 мај секој работен ден од 8 до 14 часот во просториите на Општина Градско. -Ги повикуваме сите земјоделци кои имаат претрпено штети навремено да поднесат пријава, потенцираат од Општина Градско. По ...
Јапонија, од почетокот на војната во Иран, утре ќе ја добие првата пратка нафта од Централна Азија. Јапонското Министерство за индустрија соопшти дека се очекува утре да пристигне танкер сурова нафта од Азербејџан. Јапонија, пред војната во Иран, 95 проценти од потребите за нафта ги покриваше со увоз од Блиски Исток, но, поради блокадата на Ормуска Теснина, Токио побара алтернативни извори. Според официјални податоци, Јапонија на 8 мај во ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, ...
На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на околу 14 километри од предвидените 17,5, ареалзиацијата е 8,4 проценти. Од Владата велат дека прават се за да овозможат изведувачите што поскоро да ги завршат овој и останатите проекти од пакетот автопати што ги гради „Бехтел и Енка“, од каде истакнуваат дека имаат активен напредок во ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел на која била разгледана тековната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување. – Во фокусот на разговорите беа макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат и двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток. Дополнително, разговарано беше и за можностите за унапредување на економските врски ...
Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД ...
Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“, што се води во Основниот кривичен суд во Скопје, заради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува, поради оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, ...
„Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, кое му го должиме на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во Скопје Сити Мол. Соништата на нашите поети – оние што се со нас, и оние што веќе ги нема – ќе бидат во срцевината на програмата, со која фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ доследно продолжува да гради мостови меѓу генерациите. ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната. Извор: МИА Еврокомесарката за проширување Марта Кос ...
Ненад Шапоња и Никола Јованоски се први добитници на наградата „Столб на зборот“ на Меѓународниот книжевен фестивал „Република на зборот“. Фестивалот ќе се одржи од 31 јули до 2 август оваа година во Крушево и Демир Хисар. Писателите Ненад Шапоња од Нови Сад (Република Србија) и Никола Јованоски од Крушево (Република Македонија) се наградуваат за нивниот досегашен книжевен ангажман и поетски опус. Наградата Столб на зборот се состои во ...
Национален натпревар на вештини 2026-та ќе се одржи денеска и утре во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, во организација на Занаетчиска комора Скопје, како дел од проектот „Зајакнување на младите: градење вештини, креирање иднина“ финансиран од Европската Унија. На отворањето на натпреварот ќе се обратат министерката за образование Весна Јаневска, евроамбасадорот Михалис Рокас, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, претседателот на ...
Иранските државни медиуми објавија дека иранското раководство го одбило предлогот на САД за прекин на војната на Блискиот Исток бидејќи претставувал повик за предавање на Техеран. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се покори на „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава коментираше Press TV, радиодифузер поврзан со раководството на Иран, пренесе ДПА. Од друга страна, планот на ...
Најголемата светска нафтена компанија Сауди Арамко соопшти дека во првиот квартал од годинава остварила раст на профитот од 25 проценти во однос на истиот период лани, благодарение на зголемениот извоз и користењето на алтернативни транспортни рути за испорака на нафта. Компанијата објави дека профитот за кварталот кој завршил на 31 март достигнал 32,5 милијарди долари. Раководството посочува дека резултатите се постигнати во исклучително ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки. Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, според документот објавен на веб страната на Собранието, е Катерина Зајковска со 90, 67 ...
Граѓаните вечерва ќе дознаат дали горивата повторно ќе поскапат или ќе следува смирување на цените, откако Регулаторната комисија за енергетика треба да ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на бензините и дизелот. Во изминатиот период цените бележат постојани промени, а минатата недела беше регистрирано ново зголемување. Бензините поскапеа за неколку денари по литар, додека дизелот исто така доби повисока цена, што дополнително ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот од 08:30 до 14:30 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на улицата „Јустинијан Први“. Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат ...
Администрацијата на американскиот претседател денеска открива детали околу претстојното патување на претседателот Доналд Трамп во Кина, каде што е предвидена средба со неговиот колега Си Џинпинг. Претседателот Трамп ќе пристигне во Пекинг во среда навечер. Свечената церемонија на добредојде е предвидена за четврток, а во вечерните часови истиот ден ќе биде организирана државна вечера во чест на американскиот гостин. Пред заминувањето на ...
Во време на глобални кризи, војни и нестабилни цени на енергенсите, стратешките резерви на нафта претставуваат еден од најважните механизми за енергетска безбедност на државите. Станува збор за големи количини сурова нафта и гориво што владите ги складираат за употреба во итни ситуации, кога може да дојде до прекин на снабдувањето или нагол раст на цените. Најголеми стратешки резерви на нафта во светот имаат Соединети Американски Држави. ...
Глобалниот показател за трошоците на храната регистрираше раст трет последователен месец во април, придвижен од ескалацијата на енергетските издатоци и пазарните пречки кои произлегуваат од конфликтот на Блискиот Исток, според последниот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Просечната вредност на индексот на цените на храната на ФАО во април изнесуваше 130,7 поени, што претставува раст од 1,6% ...
Меѓународна атлетска трка во Скопје и денеска ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот, соопштија од организацијата на настанот. Трката насловена „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ (HalkEco Skopje Run 10К) предвидено е да почне во девет часот. – Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на булеварот „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по булевар ...
По години најави и одложувања, Скопје конечно се подготвува за изградба на нов современ забавен парк во рамки на Градскиот парк. Проектот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра, треба да донесе ново место за рекреација, забава и туристичка атракција во главниот град. Според информациите објавени преку системот за јавни набавки, договорот за реализација на проектот е доделен на компанијата Мастеф, која ќе биде задолжена за ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се очекува да заврши до крајот на оваа година или на самиот почеток од следната година. Според него, градежните активности на терен се одвиваат со засилено темпо, а делницата претставува еден од најважните инфраструктурни проекти во државата. Николоски посочи дека во изминатиот период се работело на надминување на бројни проблеми и ...
Доскорешната коалиција ВРЕДИ синоќа на Конгрес во Скопје, во присуство на 850 учесници, се спои во една политичка организација. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во своето обраќање на Конгресот истакна дека постојат периоди во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и станува неопходност. Според него, ова се моменти кога времето налага не само промени, туку и обединување. Тој потенцира дека на ...
Наоѓањето на рамнотежа помеѓу фискална консолидација, поттикнување на економски раст и примена на мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството претставуваат клучно прашање во околности на постојана и продлабочена геополитичка несигурност. Ова го истакна министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција „Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување“, која во ...
Наглото поскапување на керозинот повторно ја става европската авијација под силен притисок, а од Германија пристигнуваат предупредувања дека последиците би можеле директно да ги почувствуваат милиони патници во текот на летната сезона. Претставници на германската авиоиндустрија посочуваат дека трошоците за гориво во последните недели значително пораснале поради нестабилноста на светските пазари и новите тензии на Блискиот Исток. Бидејќи ...
Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка со „Енергоинвест“ посочувајќи дека аргументите се на нивна страна. Консултирале и две реномирани адвокатски компании од САД чие мислење е дека МЕПСО има многу јака основа за арбитража. Актуелното ...
Вештачката интелигенција веќе не е само концепт од иднината, таа е реалност. Неопходно е да бидеме свесни за тоа и континуирано да инвестираме во нејзино користење, со цел да ги оптимизираме процесите, да го забрзаме темпото на иновациите и да го поттикнеме технолошкиот напредок. Доколку не го сториме тоа, ризикуваме да заостанеме, да стапиме во изолација и да бидеме заборавени од глобалната сцена. Мораме да бидеме во чекор со светските ...