Владата на Перу ќе воведе вонредна состојба во главниот град Лима и соседниот град Калјао, објави премиерот Густаво Адриансен. Одлуката е донесена поради растот на криминалот, а војската ќе биде ангажирана за поддршка на Националната полиција, јавува државната телевизија ТВ Перу. Вонредната состојба ќе биде официјално воведена во текот на денот, а владата веќе го промени датумот за состанокот на Националниот совет за безбедност – наместо на 28 ...

Министерскиот совет на Бугарија го прогласи 18 март за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа во трагични околности во градот Кочани, Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Бугарската Влада изрази сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен денеска на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции, јави БТА. Вкупно 59 лица загинаа, а 155 се здобија со различен ...

Владата ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во други земји. За ова ќе биде донесена одлука на денешната владина седница. Повеќе информации за превозот и сместувањето членовите на семејствата на повредените може да добијат на телефонот 070 270 370. Вчера портпаролката на Владата Марија Митева ги повика сите семејства да ја користат оваа линија за ...

Припадници на српската полиција се групираат од утрово пред и во Градското собрание на Нови Сад откако студенти од Нови Сад во текот на ноќта се обидоа да ги блокираа сите влезови. Претпладнево е закажана седница на одборниците во Градското собрание на која треба да гласаат за буџетот, за деловната програма на сите јавни претпријатија и за 60 други точки од дневниот ред. Седницата беше закажана вчера. Студентите најавија дека нема да влезат во ...

Канаѓанецот со македонско потекло, Крис Павловски, основач и извршен директор на видеоплатформата „Рамбл“ и член на Управниот одбор на „Македонија2025“, објави дека донирал милион денари за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. „Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав ...

Харвард објави бесплатна школарина за студентите чии семејства заработуваат под 200.000 долари годишно, и е еден од неколкуте елитни универзитети во САД што ја прошири паричната помош за студентите, по одлуката на Врховниот суд да забрани расна позитивна дискриминација при упис на факултет. Новата програма го зголемува лимит на приходи и ќе стапи во сила оваа есен, јавија синоќа дел од американските медиуми. Претходно на Харвард бесплатно можеа ...

Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Како што стои на објавата на инстаграм профилот на ...

– Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани , јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ја донесе српската Влада во неделата. Во големиот пожар во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени. Знамињата во Србија се на половина копје на државните институции и установи. Медиумите и културните установи се обврзани да ја прилагодат својата програма за Денот на жалоста. Министерството за информации и ...

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема. Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и ...

– Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации. Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции ...

– Европската Унија започна со евакуација на пациенти со тешки изгореници по разорниот пожар во ноќен клуб во Кочани, Северна Македонија, во кој загинаа 59 лица, а над 155 се повредени, соопшти денеска Директоратот за цивилна заштита и хуманитарна помош на Европската комисија (ECHO). Во првите часови по несреќата, Центарот за координација на итен одговор на ЕУ стапи во контакт со властите за цивилна заштита во Северна Македонија, изразувајќи ...

Министерството за правда на САД ги информирало синоќа европските колеги дека Вашингтон се повлекува од меѓународната група за истраги на руските злосторства во Украина, вклучително и акциите на претседателот на Русија Владимир Путин, соопшти денеска Њујорк тајмс повикуваќи сè на свои извори. Станува збор за Меѓународниот центар за гонење на злосторствата на агресија против Украина (ИЦПА), создаден со цел барање одговорност од раководството на ...

Литванското јавно обвинителство денес ја обвини Главната управа за разузнавање (ГРУ) на руската армија за организирање на палењето на продавницата на Икеа во Вилнус во мај минатата година, посочувајќи дека шведскиот трговски ланец можеби бил цел бидејќи неговото лого ги има идентичните нијанси како украинското знаме. Истрагата откри дека пожарот во дуќанот на Икеа бил поврзан со руската воена служба за информации, преку мрежа од повеќе од 20 ...

Македонското знаме на зградата на амбасадата во Атина, од вчера попладне се развеа на половина копје поради несреќата во Кочани и трагичната загуба на 59 животи, извести дописничката на МИА од Атина. Од денес е достапна и книга на жалост за граѓаните. Во книгата на жалост прва се запиша амбасадорката Лидија Бошковска, по што се потпишаа и вработените во амбасадата, како и дописничката на МИА. Слична книга на жалост е отворена и во македонскиот ...

Демонстрациите во Кочани денес продолжија пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани. Жителите, вклучувајќи и голем број млади луѓе, истакнаа дека бараат правичност за своите најблиски кои настрадаа во пожарот и сторителите да ги добијат заслужените санкции. Пред тоа, тие пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да се појави градоначалникот. Собирот започна во паркот, но потоа продолжи пред општинската зграда со скандирања ...

Во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа во земјава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски пред Ургентниот центар Мајка Тереза во Скопје, каде ги посети повредените во катастрофалниот пожар во Кочани. Премиерот нагласи дека самиот овој податок е алармантен и додаде дека и од тие 12 можеби некои не се валидни, со оглед на тоа дека лиценца се вади за една година. -Вие сега можете да претпоставите колку клубови работат во ...

По големата трагедија што се случи во Кочани, граѓаните нудат помош, сместување, храна, превоз, превод. . . . . се што им е потребно на семејствата на оние млади кои се повредени и се лекуваат во земјава и во соседните и други држави. За помош на семејствата на повредените во пожарот во Кочани, сите граѓаните можат да отворат на sos-smestaj. com – Централизирани информации за помош на семејствата на повредените во пожарот во Кочани. ...

Со голема тага и болка ја примивме веста за трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија 59 млади луѓе, а повеќе од 155 се повредени. Во овие тешки моменти, тимот на Еко Логистик Сервис упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите, нивните пријатели и најблиски. Во знак на поддршка и солидарност, ЕЛС ќе врши бесплатна достава на донации и помош до болниците каде што се згрижени повредените, како и до семејствата и роднините ...

Претседателката на Косово Вјоса Османи побара од Европската Унија да го третира Косово еднакво во дијалогот во Брисел, по денешната средба со новиот европски пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Петер Соренсен, јави Радио Слободна Европа. Ова е прва посета на Соренсен на Косово откако ја презеде функцијата во февруари, со цел да оствари средби со највисоките косовски функционери. „Косово веќе се покажа како конструктивна страна во ...

Тажно и непрепознатливо е Кочани еден ден по трагедијата со пожарот што го разбуди градот. Полупразни се улиците, без многу посетители во кафулињата и рестораните, го нема вообичаениот џагор во училишните дворови и во детските паркови. Граѓаните мирно и достоинствено, во Паркот на Револуцијата палат свеќи и носат цвеќе, оддавајќи им почит на жртвите во трагедијата. -Се молиме за спас на душите на сите кои настрадаа, но и за што побрзо ...

-Интегрален текст на фејсбук статус на Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов: “Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, ...

Возачите кои предизвикуваат нечија смрт со опасно возење или возење под дејство на алкохол или дрога би можеле да се соочат со доживотен затвор во Велика Британија, според плановите на британската Влада. Максималната казна за предизвикување смрт со брзо возење, тркање или користење на мобилен телефон ќе биде зголемена од 14 години затвор на доживотен затвор, со што тој престап се поистоветува со убиство, пренесува британски „Индипендент“. За ...

Започнувајќи од денеска, понеделник (17.03.2025 година), локалната самоуправа стартува со акцијата за субвенционирање за купување на нови велосипеди и електрични тротинети, наменета за жителите на општина Карпош. Во таа насока, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, прв услужен“. Притоа, се предвидува ...

Украина наскоро ќе добие речиси 3,5 милијарди евра откако Советот на ЕУ ја одобри третата исплата на грантови и заеми за земјата во рамките на Инструментот за Украина. „Со оваа трета исплата, Украина ќе добие близу 20 милијарди евра во рамки на Инструментот за Украина од неговото стапување во сила пред една година“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ. Главната цел на овој инструмент е да ја поддржи макрофинансиската стабилност и ...

– Албанскиот премиерот, Еди Рама, во рубриката „Очи в очи“ одговарајќи на прашања на неговите следбеници на Фејсбук порача дека „Европската Унија е последната станица за спас од сенките на минатото“, додавајќи дека ова е најдобриот пат за државата, децата и иднината. „ЕУ е станицата на нашиот конечен национален спас од сенките на минатото и од паѓањето во нивните раце и канџи. Нашето големо верување е дека се раѓаме, живееме и умираме овде, ...

Шефот на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет, Ронен Бар, како одговор на најавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе биде сменет од функцијата шеф на службата, рече дека премиерот ја донел одлуката затоа што смета дека меѓу нив нема доверба, што, како што оцени, е целосно нелегитимно. Тој нагласи дека одлуката на Нетанјаху не е поврзана со неуспесите на Шин Бет да ги открие заканите од нападите на палестинската ...

Австрија денеска на деветтата конференција за Сирија во Брисел ќе објави доделување хуманитарна помош во вкупна вредност од 19,3 милиони евра, соопшти Министерството за надворешни работи во Виена. Mинатата година Австрија обезбеди преку 30 милиони евра хуманитарна помош за Сирија и нејзините соседни земји. „Главната цел што мора да се гарантира е сириското цивилно население повторно да има перспектива и дека е можен одржлив механизам за враќање ...

Македонското Собрание ги откажува сите активноти планирани за неделава поради трагедијата што се случи во Кочани. – На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани. Денешната координација се ...

Грузискиот суд денеска го осуди опозицискиот политичар и поранешен претседател Михаил Саакашвили на четири и пол години затвор, јавија агенциите, повикувајќи се на неговиот адвокат Дито Саџаглишвили. Саакашвили е во притвор од 2021 година, а минатата недела веќе беше осуден на 9 години затвор. Поранешниот претседател „беше осуден на четири години и шест месеци затвор за илегално преминување на грузиската граница“ по неговото враќање од егзил во ...

Писмото кое неодамна на Иран му го испрати американскиот претседател Доналд Трамп, во кое повикува на преговори за нуклеарната програма, има „слична содржина“ со неговите изјави за Техеран, соопшти денеска иранската дипломатија. Трамп, кој ги повлече САД од меѓународниот договор со Иран за време на неговиот прв мандат во 2018 година, сега вели дека е отворен за дијалог со Техеран за нуклеарната програма на земјата. Американскиот претседател ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
32%
1008
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1013
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
39%
1011
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
31%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
6.45
30%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
53%
1012
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.69
58%
1009
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
44%
1011
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
30%
1010
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
34%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
64%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.23
53%
1010
Currency

61.56

Currency

53.137

Currency

71.1977

Currency

34.4638

Currency

38.6394

Currency

66.0487

Currency

7.39493

Currency

0.6806

Currency

0.35748

Currency

0.52596

Currency

1.32003

Currency

0.61738

Алуминиум

2.58

Иридиум

145833.18

Кобалт

42.99

Никел

14782.50

Рутениум

25656.30

Калај

32.88

Сребро

1226.22

Злато

107303.29

Бакар

11.06

Паладиум

41699.52

Платина

47300.54

Родиум

185670.56

Цинк

2.73