Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи осумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. По тој повод делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата, составена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ...
Судскиот совет денеска треба да ја одржи 534. седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои за престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност. Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, за уставната судијка Елизабета Дуковска, како и по Известувања за ...
По обилните врнежи од дожд и наместа од снег што изминатите денови ја зафатија државата, состојбата полека се смирува, но, според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и понатаму има поплавени домови, земјоделски површини и одрони на дел од патните правци, особено во западниот дел од државата. Како што информираа утрово од ЦУК, во Пелагонискиот регион, поточно на подрачјата на Битола, Могила и Новаци, каде што имаше ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени, во Mаврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, Крива Паланка -11, во Берово – 10, Битола, Прилеп и Охрид -9, во Тетово и Струмица -8, во Скопје-Петровец -7, Демир Капија -6, Куманово, Кавадарци и во Велес -5 и во Гевгелија -1 степен, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и 26 сантиметри снежна покривка, а во Крушево 15. Времето денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а ...
Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите заинтересирани граѓани и организации може да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. – Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно ги засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неоспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка ...
„ВЛЕН“ е апсолутен победник на локалните избори со 10 освоени општини силно потврдувајќи ги граѓанската доверба и широката поддршка што Албанците ја дадоа за промените, стои во соопштението од коалицијата. Во текстот се додава: „Го поздравуваме официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој заврши вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште. Во оваа пригода им честитаме на кандидатите на опозицијата Валбон Лимани и Исен ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори. – Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме ...
Предлог-законот за заштита од пушењето, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување европски стандарди за заштита на здравјето, изјави за МИА министерот за здравство, Азир Алиу. Во моментот, посочи, Министерството за здравство уредува сеопфатна заштита на населението од штетните ефекти од употреба на тутунот и другите никотински производи, како и изложеноста на тутунски чад во ...
Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро се очекува денеска да се појави во судницата во Њујорк. Ова следува откако во саботата во американска акција Мадуро и неговата сопруга беа заробени од домот во Каракас и со авион пренесени во Њујорк. Мадуро од вчера е задржан во притворниот центар во Бруклин. Сослушувањето на Мадуро, како што пишува Си-ен-ен според информации од судот за јужниот округ на Њујорк, ќе се одржи пред американскиот ...
Земјоделците очекуваат утре да ги чујат мерките што владиниот портпарол најави дека ќе ги соопшти, па потоа ќе излезат со став, дали ќе одговорат позитивно и ќе ги прекинат протестите или пак ќе продолжат со планираната 48-часовна блокада Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин „Евзони“ и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова ...
Посочувајќи дека живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, каде не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку владеат норми најдиректно спротивни на нив, во посланието од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА порачуваат да не дозволиме тоа да стане прифатливо и вообичаено Православните христијани во земјава денеска го слават Рожденството Христово – Божиќ. По тој повод, во сите ...
Најниска темепратура утрово во земјава од 0 степени е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР. Следат Лазарополе и Mаврови Анови со 2 степени, 4 Kрушево, 5 Скопје-Петровец, Претор, Пожаране, Тополчани, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Ѓуриште, 7 Куманово, Охрид, Битола, 8 Виница, Кавадарци, 9 Велес, Струмица, Штип и 10 степени Целзиусови во Гевгелија и во Демир Капија. Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на православните христијани во Македонија им го честиташе празникот Рожденство Христово – Божиќ, посакувајќи им, како што кажа, пред сè здравје, среќа и мир во домот. „Тоа е она што ние потребно. И тоа е она што мислам дека е важно во годината што следи“, рече тој. Мицкоски, кој присустуваше на централната божиќна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во изјава за медиумите, по нејзиното ...
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани двајца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Со ...
Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница, додека податоците на Националната фондација за квалитет на спиењето покажуваат дека дури 60 отсто од возрасните Американци не спијат доволно. Несоницата се карактеризира со тешкотии при ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, најави дека од 1 јануари ќе има симболично зголемување на партиципацијата за здравствени услуги. За услуга за која сега се наплаќа 40 денари, како што рече Клековски, отсега ќе се наплаќа 60 денари. Директорот на ФЗО вели дека по повеќе од 10-годишно одложување донесена е одлука за зголемување на цените на основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет. ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со „смарт“ инфраструктура и катна гаража. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот информираше и дека заедно со Министерството за образование и ...
Научниците користеле вештачка интелигенција (ВИ) за да идентификуваат два нови биолошки подтипови на мултиплекс склероза, што би можело да го отвори патот за персонализирани третмани и подобри резултати за пациентите, објави списанието Brain. Студијата опфатила 600 пациенти и комбинирала крвен тест за лесен ланец на протеински серумски неврофиламент (sNfL) со МРИ скенирања на мозок, а податоците биле анализирани со алгоритам за машинско учење ...
Циметот е меѓу најомилените зимски зачини – се користи во кафе, чај и колачи, а често се споменува и поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданси и соединенија што можат да имаат противвоспалително дејство, како и да влијаат врз метаболизмот на шеќерите во организмот. Овој зачин се добива од внатрешната кора на дрвјата од родот Cinnamomum. Главното активно соединение, циннамалдехидот, е одговорно за ...
Со спроведените контроли и утврдените недоследности во пресрет на новогодишните и божиќните празници, изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за оператори и одговорни лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна, од кои 567 килограми производи од месо, ...
Истражувањата за ракот сè повеќе се свртуваат кон неочекувани извори, како што се бактериите во цревата на ладнокрвните животни. Научниците од Јапонскиот напреден институт за наука и технологија објавија дека микробите земени од водоземци и влекачи можат да ги потиснат туморите кај глувците, при што еден сој целосно ги елиминира туморите, без сериозни несакани ефекти. Бидејќи водоземците и влекачите ретко добиваат рак, тим од научници од ...
Грипот се шири кај децата, а клиниката за респираторни заболувања во Козле е речиси преполнета. Најчести симптоми се висока температура, кашлица и болки во грлото, а во потешки случаи се јавува пневмонија. Во моментов, 80 деца со пневмонија се на болничко лекување, а пет од нив се на кислородна поддршка. Дневно се прават до 250 прегледи. На детската клиника во Скопје се хоспитализирани 130 деца со различни заболувања. Лекарите предупредуваат ...
Ново истражување покажува дека крвта на луѓето кои живеат екстремно долго – како што се стогодишниците и оние кои живеат над 110 години (суперстогодишници) – има посебни карактеристики што ги разликуваат од другите луѓе. Научниците веруваат дека разбирањето на овие разлики би можело да им помогне на другите луѓе да живеат подолг и поздрав живот, пишува Science Alert. Новите наоди покажуваат дека поволните биомаркери во крвта на овие ...
И покрај тоа што изминатава година ја одбележаа кратење на буџетите и намалување на истражувачките тимови, науката извојува извонредни победи во 2025 година. Достигнувањата во медицината го преобликуваа начинот на кој го разбираме човековото здравје — а во некои случаи, го променија и начинот на кој денес се обезбедува здравствената нега. Научниците открија изненадувачки нови начини за спречување болести и за засилување на лекувањето на ...
Младите најчесто претеруваат со алкохол за празници, докторите апелираат за внимателност. Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, потврди за МИА дека најчесто, млади се опијануваат и користат психоактивни супстанци пред и за време на новогодишната ноќ. Тој појасни дека околу 95 проценти акутни пијанства се случуваат за време викенди и празници, во неработни денови. – Најголеми се и интервенциите кај ...
Во современиот свет полн со загадувачи, обработена храна и секојдневен стрес, многу луѓе се чувствуваат изморени и без енергија. Тоа посебно се чувствува во зимските пост празнични денови, кога и не толку внимаваме на исхраната, а консумираме и алкохол. Природната детоксикација претставува процес на чистење на организмот од штетните материи и токсини, помагајќи му на телото да функционира оптимално. Во овој текст ќе ги истражиме ...
Нови студии спроведени на десетици илјади деца покажуваат дека користењето паметни телефони пред 13-годишна возраст значително го зголемува ризикот од нарушувања на спиењето, дебелина и психолошки стрес, велат истражувачите. Една од студиите ја водеше Ран Барзилаи, професор по детска и адолесцентна психијатрија, кој анализираше податоци за повеќе од 10.500 деца во Соединетите Американски Држави со својот тим, објавува порталот 24heures. ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски во моментов заздравува од повредата која се здоби додека играше за Лугано, а како што изгледа, блиску е враќањето на терените. Левиот бек објави фотографии на социјалните мрежи како ужива во зимска идила на планините во Швајцарија. Алиоски е во добро расположение, очигледно ужива и е спремен пак да се врати на фудбалот во 2026 година. 33-годишникот се повреди во месец октомври за време на ...
Гоце Седлоски и официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја предводи македонската репрезентација во својот мандат, кој почнува со полуфиналето од баражот за СП 2026, закажан за во март на теренот на противникот. Во тимот на селекторот влегуваат неколку добро познати и докажани имиња од домашниот фудбал. Асистентски улоги ќе имаат Борче Христов, актуелен шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центарот за едукација, како и ...