
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои од повисоките места од дожд и снег. На планините ќе врне повремен снег. Утринската температура ќе биде од -3 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 0 до 11 степени. И во Скопје денеска ќе има облачно и студено време со врнежи од дожд, а на ...
За по два сантиметра се зголемени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е повисоко за еден снатиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Дојранското Езеро е за 54 сантиметри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните и ...
Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се искачи на 51, објави владата. Централната банка ги повика банките да им помогнат на бизнисите погодени од катастрофата. Во понеделникот, Буалои предизвика лизгање на земјиштето во покраината Нге Ан. Државната агенција за управување со катастрофи соопшти дека најмалку 14 лица се водат како исчезнати, а 164 се повредени додека тајфунот ја погоди земјата со обилни дождови и силни ветрови. Според ...
Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го гаснеа големиот пожар кој избувнал вчера околу 17:25 часот во објекти кои се користат како магацини на ЈПКД „Комуналец“, информираа од ТППЕ Струмица. -Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг ...
СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „СДС и Филипче овој пат како параван за предавството, ...
ЕУ ги поддржува принципите од Планот за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп за разоружување на Хамас, без негова улога во идното управување со Појасот, за елиминирање на каква било закана кон Израел и неговиот народ и дека Газа нема да биде окупирана и Палестинците нема да бидат раселени. Ова се наведува во изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во име на Европската Унија за ...
Францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј во понеделник изјави дека неговата влада нема да го користи членот 49.3 од францускиот Устав за да наметне буџет без гласање во парламентот, но дека пратениците мора да најдат компромис. „Одлучив да се откажам од употребата на членот 49.3 од Уставот“, изјави Ле Корнеј пред новинарите во Париз, додавајќи дека во функционален парламент кој го одразува лицето на Франција, не е можно да се наметнуваат одлуки ...
Продолжува претставувањето на програмите на кандидатите за локалните избори низ државата и денеска, на петтиот ден од кампањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Новаци од 17 часот, Могила од 18:30 и во Битола од 20:30 часот. Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, Струга во 18:30, а митингот во Охрид ќе почне од 20 часот. Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на коалицијата АКИ, Валбон Лимани ќе ја ...
Четири лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа на делница од државниот пат број 8, во Буница во близина на Сењ. Како што соопшти Полициската управа на жупанијата Лика-Сењ, возило со загрепски регистарски таблички се движело од Риека кон Сењ кога, од засега непознати причини, возачот ја изгубил контролата при мало свртување налево. Автомобилот удрил во два заштитни камени столба, паднал од патот во клисура длабока 70 метри и завршил во ...
Гласачите во Чешка се упатуваат кон избирачките места почнувајќи од денеска на долгоочекуваните дводневни парламентарни избори во земјата. Гласачките места ќе бидат отворени од 14:00 до 22:00 часот денеска, а ќе се затворат во 14:00 часот утре. Повеќе од осум милиони луѓе имаат право да гласаат. Најновите анкети на јавното мислење предвидуваат победа за десничарскиот популист и поранешен премиер Андреј Бабиш. Партијата на милијардерот – АНО ...
Поради загриженост од прекумерна понуда, цените на нафтата денеска паднаа четврти пат по ред, на најниско ниво во последните четири месеци, и тоа Брент на 64,6 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 61 долар за барел. Се очекува дека Организацијата на земјите извознички нафта ОПЕК+ би можела да одобри зголемување на производството во ноември до 500.000 барели дневно, што е трипати повеќе од ...
Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвараат клиники во интерес на приватни болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Се оди дотаму да доктори од приватни болници му се советници на министерот. Ова вчера во рамки на кампањата за локалните избори од Општина Аеродом го кажа лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, коментирајќи го ресорот здравство со кој раководеше во минатата ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за укинување на „илјадници“ федерални работни места пред средбата со директорот за буџет Расел Воут, во обид Белата куќа да изврши дополнителен притисок врз демократите за да се стави крај на блокадата на владата, која влезе во својот втор ден. „Најверојатно ќе биде збор за илјадници отпуштања“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит нагласувајќи дека „целиот тим во Белата куќа“ работи на ...
Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје, на 15 септември годинава поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од Кривичниот законик. – Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Северна ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска. Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката ...
Поради врнежи од снег, од ноќеска, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Како што информираат од ЦУК, сообраќајот е во прекин од вчера од 23:30 часот. На коловозот освен снег има и паднати дрва, а од ЦУК велат дека се работи на негово расчистување. Вчера, поради задржување снег на коловозот од 19:45 ...
Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Тој повеќе нема да биде судија во Апелациониот суд. Беџети заедно со Артан Груби се најдоа на црната листа на САД поради забошотување на предметите во кои беше обвинет Сашо Мијалков. Ова стои во решението за негово разрешување кое го донел Судскиот совет. – Е.Б. се разрешува од вршење на судиската функција, поради сторена потешка ...
Сообраќајот на аеродромот во Минхен во текот на ноќта бил прекинат поради прелет на дрон, чие потекло е под истрага, вели портпарол на германската полиција во изјава за агенцијата Франс прес (АФП). Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што тргнувале од Минхен биле откажани во текот на ноќта, а со нив требало да патуваат речиси 3 000 патници. Петнаесет летови што требало да слетаат во Минхен биле пренасочени кон Штутгарт, ...
Есента носи нова енергија, а со промената на сезоната се отвораат и нови можности за љубов. Според астрологијата, токму три хороскопски знаци оваа есен имаат најголема шанса да се заљубат и да доживеат романтични моменти: Вага Вагите ја обожаваат хармонијата и убавината, а есента е нивна сезона. Ѕвездите им носат нови познанства преку социјални настани или неочекувани средби. Голема е веројатноста да сретнат личност која ќе им ја врати вербата ...
За нас ќе биде победа на овие избори, ако имаме минимум една општина повеќе од ДУИ, изјави вечерва Азир Алиу, кој е дел од Коалицијата ВЛЕН. Околу тоа дека најинтересна битка се очекува да биде во Чаир, каде ќе има директен судир меѓу првиот вицепремиер Изет Меџити и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, Алиу во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, кажа дека партијата чиј кандидат ќе изгуби, како што вели, „е во ...
До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа, ќе градиме систем на сајбербезбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој се обрати на Дигиталниот самит на Западен ...
Две лица загинаа, а тројца се во сериозна состојба по нападот пред синагога на најсветиот еврејски празник Јом Кипур, во она што се верува дека е терористички напад, соопшти полицијата во Манчестер. Напаѓачот бил застрелан, две лица биле уапсени, а инцидентот се третира како терористички напад од страна на полицијата. На прес-конференција во Крампсал, началникот на полицијата, Стивен Вотсон, рече дека неговите мисли и мислите на неговите ...
Камион излетал од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, поради што сообраќајот од 17:10 часот попладнево е во прекин за сите возила во двата правца. На патот, како што информира АМСМ, има расфрлани метални предмети што ги превезувал камионот. Според АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните ...
Десетици илјади демонстранти маршираа низ улиците на француските градови денес, послушајќи го повикот од синдикатите кои бараат акција против плановите за намалување на трошоците во буџетот за следната година. Синдикатите вршат притисок врз претседателот Емануел Макрон и неговиот нов премиер Себастијан Лекорну, на кои им останува малку време да ги обноват преговорите со политичките ривали за буџетот за втората по големина економија во ...
Северниот Атлантик останува исклучително активен додека се приближуваме кон врвот на сезоната на бури 2025/2026 година. Два урагани, Умберто и Имелда, моментално вршат ретка метеоролошка интеракција позната како ефект Фуџивара, ротирајќи се еден околу друг во тропскиот западен Атлантик. Според најновите податоци, бурата Ејми, формирана од остатоците од ураганот Умберто, брзо се зајакнува и се движи кон Западна Европа, носејќи потенцијално опасни ...
Алармантни статистики, младите во државава почнуваат да пушат на 13 години, а 40 отсто од популацијата до 18 години се пушачи, покажуваат најновите истражувања. Иако законски е забранета продажбата на тутунот на лица под 18 години, анализите покажуваат дека забраната често не се почитува, а ниските цени дополнително ја зголемуваат достапноста. Тамара Мијовиќ Спасова од асоцијацијата Тинк Тенк, вели има простор за зголемување на акцизите што би ...
Една од најголемите модерни неволји е користењето паметни телефони додека возите. Со години, полицајците на семинарите за безбедност во сообраќајот предупредуваат дека користењето мобилен телефон додека возите стана една од главните причини за сообраќајни несреќи – дури и поопасно од пребрзото возење или возењето под дејство на алкохол. Оваа модерна зависност не ги погодува само младите луѓе – таа ги погодува и повеќето возрасни. Луѓето ...
На 64 години, Џорџ Клуни вели дека ја забавува својата холивудска кариера за да се фокусира на татковството со сопругата, Амал Клуни, и нивните 8-годишни близнаци. На премиерата на „Џеј Кели“, тој размислуваше за пропуштените семејни моменти за работа, шегувајќи се дека е „татко со споделен автомобил“ и дека го прифаќа стареењето во Холивуд. Џорџ Клуни, кој се здоби со слава со „Итна помош“, глуми во филмот заедно со Адам Сендлер, но инсистира ...
Потребна ни е политика како уметност на можното, наместо политиката што ја живееме во која прашањето е кој, кога и како победува, изјави македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген. – Ни треба повеќе кантијанизам, наместо макијавелизам, додаде Сиљановска-Давкова. Според најавите, на собирот на кој главни теми ќе бидат поддршката за Украина и општата ...
Израелската војска синоќа ја пресретна меѓународна флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Израелските војници запленија 20 брода и ја уапсија шведската активистка Грета Тунберг. Војската подоцна издаде соопштение во кое се вели дека Тунберг е добро, како и нејзините пријатели кои биле земени од бродот. Во моментов, 24 брода сè уште се на пат кон Газа. Едриличарницата „Микено VI“ под француско знаме се приближила до ...