Најпознатата светска криптовалута се спушти на 86.325,81 долари, што е најниска вредност од 21 април. Подоцна цената се стабилизираше околу 86.690 долари. XRP падна за 2,3%, а ether изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари. Истовремено пад забележаа и главните индекси на Wall Street, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо се намали. ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска четврт ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Вчера беа разгледани и не добија поддршка амандмани поднесени од опозицијата, со кои меѓу другото се бараше дополнителни средства за зголемување на платите за 30 проценти во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во конзуларно-дипломатските претставништва, пари за формирање на единствен национален ...

Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно, вели директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов. Мемов гостувајќи во магазинот „Трилинг“, одговори на повеќе прашања врзани со покачувањето и исплатата на пензиите, буџетот за наредната 2026 година и начините за подобрување на финансиската состојба и кондиција на Фондот и актуелната политичка ситуација во земјата. На прашањето дали ќе има зголемување на пензиите во ...

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење на ...

Во Драчево е освоен СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на Виделотарија Касинос Австрија, вреден фантастични 5.765.210 денари! Неделава ја почнуваме со среќни вести. Во Драчево освоена е најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, овојпат вредна 5.765.210 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Златна Копачка на 19.11.2025. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија, како што велат, овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека прашањето за територијалниот интегритет на Украина, како и одлуката за големината и организацијата на нејзините вооружени сили, може да се реши исклучиво во Киев. Во изјава објавена вчера, таа нагласи дека „територијата и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат“ и дека само украинската држава има легитимитет да донесува такви одлуки. „Само Украина, како суверена ...

Австралиската сенаторка Полин Хансон (71), лидерка на антимуслиманската и антиимиграциската партија „Една нација“, е суспендирана од парламентот до крајот на годината откако влезе во Сенатот облечена во бурка во знак на протест. Хансон претходно предложи закон со кој ќе се забрани бурката и другите маски за целосно лице на јавни места, објави АП. Кога другите сенатори одбија да го разгледаат нејзиниот предлог, Хансон влезе во Сенатот во ...

Еден од лидерите на десничарската партија Национален собир, Џордан Бардела, би можел да победи во вториот круг од претседателските избори во 2027 година против сите потенцијални противници, според анкетата објавена денес од институтот Одокс. Анкетата покажа дека Бардела води во првиот круг со 35 до 36 проценти од гласовите, значително пред другите кандидати, вклучувајќи ги претставниците на центарот Едуар Филип – околу 17 проценти и Габриел ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија сè уште не го добила ажурираниот американски план за решавање на конфликтот во Украина, кој е намален од 28 на 19 точки. Песков нагласи дека на Москва претходно ѝ бил доставен нацрт-верзијата на американскиот план што во голема мера го следи духот на самитот во Анкориџ, но дека Русија сега чека официјална изјава од Вашингтон пред планот сериозно да се разгледа, објави РИА Новости. Тој ...

Имињата на новите министри од редовите на ВЛЕН ќе бидат утврдени до утре, а предлогот ќе биде доставен до Собранието во текот на неделата, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во одговор на новинарско прашање кога ќе биде испратен предлогот за новите министри од коалицискиот партнер ВЛЕН до законодавниот дом, Мицкоски посочи дека процесот се финализира. – До утрешниот ден ќе се финализираат сите работи, очекувам оваа недела да ги ...

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ф. Д. од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот Фатмир Дехари во својство на поранешен градоначалник на Општина Кичево, се товари дека несовесно постапувал при извршувањето на своите законски овластувања, прекршувајќи ги одредбите ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува на 2 декември. На денешното рочиште присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија дека се приклучуваат кон кривичен прогон и дека своите права и оштетно побарување ќе ги остваруваат во граѓанска постапка. Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното рочиште треба да бидат повикани и ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија има уште четири дена за целосно затворање на рафинеријата доколку Соединетите Држави не ја одобрат лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС). „Рафинеријата НИС работи во ‘тивок режим’, сè уште не е затворена“, рече Вучиќ. На 18 ноември, НИС побара од САД посебна лиценца за работа додека траат преговорите меѓу акционерите и заинтересираните страни за промена на ...

Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните. Стабилизирање на ...

Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде што останале слободни места по завршувањето на првиот конкурс. Во објавата на веб-страницата на МОН е наведено дека слободни места има во државните студентски домови „Кочо Рацин“ во Битола, „Томе Стефановски – Сениќ“ и „Пелагoнија“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид и во приватниот студентски ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На места ќе наврнат и до 25 литри дожд на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, повремено засилен јужен ветар. Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 15 степени. Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од рокот што го постави до Украина за прифаќање на мировниот план поддржан од САД до четврток, велејќи дека „неговиот рок е денот кога сè ќе заврши“. Американскиот претседател додаде дека Русија во моментов делува како доминантна страна во војната и дека би било во најдобар интерес на Украина да постигне договор. „На Русија би можело да ѝ се даде дел од украинската територија во следните ...

ЛА Лејкерс ги победија ЛА Клиперс со 135-118 во градското дерби во НБА лигата. Лејкерс го победија тимот на Клиперс и се пласираа во нокаут фазата од НБА Купот по убедлив триумф во кој постигнаа дури 135 поени! Тие го обезбедија првото место во Групата Б со скор од 13-4 оваа сезона… Клиперс повторно беа ослабени. Богдан Богдановиќ, Дерик Џонс, Бредли Бил и Џордан Милер не играа, додека Лејкерс го вратија Леброн Џејмс, но останаа без Деандре ...

Израелската војска уторово соопшти дека започнала голема операција против палестински вооружени групи во окупираниот Западен Брег, јавуваат светските агенции. „Во текот на ноќта, (изралеските) сили започнаа да дејствуваат во рамките на поголема антитерористичка операција во северниот регион Самарија (на Западниот Брег)“, се вели во соопштението објавено на платформата Икс. Во него се додава дека израелските одбранбени сили „нема да дозволат ...

Сложеноста на подготвителните процедури, кои во голема мера се последица на сложеноста на целиот проект за изградба на тунелот Прењ, еден од најдолгите во Европа, ги одредува и сите активности што се спроведуваат пред изборот на изведувач и доделувањето на градежната работа, но добрата вест е дека започна процесот на експропријација на земјиште. ЈП Автоцесте ФБиХ неодамна објави јавен оглас за добивање недвижен имот по договор потребен за ...

Европскиот парламент ќе предложи возрасна граница за корисниците на социјалните медиуми на 13 години, со силен систем за верификација. Главната препорака на Парламентот е да се ограничи возраста на корисниците на социјалните медиуми на 13 години, а за оние меѓу 13 и 16 години употребата би била дозволена само со согласност од родителите, се вели во соопштението. „Во последните неколку години забележавме значително зголемување на бројот на ...

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Северна Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија. Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство. Министерот Муцунски посочи дека тоа не е само документ, туку презентација на одлучноста на државата вистински, ...

Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш на Меѓународниот аеродром „Скопје“. „Царински службеници на влез во државата на Меѓународен аеродром ‘Скопје’ спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса ...

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, имајќи предвид дека тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина. -Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но, она што е сигурно е дека политичките ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска издаде жолто ниво на предупредување за можни поплави — сигнал дека постои реална шанса за излевање на реките, особено во водопасните сливови. Како што се наведува, најделикатни се регионите во западните, југозападните, северните и северо-источните делови на земјата — каде водостојот на реките и притоките е под надзор. Особено критични се коритата и прилежните нивоа покрај водотеци како: ...

Евроинтеграцијата не се гради во Брисел, туку дома, во нашите одлуки и начинот на кој постигнуваме консензус, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), одржана денеска во Собранието. Гаши нагласи дека ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот ...

Полицијата поднесе пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид против малолетниците инволвирани со случајот на извршена обљуба врз малолетничка од Охрид. Според полициското соопштение, по спроведените службени разговори СВР – Охрид до ОЈО доставил известување за постоење основани сомненија дека 16-годишниот малолетник е сторител на кривично дело „полов напад и силување“, како и за сторено дело „уцена“ од страна на 14-годишник од Охрид. ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека е прерано да се зборува за можен непосреден мировен договор за Украина и рече дека треба да се почека понатамошен развој на настаните. „Почекајте засега. Прерано е да се зборува за ова“, им рече Песков на новинарите кога го прашаа дали преговорите сега се поблиску до склучување договор отколку порано, објави Интерфакс. Коментирајќи го протекувањето на телефонски разговори меѓу руски и ...

weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
0.0
80%
1027
weather icon

Белград

1ᴼ / -2ᴼ
3.09
73%
1021
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1020
weather icon

Софија

-4ᴼ / -6ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
1.21
72%
1024
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.89
85%
1022
weather icon

Атина

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
36%
1025
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
60%
1028
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
64%
1028
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -8ᴼ
2.24
84%
1024
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.79
88%
1019
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
74%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Паладиум

59575.33

Рутениум

44946.74

Сребро

2703.41

Иридиум

169549.30

Цинк

3.10

Родиум

313469.78

Калај

44.71

Злато

147759.41

Кобалт

59.52

Бакар

12.08

Алуминиум

3.14

Платина

75300.49