Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб во скопската населба Центар, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, Центарот за јавно здравје, ОУ„11 Октомври“ и детската градинка. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел. Со состанокот на највисокото воено тело на НАТО ќе претседава претседавачот на Воениот комитет, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а меѓу учесниците ќе бидат и началниците на Генералштабовите на земјите членки, врховниот ...

Стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за криминал тежок 167 милиони евра, уште еднаш ги извади на површина конекциите на СДСМ и ДУИ со судско обвинителскиот систем. Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДСМ и ДУИ. И во случајот со милионскиот криминал за набавка на мазут за ТЕЦ ...

Венко Филипче исто како и Зоран Заев, не постои барање од Бугарија кое тој не е спремен да го исполни без никаков приговор, само за да дојде на власт. Како пиун на Румен Радев, уценетиот Филипче уште од опозиција си кажува на што е спремен и што се може да прифати и спроведе само за да има можност да седне на премиерската фотелја. Така, Филипче стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот диктат и е најгласен за спроведување на уставните ...

Денес гледаме еден политички парадокс: луѓето кои со години ги контролираа институциите, денес преку своите деца протестираат за проблемите што самите никогаш не ги решија. Кога ДУИ имаше министри, пратеници и апсолутна власт, зошто молчеа за овие неправди? Никој не е против студентските протести. Но кога студентските каузи се користат за политичко враќање на истрошени фигури, тогаш граѓаните имаат право да се сомневаат. Студентите ...

Почитувани, уценетиот Филипче е толку антимакедонски настроен и за да се додвори уште повеќе на Бугарија верувале или не ја славеше нивната победа на Евровизија. Филипче први антимакедонец, го достигнува врвот во политиката, и за спас на својата кариера и за да докаже дека е спремен на се за да дојде на власт, славеше победа на соседна држава на Евровизија. Да речеме и дека нема проблем со тоа, знаеме дека Венко Филипче први антимакедонец има ...

Овогодишната Парада на гордоста ќе се одржи на 20 јуни под слоганот „Сите нека знаат“. „Со овој слоган јасно порачуваме дека постоиме, тука сме и одбиваме да се смалуваме за да бидеме прифатени. Ние сме дел од семејствата, пријателствата, работните места и секојдневниот живот на ова општество“, е пораката од организаторите. Овогодишната Парада на гордоста ќе се одржи на 20 јуни под слоганот „Сите нека знаат“. „Со овој слоган јасно порачуваме ...

Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист Гејт“. -Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар – се наведува во информацијата на МВР. Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која од денеска престојува во официјална посета на Љубљана денеска се сретна со пратеничката во словенечкиот Парламент, Сандра Газинковски. -Со Сандра Газинковски, пратеничка во словенечкиот парламент, разговаравме за улогата и сè поголемото влијание на македонската заедница во словенечкиот општествен и политички живот. Посебно ми е драго кога гледам луѓе кои, и покрај тоа што семејните судбини ги ...

Македонија и Словенија се две земји чии односи ги карактеризира традиционално пријателство и длабока соработка во сите области, вклучително и во економијата. Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи во евроинтеграцијата и петти најголем инвеститор, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на средбата на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана. Според неа, она што нè прави привлечни за ...

Македонската ракометна репрезентација избори учество на уште едно Светско првенство откако и во реваншот од баражот ја совлада Словачка со убедливи 38:23. Во прекрасна атмосфера во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари играат пред сè за македонските фанови. Македонските ракометари бодрени од македонските фанови по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут ...

Македонската ракометна репрезентација обезбеди нов пласман на Светското првенство, откако убедливо ја совлада Словачка и во реванш натпреварот, потврдувајќи го местото меѓу најдобрите светски селекции. Големиот успех предизвика бројни честитки од државниот врв, спортската јавност и навивачите. Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи им честиташе на ракометарите за успехот, посочувајќи дека овој резултат е гордост за ...

Во населбата Трајаново Трло во Кочани денеска свечено беше осветен новоизградениот манастир „Св. Димитриј Солунски“. Чинот на осветувањето и Светата архиерејска литургија ги предводеше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужителите од Кочанското архиерејско намесништво. На свеченоста присуствуваа голем број верници, кои со молитва и духовна радост го одбележаа овој значаен ден за ...

Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол „за вистина и правда“. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено, самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него лојалисти на Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДСМ токму од Заев, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Филипче. И така обединети, малкумината партиски другари останати ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во седиштето на Единицата за брзо распоредување во Скопје оддаде почит на загинатите припадници на Единицата кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните, соопшти МВР. Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Република Словенија, денеска во македонската амбасада во Љубљана се сретна со наши иселеници, кои со своето знаење и работа се вградиле во словенечкото општество и денес се препознаени и ценети во науката и уметноста. -Инспиративно беше да се разговара со македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници во Словенија. Ме ...

Деновиве, македонската јавност е сведок на еден загрижувачки политички наратив кој доаѓа од раководството на СДСМ, а со кој се прави очаен обид за релативизација на прашања од врвен национален интерес. Кога зборуваме за раководство, не мислиме на формалните членови на партиските тела, кои служат само како декор, туку на муртинските центри на моќ кои од позадина му ги креираат политиките на Филипче, стои во соопштението на ЗНАМ. Тезата дека ...

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди обдукција на телото на починатото 18 годишно момче од Бојане и побара мерка краткотраен притвор за 19-годишникот, осомничен за убиството. Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно четири пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода. На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачје на Центар, таа и нивните две деца, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за ...

И во наредните две недели граѓаните ќе точат горива по најниски цени во регионот, откако Владата ги продолжи мерките за намалени акцизи и повластено ДДВ за бензините. Премиерот Мицкоски вели дека и покрај светската енергетска криза, државата успева да го ублажи ценовниот удар и да обезбеди поевтино гориво за граѓаните. „Покрај сите ризици и покрај сите предизвици со кои се соочува светот, ние во овие речиси три месеци од, би рекол, ...

И покрај поскапувањето на керозинот, туристичките агенции уверуваат дека аранжманите и авионските летови за летната сезона остануваат сигурни и нема да се откажат. Можно е минимално зголемување на цените кај авионските аранжмани, но од агенциите велат дека тоа нема значително да влијае врз патниците. За најголема сигурност тие апелираат до граѓаните да си го закажат својот летен одмор токму преку туристичките агенции. „Оние дестинации кои се ...

19 годишник со пиштол усмртил свој врсник од скопското село Бојане. Телото полицијата го најде во шумата во близина на Сарај. Синоќа еден час по полноќ во полиција се јавил таткото на осомничениот убиец за да го пријави синот. Тој на полицајците им признал дека неговиот син го убил својот врсник пред два дена. На телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во ...

Нелиценцирани планинарски водичи и натаму водат туристички групи по македонските планини, иако не се соодветно обучени за справување со ризици и спасувачки ситуации. Дел од нив, предупредуваат експертите, водат и авантуристички тури без елементарни планови за управување со ризик, што директно ја загрозува безбедноста на туристите. Во авантуристичкиот туризам ризикот е секогаш присутен, па затоа безбедноста мора да биде на прво место, велат од ...

Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. -Прва пролетна култура која што влегува во процес на откупот, односно пласман е пролетната зелка. Во струмичкиот регион оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 1 јануари до денешен ден се ...

Источниот регион конечно ќе добие нова и современа патна инфраструктура. Експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, кој со години беше само ветување, влегува во фаза на реализација. Наредната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити-студија, со што почнуваат активностите за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за Истокот. „Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити-студија на ...

Владата останува силен партнер на општините. Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни ...

„Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, од денеска па во наредните два дена ќе престојува во Баку, каде како носител на делегацијата од Македонија ќе учествува на Светски урбан форум 13, еден од најзначајните глобални настани посветени на иднината на градовите, локалниот развој и одржливите заедници. Форумот, кој е организиран од UN-Habitat, посочуваат од Министерството за локанла самоуправа, претставува висока меѓународна ...

Преспа и Преспанско Езеро се неистражена тема, вруток од идеи и предизвици за секоја генерација која неможе да одолее на повикот на природата, а потоа и науката на која се посветуваат студенти и експерти од земјата и странство. Мотивирани од целта да се збогати знаењето за постоење на подводно археолошко наследство во Преспанско Езеро, да се валоризираат најистакнатите елементи на културното наследство во Преспа, но и да се заштити културната ...

Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт. Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет. Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче не ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.94
56%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.17
62%
1019
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.09
83%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.44
47%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.77
51%
1020
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
83%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
50%
1016
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.37
52%
1018
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.14
51%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
57%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
4.42
67%
1018
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3183

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Злато

139701.84

Платина

57581.99

Бакар

13.02

Сребро

2263.61

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.35

Паладиум

42889.10

Рутениум

48965.59

Калај

54.89

Родиум

257205.97